логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

starec.Josif.Vatopedski.jpg


     Молитвата „Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме (мене) грешниот“ која во себе го содржи името на Господа и молитва на грешник кој се кае, од секогаш ги привлекувала умовите на оние кои се спасуваат. „Суштината на оваа молитва е да ја изгони секоја мисла која се појавува од срцето и воедно да не допушта да продрат гревовните помисли и желби, да го  навикнеме паметот дека секогаш стоиме пред Бога Секадеприсутниот и умот - постојано да ја изговара молитвата и внимателно да ја слуша само неа наместо сите други помисли, па дури и оние кои се природни за него... Кажувањето на Исусовата молитва треба да биде суштински неодвоен елемент од монашкиот живот. Исто така неопходно е и за мирјаните, бидејќи без сеќавање на Бога не е можно да се спаси некој“ (Архиепископ Антониј Гољински - Михајловски).                
     Светите отци на Православната Црква учат дека со непрестаната молитва добиваме само еден дар - согледување на своите согрешенија и само еден плод - очистување од страстите. Молитвеното дејствување не ги заменува Светите тајни на Црквата, бидејќи ако не се исповедуваме и не се причестуваме, не е возможно да пристапиме кон кажување на Исусовата молитва. „Главното во молитвата е со умот и со срцето да стоиме пред Бога, со побожност и со страв кој го отрезнува и ги истерува сите сомнежи во срцето и ни внесува страдален бол пред Бога. Овие чувства - стравот Божји и стадалниот бол, или срце сокрушено и смирено, се главното својство на вистинската внатрешна молитва“ (свети Теофан Затворник).                                
     Многумина се прашуваат дали може христијаните кои живеат во светот да се занимаваат со умната молитва? Ние одговараме потврдно: Да! На заинтересираните накратко ќе им ја објасниме оваа тема поради нивно подобро прифаќање на нашите совети и упатства, за ако досега не разбрале, подобро да го решат овој проблем за да не западнат во разни толкувања и одредување на молитвата. Молитвата е неопходно дејствување на секое разумно битие, чувствително и разумно - човечко или ангелско, па затоа ние заповедано непрестајно да се трудиме (да работиме на неа).                                                    
      Догматската молитва не се дели на теми и на врсти, но според нашите Отци секој начин на молитва е корисен и доволен да не се исполниме со ѓаволска прелест.
     Целта на дејствувањето се состои во тоа човековиот ум да Му се обрати на Бога и да го задржи усмерен кон Него. Поради таа цел, Отците пронашле лесен начин и молитвата ја упростиле за умот полека да се движи (кружи) и постојано (истрајно) да пребива во Бога. Кај другите дејства како посредници се јавуваат органите и сетилата на човекот, додека за блажената молитва потребна е голема умешност да се сочува умот додека молитвата постане плодоносна и прифатена од Бога.
    Нашите најсвети Отци кои целосно го возљубија Бога, сите свои напори ги усмериле кон молитвата, како умешно средство кое во иднина е главен предмет на нивното соединување со Бога и постојано пребивање со Него.                   
    Ние не говориме за разни видови на молитвата, вообичаени и познати на сите христијани, туку исклучиво за една, наречена умосрдечна молитва. За оваа тема се интересираат верниците, но во повеќето случаеви таа се игнорира, а се толкува воглавно споредбено (се споредува со другите). Сепак, ние нема да ги споменуваме нашите Отци кои нè упатуваат на конкретниот начин на извршување на молитвата и на резултатите кои нè водат до очистување и до осветување. Ние, недостојните, го кажуваме само неопходното поради објаснување и прифаќање на молитвата од страна на браќата кои живеат во светот.
     Отците ја нарекуваат „умосрдечна“ затоа што се твори со умот, а ја  нарекуваат уште и „трезвена“. Нашите Отци го определиле умот како слободна и рационална творба, која не трпи ограничувања и не е многу убеден во она што не може сам да го свати. Затоа тие ја избрале нај едноставната молитва „Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме“ - бидејќи не е потребен голем напор на умот за чување на долготрајните молитви и поради враќањето на умот внатре, во центарот на нашето разумно битие. Пребивајќи таму мислено и призивајќи го најслаткото боженствено име на нашиот Господ Исус Христос, молитвеникот очекува што поскоро да се здобие со божествената утеха.             
        По тврдењето на нашите Отци, Себлагиот Владика Христос, Кој така ја посакува среќата на луѓето, не може да не ја чуе и да се јави на оние кои Го постојано и усрдно повикуват.
    За да го добиеме посакуваниот успех потребни ни се погодни средства и  неколку елементи. Умереното безмолвие (молитвеното тихување), безгрижност и избегнување да се дознаваат новости и случки, воздржување и вообичаено молчење, а со тоа се добива и долготрајната упорност и навика.                              
       Ставивме акцент на усрдноста како на најпотребен елемент во молитвата, а и апостолот Павле го потврдува истото со зборовите: Бидете постојани во молитвата (Кол. 4,2). Повеќе од сè на молитвата и е потребно посебно напрегање во текот на целиот живот и затоа повторно повторуваме     на оние кои се подвизуваат на овој начин, дека ова не треба да го сватат како товар, но притоа да не мислат дека ќе имаат некаква надокнада.                     
     Во почетокот поради соочувањето со преморувањето или со внатрешниот отпор, потребно е молитвата да ја кажуваме гласно или шепотејќи. По утврдувањето на оваа добра навика, молитвата сама ќе се задржува и ќе се изговара со леснотија и само така ќе можеме да ја усмериме во нас внатре преку поптолното молчење (тихување). Во првиот дел од книгата „Кажувањето на еден Богобарател на својот духовен отец“ се наведува еден добар пример за вовед во молитвата. Имено, изговарањето на зборовите со нивно често повторување како последица ја има добрата навика. Тоа ќе донесе очистување на умот и ќе го разоткрие присуството на Благодатта. Како што секоја добродетел има резултат, така и резултатот на молитвата е очистување, просветување и достигнување на совршеното добро - соединување со Бога, односно Обожување.                                                                                       
      Меѓутоа еве што говорат Отците: „Човекот кој треба да патува треба да вложи напор и да застане на патот кој води во градот. Ако се случи тој да не стигне до крајот и поради некои причини не е успеал, тогаш Бог ќе го вброи кај оние кои успеале“.
      Сите ние, христијаните, сме должни да се подвизуваме со молитви, посебно со Исусуовата умосрдечна молитва. Оној кој ќе ја постигне ќе има голема полза.
     Кога е молитата присутна, тогаш човекот не се предава на искушенијата кои го демнат, бидејќи нејзиното присуство е трезвено и затоа „оној кој бдее и се моли не запаѓа во искушение“. Исто така не го препушта човекот да западне во униние или немарност кои се причини за многу зла, туку напротив расте неговата побожност и ревност: покажува готовност за добротворство, кроток е и незлопамтив и секојдневно се умножуваат верата и љубовта кон Христа. Имаме многу примери кај современите луѓе, особено младите кои со помош на добрите навики се имаат спасено од ужасните опасности или падови во канџите на пороците.                                                                                             
      Затоа, повторуваме, молитвата е должност на секој верник, на било која возраст, потекло, положба, без разлика на место, време и начин. Молитвата е секаде иста и се раѓа во оние кои имаат потреба за неа како што е посведочено во Писмо: И секој кој ќе го повика Господовото име, ќе се спаси (Дела 2,21).               
   Овде не постои никаква прелест како што шират гласини оние кои доволно не се запознаени. Доволно е да се изговара молитвата едноставно и смирено. Крајно е неопходно за време на изговарањето (произнесувањето) на молитвата да не допуштаме во умот да влегуваат некакви слики (ликови или облици), дури ни нашиот Владика Исус Христос , ниту Владичицата Богородица или било кој друг светец, лице или претстава. Претставите се средство за расејување на умот и преку нив се отвара пристап за помисли и прелести.
    Умот треба да пребива внатре, а човекот со многу смирение да ја очекува Божјата милост. Случајните фантазии, светлоста, шумовите, некои движења или бучавата се недопустливи бидејќи тоа се ѓавослки измислици кои ги употребува да ни го одзеде вниманието или да не опрелести. Знакот на присуството на Благодатта во оние во кои е влегла е духовната радост или тивките солзи кои ја носат радоста, смирениот страв од сеќавањето на гревот, солзи кои растејќи ќе станат и ридање. Благодатта се умножува и од неа се раѓа љубов кон Христа и тогаш конечно исчезнува расејувањето на умот , а срцето се загрева со љубовта Божја. Молитвеникот сака да остане тука засекогаш и да не гледа и да не слуша ништо друго.                                               
       Сите овие и другите разни форми на запазуање, охрабрување и утешување се за оние кои вложуваат напор да ја изговараат и чуваат молитвата толку колку што можат во зависност од нивната состојба.                          
     Мислиме дека сега секоја крстена православна душа со вера може да ги оствари овие прости работи и да се најде во духона радост и веселба, а во исто време да има и Божји покров и помош во сите постапки и делувања.                      
     И повторно им го повторуваме советот на оние кои го љубат Бога и тежнеат кон спасение: не избегнувајте да ја испробате оваа добра навика, немојте да задоцните со изнаоѓањето на благодарствените зборови кон Бога, за Неговата благодат, милосрдие за кое зборуваат сите кои се потрудиле во тоа дејствување. А ние ви говориме за да имате храброст: не се колебајте, не бидете малодушни кога ќе наидете на тешкотии и маки. Современите старци, кои сме ги познавале, во светот имаа многу ученици, мажи и жени, брачни и безбрачни, кои го достигнале не само воведниот степен, туку и се издигнале по Благодатта и милосрдието на нашиот Христос, бидејќи лесно му е на Господа бргу и ненадејно да го збогати сиромавиот (Сир. 11,21). Мислам дека нема полесно, поедноставно и по остварливо духовно занимавање од кратката молитва која донесува многу корист и напредок во денешниот хаос. Неопходно е кога некој седи или се труди или е во движење, или пак е во кревет, или воопшто каде и да се наоѓа, да ја кажуваа оваа молитва. Таа содржи во себе исповедање и призив, а со таков мал труд и напорја исполнува главната заповед: Молете се непрестано! (1 Сол. 5,17), се сето свое огромно значење на нејзините резултати.                                                                                     
    Ако некој не читал некое дело од Отците или пак нивните чудесни житија, тогаш не ќе наиде на некое такво исполнување и просветлување, ревност и усрдност каква што е само оваа единствена умосрдна молитва - тоа нај јако средство за успех во Христа. Нам не ни е цел да да ја величиме или превознесеме до небото, туку наша цел е да го побудиме и вдахнеме секој верник да ја твори и секој да ја учи од своето искуство, бидејќи ние соопштуваме многу малку.                                                                                    
   Сите вие кои сте во неволји, разочарани, ожалостени, вие кои живеете во незнаење, маловерни и сите вие кои се наоѓате во разни искушенија, прибегнете кон утехата и решението на сите ваши проблеми! Нашиот најсладок Исус Христос, Животот наш ни вели: без Мене не можете да направите ништо (Јован 5, 15). Значи, кога Го повикуваме постојано, ние никогаш не остануваме сами и затоа можеме да постигнеме се со Неговата помош: Тоа е правата смисла и исполнување на важното ветување во Писмото: Повикај ме во тежок ден: ќе те ослободам (Псал. 49,15). Ние ќе го повикаме Неговото сесвето име не само во „тежок ден“, туку постојано (непрекинато), се додека не се просветиме и не станеме ревносни и така ќе се избориме да не паднеме во искушение. Ако, пак, некој сака да достигне и нешто повозвишено, кон што го повикува самата Благодат, ние ќе продолжиме да го подржуваме, а кога ќе го достигне тој степен, тогаш Благодатта ќе го извести за тоа.                                     
      Како епилог на напишаното, го повторуваме нашиот совет, дека е неопходно да се прифати Исусовата молитва со силна вера и дека ќе се здобиеме со голема корист. Сеќавањето на смртта и смирението, заедно со другите помошни средства гарантираат успех по Благодатта на нашиот Господ Исус Христос, Чие призивање е цел на нашиот труд.

  •                 превод: ѓакон Димитар Арсовски
  •                      Објавено во: „Троичник“ бр. 34

Преземено од: http://bogopodobie.weebly.com



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Ноември 25, 2018

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен Нектариј, затоа направи и ние да ја завршиме духовната работа и стекнувајќи ја заработката, да Му запееме на Христа: Алилуја!
Октомври 30, 2018

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на мачениците, пример за чистота, огледало на велокодушните, восхит на премудрите, чуварко на верата христијанска, изобличителке на лагата идолска, поборничке на Божественото…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 766
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Окт 18, 2018 Житија 1044
Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво,…

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН ЖИВОТОПИС, ТВОРЕШТВО И КАРАКТЕРИСТИКА

Окт 18, 2018 Житија 992
Над сè, свети Ефрем си останува прекрасен проповедник – амвонот е почеток и крај на…

Беседи

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

Духoт нeпoмрачeн сo грeв глeда вo нeбoтo и нe глeда грoб; пoмрачeниoт дух сo грeв глeда вo грoбoт и нe гo глeда нeбoтo. Грeвoт и дoбрoдeтeлта управуваат сo духoвниoт вид...

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Бог е совршен, и како совршен, сѐ што прави – прави совршено. Кога Бог го направи човекот, всушност, направи бог – иако не по природа. Направи човекобог, кој треба да...

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Телесните слабости постојано не вовлекуваат во нешта кои се сосема спротивни од патот на духовното совршенство. Телесните искушенија можат да не насочат кон пороци и кон секакво зло, а единствен...

Митрополит Струмички Наум: „Учителка“

Митрополит Струмички Наум: „Учителка“

Ајде повторно и оваа година – како во годините наназад, на Нејзиниот ден, да го обновиме нашиот подвиг – молитвеното правило „Богородице Дево...“ Оваа молитва, за нас раслабените, е последна...

БEСEДА за сeмoќта на збoрoт Бoжји

БEСEДА за сeмoќта на збoрoт Бoжји

Нo пoстoи рeд и начин пoмeѓу тваритe, видлив и дoстапeн за нас луѓeтo, а пoстoи рeд и начин нeвидлив и нeдoстапeн. Спoрeд тoј нeвидлив и нeдoстапeн рeд и начин, кoј...

Празникот Благовештение – првиот цвет на Пасхата

Празникот Благовештение – првиот цвет на Пасхата

Ете она што дојде да нѐ повика, сега ни се јави: Бог надумно се соединува со луѓето; со гласот на Архангелот прелеста се изгонува, а Дева радост прима; небото слегува...

Викарен Епископ Стобиски г. Јаков: Жртвена прегратка (31.03.2019)

Викарен Епископ Стобиски г. Јаков: Жртвена прегратка (31.03.2019)

Ако ги приклониме колената, а во срцето свое, во вистинскиот храм во кој Бог се вселува, не го поставиме Крстот, сме го промашиле суштинското значење на празникот, затоа што тоа...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥ Недела Крстопоклона (III Недела на Великиот Пост) ✥ 31.03.2019

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥ Недела Крстопоклона (III Недела на Великиот Пост) ✥ 31.03.2019

Според својата слободна волја човекот паднал во грев, па затоа и според својата слободна волја треба да се лекува и на крајот излечи од гревот и смртта. Бог не ги...

« »