логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Излекувањето на фатениот во КапернаумЧовечкото тело веднаш би се распаднало и би се претворило во земја да не му беше – со Промислата (προμηθείᾳ) и силата (δυνάμει) на Оној Кој со Своето слово држи сѐ (τοῦ ρήματι μόνῳ τὰ πάντα φέροντος) – одложено исполнувањето на пресудата. Он, како што рековме претходно, ја задржа и ја одложи пресудата за смртта на телото, и со длабочината на Својата мудрост и човекољубие тогаш нејзиниот исход така го подготви, што нејзиното исполнување во иднина го зачува за Него.

 7.Vselenski.soborНеволји

Спасителната Божествена благодат, за будење на грешникот од успивање, ја насочува својата сила за разорување на оној столб, на кој некој самостално се утврдува и почива, и го прави следното: на оној што е врзан за угодување на телото, го фрла во болест и ослабувајќи  го телото му дава слобода на духот,  да си дојде при себе и да се отрезне.

Засакај го Христовото сиромаштво за да станеш богат во Христовото Божество. Засакај го најубавиот пост – дело многу почитувано и богоугодно. Постот е кочија што вознесува на небото. Постот раѓа пророци и дава мудрост. Постот е добра одбрана на душата, сигурен состанар на телото. Постот е оружје на смелите, училиште на подвижниците.

7.Vselenski.soborАко сакаш да ѝ помогнеш на Црквата, подобро е да се промениш самиот отколку да се обидуваш да ги менуваш другите. Доколку се промениш себеси, непосредно си променил еден дел од Црквата. Се разбира, кога сите би го правеле тоа Црквата би била поинаква. Но, денес, луѓето се занимаваат со сè.

 7.Vselenski.soborНе кажувајте: ,,Јас не можам”. Тоа не е говор на христијанин.  Христијанинот вели: ,, Можам сe' ”, но не сам по себе,  туку со Господ Кој  ни дава сила.  Смуртениот, одбивниот живот, не е живот по Бога. Кога Спасителот им кажал на оние што постат, да си ја измијат и помажат главата и да се исчешлaат, под тоа всушност подразбирал, да не бидат смуртени. Непријателот (демонот) обично дотрчува, и повторува: не им попуштај, оти ќе те повредат. Тој сака да ни наштети. Подобра заштита од повредувањето е смирената попустливост.

7.Vselenski.soborНи војски, ни богатства, ни коњи, ниту оружје, ништо – ништо рамно на долготрпението нема да најдеш, бидејќи често се случува кога гневот ќе го совлада оној што го има сето ова, тој се однесува како мало дете кое не знае што со себеси, од вознемиреноста и збрканоста. А долготрпеливиот како во засолниште пребива и со сладок спокој се насладува;

Послушанието во себе содржи сѐ. Христос во секој миг ќе ти плете венци. Но, за да се развива внатрешниот човек, за да се смират страстите и за да се расцвета плодот на твоите добри дела, потребно е сѐ да прати постојана и непрестајна умна молитва. Кога работиш, со усните или со умот непрестајно кажувај ја молитвата. Кога непрестајно ќе ја изговараш со усните, умот ќе се навикне да ја изговара со внатрешното слово.

А кога умот ќе се очисти со молитвата, ќе ја спушти во срцето. Ќе дојде до соединувањето на умот, зборовите и срцето. Со други зборови, со непрестајното повикување молитвата наоѓа пат до срцето преку вдишувањето и издишувањето. Тогаш умот, зборот и срцето стануваат едно. А, срцето кое непрестајно се очистува прима соодветна и осенувачка благодат

Гледам, одиш во црква. Не ме интересира што ќе правиш таму, иако мислам дека ќе се молиш. Не се грижам ниту малку за тоа дали ќе стоиш пред олтарот или таму покрај вратата, дали ќе се молиш седејќи или клечејќи, со наведната глава или со затворени очи или, пак, ќе гледаш во иконата на олтарот, ќе се удираш во градите, ќе ги движиш усните шепотејќи ги зборовите од молитвата,

7.Vselenski.soborАко наидат работи кои те жалостат и лутат, обрати му се на Бога и не му дозволувај на злото да ти се приближи.
Ако не успеваш во тоа, тогаш, барем молчи, додека не се смириш. Тогаш, говори мирно и љубезно со другите.
Не им замерувај за ништо и не ги потсетувај на направените неправди. Моли се само на Бога лошите впечатоци во срцето да се измазнат што е можно побрзо.

Подобро е да се насмевнеш на другиот човек, отколку да извадиш меч. Мечот сече сè и ништо не остава, а насмевката може да направи сè. И таа насмевка може многу нешта да исправи. Ако се насмевнеме на човек, кој е многу притиснат, го спасуваме.
Родителите кои се караат меѓу себе пред децата, се налик на бик, кој влегол во продавница за стаклени работи,

И најголемите наши жртви Бог нема да ги прими ако го осудуваме својот брат. И од сиот свет некој да се одрече, и од сите негови блага поради љубовта Христова, и во најдлабоката пустина да оди, и да се фрли во најдалечната и најзапустена ќелија, ако братот свој го осудува, сè му е залудно. Оти, не може да се поигрува со Бога! Тој го чита срцето човечко.

7.Vselenski.soborПостот, бдеењето и молитвата сами од себе не ги донесуваат саканите плодови, затоа што тие не се целта на нашиот живот; тие се средства за постигнување на целта. Украсете ги вашите свеќници со добродетели. Борете се да ги отфрлите страстите. Исчистете го вашето срце од секоја нечистотија и чувајте го чисто за да дојде и да се всели во вас Господ; да ве исполни Светиот Дух со Своите Божествени дарови.

Вистински е оној посник кој се воздржува од блуд, прељубодејство и секаква нечистотија. Вистински посник е оној кој што го осигурал својот јазик со воздржување и го воздржува од празнословие, од луди зборови, клевети, осудувања, ласкања, лаги и од секакви злословија. Вистински посник е оној кој ги воздржува своите раце од крадење, одземање и проневери,...

7.Vselenski.sobor

Тогаш не само што нема да грешат јавно и нема да им се предаваат на телесните излишности, туку и одвнатре, во движењето на срцето, не би допуштале ништо што на Бога не Му е угодно. Тогаш созданието би стоело како што на бојно поле стои војникот пред царот, со сето внимание и строгост кон себе, за да не испадне дека не си ја знае должноста, та да не падне под гневот и казната царева.

Меѓутоа, ако Господ не нѐ слуша кога Го молиме за нешто овоземно, тоа и не е голема потешкотија. Но, тешко нам ако се случи Он да не нѐ услиши кога Го молиме да ни ги прости нашите гревови. Но, и тоа ќе се случи кога воздишките и лелеците на луѓето што сме ги презреле ќе станат погласни од нашите молитви.

Добрите луѓе се како свеќа. Ќе се изгорат себеси за да им дадат светло на другите.
Затоа подобро човек да е сиромашен со добро срце, отколку богат со лоши намери.
Зашто на крајот од денот нема да се сеќаваме на луѓето со прекрасно лице.

Ќе се сеќаваме на оние со прекрасно срце и душа.

Многупати добриот Бог ги остава добрите луѓе во рацете на злите, за да ја остават својата добрина и да ја вкусат небесната.
Секако, добрите луѓе не го задржуваат злото во своето срце, но, ни својата добрина не ја задржуваат само за себе. Затоа не поседуваат убави предмети, ниту, пак, ги допира убавината на овој свет. Со ова ја покажуваат својата топла вера во Бога и својата голема љубов.

Болките предвремено раѓаат старост – тоа што начинот на животот го одзема, времето не може да го востанови. Богатството е најревносен додворувач кон зло, зашто при зајакнување најзгодно е да направиш зло. Ниту една придобивка не е подобра од пријател – меѓутоа, никогаш не придобивај за пријател лош човек.

Да се покаеш не е да гледам надолу кон моите недостатоци, туку нагоре кон Божјата љубов. Не е да се погледне наназад со самопрекорување, туку напред со доверба. Не е да видам каков не успеав да бидам, туку што сè уште би можел да станам преку Благодатта Христова.

Повеќе артикли...


Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Декември 05, 2019
7.Vselenski.sobor

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората категорија.Догматиката е многу…
Ноември 12, 2019

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот, страстите и себичната волја) на Крстот и Гробот Христов за да можат да воскреснат со Него и „да одат во обновеноста на животот“ (Рим. 6, 4).Ова е дејството на покајанието…

Свети великомаченик Димитриј Солунски

Ное 09, 2019 Житија 128
st-demetrius
Благочестивиот Димитриј пред царевите ги поставил Божјите заповеди. Го возљубил Господ…

Митрополит Струмички Наум-Царството небесно прилега... на простување (19.08.2017 )

Ное 07, 2019 Беседи 294
7.Vselenski.sobor
Честопати и мене ме прашуваат зошто примам или им помагам на луѓе за кои мнозина од…

Митрополит Струмички Наум - Последна надеж за спасение

Ное 04, 2019 Беседи 177
Uspenie.Bogorodica.jpg
Она нѐ научи Кој Е смислата на нашиот живот. Она нѐ научи Кој Е вистинска љубов. Она нѐ…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората...

Арх.Партениј Бигорски: За разумноста и безумието

Арх.Партениј Бигорски: За разумноста и безумието

Следствено, грев е човек да биде острастен кон материјалните нешта, кон земните блага, кои се минливи и му се дадени на човека да му послужат за добро, а не тој...

митр. Павел Сисанијски: Сите за еден

митр. Павел Сисанијски: Сите за еден

 Бог Го покажа Своето човекољубие не со евтини слова, но со принесувањето на Својот Син. Христос се појави во светот, со низа конкретни дела на љубовта. Првото дело е наклонетоста...

Митрополит Струмички г. Наум: Познанието на Бог е едноставно својство на просветлениот ум

Митрополит Струмички г. Наум: Познанието на Бог е едноставно својство на просветлениот ум

Посебно по воплотувањето Христово и Неговиот Домострој на нашето спасение, ѓаволот станува како играчка со која малите деца си играат (свети Атанасиј Велики) или како спаринг-партнер за оние што се...

о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

 Таа единствена тихувателка и патоводителка низ исихијата, нè приведува во заедницата од која се откинавме, а еве повторно ни е дадена можност, не само да се вратиме, туку да црпиме...

Арх. Јован Крестјанкин - Да ги оживееме срцата  поради Бог !

Арх. Јован Крестјанкин - Да ги оживееме срцата поради Бог !

Денес, драги мои пријатели, поученоста од животот на старозаветните праведници ме наведува со вас да зборувам за верата. Имено, нивната големина е одредена само со верата, точно живата и дејствителна...

Викарен Епископ Јаков Стобиски:  „Епископот седи на место и во обличје Христово“

Викарен Епископ Јаков Стобиски: „Епископот седи на место и во обличје Христово“

 Епископот не станува Епископ поради некаква своја заслуга, туку исклучиво по благоволение Божјо, во послушание кон Светиот Архиерејски Синод, поради молитвите, и најважно од сѐ, заради потребите на Црквата. Затоа,...

Митрополит Струмички Наум: Самооправдувањето е одрекување од Богочовекот Христос како наш урнек...

Митрополит Струмички Наум: Самооправдувањето е одрекување од Богочовекот Христос како наш урнек...

 Страшна е потребата на човекот да се самооправдува; за мене, дури најпогубната појава од сите гревовни појави во човековиот душевен и ментален свет. Самооправдувањето е главна карактеристика на паднатиот човек,...

БEСEДА за Христа какo глава на ситe свeтии

БEСEДА за Христа какo глава на ситe свeтии

Грeвoт избeзумува, грeвoт oбeзглавува. Чoвeк пoтoнат вo грeвoви и вo пoрoци сличeн e на кoкoшка, чија глава e oтсeчeна, та умирајќи грчeвитo прeта и скoка ваму-таму. Цeлиoт нeзнабoжeчки свeт прeд...

« »