Dorotea.sv.Teodot.jpg

Правењето добра

 Оние кои Му служат на Господа, однадвор не се забележливи, неретко се дури и презрени и гонети; но затоа духовно постојано созреваат во духовни совршенства, кои во другиот свет ќе засветат во нив како сонце и ќе им го дадат соодветното место и блаженство.
 Правењето добродетели... Заповедите се норма, а во пракса имаме конкретни случаи: подобро е да не се измислуваат дела, туку да се занимаваме со оние кои се пред нас.
 Правењето добра... без вера и желба да се угоди на Бога, не е свето, како куќата која не е осветена или соба без икони; без љубов, таа е како градба исполнета со безживотни скулптури, кои освен тоа мирисаат на заостанатост и мувла. Обрни вмнимание на тоа и кога ќе се зафатиш со создавањето на новиот човек во себе, потруди се пред Господа да го поставиш без никакви мани.
 Постојат дела на милосрдие и постои милостивост на срцето. Првите добиваат вредност од последното; можни се и без неа, но тогаш ја немаат вистинската вредност.
 ... Гледајте го натписот над себе: „Тебе ти е оставен сиромавиот, ти биди помошник на бедниот“.
 Правењето на добра не го заборавајте и ќе ве осени милоста Божја.
 Пред сè помагајте им на оние на кои им е потребно. Кој и да ви дојде со солзи, не отпуштајте го додека тие солзи не му се исушат. Блажени се милостивите, зашто ќе бидат помилувани... Зад рацете на неволниот секогаш треба да ја гледате испружената рака на Самиот Господ Кој ви се обратил вам. Тој Самиот рекол: „Што ќе им направите ним, на сиромасите, Мене ќе Ми направите“...
 Духот кој пламти од ревност за правење на добра во слава Божја – тоа е главно. Кога тоа постои, значи постои и живот. Ова може да доведе и до безмолвно пребивање во Бога, ако благослови Бог.
 Ако зрното пченица паѓајќи на земја не умре, тогаш останува едно; ако пак умре, донесува многу род (Јн. 12, 24). Значи, ако сакаш да бидеш плодоносен – умри; умри на вистински начин, во срцето да би чувствувал дека си умрел. Како што мртовецот не се огледува на ништо што го опкружува, така постапувај и ти: кога те фалат ќути, кога те напаѓаат ќути, и ако добиеш нешто ќути, ако си сит ќути, ако си гладен ќути. Биди таков кон сè надворешно, а внатре држи се таму каде што почива секој покојник – во другиот живот, пред лицето на Сеправедниот Бог, подготвувајќи се да ја чуеш последната пресуда. Ќе прашате: каков е плодот од тоа, кога тука сè замира? Не, нема да замре, туку ќе се појави енергија, и тоа каква! Уште момент остана, ќе си речеш, па ќе настапи пресудата, ајде да побрзам да направам нешто – и ќе направиш. Тоа ќе се повторува секој час.

 

 

(AdamiEva.jpgПродолжува)

Подготви: З. Д.

 

   Св.Теофан Затворник : 1.Молитвата – дишење на духот (Речник на христијанскиот живот - 69)