логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

 Љубов, здравје или успех

Едmudri.pngна жена излегла од домот и забележала тројца старци соmudri.png долги, побелени бради како седат во нејзиниот двор. Не ѝ биле познати. Жената љубезно им се обратила:

„Мислам дека не ве познавам, но верувам дека сте гладни. Влезете кај нас и каснете нешто“.

„А дали ти е сопругот дома?“, прашале тие.

„Не“, одговорила таа. „Надвор е“.

„Тогаш не можеме да влеземе“, возвратиле тие.

Вечерта, кога сопругот дошол дома, жената му кажала што се случило.

„Оди сега кажи им дека сум дома и покани ги внатре!“

Жената навистина пошла и ги поканила старците да влезат.

„Не можеме заедно да влеземе во куќата“, одговориле тие.

„Ама зошто сега?“ прашала таа.

Еден од старците почнал да ѝ објаснува: „Неговото име е Здравје“, покажал тој кон едниот свој пријател. Потоа покажувајќи на другиот рекол: „Тој е Успех, а јас сум Љубов“.
Потоа додал: „Сега оди и договори се со сопругот кој од нас сакате да ви биде гостин во домот“. Жената влегла дома и му раскажала на сопругот што рекле старците. Тој бил восхитен.

„Прекрасно!!“, воскликнал. „Ако е така, да го поканиме Здравјето. Нека влезе и нека го наполни нашиот дом со здравје!“

Жената не се согласила. „Мил мој, а зошто да не го поканиме Успехот?“

Нивната мала ќеркичка слушала од страна и се вмешала во разговорот со својот предлог: „А зар не е подобро да го поканиме оној што се вика Љубов? Тогаш нашиот дом би бил исполнет со љубов!“

„Да го послушаме нејзиниот совет“, ѝ рекол сопругот на својата жена. „Оди и покани го Љубов да биде наш гостин“.

Жената излегла надвор и прашала: „Кој од вас е Љубов? Ве молам, влезете и бидете наш гостин“.

Љубов станал и почнал да се приближува кон куќата. Но останатите двајца во истиот миг станале и тргнале по него.

Изненадена, жената ги прашала Здравјето и Успехот: „Го поканив само оној што се вика Љубов, зошто и вие влегувате?“

Старците едногласно одговориле: „Да го поканеше Здравјето или Успехот, другите двајца ќе останеа надвор. Но ти го покани Љубов и каде и да оди тој, ние двајцата одиме со него.

Каде е љубовта, таму се исто така и здравјето и успехот!

 

 Извор:

 

Detsko.katche.jpg

 

 

Љубов, здравје или успех
Приказна за навредите
Камчиња во водата
Секој заслужува љубов
Мој си е морковот
Злато, темјан и смирна
Животот е како ехо
Детето и песокот
Приказна за двата чувари
Клинци во оградата
Гнев и Смирение
Манастирска убавина

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Ноември 25, 2018

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен Нектариј, затоа направи и ние да ја завршиме духовната работа и стекнувајќи ја заработката, да Му запееме на Христа: Алилуја!
Октомври 30, 2018

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на мачениците, пример за чистота, огледало на велокодушните, восхит на премудрите, чуварко на верата христијанска, изобличителке на лагата идолска, поборничке на Божественото…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 766
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Окт 18, 2018 Житија 1044
Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво,…

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН ЖИВОТОПИС, ТВОРЕШТВО И КАРАКТЕРИСТИКА

Окт 18, 2018 Житија 992
Над сè, свети Ефрем си останува прекрасен проповедник – амвонот е почеток и крај на…

Беседи

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

Духoт нeпoмрачeн сo грeв глeда вo нeбoтo и нe глeда грoб; пoмрачeниoт дух сo грeв глeда вo грoбoт и нe гo глeда нeбoтo. Грeвoт и дoбрoдeтeлта управуваат сo духoвниoт вид...

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Бог е совршен, и како совршен, сѐ што прави – прави совршено. Кога Бог го направи човекот, всушност, направи бог – иако не по природа. Направи човекобог, кој треба да...

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Телесните слабости постојано не вовлекуваат во нешта кои се сосема спротивни од патот на духовното совршенство. Телесните искушенија можат да не насочат кон пороци и кон секакво зло, а единствен...

Митрополит Струмички Наум: „Учителка“

Митрополит Струмички Наум: „Учителка“

Ајде повторно и оваа година – како во годините наназад, на Нејзиниот ден, да го обновиме нашиот подвиг – молитвеното правило „Богородице Дево...“ Оваа молитва, за нас раслабените, е последна...

БEСEДА за сeмoќта на збoрoт Бoжји

БEСEДА за сeмoќта на збoрoт Бoжји

Нo пoстoи рeд и начин пoмeѓу тваритe, видлив и дoстапeн за нас луѓeтo, а пoстoи рeд и начин нeвидлив и нeдoстапeн. Спoрeд тoј нeвидлив и нeдoстапeн рeд и начин, кoј...

Празникот Благовештение – првиот цвет на Пасхата

Празникот Благовештение – првиот цвет на Пасхата

Ете она што дојде да нѐ повика, сега ни се јави: Бог надумно се соединува со луѓето; со гласот на Архангелот прелеста се изгонува, а Дева радост прима; небото слегува...

Викарен Епископ Стобиски г. Јаков: Жртвена прегратка (31.03.2019)

Викарен Епископ Стобиски г. Јаков: Жртвена прегратка (31.03.2019)

Ако ги приклониме колената, а во срцето свое, во вистинскиот храм во кој Бог се вселува, не го поставиме Крстот, сме го промашиле суштинското значење на празникот, затоа што тоа...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥ Недела Крстопоклона (III Недела на Великиот Пост) ✥ 31.03.2019

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥ Недела Крстопоклона (III Недела на Великиот Пост) ✥ 31.03.2019

Според својата слободна волја човекот паднал во грев, па затоа и според својата слободна волја треба да се лекува и на крајот излечи од гревот и смртта. Бог не ги...

« »