Esen.vopark5.jpg

СТАРЕЦ САМПСОН

 (извадок)


Ако постиме, тоа е од љубов спрема Христа, тоа не е подвиг,  туку должност. Како да не се пости на денот на распетието на Господа?
Како да не Му се молиме на нашиот Создател?

Од такви мисли сите наши дела ќе прејдат во навика, како што секој ден се миеме и ќе постанат нешто што е неопходно.

Ако почнат да не напаѓаат суетни помисли, треба од нив да се браниме пред светите икони:
„Господи Исусе Христе Сине Божји, погледни како сум беден и смрдлив,
поштеди ме, гледам дека сум прав и пепел, а себе си се сметам за нешто.
Потребно е себе си да се укоруваме и така да се браниме.

Потребно е да се обуздува  јазикот и да не се говори за никого и ништо лошо, па дури ниту добро.
Треба да се омрзне гревот како зло, плашејќи се да не го извршиш, за да не бидеш отфрлен, за да не би го чул гласот: „Не те познавам, оди од мене! не приоѓај ми!“

Особено е потребно да се љубат луѓето, да им се прави само добро, заборавајќи на себе си. Така, тоа што е добро ќе расте во нас, ќе зрачи од нас. Треба да се чини само доброто, да се  има само љубов!“

Како што нашето тело спие, се одмара и без тоа не може да живее, така и ние мораме да ја однегуваме во себе природата на љубовта, за таа да се вкорени во нас и да стане  наше второ битие, наша природа.
Ако му направиме на човекот некое добро и некогаш тоа му го споменеме, многу сме далеку од христијанството, сеуште не сме во него.

+++
Потребно е страстите од корен да ги корнеме, како не би го посметувале растењето на христијанските добродетели во нас, зашто без тие добродетели, малку е веројатно дека ќе можеме да се спасиме.
Треба да се молиме само со скрушен и смирен дух. Молитвата со занес, мрска  му е на Бога. Треба  да се молиме само со спознавање  на грвовноста, како да сме отфрлрни, како да сме најлоши, да се надеваме единствено на милоста Божја. Па и тоа, ако ги љубиме луѓето, со особена љубов, најпрвин нив, а потоа себе си. И секогаш за себе треба да мислиме како за отфрлени.
И така, да започнеме од јазикот. Да ја затвориме устата, да се навикнуваме себе си малку на молчење и тоа ќе биде почеток на нашето христијанство, а за совршенството, никогаш и да  не помислуваме,  за да не бидеме во редот на отфрлените.

Потребно е да се научиме да се радуваме со луѓето,
да тагуваме и да плачеме заради туѓата несреќа повеќе отколку за својата. И да измолуваме од Бога, таква љубов за луѓето.

Треба да се молиме  како дете, да веруваме како детето, да се обраќаме на Бога, секогаш како детето. Кога детето нешто бара од таткото, верувајќи дека тоа и ќе го добие, таткото му го дава тоа што го бара. Тој и не мисли поинаку, не помислува поинаку.

„Дај ми! Дај ми! Мораш да ми дадеш!“
И ништо повеќе! Така треба да се бара од Бога, ни малку не сомневајќи се.

+++
Треба да научиш да бидеш милостив. Милосрдието е повисоко од затвореништвото. Затворениците се`  работаат заради себе. Тие не се во можност да им  прават добро на луѓето, ја немаат таа можност. А ние ги имаме тие можности,  да сострадуваме со со ближните и да им помагаме.
Не треба никогаш  да помислиме дека  извршуваме добро, туку секогаш треба себе си да се сметаме  само за должници.

ќе продолжи...
Преведе: М. Даниловска Мина