логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Старец Клеопа
Беседа за пророците и лажните пророци, за чудесата и лажните чудеса и за виденијата


Не слушајте што говорат пророците кои ви пророкуваат, ве лажат, бидејќи зборуваат од своето срце, а не од устата Господова ( Јеремија 23,16)

Возљубени верници, сите знаеме дека од почетокот на светот до нашите дни, светлоста се бори со темнината, доброто се бори со злото и вистината со лагата. Денеска повеќе од било кога треба да сме будни при одбраната на нашата вера, бидејќи каколот ја преплавил нивата Христова и многу лажни проповедници се појавија во светот, одведувајќи во своето лукавство многумина во погибел.
Кој се вистинските пророци?
Библијата ни покажува дека вистинските пророци се Божјите луѓе. ( Излез 1,1, Цар. 2, 27). Нив ги испраќа Преблагиот Бог (Исус Навин 24,5) и тие се исполнети со Светиот Дух.
По што се препознаваат вистинските пророци?
Знакот по кој ги препознаваме е тоа што нивните пророштва се исполнуваат.
Што се тоа пророштва?
Пророштвата се објавувања, низ живиот збор или низ Светото Писмо, на одредени вистини и случки кои се однесуваат на иднината и кои Благиот Бог ги објавува преку своите избраници заради спасенито и тие вистини се исполнуваат до најмалата ситница. Содржината на пророштвата не може да се спознае по природен пат. Пророштвата ја толкуваат и откриваат Божјата волја и се случуваат под влијание на Светиот Дух.
По што се разликуваат вистинските пророштва?
Вистинските пророштва треба да ги исполнуваат истите услови како и чудата на Спасителот, Светите Апостоли и Светите Отци. Тие треба да проповедаат за Единиот вистински Бог. Тие не се лажливи. Оној кој ги изговара вистинските пророштва не бара имот, не грижејќи се за животните потреби, се задоволува од тоа што Бог му го дава. Вистинскиот пророк ги објавува пророштвата дури и до состојба на страдание и смрт.
Што се чудесата?
Чудата се боженствени дејства кои се надумни и над човековата сила. Тие ја надминуваат природата и се случуваат во извонредни моменти кои ги одредува Создателот, а целта им е нашето просветлување и исправување заради спасението. Чудесата ја покажуваат силата на Бога и Неговата света волја и ги толкуваат непознатите божји патишта. Бог е првиот и најголем чудотворец, бидејќи е избор на чудеса.
По што се разликуваат вистинските од лажните чуда?
За да бидат вистински, чудата мораат да исполната одредени услови:
• Да бидат достојни на името божјо и да бидат содржани во Светото Писмо и Светото Предание;
• Да се случат со средствата со кои се случувале чудата на Спасителот и Светителите;
• Меѓусебно да не се порекнуваат;
• Да не противречат на Библијата и светото Предание на Црквата;
• Целтта да им е спасението на душата;
• Да носта напредок и корист во духовниот живот, а не во гревот или смртта;
• Чудотворците треба да ја кажуваат единсвено вистината и да водат непорочен живот, а не да се мотивирани од лични интереси;
• Да го исправаат однесувањето на оние кои ќе бидат сведоци на чудото;
• Во себе да носта Божја сигурност и сила;
• Да делуваат согласно Божјата промисла.
Возљубени верници, да видиме сега што се виденијата. Тие се појави кои очите на умот навистина ги примаат, било во состојба на нормална работа на организмот, било во состојба на сон или полусон, било во занес.
Како се разликуваат вистинските виденија?
Виденијата кои оставаат мир во душата, спокој, понизност и совршена љубов, можат да се третираат за добри.
Свети Максим Капсокаливит, во својот разговор со свети Григориј Синајски, уште појасно кажува кои се знаците на вистинските виденија, велејќи: ,, Знаците на благодатта, за времето на вистинските виденија, се гледаат по тоа што кога човекот ќе пристапи кон благодатта на Светиот Дух, доаѓа до собирање на умот, таа не прави смирени и трезни и ни ги предочува сеќавањето на мсртта, гревовивте, идниот суд и вечните маки. Благодатта не прави да бидеме понизни, како би плачеле и би се разжалостувале, прави очите да ни бидат кротки и полни солзи. Што повеќе благодатта пристапува кон човекот, тоа повеќе душата станува кротка и се теши преку страданијата на Господа Исуса Христа Кој во своето бескрајно човекољубие, е причина на вистинските виденија. Прво – за силата божја која е недостижна за разумот, второ – за Неговата бескрајна сила која се одржува и со се управува; трето – за неопфатливоста и непоимливоста на Пресвета Троица и за бескрајната и непостижна големина на Неговото боженствено битие и др.
Кога умот се вознесува во таа светлина, срцето станува кротко и ги раѓа плодовите на Светиот Дух: радоста, мирот, долготрпеливоста, доборотата, милосрдието, љубовта, смиерението и сето останата, а душата стекнува неискажлива радост.

( превод од делото – Успон кон Воскресението)
Подготви: теолог Александар Ивановски



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1548
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 982
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

 Викарен Епископ Јаков Стобиски

Викарен Епископ Јаков Стобиски

Не плашете се да страдате, оти човекот што се плаши да страда и да се жртвува никогаш нема да му објави војна на ѓаволот и на гревот, нема никогаш да...

БEСEДА за силата и дeјствoтo на дoбритe дeла

БEСEДА за силата и дeјствoтo на дoбритe дeла

Тeшкo e, браќа, да сe спoри сo бeзбoжeн, тeшкo e да сe разгoвара сo бeзумeн, тeшкo e да сe убeдува oзлoбeн. Бeзбoжниoт, бeзумниoт и oзлoбeниoт тeшкo ќe ги убeдиш сo...

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски

Поука на денот: Старец Ефрем Филотејски

Секогаш сеќавај се на Исус за секогаш да го пронаоѓаш соодветниот лек за своите слабости. Те боли ли нешто? Ако Го повикаш Исус, ќе најдеш утеха и просветлување. Тажен си?...

Епископ Климент Хераклејски: Тајната на Свети Јован Претеча

Епископ Климент Хераклејски: Тајната на Свети Јован Претеча

Он е несоборлив поглед на стариот Израил во даденото ветување на Новиот Ерусалим. Он е човек којшто се најде меѓу двата завети, како во некој процеп, се „отвора карпата за...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Свети Јован Крстител

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Свети Јован Крстител

Празнуваме само три такви рождества: Раѓањето Христово – Божик, Раѓањето на Пресвета Богородица и Раѓањето на свети Јован Претеча и Крстител. Тие три раѓања се тесно поврзани со Домостројот на...

БEСEДА прoтив злoрадoста

БEСEДА прoтив злoрадoста

Бoг гo сoздал за живoт и Бoг нe сe радува на нeгoвата прoпаст. Нe радувај сe ни ти на oна штo гo растажува Бoга. Кoга чoвeкoт прoпаѓа, Бoг губи; зарeм...

Архимандрит Партениј Бигорски: Зависниот од Христа – вистински слободен

Архимандрит Партениј Бигорски: Зависниот од Христа – вистински слободен

Со Својот призив кон апостолите и нивниот брз и решителен одѕив, Господ ни покажува дека дојде да нѐ повика кон вистинската слобода. Апостолите ја оставиле зависноста од овој свет и...

г. Јосиф, митрополит Тетовско – гостиварски: „Да ги имаме на ум – Наумовите совети“

г. Јосиф, митрополит Тетовско – гостиварски: „Да ги имаме на ум – Наумовите совети“

На почетокот од месец јули Светата православна црква во црковниот календар определила да го славиме споменот на светиот Наум Охридскиот, чудотворец, кој се подвизувал и живеел во нашиот крај, во...

« »