ПРАТЕНИК НА БОГА - НЕ НА СЕБЕСИ
Старец Пајсиј Светогорец

Целта не е да го правам тоа што мене ми годи, туку тоа што му годи на другиот... За да дојлеш до волјата Божја, треба да станеш „пратеник" на Бога, а не „пратеник" на себеси

„ПРОКЛЕТ ДА Е ОНОЈ КОЈ БЕЗ ГРИЖА ГИ ИЗВРШУВА ДЕЛАТА НА ГОСПОДА"

Порано, доколку некој побожен човек се занимаваше со состојбата во светот, ќе значеше дека тој нешто не е во ред; ќе беше за затворање во пиргот. Денес, пак, спротивно, доколку еден побожен човек не се интересира и не страда поради состојбата што владее во светот е за затворање во пиргот. Зашто тогаш тие што владееја Го имаа Бога во себе, додека денес многумина од тие што владеат не веруваат. Сега се многу тие што се стремат да уништат се, семејството, младината, Црквата.
Тоа да се интересира сега човек и да биде вознемирен поради состојбата во која се наоѓа нашиот народ е исповедништво, бидејќи државата се противи на божествениотзакон. Гласа закони што се спротивни на законот Божји.
А има и такви кои не веруваат ниту во институцијата на Црквата, ниту народот го признаваат, а за да си го сочуваат својот мир велат: „Апостолот Павле вели да не се интересираш за светските нешта", па така и тие не се интересираат! Но апостол Павле мислеше на нешто друго. Тогаш идолопоклоничките народи ја имаа власта. Некои се отсекоа од државата и поверуваа во Христа. Значи, апостол Павле на тие им велеше - „вие да не се занимавате со светските работи", за да се одвојат од светот, бидејќи целиот свет беше идолопоклонички. Но, од моментот кога власта ја презеде Константин Велики и завладеа христијанството, малку по малку се создаде големата христијанска традиција со црквите, манастирите, христијанската уметност, богослужбениот типик, итн. Значи, ние имаме одговорност да го сочуваме сето ова и да не ги оставиме непријателите на Црквата да го уништат. Имам чуено и духовници како велат: „Вие не се занимавајте со тоа"! Доколку имаа голема светост и беа стасале преку молитвата до една таква состојба што не би ги интересирало ништо светско, јас и нозете би им ги бакнувал. Но тие се рамнодушни бидејќи сакаат да имаатдобри односи со сите и добро да си поминат.
Рамнодушноста не им е дозволена ниту на световните луѓе, а камоли на духовните. Еден човек чесен, духовен, не треба да прави ништо со рамнодушност. „Проклетда е кој без грижа ги извршува делата на Господа", вели пророкот Еремија.

ДУХОВНО ДА ГИ УТЕШУВАМЕ ЛУГЕТО

Порано на десет луѓе шест беа богобојазливи, двајца умерени и двајца рамнодушни, но и тие имаа вера. Денес не е така. Не знам до каде ќе оди оваа состојба. Да се обидеме сега колку што можеме да им помогнеме духовно на луѓето; како што се случи во времето на потопот, со коработ на Ное, така и сега да се спасат некои, да не се осакатат духовно. Треба многу молитва, многу расудување, за да ги види човекот работите од повеќе страни и да ги утеши луѓето. Па зарем мене ми годи да се собираат кај мене луѓе или би сакал да се гледам со толку народ? Не, но во оваа ситуација на кутрите луѓе им треба малку помош. Па, јас не станав свештеник за да се занимавам со луѓето, а на крајот уште повеќе се занимавам со народот. Но Господ го гледа моето настроение и ми дава повеќе одошто би ми давал доколку го правев тоа што би ми годело. Колку пати ја молам Пресветата да ми најде некое оддалечено, мирно место, да не гледам и да не слушам ништо, да се молам за целиот свет, но не ме слуша; а за некои мои безначајни молитви - слуша. Гледам дека сега Бог, кога треба да дојдат некои луѓе, ме приковува за кревет со некоја болест, за да се одморам. Не ми ја дава сладоста што ја чувствував порано во молитвата, зашто не ќе можев да се одвојам од неа. Тогаш, кога ќе дојдеше некој во ќелијата, ми беше тешко да излезам од таа духовна состојба.
Старецот, после една силна духова состојба што ја беше доживеал - чувствуваше како да се топи од љубовта кон Бога и кон човекот, како свеќа што се наоѓа на топло место - доби информација дека не треба да одбива да им помага на луѓето. Од тогаш им го стави на располагање денот на луѓето што го посетуваа, а ноќе се молеше за разните нивни проблеми. Но, кога мноштвото на поклоници се зголеми толку многу, мислеше да се повлече на некое непознато место, за да го посвети целото свое време на молитва. Тогаш по вторпат добн информација да остане во својата ќелија, во „Панагуда", и да им помага на луѓето.
Таму, во ќелијата, јас живеам според планот на луѓето. Го читам внатре Псалтирот, а однадвор тропаат. Ќе им речам: „Почекајте петнаесетина минути", а тие викаат: „Еј оче, прекини ја молитвата; нема Бог да се налути". Сфаќаш? Дотаму сме стигнале. Не е работата во тоа што ќе ја прекинам молитвата, туку во тоа што ако излезам, веќе готово. Што сум направил дотогаш, толку. Сабајлето до шест и пол-седум треба да ја имам завршено и вечерната служба, за секој случај.
„Светлина... утринска на светата слава"! Додека вие ја завршувате утрената, јас веќе ги имам завршено и бројаниците на вечерната. Ако успеам сабајлето да земам нафора, добро е; потоа ни чај не успевам да се напијам; станав како леш, паѓам веќе. Се случувало и на Велигден, и во Светлата седмица да не јадам до деветиот час или три дена.

Воздржување од храна и вода до деветиот час, според византиското сметање на времето (3 после пладне).

Можеш - не можеш, мора да можеш. Еден ден, не знам каква пречка имаа луѓето - дали имаше бура на морето, па немаше бротче - не дојде никој во ќелијата. Леле, леле, доживеав еден синајски ден, како тогаш во пештерата на света Епистимија.

Старецот се подвизувал на Синај, во испосницата на света Епистимија од 1962-1964.

Кога има бура на морето, кај мене е затишје; кога е на морето затишје, кај мене е бура.
Јас, се разбира, имам можност да отидам некаде и да се повлечам во мир. Знаете ли колкумина ми имаат кажано да ми ги платат трошоците за да отидам во Калифорнија, во Канада? „Дојди, имаме молчалница", ми велат. Ако се најдам на некое непознато место, тоа ќе биде како да се наоѓам во рајот. Никој нема да ме знае, ќе си живеам според мојот план, ќе живеам како калуѓер, како што и сакам. Ама знаеш, дури откако ќе заврши војната, тогаш човек се опушта. А сега сме во војна, духовна војна. Треба да бидам на првата линија. Колку марксисти има, колку масони, колку сатанисти и колкудруги! Колку демонизирани, колку анархисти, колку заблудени доаѓаат, за да им ставам печат на нивната заблуда! И колку ли само други ми ги испраќаат, без да се обидат да се соочат со нивните проблеми; едни за да се отарасат од нив, а други, за да не ја вадаттие змијата од дупката... Кога би знаеле колку сум притиснат и од колку страни! Чувствувам горчина во устата од болката на луѓето. Но, чувствувам и утеха. Ако си отидам, го сметам тоа како да си одам од првата линија, како да се повлекувам. Го сметам тоа за предавство. Така го чувствувам. По тоа ли тргнав или тргнав за да им помагам на манастирите? На едно место тргнав, на друго се најдов, и како сега се борам! А, знаеш, друг не зборува за ова. „Ја рушат црквата?" „Нема врска", ќе рече. Се дружи и со едниот и со другиот, само да му е нему си средено. А, што да му биде средено! Него на крајот ѓаволот ќе го среди. Тоа се нечесни работи. Доколку сакав јас да го правам тоа што ми причинува задоволство, ооо..., знаете колку ќе беше лесно? Но, целта не е да го правам тоа што мене ми годи, туку тоа што му годи на другиот. Ако мислев како да си угодам на себеси, имав можност да си угодам на повеќе места. Но, за да дојдеш до волјата Божја, треба да станеш „пратеник" на Бога, а не „пратеник" на себеси.

Превод од грчки: Марија Калпаковска