sv.Jovan.Zlatoust.cb.jpg

Постот не го прави воздржувањето од храна,
туку воздржувањето од гревови.

 
Постот за кој зборувам, не е оној пост кој го држат многу луѓе, туку вистинскиот пост. Не само воздржување од храна, туку и од гревови... Ти постиш? Тогаш, покажи ми го твојот пост преку делата. Т.е. какви дела? Ако видиш сиромашен, дај му милостиња. Ако го видиш својот непријател, помири се со него. Ако видиш пријател, кој не пости, не колни го. Ако видиш убава жена, одмини. Не пости само преку устата, туку и преку очите и слухот, со нозете и со рацете, очисти се од алчноста и среброљубието.
Постам со нозете, отстапувајќи од блудни и безакони патишта. Постам со очите, воспитувајќи ги да не потскокнуваат кон убави и соблазнителни глетки, ниту да се воодушевуваат од туѓата убавина. Затоа што гледањето е храна за очите. Но, ако е безакона и наметлива, таа му штети на постот, го попречува секое душевно спасение, ако пак е Богоугодна и го закрепнува духот, го уркрасува... Не јадеш месо? Не јади развратност преку твоите очи. Пости и со слухот. Постот со слухот е во тоа да не примаш обвиненија и клевети против својот ближен. „Празен глас не примај“ – вели Св. Писмо. Пости и со устата од срамни и хулни зборови. Каква ни е ползата, ако се воздржуваме од јадење на кокошки и риба, а ги гриземе и јадеме своите браќа? Ако обвинуваш, ја јадеш плотта на својот ближен. Не си ја повредил неговата плот со своите заби, туку си ја повредил неговата душа преку клеветата. Го повреди неговото добро име.

 

Подготви: Наташа Деспотовска Димитриевска

 

 

 Друго:

ВОВЕД ЗА ПОСТОТ