логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Старец Пајсиј Светогорец
СОВЕТИ ЗА СПАСЕНИЕТО ВО ДЕНЕШНИОТ СВЕТ

Извадоци од книгата:

Старецот го посети еден универзитетски професор и му рече:
„Старче, тешко ми е да поверувам дека постои Бог. Знаеш, јас сум образован човек, живеам на Запад, и сето тоа што ти го правиш и што го зборуваш, можам логички да го објаснам. Најпосле, можеби и постои некоја сила, но не можам да го прифатам тоа што го зборуваш за Христа и за Светите Тајни."
Старецот го ислуша и кусо му одговори:
„Поглупав си од гуштер."
Тој се навреди од овие зборови и почна да негодува. Меѓутоа, старецот беше упорен:
„Вистина ти велам. Поглупав си и од гуштер и јас ќе ти го докажам тоа."
Таму, покрај старецот живееше и еден гуштер и тој го повика. Животинчето му притрча и тој побара да каже дали постои Бог. Гуштерот застана на двете нозе и кимна со главичката, како со тоа движење да дава потврден одговор. Научникот сосема се збуни и почна да плаче. Старецот на тоа му рече:
„Гледаш ли сега дека си поглупав од гуштер? Гуштерот знае дека постои Бог, а ти, кој имаш мозок, не сфаќаш дека постои Бог!"
Професорот си замина од ќелијата на старецот длабоко потресен.
† † †
...Старецот нагласуваше дека е неопходно да се има доверба во Божјата промисла, наместо да се прифаќаат човечки програми, бидејќи децата ги дава Бог. Он единствен знае дали ќе ги даде, кога ќе ги даде и колку ќе ги даде - и тоа не го знае никој освен Него. „Бидејќи животот стана тежок, некои се трудат да имаат само едно дете и внимаваат да немаат други", велеше старецот. Меѓутоа, тоа е голем грев, бидејќи со тоа покажуваат уверение дека своите животи тие подобро ќе ги устројат отколку Бог.
...Оние, кои се обидуваат на секој начин да добијат дете, старецот ги советуваше дека не треба да обраќаат внимание на тоа што го зборуваат луѓето, туку дека треба се да Му се препушти на Бога, а Он ќе им даде дете, во време кое само Нему Му е познато. Некои, кои не се смирени и духовно устроени, бараат од Бога да им подари дете во оној миг, кога тие ќе посакаат. Бог им дава дете, но тие набргу согледуваат дека детето, како што расне, станува нервозно, бидејќи ги наследило страстите на своите родители, а тие стануваат уште понеспокојни, бидејќи, без негова вина, добиле наследник на своите страсти, кои не ги исчистиле, пред упорно да почнат да бараат дете од Бога."
Старецот велеше: „Денешниот свет треба да стане свесен каде се наоѓа, да се покае и да се исповеда, за на тој начин, со благодатта на нашиот Христос, да му ги отсече правата на ѓаволот. Ние денес му дадовме многу права на ѓаволот! Освен тоа, родителите би требало почесто да ги причестуваат малите деца, бидејќи тие, за жал, раснат во лоша и нездрава средина."
† † †
Старецот раскажуваше: „Еднаш кај мене дојдоа двајца римокатолици. Едниот од нив беше постар и образован, можеби секретар во Ватикан или новинар, не сакав да покажам посебен интерес. Така, еден од нив ми рече: ,Ајде заедно да го кажеме Оче наш!' Јас му реков: ,За да го кажеме заедно Оче наш, треба да се согласуваме во догмите. Меѓу нас и вас постои голема бездна.' Тој на ова ме праша: ,Зарем само православните му се блиски на Бог? Зарем само тие се спасуваат? Бог е ист за целиот свет!' ,Да - му велам јас -но, меѓу нас постои разлика. Ние по природа сме чеда на истиот Отец, но некои од нас се во домот, а некои се надвор!"*
(* Архимандрит Ероним, настојател на Свето-Троицкиот Алатирски манастир, кој живееше на Атос, вели дека старецот Пајсиј гневно ги исфрлал од својата ќелија, сите што му доаѓале со екуменистички идеи, не понудувајќи ги ниту со вода, ниту со кафе, ниту со локум. Воопшто, на Атос, римокатолиците ги сметаат за еретици)
†  †  †
Старецот велеше: „Треба да покажеме позитивна вознемиреност заради неправославните. Без разлика дали е римокатолик, протестант или нешто друто, треба да му се каже дека е во заблуда и ние на тој начин ќе покажеме позитивна грижа. Не треба да ги смируваме, како од љубов, и да им кажуваме дека тие се во право, зашто тогаш нема да имаат повод за вознемиреност. Треба да си биде внимателен, зашто Бог од нас ќе бара одговор."
†  †  †
Еден мирјанин го праша старецот, зошто монасите и монахињите се затвораат во манастирите и не одат во светот за да им помагаат на луѓето, што толку е потребно во наше време. Како оправдување за поставеното прашање го наведе примерот на римокатоличките монаси, кои служат во болниците, во разни установи и сл.
Старецот се насмевна и одговори:
„Помеѓу нас и римокатоличките монаси постои јасна разлика: тие одат да бараат луѓе за да му помогнат на народот, додека ние седиме овде и ги привлекуваме луѓето да доаѓаат кај нас, и тоа ги привлекуваме во толкав број, што не можеме на сите да им одговориме! Зарем не гледаш дека денес сиот народ оди по манастирите и дека во нив наоѓа утеха? Во манастирите секојдневно доаѓаат преполни автобуси. Зошто ние да одиме во светот, ако народот доаѓа кај нас? Другите заминуваат во светот за да помагаат, чувствувајќи дека тоа е потребно, бидејќи народот не доаѓа кај нив!"
...Се уверив дека, кога човекот, иако се бори, продолжува да греши и не се менува, причина за тоа се егоизмот, самољубието и себичноста. Му недостасуваат смирение и љубов и така само го спречува Божјото посредување. Сам човекот не му помага на Бога, за и Он да Му помогне нему. Кога Бог би Му помогнал на таквиот човек да совлада некоја своја страст, тој тоа би го сфатил како своја заслуга и ќе се возгордее, бидејќи ќе мисли дека страста ја совладал сам, без Божја помош.
† † †
-Може ли некој да го осознае својот грев, а да не напредува, старче?
-    Кога човек ќе го осознае својот грев, и повторно падне, а да не го сака тоа, значи дека кај него има гордост, или наклонетост кон гордост и дека заради тоа Бог не му помага за да напредува.
Свеста за сопствената грешност има голема сила, претставува голема предност. Потоа човекот чувствува гадење од себеси, се смирува, се добро што во себе поседува, го припишува на човекољубието и на добрината Божја и чувствува голема благодарност. Затоа Бог повеќе ги сака грешниците што ја спознаваат својата грешност, се каат и живеат во смирение, отколку оние што многу се борат, но не ја осознаваат својата грешност и не се каат.
†  †  †
...Многумина, иако имаат проблеми кои ги предизвикале со своите гревови, не одат кај духовникот, кој може сосем сигурно да им помогне, туку завршуваат така што се исповедуваат кај психијатар. Им ги раскажуваат своите приказни, ги прашуваат за совет, и ако треба да ја преминат реката, фрлени се во неа, па се удавуваат, или излегуваат, но каде излегуваат... А ако отидат кај духовникот да се исповедаат, лесно би преминале на другата страна преку мостот, бидејќи преку Светата Тајна Исповед дејствува Божјата благодат и тие преку неа добиваат ослободување.
-    Старче, некои велат: „Не можеме да најдеме добри духовници и затоа не одиме да се исповедаме."
-    Тоа е само барање на оправдување. Секој духовник, со самото тоа што носи епитрахил, е овластен од Бога. Извршува Света тајна, поседува Божја благодат и кога ќе ја прочита разрешителната молитва, Бог ги брише сите гревови што сме ги исповедале по искреното покајание. Од нас зависи колку помош ќе добиеме преку Светата Тајна Исповед.
...Но, гледам дека тука има и нови ѓаволски вештини. Им става на луѓето во глава помисла дека се духовно здрави, ако донесат заветен дар и ако отидат некаде на поклонение. И така, гледаш многу луѓе како со свеќи и со ветени дарови одат во манастирите на поклонение, ги оставаат таму даровите, се крстат, малку и плачат и со тоа се задоволуваат. Не се каат, не се исповедуваат, не се поправаат и ѓаволот се радува на тоа.
 
Денес е непоходно луѓето да најдат духовник, да му се исповедуваат, да имаат доверба во него и да се советуваат со него. Ако имаат духовник и ако направат програма, која се состои од молитва и читање на духовни книги, ако одат редовно во црква и се причестуваат, тогаш нема од што да се плашат во овој живот.
†  †  †
Момчињата и девојките што стапуваат во брак, треба да имаат ист духовник и да се усогласат уште од почетокот, за подоцна, да немаат проблеми. На духовникот тоа може многу да му помогне, бидејќи го знае карактерот секому поединечно. Кога бев столар, го обработував дрвото така, за да може да се склопи и да се поврзе и без шајки. Ако едно парче дрво не одговора со другото, тогаш само во почетокот ќе изгледа како да се вклопени, а потоа, под притисок ќе се распаднат.
Затоа „столарот" треба да ги има двете парчиња дрво во рацете. Така може да види дали си одговараат еден на друг. Таков треба да биде и духовникот.
†  †  †
Кога некој се враќа од работа оптоварен и изнервиран, би било добро малку да се прошета по паркот и дома да дојде мирен и насмеан. И да задоцни, не е многу важно.
†  †  †
Денес во светот состојбата е таква што сите сакаат да работат малку, а да добијат многу пари. Тој дух завладеа и кај духовните луѓе. Сакаат да станат светители без подвиг.
†  †  †
Човекот треба да проникне во подлабоката смисла на животот, зашто овој живот ни е даден да се подготвиме за оној другиот, вечниот. А потоа, како што на патникот за било кое одредиште му е потребен патеводител, така и за патувањето кон небесата човекот треба да си најде патеводител (духовник). Потоа духовникот ќе му го одреди 'планот на патувањето', малку читање, малку молитви, да ги избегнува поводите за согрешенија и световниот начин на размислување, што е најлошо од се. А тогаш срцето ќе му биде во Христа."
†  †  †
Благодатта Божја е скапоцена. За да дојде и да се всели во човекот, човекот треба со духот да биде во хармонија со Бога и да го исфрли од себе сето она што е во согласност со човечката природа. Но, ние сакаме да ни дојде благодатта Божја за да не ослободи од нашите слабости, за да не мораме да се бориме. За да се всели Духот Божји во човекот, потребно е многу самоодрекување, многу ревност и срдечност, смирение, благородност и жртвување. Духовниот живот не е насладување. Христос го постави утикачот, но нашите проводници 'рѓосале и не ја спроведуваат благодатта Божја. Треба да ги исчистиме проводниците, да се бориме, да се познаеме самите себеси, да ги отсечеме своите страсти, да стекнеме добродетели и дури тогаш ќе не посети благодатта Божја."
Нека е Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови!
Амин.

Извор:

http://www.bregalnickaeparhija.org.mk/images/stories/biblioteka/tekstovi/3.%20%D0%A1%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%B8%20%D0%B7%D0%B0%20%D1%81%D0%BF%D0%B0%D1%81%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D0%B5%D1%82%D0%BE%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D0%B5%D1%88%D0%BD%D0%B8%D0%BE%D1%82%20%D1%81%D0%B2%D0%B5%D1%82.pdf

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

Ное 25, 2018 Полезно и Потребно 1346
КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1885
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 1249
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

БEСEДА за кoрисниoт гнeв

БEСEДА за кoрисниoт гнeв

Гнeвeтe сe, браќа, на сeбe и пoвeќe нe грeшeтe. Гнeвeтe сe на свoитe грeвoви спoрeд мислитe и дeлата и пoвeќe нe грeшeтe. Гнeвeтe сe на сатаната, таткoтo на лагата и...

Слово за свети Јован Богослов и свети Тихон Московски

Слово за свети Јован Богослов и свети Тихон Московски

„Да зборувам на сите човечки јазици, па дури и на ангелски, штом љубов немам, ќе бидам бакар, што ѕвони, или кимвал, што ѕвечи. Да имам пророчки дар и да ги...

БEСEДА за бoжeствoтo на Синoт и битната eднаквoст сo Oтeцoт

БEСEДА за бoжeствoтo на Синoт и битната eднаквoст сo Oтeцoт

Затoа, всушнoст, и Синoт сe oвoплoтил за сo Сeбe да им oбјави на луѓeтo и за Сeбe си, и за Oтeцoт и за Свeтиoт Дух, eднoсушнoтo Бoжeствo, трoичнo пo ипoстас....

БEСEДА  за вoскрeснатиoт и живиoт Гoспoд Кoј e вoскрeсeниe и живoт

БEСEДА за вoскрeснатиoт и живиoт Гoспoд Кoј e вoскрeсeниe и живoт

Јас сум вoскрeсeниeтo и живoтoт (Јн. 11:25). Oвиe свeти збoрoви ги изрeкoл Гoспoд Исус Христoс. Oн нe самo штo ги кажал, туку и сo дeлo ги дoкажал. Вoскрeснувајќи ја ќeрката...

Архимандрит Партениј Бигорски: Вечното знаме на Христијаните

Архимандрит Партениј Бигорски: Вечното знаме на Христијаните

Голема е и длабока мистиката што овој четворокрак симбол ја содржи во себе; тој таинствено бил предобразуван низ целата епоха на Стариот Завет, како претсказание за Распетието на Синот Божји...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Методија Митановски: РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТАТА ВЛАДИЧИЦА НАША БОГОРОДИЦА И СЕКОГАШ ДЕВА МАРИЈА

Методија Митановски: РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТАТА ВЛАДИЧИЦА НАША БОГОРОДИЦА И СЕКОГАШ ДЕВА МАРИЈА

 За едни, среќа е власта, за други-богатството, за трети-славата, јавното признание, за некого семејството, за некого работата.... Многу луѓе можат да кажат разни карактеристики за среќата. Но ниту една нема...

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Девата се раѓа од неплодна утроба, но дури и да била плодна, рождеството пак би било чудесно. О, големо чудо! Штом времето на сеење поминало, тогаш жетвата дошла; штом огнот...

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

Тoј пoчeтoк e вo Слoвoтo Бoжјo, вo Синoт Бoжји. Oн гo запoчнал и сoздавањeтo на свeтoт и спасeниeтo на свeтoт. Кoј и да сака да гoвoри билo за сoздавањeтo на...

« »