логоFacebookTwitterYouTubeeMail



valaam.jpgЗА ИСУСОВАТА МОЛИТВА

 Духовната ќерка му пишува на свети Теофан: „Кај мене беше една благочестива личност и ние разговаравме за Божјите дела. Се допревме и до молитвата. На мое чудење, гостинката држеше до ставот дека мирјаните не само што немаат сила, туку воопшто не им прилега да имаат умствена молитва. На тоа, јас го кажав она што имав да го кажам. Ве молам да кажете и Вие некој збор за тоа”.


 Свети Теофан ѝ одговара: „Вашата гостинка не расудувала како што треба. Оној кој нема умствена внатрешна молитва, тој нема никаква, зашто само умствената молитва е вистинска молитва, угодна и пријатна на Бог. Таа треба да ја сочинува душата на домашното и црковното молитвословие, така што ако ја нема како таква, тогаш молитвословијата само приличуваат на молитва, а не се молитва. Зашто, што е молитвата? Молитвата е вознесување на умот и срцето кон Бог, славословие и благодарение на Бог, и испросување на потребните духовни и телесни добра. Суштината на молитвата, значи, е умствено возвишување од срцето кон Бог. Умот застанува во срцето сознателно пред лицето на Бог и, исполнувајќи се со достоинствено и должно благоговение, почнува пред Него да го излева своето срце. Токму тоа е умствена молитва! Но таква треба да биде секоја молитва. Надворешното молитвословие, домашното или црковното, на молитвата ѝ дава само зборови или форма, а душата, пак, или суштината на молитвата, секој ја носи сам во себе во својот ум и срце. Сиот наш молитвословен чин, сите молитви составени за нашето домашно молитвено правило, исполнети се со умствено обраќање кон Бог. Оној кој ги извршува, само со малку внимание, не може да го избегне ова умствено кон Бог обраќање, освен ако не е сосема невнимателен кон делото што го извршува. Без умствена молитва не се може. Ние не можеме да не се вознесуваме кон Бог молитвено, зашто нашата духовна природа тоа го бара. А да се вознесеме кон Бог поинаку и не можеме, освен со умствено дејствие, зашто Бог е умствен. Умствена молитва има, навистина и при усното молитвење, надворешно, било да е домашно или црковно; и постои умствена молитва сама по себе, без каква било надворешна форма, или телесна положба, но суштината на делото и таму и овде е едно и исто. И во едниот, и во другиот вид таа е задолжителна и за мирјаните. Спасителот заповедал: Но ти, кога се молиш, влези во својата скришна соба, помоли Му се на твојот Отец, Кој е во тајност” (Мат. 6, 6). Таа скришна соба, како што толкува свети Дмитриј Ростовски, го означува срцето. Следствено, Господовата заповед нè обврзува во срцето тајно со умот да Му се молиме на Бог. Таа заповед се однесува на сите христијани. Ете што заповеда и апостол Павле кога зборува со секаква молитва и прозба молете се со духот во секое време  (Ефес. 6, 18). Ја заповеда умствената молитва - духовната, и им заповеда на сите христијани, без разлика. Тој на сите христијани им заповеда: Молете се постојано (1 Сол. 5, 17). А постојано молење не може поинаку освен со умствена молитва во срцето. Така, не треба да се спори со тоа дека умствената молитва е задолжителна за сите христијани, а ако е задолжителна, тогаш не смее да се зборува дека речиси е невозможна, зашто Бог на невозможно не нѐ обврзува. Дека е тешка, тоа е вистина, а дека е невозможна, неправедно е да се каже. Но, зар сѐ што е добро не е тешко? Уште повеќе, таква треба да биде молитвата - извор на сè добро и нашата верна потпора.


Некој ќе праша: како тоа да се постигне? Многу едноставно: Имај страв Божји. Стравот Божји, како чувство, ќе го привлече вниманието и сознанието кон срцето, а бидејќи е страв, ќе го натера вниманието и сознанието да стојат благоговејно пред Бог. Токму тоа е умствено претстоење пред Бог, и токму тоа е умствена молитва! Додека е во срцето стравот Божји, дотогаш умственото претстоење пред Бог нема да го напушти срцето. Тоа е седејствително средство за умствената молитва! Ама како? Ќе рече некој: должностите го одвлекуваат вниманието! Нема да нѐ одвлекуваат ако го имаме стравот Божји. На умственото претстоење пред Бог, или на сеќавањето за Бог, не му пречат должностите, туку пустоделието и злоделието. Отстрани го празното и злото, остави го само задолжителното - не според светската, туку според евангелската задолжителност, и ќе видиш дека исполнувањето на таквата задолжителност не само што не нè отргнува од Бог туку, напротив, го привлекува умот и срцето кон Бог. И едното, и другото (задолжителните според Евангелието дела и молитвата) се од исто потекло и бараат ист душевен поредок. Што и да почнеш да правиш од кругот на тие дела, секогаш ќе се обратиш кон Бог, за да испросиш помош и делото да Му го посветиш во слава. Станувајќи наутро, при својата утринска молитва, застани поцврсто пред Бог во срцето и потоа замини да ја извршуваш својата должност од Бог определена, не одделувајќи ги од Него своите чувства и сознание. И ќе биде така, што со силата на душата и телото ќе ги извршуваш своите должности, а со умот и срцето ќе пребиваш во Бог. Погрешно ја разбираат умствената молитва тогаш кога мислат дека за неа треба да се најде посебно место за седење, скришно, и само на тој начин да се созерцува Бог. Нема потреба од никакво криење, освен во своето срце, и собирајќи се таму, да го зерцаме Господ пред себе, како да е Он оддесно, како што правел свети Давид. Велат: како помошно средство при творењето на умствената молитва служи осамувањето, а за мирјаните како е возможно осамувањето? Тие постојано имаат некаква работа и доаѓаат во судири. Изгледа, тие никогаш не ќе можат да ја стекнат умствената молитва. Точно е дека за умствената молитва треба осамување. Но, постојат два вида на осамување: едно е целосно, постојано, кога некој оди во пустина и живее сам; другото е поединечно, се случува повремено. Првото, навистина, не се однесува на мирјаните, а второто е можно и за нив, и тие секако го имаат. Секој има некое време во текот на денот кога останува сам, макар и да не се погрижил намерно за тоа да си најде мигови кога ќе се осами. Токму тие мигови може да ги посвети на творење, укрепување и оживување на умствената молитва. Следствено на тоа, никој не може да се оправдува за недостаток од благопријатни за умствената молитва услови во поредокот на својот живот. Штом дограбиш таков миг, вдлабочи се во себе. Отфрли ги сите грижи, застани умствено во срцето пред Бог и излеј ја пред Него својата душа. Освен надворешното, има и внатрешно осамување. Надвор е вообичаениот тек на човечките задолженија, меѓутоа, среде нив стои еден друг човек - во сопственото срце, што не слуша ништо. Сите го имаат искусено тоа, кога некого го боли срцето поради нешто, тогаш тој и во највеселото и најбучно друштво, ништо не слуша и не гледа. Таму, во своето срце, тој седи со својата болка. Секој тоа го знае од сопствен опит. Ако така се случува во секојдневните животни работи, тогаш зошто да нема сличен поредок и во духовниот живот? И тука има болки, кои се уште многу посилни и подлабоки од сите животни болести. Кога на некој ќе му се вреже болка во срцето во тој поредок на живеење, која е таа сила што може да ја извлече неговата свест од осаменичкото пребивање во срцето? Следствено, срцето треба да се поттикне на осамување, иако не сме на само. А за тоа не треба да се оди далеку. Оживеј го стравот Божји и ќе се појави чувство на најскрушена болка, која ќе ги прикова вниманието и чувството кон единственото што е потребно - како да пријдеме и да се јавиме пред лицето Божјо. Тоа е осамување! Има уште една недоумица: за умствената молитва треба да се има раководител, а мирјанинот каде да го најде? Па таму, во светот, и меѓу духовните отци и дури меѓу мирјаните. Вистина е дека сѐ поретко и поретко има лица на кои човек може благонадежно да им се обрати за совети во духовниот живот. Но, нив секогаш ги има и ќе ги има. И оној што сака, секогаш ги пронаоѓа, по милоста Божја. Духовниот живот е Божји живот, и Господ има особена грижа за оние кои Го бараат. Само покажи ревност и сѐ што е потребно ќе најдеш околу себе. Така, значи, сакале или не сакале, мирјаните нема со што да бараат оправдување по прашање на умствената молитва. Нека се зафатат со неа и нека се учат на неа”.

Превод од руски: Оливера Павловиќ

 Извор: ПРЕМИН бр. 51-51

 

Посети: {moshits }



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

Ное 25, 2018 Полезно и Потребно 1346
КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1885
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 1249
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

БEСEДА за кoрисниoт гнeв

БEСEДА за кoрисниoт гнeв

Гнeвeтe сe, браќа, на сeбe и пoвeќe нe грeшeтe. Гнeвeтe сe на свoитe грeвoви спoрeд мислитe и дeлата и пoвeќe нe грeшeтe. Гнeвeтe сe на сатаната, таткoтo на лагата и...

Слово за свети Јован Богослов и свети Тихон Московски

Слово за свети Јован Богослов и свети Тихон Московски

„Да зборувам на сите човечки јазици, па дури и на ангелски, штом љубов немам, ќе бидам бакар, што ѕвони, или кимвал, што ѕвечи. Да имам пророчки дар и да ги...

БEСEДА за бoжeствoтo на Синoт и битната eднаквoст сo Oтeцoт

БEСEДА за бoжeствoтo на Синoт и битната eднаквoст сo Oтeцoт

Затoа, всушнoст, и Синoт сe oвoплoтил за сo Сeбe да им oбјави на луѓeтo и за Сeбe си, и за Oтeцoт и за Свeтиoт Дух, eднoсушнoтo Бoжeствo, трoичнo пo ипoстас....

БEСEДА  за вoскрeснатиoт и живиoт Гoспoд Кoј e вoскрeсeниe и живoт

БEСEДА за вoскрeснатиoт и живиoт Гoспoд Кoј e вoскрeсeниe и живoт

Јас сум вoскрeсeниeтo и живoтoт (Јн. 11:25). Oвиe свeти збoрoви ги изрeкoл Гoспoд Исус Христoс. Oн нe самo штo ги кажал, туку и сo дeлo ги дoкажал. Вoскрeснувајќи ја ќeрката...

Архимандрит Партениј Бигорски: Вечното знаме на Христијаните

Архимандрит Партениј Бигорски: Вечното знаме на Христијаните

Голема е и длабока мистиката што овој четворокрак симбол ја содржи во себе; тој таинствено бил предобразуван низ целата епоха на Стариот Завет, како претсказание за Распетието на Синот Божји...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Методија Митановски: РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТАТА ВЛАДИЧИЦА НАША БОГОРОДИЦА И СЕКОГАШ ДЕВА МАРИЈА

Методија Митановски: РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТАТА ВЛАДИЧИЦА НАША БОГОРОДИЦА И СЕКОГАШ ДЕВА МАРИЈА

 За едни, среќа е власта, за други-богатството, за трети-славата, јавното признание, за некого семејството, за некого работата.... Многу луѓе можат да кажат разни карактеристики за среќата. Но ниту една нема...

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Девата се раѓа од неплодна утроба, но дури и да била плодна, рождеството пак би било чудесно. О, големо чудо! Штом времето на сеење поминало, тогаш жетвата дошла; штом огнот...

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

Тoј пoчeтoк e вo Слoвoтo Бoжјo, вo Синoт Бoжји. Oн гo запoчнал и сoздавањeтo на свeтoт и спасeниeтo на свeтoт. Кoј и да сака да гoвoри билo за сoздавањeтo на...

« »