Антидор, вместодарие, нафора

Верникот: Да, оче, јас повеќе ја почитувам нафората отколку Телото Христово. За нафората правам многу ритуали. Пред секоја Литургија не јадам, со страв ја носам дома и секој ден јадам од неа плакнејќи ја устата со крстена водичка. Нафората ја чувам завиткана во салфетка пред мојот домашен иконостас до кандилото. Пазам на секоја трошка, а доколку ми падне ја јадам од земја. А се причестувам еднаш годишно, при тоа немам некои посебни ритуали, освен многу строг пост.

Свештеникот: Значи во твојот живот центар е нафората и постот, а не Христос? Знаеш ли дека и во другите религии има пост? Дури и атеистите држат диета (се воздржуваат од извесна храна) и имаат свои ритуали. А ние средбата со најсаканата личност – Творецот, сме ја свеле на еднаш годишно. Кажа дека сме ревносни во постите, тогаш која е причината да не пристапуваме кон светата тајна на соединување со Бога? (свештеникот намерно користи множинска форма, како да сака да каже дека сочувствува со него м.з)

Верникот: Не сум достоен. Зар да го осквернам Бога? Свештеникот: Зошто не си достоен? Ако не си, тогаш стани достоен. Оваа твоја состојба може да трае извесно време, но една ваква пасивност и прифаќање на сопствената недостојност може да биде пеколна. А кажи ми кој е достоен? Премногу си се загледал во себе си и во своите гревови. Па како да бидеш достоен, кога сиот си се обзел со себеси. Остави му ја твојата недостојност на Христа. Загледај се во Него како дете што бара помош од својата мајка и притрчај му во прегратка.

Извор: Фома.ру
Извор: http://agapi.mk/nafora-ili-pricest/