04. 08.2012 год.
Руската православна црква собра над половина милион евра помош за сиромашните во Грција

Со благослов на московскиот и серуски патријарх Кирил, Руската православна црква (РПЦ) собра над 517.000 евра наменети за сиромашните во Грција, соопшти денеска  прес-службата на РПЦ.
Во соопштението се посочува дека овие средства ќе бидат наменети за „прехранување на Грците кои останаа без работа и на оние кои немаат средства за живот“.

Акцијата за прибирање средства за  помош на осиромашените Грци почнала на 21 февруари.

Извор: плусинфо