логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Bogorodica.Hristos.c.jpg


Свети Игнатиј Брјанчанинов

„Родете плодови достојни за покајание и не почнувајте да зборувате во себе: ‘Го имаме таткото Авраам!’“ (Лука 3, 8; Матеј 3, 9).

Овие зборови му припаѓаат на светиот Јован Предвесник Господов, најголемиот меѓу пророците. Јован стави крај на Стариот Завет и почеток на Новиот, станувајќи на тој начин врска меѓу нив. Служењето на Јован го предвестија старозаветните пророци; делата и проповедта на Јован се опишани од апостолите во Евангелието. Почетокот на Евангелието на Исус Христос, Синот Божји, е посветено на повеста за Јован. Како што е напишано во пророците, еве Јас го праќам Ангелот Мој пред лицето Твое, за да Ти го подготви патот пред Тебе. Гласот на оној кој повикува во пустината, подгответе го патот Господов, исправете ги патеките Негови. И крштеваше Јован во пустината, проповедајќи покајно крштевање за простување на гревовите (Марко 1, 1–4). Службата на Јован се состоеше во тоа да го подготви патот за Господ, Кој требаше да се јави во најскоро време, облечен во човештво – да ги исправи патеките за Него. Каков е тој пат? Какви се тие патеки? Тоа е човековиот ум; тоа се срдечните чувства и стремежи на човекот. За да се прими Господ, треба да се има подобен за тоа благоустроен ум; за да се прими Господ, треба да се има срдечна добра волја за тоа, треба да се има смирени чувства. Така архангел Гаврил му ја објасни службата на Предвесникот на праведниот Захариј, таткото на Предвесникот, кога го возвести неговото зачнување и раѓање. „Тој (Предвесникот)“, рече Архангелот, „многумина од синовите Израилеви ќе ги обрати кон нивниот Господ Бог. И ќе оди пред Него во духот и силата на Илија за да ги обрати срцата на татковците кон децата, и непокорните – кон умот на праведните, па да Му приготви на Господ народ совршен“ (Лука 1, 16–17).
„Покајте се“, му возгласуваше на човештвото светиот Предвесник, „спознајте дека сте грешници, дека сте суштества паднати и во погибел, дека се наоѓате во челуста на вечната смрт, дека имате потреба од спасение“.
Покајте се: зашто се приближи Царството Небесно т.е. настана блаженото време и Самиот Бог набргу ќе се јави меѓу вас; ќе се јави, иако во смирен образ на човек, но со семоќна власт на Бог. Он ќе ја сруши власта на смртта, ќе ги извлече од погибелната пропаст и ќе им дарува вечно блаженство на оние кои ќе ги насочат умот и срцето кон Него за да Го примат, оние кои ќе се подготват себеси да Го примат преку отфрлање на гревовниот живот, преку освестување на својата погибел, преку освестување на неопходноста од спасение и од Спасителот, преку одлучност да Му последуваат и да се во послушание на Богочовекот. Оној кој не ја освестил својата гревовност, својот пад, својата погибел, не може да Го прими Христос, не може да поверува во Христос, не може да биде христијанин. Што ќе му е Христос на оној кој самиот е и разумен, и добродетелен, кој си е задоволен од себеси, кој се смета себеси достоен за сите награди земни и небесни? Што ќе му е Христос на оној кој, немајќи ги потребните сознанија за Бог и за човекот, не сака да размислува за вечноста, туку е целосно потонат во земни грижи и наслади, како да е вечен на земјата? Јован ја избра за проповед пустината. Далеку од секојдневните работи, од трулежните предмети на приврзаност и острастеност, луѓето полесно се вознесуваат со умот кон Бог, кон вечноста, полесно ја исполнуваат духовната наука за богоугодните добродетели, влез за кои е вистинското покајание. Пустината таинствено ја изобразуваше духовната состојба на човештвото, кое се беше предало себеси на суета, кое се беше лишило себеси од суштинското добро и достоинство.
...Не е доволно да се избере за живеење место погодно за покајание; не е доволно да се остави имотот, роднините и пријателите, да се пресечат блиските и чести односи со светот – не е доволно тоа. Тоа се само помошни средства кон покајанието; тоа се дејства кои мора да му претходат на покајанието. Покајанието е таа пустина во која е сокриено духовното богатство на спасението; за да се купи таа пустина, треба да се продаде сиот свој имот (Матеј 13, 44). Откако ќе се продаде имотот т.е. ќе се остави материјалното и ќе се раскинат врските со светот, треба да се донесат плодови достојни на покајание, за тоа да биде дејствително и да ја достигне својата цел. За покајанието да биде дејствително, да ни донесе спасение и вечно блаженство, треба во самите себе, во нашите души да стекнуваме покајание; треба самиот наш дух да се скруши и смири од тага по Бог, која се раѓа од осознавањето и чувствувањето на сопствената гревовност; треба да се исфрли од себе високоумието во каков и да е облик тоа во нас. При високо мислење за себеси, невозможно е да се има покајание. Една неправилна мисла за себе може да воведе во душата високоумие, да го храни, поддржува и укрепува во неа, да ја направи душата неспособна за покајание. Високото мислење за себеси е гордост, толку мрска пред Бог! Високоумието е таа глупава, слепа и погубна страст, која го симна од небото светлиот ангел и го направи мрачен демон! Високоумието е тој смртоносен отров кој древната змија го изли во човечката природа. Високоумието е болест на нашиот дух незабележлива за оние што не се грижат за своето спасение, но болест толку силна и значајна што го става човекот, според неговата душа, во редот на отфрлените и непријателски на Бог духови. Заразениот од високо мислење за себеси не е способен да стане причесен на Бог. За такво приопштување неопходно е целосно отфрлање на високоумието.
...А какви биле срдечните чувства, каков срдечниот залог, какво било настроението на умот кај старозаветните угодници Божји? Нивен срдечен залог било смирението, а настроението на умот – соодветното смиреноумие. ...Такво настроение им било потребно на современиците на Богочовекот за да Го примат; такво настроение е потребно и денес за да се прими Христос, за да Му се приопштиме на Христос. Потребно е, потребно е да се отфрли високоумието. Потребно е да се освести сопствената гревовност, сопствениот пад, сопствената погибел – потребно е покајание т.е. да се покаеме за сторените прегрешенија, да го оставиме гревовниот живот, да влеземе во вистинско богопознание и богослужење.
...Светиот Предвесник, сакајќи да ги врати своите современици и сонародници Израилци кон смирението и смиреноумието на нивните блажени праотци, меѓу кои е Авраам, на почетокот од својата проповед им ја даде на своите слушатели како особено важна следната поука: „Не почнувајте да зборувате во себе: ‘Го имаме таткото Авраам!’“ Проникливо големиот Јован Предвесник ги насочи првите зборови од проповедта против главната народна болест, против погубното високоумие. ...Тој им вели: Отфрлете го вашето плотско умување, кое за вас е веќе вечна смрт, кое ќе ја запечати во вас вечната смрт доколку останете во него (Рим. 8, 6)! Знајте дека Авраам Му благоугоди на Бог со вера (сп. Рим. 4, 3), дека Авраам Му служеше на Бог во дух и вистина, и затоа потомството Авраамово е духовно, ги опфаќа сите луѓе кои имаат стекнато вистинска вера во Бог, без какво било плотско учество на граѓанска народност, зашто Авраам е татко на сите необрезани што веруваат и татко на обрезаните, но не на оние кои обрезанието само го примиле, туку кои и врват по стапките на верата на нашиот татко Авраам (сп. Рим. 4, 11–12). Напразно вие, опиени од високоумие и гордост, опиени од плотско умување, кое произлегува од паднатиот ангел, ги презирате, ги унижувате другите народи! Нека се тие и толку отуѓени од вистинитите сознанија за Бог, и толку мртви со срцето за да можат да се наречат камења, јас ви велам дека Бог може и од тие камења да подигне чеда Авраамови (сп. Матеј 3, 9)! Не почнувајте да говорите во себе „го имаме таткото Авраам“, затоа што со такво надмено мислење за себе вие го унижувате секое духовно сродство; и полошо! – секоја блискост и однос меѓу вас и Авраам.
...Светиот евангелист Лука кажува дека великиот Јован Предвесник, поучувајќи ги Израилците да го отфрлат високоумието и погубната надменост дека произлегуваат по плот од Авраам, го нарекол целиот народ „породи змиини“ (Лука 3, 7). А пак светиот евангелист Матеј вели дека Јован ги нарекол „породи змиини“ садукеите и фарисеите (Матеј 3, 7). Самиот Спасител на светот ги нарече книжниците и фарисеите „змии и породи аспидини, кои не можат да ја избегнат пресудата во геената“ (Матеј 23, 33). Ова значи дека називот „породи аспидини“ не било само силен израз туку и пресуда на судот Божји изречена од Самиот Син и Слово Божјо, изречена од Светиот Дух Божји преку Јован. Змија и аспида овде се нарекува паднатиот ангел – сатаната. Заразените од високоумие, кои се нарекуваат себеси чеда и племе Авраамово, се наречени чеда и племе на сатаната, наречени се и прогласени за такви од Самиот Бог. Вие сте од вашиот татко ѓаволот, им возвести Господ на Јудејците кога тие, беснеејќи од гордост, се беа дрзнале да се наречат себеси, стоејќи пред лицето Господово, не само чеда Авраамови туку и чеда Божји; вие ги творите делата на вашиот татко, и похотата на вашиот татко сакате да ја творите (Јован 8, 14; 44). Вие сте ги стекнале и дејството и настроението на сатаната; и вашата волја е согласна со волјата на сатаната; и умот ви е насочен во целата полнота да се угледувате на него! Како чеда по плот на Авраам, замислувајќи си дека сте чеда Божји, вие според духот и настроението сте се сториле чеда на ѓаволот, негови ангели, негови сонаследници.
Зошто фарисеите, прибројани од Господ во редот на змиите т.е. на отфрлените духови, се наречени „породи на аспидата“, која претставува особен вид змија? Аспидата е сосема малечка, одвај забележлива змија, слепа, но наоружана со најсилен смртоносен отров. Така и гордоста е болест на душата, одвај забележлива, која често им се претставува на луѓето како најдлабоко смирение, која често луѓето ја сметаат за светост и бестрастие, но таа ја убива душата правејќи ја неспособна за каква било добродетел. Аспидата е слепа – слепа е и гордоста. Помрачениот од неа не Го гледа Бог и не знае за Него, лишен е од правилен поглед на себеси и на човештвото. Самата врата кон добродетелите – покајанието – е затворена, цврсто е заклучена од гордоста. Митниците и блудниците, чиишто гревови се толку јавни и груби, се покажаа поспособни да го примат покајанието и со него да го грабнат Царството Небесно, отколку заразените од високоумие јудејски првосвештеници и свештеници (сп. Матеј 21, 31).
Зошто Јован Предвесник го нарече целиот јудејски народ „породи аспидини“, а пред сè садукеите и фарисеите? Затоа што пред сè садукеите и фарисеите беа заразени од болеста на плотско умување и високоумие. Најмногу тие се величаа со потеклото од Авраам, со сродството со пророците; својата болест тие му ја предаваа на народот како негови началници и учители. Садукеите беа малубројни: главно беа од редот на попознатите мирјани; впрочем, садукеи беа исто така и најпознатите и најбогатите свештеници (Дела 5, 17). Тие не веруваа во идниот живот, не размислуваа за него, како што обично се случува со луѓе презаситени со изобилие на земни блага: не се занимаваа со изучување на верата, тонејќи во земни грижи и наслади, како богатиот човек опишан во Евангелието (Лука 16, 19), за кој сметаат дека бил садукеј. А во фарисеите спаѓаа мнозинството свештеници (Јован 1, 19; 24) и оние мирјани кои со особена усрдност го изучуваа Законот Божји, како светиот апостол Павле. Но фарисеите се занимаваа со богопознание без самоодрекување; не заради Небесата, туку заради својата земна положба, со цел да стекнат земни добра; од таа причина, со самото изучување на Законот Божји, на неговото слово, кое ја убива душата со вечна смрт, од изучувањето на Законот Божји заради човечка слава, заради устројување на својата материјална положба во човечкото општество, тие паднаа во бездната и мракот на плотското умување, непријателско на Бог. На тој начин фарисеите паднаа во иста душевна состојба како онаа на садукеите – состојба непогодна да се прими Месијата, непогодна да се принесат плодови на покајанието. Првите – не занимавајќи се со Законот Божји и не познавајќи го заради предаденост на светот, а вторите – сесрдно изучувајќи го Законот Божји и знаејќи го буквално, но со светољубива цел, еднакво станаа плотски луѓе, непријатели Божји, чеда ѓаволски. Беснеејќи со гордоста на својот татко, тие се фалеа со отфрлањето на Месијата; поверувал ли некој од кнезовите и фарисеите во Него? – велеа тие. Изговарајќи ги тие страшни зборови за вочовечениот Бог, тие ги дополнија со исто така страшни зборови за ближните, зборови кои го изразуваат нивниот срдечен залог, нивната адска гордост, нивниот презир и омраза кон човештвото вообличени во нив од неправилното изучување и поимање на богословието: овој народ, рекоа тие, кој не го знае Законот, проклет е! (Јован 7, 48–49). Точно! Таквата настроеност на умот, таквата состојба на срцето ги прави луѓето породи аспидини, чеда на ѓаволот и ѓаволи. Неспособни се тие за покајание, неспособни се тие да Му се приопштат на Бог, неспособни се да наследат спасение и блаженство, кои Семилосрдниот Бог им ги дарува бесплатно на оние што ја освестиле својата гревовност и што ја лекуваат со вистинско покајание. Уделот на бедните горделивци преполни со високоумие и плотско умување е вечната смрт, смртта на душата, која се состои во целосно отуѓување од Бог, во усвојување во себеси омраза кон Бог и човештвото – таа омраза со која се зарази себеси сатаната и која им ја предава на сите што ќе стапат во општење со него. Уделот на бедните по нивното разделување од телото и потоа по соединувањето со воскреснатото тело е вечно темнување во адскиот затвор, вечно истоштување во адските маки. Змии, породи аспидини, им возвести Господ, како ќе ја избегнете пресудата во геената? (Матеј 23, 33). Ова значи: невозможно им е на заразените со високоумие, кои во себе го возвеличиле своето јас, да ја избегнат пресудата на Страшниот суд Божји, доколку не се потрудат да се исцелат себеси од високоумието со покајание и самоодрекување.
Светиот апостол Павле, иако по потекло бил од израилскиот народ, од коленото Венијаминово, иако бил Евреин од Евреите, по учењето на Законот – фарисеј, иако бил непорочен според тогашното јудејско сфаќање на Законот, ги отфрлил сите тие плотски и времени предимства заради посовршеното, дадено од Христос, предимство духовно, вечно, суштествено, божествено. Светиот Павле ги отфрлил предимствата по плот како препреки кон стекнувањето на Христос: тие навистина служат како огромна препрека. Што беше за мене придобивка, вели Апостолот, заради Христос го сметав за штета. Затоа сметам дека и сè друго е штета спрема преважното познавање на Христос Исус, мојот Господ (Филип. 3, 7–8). Еве го вистинското исполнување на поуката од великиот Јован Предвесник, а и од Светиот Дух, од почетокот на проповедта за покајанието. Павле, отфрлајќи го плотското умување и високоумие, сметајќи ги за душевни беди и причина за неспособност кон вистинското богопознание и богослужење, принесе обилен плод на покајанието: од фарисеј и гонител на Божјата Црква, стана вистински служител на Бог и Негов апостол.
...И денес гласот на оној што повикува во пустината, повикувајќи ги сите кон покајание, не е замолкнат. Затворена е устата на Јован со маченичка смрт, но тој не престанува да повикува од Евангелието. За да се слушне неговиот глас, потребно е добра волја: без добра волја, луѓето гледајќи не гледаат и слушајќи не слушаат, ниту пак разбираат (сп. Матеј 13, 13), а оние со добро срце го слушаат словото, го запазуваат и раѓаат плод во трпение (сп. Лука 8, 15). Со добра волја да ја примиме проповедта за покајанието. Откако ќе ја примиме, да не ја предадеме на заборав заради расеаност или некоја острастеност; да ја задржиме во умот, во срцето, да донесеме плодови достојни за покајание. Најпрво, да го отфрлиме високоумието и плотското умување, кои нè убедуваат да се гордееме со истакнато потекло од познат световен и свештенички род, со познати и богати роднини, со сопствен значај и богатство што сме ги имале живеејќи во светот, со различни душевни и телесни способности, со наша ученост и начитаност. Сите тие достоинства, дадени на човекот за одредено време, ништо не значат пред достоинството кое ни е дарувано во вечноста. Вечното, суштественото, духовното наше достоинство се состои во тоа што сме христијани. Цената со која ни е купено тоа достоинство е непроценлива. Не сте свои, ни вели Апостолот, купени сте по цена повисока од секоја друга: со прескапата Крв Христова. Прославете Го Бог во своите тела и во своите души, зашто се Божји (сп. 1. Кор. 6, 20). Бидејќи за секој еден од нас е дадена иста цена, тоа и духовното достоинство за секој еден од нас е еднакво. Нема Елини, ни Јудејци, варвари ни скити, робови ни слободни, туку сè и во сè е Христос (сп. Кол. 3, 11). ...Ова достоинство бара да имаме стравопочит кон него, заради него да имаме стравопочит кон самите себе, како кон садови во кои се чува непроценливо богатство, како кон храмови Божји. Должни сме усрдно да се чуваме себеси од секое зло како од осквернување понижувачко за нас, да ги презираме сите плотски предимства како ништожни пред нашето духовно достоинство и како несвојствени за него. Таква треба да биде светата гордост на обновената природа, како што рече преподобниот Исаија Отшелник: таа (светата гордост) да ја оградува оваа природа од морално унижување. Прекрасното, возвишеното природно својство на презир кон гревот, во нашата падната природа се изопачи во презир кон ближниот, во порочните високоумие, самољубие и гордост.
Пред да ја завршиме беседата, одново да се навратиме на проповедта на Јован, да ја обновиме нејзината содржина во умот за да не бидеме само нејзини слушатели туку и исполнители, за да донесеме плод достоен за покајание. Светиот пророк Исаија, седум века претходно предвозвестувајќи за службата на Предвесникот, ја изложи содржината на неговата проповед вака: Гласот на оној што вика во пустината говори: „Пригответе Му пат на Господ, прави направете ги патеките за нашиот Бог; секој дол да се исполни, секоја планина и рид да се снизат; кривините да се исправат, и нерамните патишта да бидат израмнети; и ќе се јави славата Господова, и секоја плот ќе го види спасението од Бог... Еве Го вашиот Бог! Ете, Господ Бог иде со сила и мишката Негова е со власт (Иса. 40, 3–5; 10 и Лука 3, 4–6). Веќе видовме дека Светото Писмо ги нарекува во душата човечка пат Господов и патеки Негови соодветните настроение на умот и срдечни чувства. За да се стекнат овие, треба да се исполнат сите долини т.е. по сите надолни непроодни места треба да се направат насипи за Господ да може лесно да помине: треба да се остави пијанството, прејадувањето, прељубата, плотските наслади, т.н. невини игри и разоноди – со еден збор, сè што претставува плотски и гревовен живот, сè што го снизува човекот до достоинството на бесловесните скотови и ѕверки. Треба тие да се заменат со ним спротивните добродетели: воздржание, трезвеност, целомудрие. Гревовниот и плотски живот го препречува патот на Господ во човечкото срце. И уште: треба да се смири и израмни секоја планина и рид т.е. да се срамнат во душата високоумието и гордоста во сите нивни облици, и во оние што изгледаат големи како и во најситните. Најпосле, треба да се отфрлат сите неправилни и своеволни сфаќања за верата, тие стрмни и остри патеки, и наполно да се потчиниме на Божјата наука, која во целост неискривена се чува во едната Православна Источна Црква. Тогаш сите кривини ќе се исправат, сите нерамнини ќе се измазнат: патот за Господ ќе стане потполно слободен; секој човек лесно ќе добие спасение. Спасението влегува во душата заедно со влезениот во неа Господ. Амин.

(Беседа напишана по пристигнувањето во Бабаевскиот манастир на свети Николај во 1861 година.) 

Извор: ПРЕМИН бр.67/68

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5812
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6629
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6413
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5610
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Пастироначалниче на скитското подвижништвово степите руски непроодни,Ниле ученику Христов облагодатен,денес и во веки Бога преку тебе Го прославуваме,и твоите подвизи...

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная