o.tadej4.jpg

Ако не се смири душата не може да прими благодат Божја

        Низ животот ме следеа падови, невољи и тешкотии, но не можеше поинаку да биде. Светите Отци велат : ``По што ќе знаеме дека сме му омилени на Господ, освен по тоа што не води низ многу тешкотии, падови, отфрлања, презирања и болки во срцето?``.

       Имало ситуации кога човек ќе падне во очајание и тагување, а тоа е вид на гордост. Ако човек го прифати задоволството на овој свет, тогаш повторно следи очајание, бидејќи тука го нема Господ, и човек бара утеха во предметите. Секој човек се чувствува осамено, нека се и родителите тука, се додека не се ослободи од овој свет, и дури тогаш добива утеха од Бога.

    Душата се чувствува сама, бидејќи благодатната сила (во неа) е намалена поради нејзиноото свртување кон овој свет и кон себе. А не може на две страни! Ако не се смири, душата не може да ја има полната благодат, затоа што (несмирената душа) би ја злоупотребила Боженствената сила на благодатта и би поминала во црна магија, како што благодатната сила на паднатите Анѓели се променила во зло.

  

     Благодатта се дава само на напатена душа

 

    Светите Отци велат дека благодаттната сила не може да ја прими душата која не поминала низ многу страданија, тешкотии и невољи. Поради што? Бидејќи душата тогаш тоа ќе го злоупотреби, бидејќи не би знаела тоа да го цени, а во полната благодат нашата мисла е неверојатно силна затоа што во нас делува Боженствената сила. Но, ако ние сме се оддалечиле со срцето и со чувствата од Господ, нашата мисла моше да биде  страшна и смртоносна за ближните. Ако сме поврзани со срцето, полни со вера, со Господ, благодатната сила дејствува (во нас). Ако сеуште не сме се очистиле од злото и сеуште се вреѓаме кога некој ќе не навреди, тогаш Боженсвената сила во нас, слабее.

     Мораме да се потрудиме да ја стекнеме особината на Христос Спасителот.

     Спас од  мислената расејаност е во молитвата

    Се што гледаме, ние веднаш би си го присвоиле, веднаш, со срцето, се чувствата и со целото битие, се врзуваме за таа работа, брзо се задоволуваме и тогаш се врзуваме за друга, и така со ред. Во ништо не сме постојани, и затоа Господ дојде да не собере во едно, да бидеме едно стадо и еден Пастир. Кога ќе не прибере кон Себе, тогаш веднаш ни е лесно. Нашите мисли сега се расејани, едно работиме, а на друго мислиме. Спасот е во молитвата. За секоја работа е потребна умна концентрација, а и пред молитвата ни треба внимание и концентрација.

    Треба од срце да се трудиме да го вежбаме сето тоа што Светите Отци ни го говорат за умната Исусова молитва. Постојат низ на правила како треба да се практикува Исусовата молитва и како да се спушти умот во срцето, но сепак треба да се има искусен раководител во духовниот живот за да срцето би можело сето тоа да го прифати ( на правилен начин.).

 

Извадок од книгата на  старец Тадеј Витовнички-

МИР И РАДОСТ ВО ДУХОТ СВЕТИ

 

 Подготви: Сузана Стефановска

 

Посети: {moshits}