Ptici3.jpg

Воздржанието


Господ ќе даде трпение – можно е да се воздржиме од некакви јадења; ако не изджите, јадете, благодарејќи на Господ. Вишоците добро е да им се поделе на оние на кои им е потребно или просат, но тивко, да не се расфрлите со дарежливост. Ако некогаш се случи со другите да го нарушите правилото на воздржание кое ви е одредено, не вознемирувајте се, зашто не сте го направиле тоа заради угодување на себеси, туку сте се покориле на долгот на љубовта.

 

Целомудреноста


Секој кој погледне на жена со желба по неа, веќе извршил прељуба во срцето свое (Мт. 5, 28). Што да се прави, ако човек, живеејќи во друштво не може да не гледа жени? Но, прељуба не врши оној кој само гледа на жена, туку оној кој ја гледа со желба. Ако гледаш – гледај, но срцето држи го на ланец. Гледај со очите на дете, зашто тоа жените ги гледа чисто, без никакви лоши  мисли. Жените треба и да се сакаат, зашто во заповедта за љубов кон ближниот ни тие не се исклучени, но со љубов чиста, која во мислите, над сè останато, има душа и духовно сродство... Како што пред Бога нема ни машки ни женски пол, така е и во меѓусебните односи на христијаните. Велиш дека тоа е навистина тешко. Да, ова не поминува без борба: но борбата подразбира да не се сака зло, што милостивиот Господ веќе го зема како чистота.
Дали искушенијата од гледање и слушање на жените имаат крај... не знам. Сочувствувањето кон жените е положено во нашата природа. Затоа, мислам, дека кога во присусто на жена нема никаква одбојност, туку нешто на тоа спротивно, сеуште нема ништо грешно... Гревот почнува кога ќе се појави похотта. А таа работа може секогаш да се избегне. Секако, подобро би било да не се гледа и да не се разговара, но тоа е невозможно. Значи треба да се трпи, да се биде во внимателност, да се чува срцето и да се бориме против себе. Господ е близу!.. Преп. Јован Колов вели: „кога се приближува ѕверот, се качувам на дрво“... Кон Господа треба да се прибегнува.
Радоста не доаѓа однадвор, туку од севкупнотот човеково морално – религиозно устројство. За нас, христијаните, таа се зачнува со исповедањето на големите добра добиени со раѓањето на Синот Божји во тело со примање на нашата природа; расте и ојачува со животот во поредокот вообичаен за оние кои се восиновени од Бога преку светотаинското и делотворно облекување во Христос Господ преку крштението или покајанието... Господ го примил нашето тело од девствена крв. Бидејќи ние преку силата на домостројот на нашето спасение стануваме едно со Господа, карактеристична црта на нашата христијанска природа станала девственоста – девственост во мислите и чувствата, како и во состојбата на телата. А телесната сласт станала одрекување на христијанството во нас. И ништо денеска не ја гуши духовната радост... како оваа сласт. Ѓаволот пак нашептува како тоа да не е ништо.

 

(AdamiEva.jpgПродолжува)

Подготви: З. Д.

 

   Св.Теофан Затворник : 1.Молитвата – дишење на духот (Речник на христијанскиот живот - 69)


 Stefan.LIt.Bogorodica.jpg

Подготви: Златко  Дивјаковски

 

Друго:Житие на свети Теофан Затворник