(Од СРЦЕ ЗА ЦЕЛИОТ СВЕТ Старец Тихон, Старец Порфириј, Старец Пајсиј)

Една студентка посебно многу го почитуваше и го сакаше Старец Порфириј. Поради тоа ја прими како свое духовно чедо. Деденце, многу ја сакаше, како што самиот ми призна. Така ги сакаше сите свои духовни деца, ближниот,  така го сакаше целиот свет.
Всушност, немаше нешто што тој не го  сакаше. Само ѓаволот го мразеше. И не само што го мразеше, туку и се бореше против него. Истовремено и го презираше.

„Но, остави го“, ми велеше,  не обрнувај внимание на него.Колку повеќе внимание му придаваш толку повеќе се приближува. Ако сакаш да го истераш, да го одалечиш од својата близина, престани да обрнуваш внимание на  него.
Презирај го.
Против него треба да се бориш со презир. Кога ќе забележи дека  го презираш почнува  да се одалечува, се додека не се сврти да бега.
Презирот е второто оружје против ѓаволот, веднаш по Чесниот Крст!
Од чесниот Крст се плаши и се тресе пред него, па бега од него. А презирот не го поднесува зошто е полн со себе и пука од злоба. Всушност таа гордост и вообразеност, е причината што падна и стана тоа што е. Ја заслужи својата казна...“

Таков беше отец Порфириј, во тоа веруваше, па така не учеше и нас, своите духовни деца. Така мислеше за ѓаволот и така се бореше против него: со крст и презир!  Упорно бараше и ние да го правиме тоа и да се угледуваме на него. А кој се огледуваше на него не само што имаше придобивка од тоа, туку на Старецот му причинуваше голема радост и задоволство, оти така ја покажуваше својата длабока послушност, како што самиот Старец велеше.

Така и студентката која ја споменав беше една од оние души која се огледуваше на  деденце и во се беше послушна. И токму, од тие две причини, како што ми велеше, многу ја почитуваше.
Но, се случи таа девојка за време на летните празници, додека беше во своето родно место да дознае дека има рак.


Ракот се појавил или во пазувите, или во дојката, не можам сега точно да се сетам, оти оттогаш поминаа многу години. Во прашање беше опасен тумор, со големина на јајце. Многу се исплашила и прво што паднало на памет било да го побара отец Порфириј. Му се јавила по телефон. Му ги кажал сите поединости и сите симптоми,  а и дијагноза добила...по телефон: злоќуден тумор!
„Не е добро, но ти не се плаши. Ќе се молиме.
Остани на распуст и кога ќе дојдеш во Атина, дојди кај мене. Ќе ти прочитам една  молитва, ќе те прекрстам и ќе оздравиш. Но и ти треба да се молиш.
Причестувај се, ако можеш секоја недела. Големиот Бог ќе ти помогне.
За Него не постојат болести што се лечат и што не се лечат. Постојат само оние кои веруваат и оние кои не веруваат.

Вестите кои ги доби од старецот беа се друго, само, не добри. А Старец Порфириј никогаш не дал погрешно мислење, дури ни по телефон! Но, девојката и покрај тоа што имала голема вера во Бога и во Старецот, не можела да се спротивстави на искушението да не се посоветува со лекарите  каде што живееш надевајќи се дека ќе дадат друга дијагноза.
Но, за несреќа, сите лекари дошле до истиот заклучок како и Старецот.
 Девојката ја фатило ужасен страв. Поради тоа тргнала веднаш во Атина да го побара Старец Порфириј кој и беше единствена надеж.

„Те очекував! Зарем не веруваш ни во моите зборови, ни во моите уверувања, па дури ни во моите молитви. Бог да биде со тебе, благословена, го прекина и одморот што толку ти е потребен и дотрча да ме најдеш.
Како моите молитви да не ти беа доволни таму каде што беше, па дојде овде.“


Така Деденце ја пречека студентката, сакајќи веднаш да го покаже своето незадоволство поради нејзината недоволна вера. А потоа додаде:
„Ајде сега кажи ми што ти рекоа лекарите кои те прегледаа“?
„Истото што ми го рековте и вие оче Порфириј.
Не е добро. Имам рак“: И се расплака.
„Зошто плачеш? Зарем тоа е твојата вера во Бога?
Заборави што ти реков по телефон? Или можеби пак, ти падна на ум дека ракот е посилен од Бога?
Ако е така, тогаш, многу грешиш.
Ништо не   е над нашиот Господ. Тој, и единствено Тој е над сите и се од Него зависи!
Престани да плачеш. Не сакам да ги гледам моите деца загрижени и тажни, туку сакам да бидат радосни и среќни.
Дојди сега да ти прочитам молитва, како што ти ветив. И ќе видиш колку брзо ќе оздравиш“.

Така и беше! И прочита молитва што траеше долго, а во исто време со голема сила го притискаше кртстот на туморот.
Толку силно притискаше, што на местото каде што го потпираше крстот, оставаше белег од него! Толку веруваше во тоа  што го правеше, што немаше простор ни за најмал сомнеж дека успехот ќе биде целосен.

Кога ја заврши молитвата, Деденце доби порака.
Затоа неговото лице засвети од радост! Неговата молитва веќе беше исполнета!
Големиот Бог во кој толку веруваше, на кој толку му се поклонуваше  и со толку посветеност му служеше толку години, ја услиша неговата топла молитва и направи големо чудо.
Ракот беше победен!
Од тој момент девојката беше исцелена. Деденце ја погледна  в очи и веднаш ја виде разликата. Плачот му го отстапи местото на радоста!
Разочарувањето му отстапи на надежта. Девојката се смееше!
Болеста беше заменета со здравје! И, на крајот, смртта отстапи пред животот.
Навистина, колку е прекрасен дарот на верата!!

„А злоќудниот тумор со големина на  јајца, што се случи со него Деденце?“ Си дозволив да прашам?
„Што велиш?“
„Вас ве прашував...?“
„Е, и јас тебе тебе те прашувам.“
„Но...“
„Што сакаше да биде со него? Се поништи, исчезна, отиде таму од каде што дојде...За неколку дена нема да можеш да го најдеш ни местото каде што беше! Знаеш ли што е нашиот Бог?“
„Знам. И тоа, дури многу добро...“
„Кажи“.
„Тој твори СЕ и менува се само со Својата волја?“
„Браво! Така е.
Го имаш мојот благослов“.

Пренесе М. Даниловска Мина