логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 o.tadej4.jpg

За спротивставувањето на вољата Божја

- Кажете ми Старче, зошто и покрај големата љубов што ја имаме за Господа и за добродетелен живот- сепак се спротивставуваме на вољата Негова, како што кажавте на почетокот на својата беседа.
 - Дете, животот овде на земјата е непрестајна физичка и духовна борба. Војната најпрво е духовна, па кога веќе не можеме со мислите, тогаш се пресметуваме физички. Ние сме во таква состојба на земјата и мислиме дека се бориме за верата. Ние како единка ништо не можеме да сториме за верата, туку само ако се соединиме во едно, тогаш тоа е сила и моќ. Ние сме должни да се бориме, бидејќи сме деца на паднатите родители. А пак нажите непријатели, со духовните сили постојано не одвраќаат од правиот пат. Непријателот, децата уште мали ги учи да се спротивставуваат на своите родители. Непријателот добро знае дека ако се спротивставуваат уште како деца, лесно ќе управува со нив целиот живот и ќе бидат негови. Неодамна ми дојдоа мајка и татко со своето девојче од десет, најмногу дванаесет години. Му рекоа на девојчето да ми каже што ис еслучува. Таа вели: ,, Јас го сакам својот татко и својата мајка, бидејќи тие многу ме сакаат. Јас нив многу ги сакам но незнам што ми доаѓа постојано некоја мисла да се спротивставувам на тато и мама, да не ги слушам, иако не сакам тоа да го правам. Јас сакам да ги слушам и тато и мама, но немам мир”.
Гледате што прават духовите под небото! Затоа постојано се бориме да ја засилиме нашата вера, а силите под небото постојано ги вознемируваат нашите мисли.
Еден подвижник дванаесет години го мачела помислата дека нема Бог. Подвижник, кој се молел во осаменост, но сепак го мачела таква мисла. И цели дванаесет години се борел со духовите, но Господ знаел дека било потребно така да му се допушта и мислите да го напаѓаат и дење и ноќе.          Поради сето тоа е војната и борбата помеѓу доброто и злото. Ние сакаме да бидеме добри, а духовите под небото не сакаат да имаме ниту една добра особина, туку само негативни особини. Ете, поради тоа ние војуваме. Ние сами не можеме да војуваме. Господ е наш Војвода, наш Заштитник, бидејќи ние сами можеме само искрено да побараме помош од Господа, па Господ ќе ни помогне.      Еднаш кога бев во тешка состојба, ми се прикажа видение и Спасителот ми кажа да припаднам кон Неговата Пресвета Мајка, бидејќи Таа е Заштитничка и Покровителка на монасите. Поради тоа мораме да војуваме, заради тоа е духовната војна. Нашата духовна војна не е во телото и крвта, туку со духовите под небото. Апостол Павле вели: ,, Добра војна извојував, верата ја сочував”. Поради тоа ние мораме непрестајно да припаѓаме на Господа и на Пресветата Мајка. Мораме да го молиме Господа да не удостои и ние да го љубиме Него, така како што Пресвета Богородица ги љубела ангелите и Светиите. Бидејќи Господ е моќен и силен да ни помогне во тоа, да не направи такви. Тој и сака да не има такви и да останеме во век и веков и низ сето време во вечноста во Неговата љубов и прегратка. Затоа и тебе ти посакувам душо, така да се молиш на Господа, Господ да те удостои да Го љубиш така силно како Пресветата Мајка ангелите и светителите. Тогаш ќе почувствуваш мир и тишина во срцето, бидејќи го подаруваш срцето на Оној Кој е бесконечен, Кој може да даде бесконечна љубов, бесконечен мир.

(Продожува)

 

 

Извадок од книгата на  старец Тадеј Витовнички-

КАКВИ ТИ СЕ МИСЛИТЕ  ТАКОВ ТИ Е И ЖИВОТОТ
-  ПОУКИ  -

 

 Подготви: Даниел Илиевски

 

 


 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

Ное 25, 2018 Полезно и Потребно 1189
КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1734
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 1151
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

Тoј пoчeтoк e вo Слoвoтo Бoжјo, вo Синoт Бoжји. Oн гo запoчнал и сoздавањeтo на свeтoт и спасeниeтo на свeтoт. Кoј и да сака да гoвoри билo за сoздавањeтo на...

Архимандрит Партениј Бигорски- Претечевиот глас и денес од Радика повикува

Архимандрит Партениј Бигорски- Претечевиот глас и денес од Радика повикува

Свети Јован Крстител, кој од Господа бил предназначен да биде посредник помеѓу времето на Законот и времето на Благодатта, Го видел Спасителот Христос уште додека се наоѓал во утробата на...

Мирополит Струмички Наум - СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ

Мирополит Струмички Наум - СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ

Во денешното евангелско четиво (Марко 6, 14–29) ни се открива кои се главните човекови страсти и какви се нивните основни меѓусебни влијанија во нас самите. Страста е болна – до...

Постои ли вистински авторитет за младите?

Постои ли вистински авторитет за младите?

Мислам дека кризата на авторитетот, мили мои, денес е најголемиот проблем во нашево совремие. Погледнете што се случува насекаде околу нас. Сите авторитети се разрушени, сè е така нихилистички релативизирано....

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Најголемото богатство

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Најголемото богатство

Како може животот покрај Христос за некој да биде извор на страдање и извор на тага? Како може на монахот животот во манастирот да му биде извор на страдање, извор...

БEСEДА за Христoвиoт карактeр какo штo гo прoрeкoл Исаија

БEСEДА за Христoвиoт карактeр какo штo гo прoрeкoл Исаија

Кoј имал пoгoлeми права oд Гoспoда, Синoт Бoжји, да вика на зeмјата, вo Свoeтo лoзјe, на бeззакoницитe? Кoј имал пoгoлeми права да ги наврeдува грeшницитe кoи Гo наврeдуваа Бoга и...

Пoкај сe прeд смртта да ја затвoри вратата на твoјoт живoт и да нe ја oтвoри вратата на Судoт

Пoкај сe прeд смртта да ја затвoри вратата на твoјoт живoт и да нe ја oтвoри вратата на Судoт

“Прeд да дувнe вeтрoт на смртта, и прeд да сe пoјават на мoeтo тeлo бoлeсти, вeсници на смртта, пoмилуј мe”. “Прeд да зајдe вeличeствeнoтo сoнцe на висoчината за мeнe, пoмилуј...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: Братот мој е мојот живот

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Братот мој е мојот живот

На ничиј живот немаме право да носиме суд, ниту пак, такво нешто примивме во Црквата од апостолите и од учењето на Светите отци. И сржта на нашиот подвижнички живот –...

Архимандрит Партениј Бигорски: Благословениот подвиг носи телесно здравје и духовна радост

Архимандрит Партениј Бигорски: Благословениот подвиг носи телесно здравје и духовна радост

Според светите отци на Црквата, едно вакво целовечерно стоење во молитва и во благодарност кон Бога, заменува цел четириесетдневен пост – се разбира, доколку човек се подвизува во будноста, трезвеноумието...

« »