Josif.Vatopedski6.jpg

Разно
 Каде сте слушнале дека едноличното одлачување, колку гласно и да било извикано, навистина одвојува од Црквата? Според тоа, тоа тука го нема!
 Велите дека тоа одлачување станало ѕид за вашиот син помеѓу него и Црквата. Ако тој ви зборува нешто богохулно и тоа не од бес или раздразнатост, туку по свое убедување, тогаш тој ѕид веќе постои. А ако ова последното (убедувањето) го немало, тогаш ни вашите зборови тој ѕид не можеле да го подигнат. Неговите зборови биле зборови на празнословие, исто како што зборовите на неверување не се самото неверување, туку само пометеност на умот или мисли дофрлени од страна. Тоа е состојба на вознемиреност и метеж. Не може по неа да му се суди на човекот. Така е и со вашиот син. Мислам дека тој верува и дека метежот на мислите по грешка го смета за неверување.
 

Неродната година – е дело Божјо. Денеска нема, утре ќе биде.


 Внатрешното самоисправување се одвива со благодатта Божја, во срцето кое ù е предано. Надворешната ситуација помага или не помага, но таа не представува ни неодложен услов, ни несовладлива препрека...
 Во присуство на другите , може од некоја разумна причина да се попушти на себеси, но насамо, тајно – никогаш. Тоа е најлошо од сите зла.
Има многу добри чувства, но чувството на сопствената негодност е основно; кога него го нема, ништо не помага.
 За празниците на телото треба да му се даде некое олеснение.
 Прашувате, дали треба да се молиме за иноверни? За самоубијци?.. Правете како што заповеда Црквата. Така одговарајте и на оние кои што прашуваат за тоа. (Дозволено и потребно е да се молиме, во лична молитва. Заб. Прев.)
 Непоколебливата увереност – ќе добие небесни дарови. Таа трае до гроб, а потоа престанува, зашто надежта ќе биде остварена.
 Селото позитивно влијае и на душата, а не само на телото...
 Ѓаволот исполнува со безнадежност, зашто и самиот е без надеж... А ние имаме цврста потпора за надеж...
 Вашиот предлог е добар – да се состави азбучен регистар на поуки. Но јас мислам дека тоа треба да се направи на крајот на целото издание. Вака тој уше некое не ќе биде потполн. А тоа не е мал напор. Во прашање е претешка работа. На крај, ако станам мрзелив, ќе најдеме некого.
 Идиоти! Но тие се само за нас идиоти, а не за себе и не за Бога. Нивниот дух се усовршува по свој пат. Може да се случи ние мудрите да се најдеме полоши од идиот.
 А римокатолицизмот денеска по својата насока е полош и од протестантизмот... Протестантизмот макар стои на нешто, а римокатолицизмот сосема тргнал во религиозни фантазирања. Вовеле такви начела на богословието.
 Тешко ми е да ви кажам било што категорично по повод како да се однесувате кон соседите. Законот за ова е еден: да се општи со еднодушните, заради меѓусебна поддршка и делуваќе на патот на спасението... Затоа, ако одлучите да се оддалечете од оние кои малку мислат за Бога и спасението, нема причина да жалите за тоа. Општењето со нив ќе остане само во работи од секојдневниот живот... Но, ако имаме доволно храброст и нив треба да им се принесеме на жртва...

 

 

 bogorodica.k.dol.jpg

(AdamiEva.jpgПродолжува)

Подготви: З. Д.

 

   Св.Теофан Затворник : 1.Молитвата – дишење на духот (Речник на христијанскиот живот - 69)


 Stefan.LIt.Bogorodica.jpg

Подготви: Златко  Дивјаковски

 

Друго:Житие на свети Теофан Затворник