логоFacebookTwitterYouTubeeMail

(Обновено)

 sv.Naum.OH.jpg

Четирите завети на Свети Наум

– составено според предание –
Запис на светиот Владика Николај

sv.Naumohridski.jpg

Еден ден пред Божиќ, кога свети Наум ја беше завршил светата Литургија во манастирот и ги беше причестил монасите и народот, почувствувал дека му се приближува разделбата од овој свет. Гледајќи го монасите неговото бледо лице, од кое излегувала некоја блага светлина, почувствувале во своите срца дека наскоро мора да се разделат од својот духовен отец и учител. Поради тоа почнале многу да жалат и се свртувале настрана бришејќи ги солзите од своите очи.
Светиот отец гледајќи ја нивната тага и солзи, ги повикал сите монаси покрај себе во тремот пред црквата. Постарите монаси седнале, а помладите останале на нозе, сите заедно собрани околу нивниот духовен родител како пчели околу матицата своја. Тогаш светиот отец ги прашал со тивок глас:
– Зошто плачете, браќа мои? Зошто тагувате во овој час? Ние треба да се радуваме во овој последен час. Нели сите се причестивме со Светата Крв на Синот Божји, која нè соединува со Него и нè прави и нас Божји синови? Причеста нели ве побудува на веселба и пеење? Кога преку Светата Причест се соединивте со Живиот Бог, гревовите ваши ви се простени и вие сега сте светли и чисти и свети, слични на небесните ангели. Ме чуди од каде кај вас оваа тага наместо радост, и плачење наместо веселба?
Сите монаси замолчеле со наведнати глави, освен отец Илија, кој со плачење прозборел:
– О, свет и добар отец наш, прости ни! Не можеме доволно да се нагледаме на
твоето свето лице и да се наслушаме на твоите слатки зборови. Сакавме да ја сокриеме нашата тага и да ги проголтаме солзите, но знаеме дека од твојата проѕорливост ништо не може да се сокрие. Затоа, еве, отворено да кажеме за она што ти веќе со духот твој го читаш во нашите срца. Тагуваме, отец, бидејќи чувствуваме дека скоро ќе си одиш од нас. Твојата света душа ќе оди во рајот, а каде ќе одиме ние слаби и мали без тебе? Плачеме како сирачиња при разделбата со својот родител.
Кажувајќи го ова, старецот Илија ја фатил својата бела брада со двете раце и сиот се облил со солзи.
Се јавил и монахот Даниил, кој кршејќи ги своите раце извикал со сиот глас:
– Не оставај нè, сладок отец! Подобро ти сите нас да нè испратиш еден по еден, одошто ние тебе. Бидејќи ти си силен како голем даб на кој никакви ветришта ништо не му можат. Ти можеш да се одржиш и без нас. А ние сме како тенки-слаби трски, кои и на најмал ветар се вијат и кршат. Ние не можеме без тебе.
Тогаш сето братство уште повеќе почнало да пролева солзи и да плаче. Еден по еден почнале да му се приближуваат на светителот Божји, целивајќи му ја раката и оставајќи ги своите солзи на неговата риза.
Светителот едно време молчел со наведната глава – а во душата своја молитвено разговарал со Бог. Потоа ја подигнал главата и почнал благо да зборува:
– Не тагувајте, браќа, за мојата смрт, која, еве, се приближува, така што и вие ништо помалку од мене го чувствувате присуството на ангелот на смртта кој е пратен по мене. Мене смртта не ми е страшна, нека не ви биде ни вам. Јас не се плашам од смртта, но се плашам од она што ќе дојде по смртта. Се плашам од Божјиот Суд, пред кој секоја душа ќе биде изведена, па и мојата. Кога смртта е од Бог, таа е послатка и од мед, бидејќи Создателот наш добар нема ништо да ни даде и прати, а што нема да ни служи за наше добро. Јас сум гледал како мајка на своето родено дете му дава горчлив пелин за да му помине треската. Детето, не разбирајќи, мислејќи дека мајката му дава отров, почна плачејќи да ја удира по лицето и целото тело. А нашиот благ Создател повеќе нè сака и од нашата родена мајка; сè што ни дава и праќа Он, дали здравје или болест, било радост или жалост, било живот или смрт – сето тоа служи за наше добро и вечно спасение.
Или сте заборавиле, браќа мои, како ви зборував, дека ѕвездата патеводителка за монасите е сеќавањето на смртта? Монахот и се разликува од световните луѓе најмногу по своето размислување за смртта. Световните луѓе се заплеткуваат во самозалажување и светска суета, и од ден на ден очекуваат да најдат некоја среќа од овој свет и од луѓето, ни не помислувајќи на смртта сè додека не легнат болни на постела. А пак, монахот мисли на разделбата со овој свет и кога се разденува и кога се стемнува, и кога е здрав и кога е болен, и дење и ноќе, сè до последното издивнување. Еве, и мене ми доаѓа смртта, но не ненадејно, бидејќи ја чекам многу години, секој ден и секој час. Ја чекам не како непријател, но како пријател, според зборовите на богомудриот апостол Павле: „Но не се плашиме и сакаме што поскоро да го напуштиме телото и да отидеме кај Господ“ (2. Кор. 5, 8). Смртта доаѓа само да ја симне од мојата душа оваа телесна риза, ова месо и крв, оваа вода и овие коски – смртта сето тоа ќе го симне од мојата душа и ќе ја пушти како птица од кафез во слобода, да се вивне, по милоста на Семилостивиот и по вашите молитви, во небесните висини, во својата вистинска татковина, во прекрасните предели на вечната светлина и светиња.
Затоа ве молам, браќа, не тагувајте и не плачете заради мојата смрт, бидејќи вашата тага фрла сенка на мојата душа и ги раслабува вашите души. Значи, ако имате љубов кон мене и кон себе, престанете со тагување и плачење за да не ги навредите светите небеса Божји, кои утринава нè гледаат со своите многубројни очи; туку ако сакате искористете ги на некој подобар начин овие мигови додека сум уште со вас.
Од тие мудри зборови браќата се смириле, собирајќи го својот ум во себе, и бришејќи ги солзите од очите почнале, вдлабочени во себе, да размислуваат за сите зборови што им ги кажал отецот.
Најпосле станал еден млад монах по име Арсениј и, поклонувајќи се пред преподобниот отец, рекол:
– Отец Наум, благослови и јас, еден од младите и најнедостојниот од браќата, сакам да го искажам она што ми доаѓа од срцето. Ако е веќе Божја волја да нè оставиш, те молиме и те преколнуваме, не нè оставај без совети и поуки. Остави ни завет, свет отец, краток и јасен, кои ние прости и немоќни би можеле да го држиме за спасение на нашите души.
Овие зборови како да му биле угодни на отецот, бидејќи сите монаси забележале како му се разлеала некоја тивка радост по испостеното лице. Тој се прекрстил и почнал да беседи:
– Ќе ви оставам, браќа мои монаси, еден завет, навистина краток но јасен, по кој и јас бедниот се трудев да живеам и кој и вам може да ви биде од полза. Овој завет се состои само од четири збора, па може лесно да се научи и разбере. Четирите збора се: разбудување, покајание, очистување и причестување. Слушнете и запаметете ги, браќа мои, овие четири збора: РАЗБУДУВАЊЕ, ПОКАЈАНИЕ, ОЧИСТУВАЊЕ, ПРИЧЕСТУВАЊЕ.
Ова се четири скалила на патот на спасението; кој сака да биде совршен, мора да ги помине.


Првиот мој завет ви е Разбудувањето.
Сè додека душата во телото греши, таа е успиена, па не знае ниту за себе ниту за Создателот свој. Таа е опиена од гревот како од опоен пијалок, и така опиена лежи во нашето тело како на болничка постела. Опиена и заспана, душата не знае за друго задоволство освен за она што доаѓа преку телото. Тоа што на телото му годи, исто така и нејзе ѝ годи; што на телото не му годи, ни нејзе не ѝ годи.
Таквата душа не ја води разумот, туку телото, а телото само по себе е слепа земја. И така слеп слепец води, додека и двајцата не паднат во смртна пропаст.
Затоа, монаси, разбудувањето на душата е почеток на спасението. Бог сака сите луѓе да се спасат и заради тоа Он дејствува прво на успиената душа да ја разбуди. Бог има многу начини на кои ги буди човечките души. Бог некого го буди со чудо, како што го разбуди Савле. Некого го буди преку сон, како праведниот Јосиф. Некого го буди со потресеност заради болест и смрт во семејството, како цар Давид. Некого го буди со избавување од неволја кога од никоја страна нема избавување. А некој пак, се буди кога во рацете ќе му дојде Светото Писмо и ќе почне да го чита. Додека, некој се буди кога случајно ќе слушне слово за Бог, и за душата, и за Страшниот Суд Божји кој доаѓа. Некој се буди гледајќи ги созданијата околу себе и сите чудеса на природата како дела Божји. Некој се буди во младоста, друг на зрела возраст, а трет во староста. А има и многу случаи кога некој се разбудува духовно дури на смртниот час, кога душата ќе се почувствува послободна од тежината и од телесната тиранија. Но блажени се оние кои рано се разбудуваат, тие се како ранобудници кои в зори стануваат и по цел ден будно мислат, гледаат и работат. А тие кои се будат во смртниот час се како мрзливци кои целиот ден го преспале и дури на зајдисонце ги отвориле очите и се запрашале: „Каде сме ние? Кој нè пратил нас? И зошто сме пратени овде?“ Блажени сте вие, монасите, бидејќи вие сте разбудени. Вие сте разбудени од гревовниот сон и отрезнети од телесното пијанство. Како разбудени, вие увидовте и почувствувавте дека телесните задоволства се горчливи и блуткави за разлика од возвишените духовни наслади. Тие духовни наслади вие ги пиете со полна чаша, и со нив душите свои ги храните, полевате и јакнете. Само пазете се да не отстапите од овие духовни наслади. Чувајте се да не паднете назад во телесните блуткавости и горчини, кои душата ја трујат, опиваат и успиваат, за на крајот да ја усмртат. Бидете будни непрестајно, чувајте стража непрестајно над самите себе. Будете се непрестајно и себеси и другите околу себе. Разбудувањето е прво правило на животот, прво скалило на патот на спасението. Разбудувањето, монаси, нека ви биде прв мој завет.
Кога ги изговори овие зборови, Божјиот светител застана да собере сила за да може и понатаму да зборува. Тогаш проговори старецот Илија, и рече:
– Твоите зборови, свет отец, паѓаат како мелем на нашите души. Секој твој збор е света вистина. Исповедам пред тебе и пред сите браќа дека и јас во светот долго време бев опиен од гревот и заспан. Но Севишниот ме разбуди со гром. Еден ден заврна дожд, и јас и мојот сосед се сокривме под едно големо дрво. Соседот беше многу голем хулник на светињата. Налутен од дождот, кажа некоја страшна пцост. Во тој миг загрми, пукна гром и го уби мојот сосед покрај мене. Јас останав жив. Тој настан ме разбуди како од мртов сон, и оттогаш јас почнав да се бојам од Бог и да си ја спасувам мојата грешна душа.


Повторно светителот Божји почна да зборува:
Браќа мои, мојот втор завет ви е Покајанието.


Кога ги изговори овие зборови Божјиот светител, застана за да собере сила за да може и понатаму да зборува. Тогаш проговори старецот Илија и рече:
-    Твоите зборови, свети отче, паѓаат како мевлем на нашите души. Секој твој збор е света вистина. Исповедам пред тебе и пред сите браќа, дека и јас во светотдолго време бев опиен од гревот и заспан. Но Севишниот ме разбуди со гром. Еден ден заврна дожд и јас и мојот сосед се сокривме под едно големо дрво. Соседот беше многу голем хулник на светињата. Налуген од дождот кажа некоја страшна пцовка. Во тој миг почна да грми и громотудри во соседот кој беше покрај мене и го уби. Јас останав жив. Тој настан ме разбуди како од мртов сон, и од тогаш јас почнав да се бојам од Бога и да си ја спасувам мојата грешна душа.
Потоа светителот Божји почна да зборува:
-    Браќа мои, втор завет ви е покајанието. Покајанието доаѓа веднаш по разбудувањето. Додека човекот не се разбуди од гревовниот сон тој не може ни да се покае. Како што патникот не може да го направи вториотчекор, без претходно да го направи првиот. Кога некој спие до пладне, може ли тој да се покае за тоа што лежел толку долго и спиел, се додека не се разбуди? Не, заспаниот не се кае, разбудениот се кае. Значи во духовниот живот покајанието доаѓа по разбудувањето.
Покајанието има четири степени. Тоа може да биде мало, средно, големо и совршено (евангелско). Незадоволството од себеси, е мало покајание. Срамот од себе и од своите лоши дела и гревови, е средно покајание. Гневот кон себе поради направените гравови, е големо покајание. А да се мразиш самиот себе, тоа е совршено или евангелско покајание.
Никодим бил незадоволен од себеси. Грешниот Захеј се срамел од себеси. Апостолот Петар одрекувајќи се од Господа се гневел на себеси. А грешната жена која со солзи му ги миела нозете на Спасителот се мразела себеси.
Слушнете, браќа мои, и запомнете: ако разбудениот грешник брзо не чекори од мало кон големо покајание, тој брзо ќе заборави се и повторно ќе се опие и успие од гревот Тоа е исто како кога некој човек се качува по некоја стрмнина; ако не оди брзо, туку застане, ќе почне веднаш да паѓа наназад. Затоа, штом некој ќе почне да оди по патот на покајанието нека оди до крај, нека оди брзо, нека не застанува и нека не се врти наназад.
Вистински покајник е оној кој целиот свој живот ги бара и испитува своите гревови, ги признава, ги исповеда и ги отфрла. Како што ловџијата трча по животните, така и покајникоттреба неуморно да ги гони своите гревови, за да ги открие и да ги исфрли. Или, пак, кога некој бос долго трча по полето, и потоа ќе почне да ги вади трњата од нозете свои; дали тогаш ќе извади само еден трн, а другите ќе ги остави во нозете, или, пак, сите ќе ги извади? Се разбира дека сите ќе ги извади.
Од покајанието душата гори, плаче, рида и се смирува пред Бога и пред секое друго Божјо создание и се смета себеси за понечиста од сите созданија. Зарем не сте читале за оној покајник, комушто некој му рекол да згази еден црв. Тој му одговорил: Како можам да го згазам она што е почисто од мене?
И така, браќа монаси, покајанието е второто скалило по ред, а прво по разбудувањето на човечката душа. Блажени се разбудените, а двојно поблажени се оние што се каат. Блажени сте и вие, браќа мои, што ја разбравте ползата од покајанието и ги вкусивте златните плодови на покајанието. Но немојте да стоите и да застанувате се додека покајанието не го направите совршено. Каде и да сретнете разбудена душа која прашува: што да правам сега? - покажете ѝ љубов и покажете ѝ го вистинскиот свет пат на покајанието.

Ова ви е мојот втор завет, браќа мои монаси, кој не може да постои без првиот, и од кого првиот добива вредност.

Третиот мој завет ви е: очистување

По овој говор светителот Божји замолкна. Тогаш монахот Атанасиј му постави вакво прашање:
Кажи ни, отче игумене, до кога човекот треба да се кае за еден грев и до кога треба да мисли на него? На сериозното лице на свети Наум се појави олага насмевка и вака одговори:
За ова токму сега сакав да зборувам, чедо мое духовно. Одговорот на твоето прашање го содржи третиотзавет, заветотза очистување.
Очистувањето, браќа мои монаси, доаѓа по покајанието, и тоа по големо и совршено покајание. Мало покајание е исто како, кога човекот ќе се почеша по раната која го чеша и пече. А очистувањето е исцелување на раната. Штом човекот вистински ќе се покае за сторените гревови тој веднаш има две желби:
Некако од своето минато да ги избрише црните гревови;
Никогаш да не ги повтори.
Како човек може да ги избрише своите стари гревови кои не може никогаш да се вратат? Погледнете го ова големо езеро пред нас. Може ли човекот што стои на овој брег да го избели платното што стои на другиот брег од езерото? Изминатите денови не се во наша власт, тие се во Божји раце. И само единствениот семоќен Бог може да ги испере и обели нашите минати црни денови. Само единиот Бог може да ни ги прости гревовите и да ги избрише од нашиотживот Значи, очистувањето на нашите гревови го врши Самиот Бог со Својот Свет Дух. Он го прави тоа со љубов на сите оние кои од Него го барааттоа. Како што мајката со радост и љубов го мие своето дете кое паднало во калта и се извалкало, па плачејќи ја моли мајка си да го измие и исчисти. Така и милостивиот наш Отец Небесен ги мие грешниците кои извалкани повикуваат кон Него. Значи, во крајна линија, само единиот жив Бог може да ни ги прости гревовите и да ги избрише од нашиот живот, и да ја обели нашата душа, да биде побела од снег, според зборовите на Псалмопеачот. Но нашиот добар Бог секому од нас му дал труд според нашата сила и разум. Синот Божји јасно ни покажал што бара од нас светата волја Божја. Вие самите се трудите во постот, молитвата, милостината, плачот, простувањето на туѓите гревови, во воздржувањето, во телесната и духовната целомудреност, во Богомислието, во сеќавањето на смртта и на Страшниот Божји Суд, во помислите на вечното блаженство на праведниците и на горките и тешки маки на грешниците во пеколот, и во се друго што е заповедано во Евангелието, а кај Светите Отци е разјаснето и со примери покажано. Сето тоа, од најмало до најголемо, служи за очистување на душата од гревовите. Кој ќе испушти нешто, нему гревовните рани тешко му зараснуваат. Разбудувањето значи, дека човекот ги забележал раните на својата душа. Покајанието значи дека ги пресекол и ги отворил. Очистувањето значи, дека човекот направил се за да излезе сиот гној од раните и да зараснат. А се додека раните на душата не зараснат, отче Атанасиј, дотогаш мораме да се каеме и да се очистуваме, па сакале или не, на тие рани мораме да мислиме. Ти ме прашуваш до кога човекоттреба да се кае? Се додека раните потполно не се очистат и зараснат, и нивните траги не се изгубат. Бидејќи каењето значи непрестајно отварање на душевните рани. Раните не можат да се очистат од гној ако не се отворат Па така, не може да има очистување без покајание. Кога раните потполно ќе се очистат и ќе зараснат, тогаш нема веќе рани, па нема ни каење. Тогаш престануваме да мислиме на сторените гревови. Исто како што не мислиме на раните, што некогаш сме ги имале на телото, па сме ги излечиле, така не мислиме ни за гревовите кои некогаш биле, а сега се избришани од нашите души.
Но и покрај сите наши трудови и маки за очистување на нашите души, никогаш не би можеле да се очистиме без Божјата благодат. Затоа во овој манастир, во срцата и усните на монасите, постојано е молитвата: Боже, очисти ме мене грешниот! Правило од кое не се отстапува.
Монаси мои, блажени се разбудените, двапати поблажени се оние што се каат, а три пати поблажени се очистените.
Заветотза очистување ви е третзавет Бог ви подарил три среќи: првата е вие да се спасите, втората е да ги видите спасени сите покајани грешници во Царството Божјо, и третата среќа, сите монаси во овој манастир и поклоници до крајот на векотзаедно со вас да го најдат спасението во слаткиот рај.


Четвртиот мој завет ви е: причестување

- Зборувај ни, отче наш игумене, рекол монахот Макариј. Зборувај ни колку што може повеќе. Зборовите твои не разбудуваат и не водат кон покајание, не очистуваат од гревовите и не приближуваат до нашиотжив Бог. Па ако е Божја волја да се преселиш пред нас од овој живот, знај дека твоите свети зборови ќе бидат со нас наместо тебе, и ќе живеат во нас, додека, ако даде Бог, пак да се сретнеме во оној живот, по молитвите твои, свети отче.
- О, мудри Макариј, што сакаш да ти зборувам кога си блиску до совршенството? Кога јас ќе се разделам од вас, ти на помладите биди им татко и унител. А сега, монаси мои, да го завршам четвртиот завет. Тоа е причестување.
Кога разбудената и покајана душа ќе се очисти од гревовите, таа се разгорува со неискажлива љубов кон својот Создател и не сака ни за миг да се раздели од Него, и пламти од желба да биде целосно соединета со Него. Ова соединување може да биде преку мисли, зборови и дела т.е. со умот, чувството и волјата. Поимот причестување значи соединување. Со она, со кое можеме да Го сакаме Бога, со тоа можеме и да се соединиме со Него. Кажано е: „Сакај го Господа Твојот Бог, со сето свое срце, со сета своја душа и со сиот свој разум". Но, човекот не може да се соедини со Бога се додека не се одвои од се што е земско, се што е минливо и смртно. Со умот, човекот се соединува со Бога кога се труди да мисли на секоја работа без злоба, онака како што мисли и Самиот Бог. Уште повеќе со умот, човекот се соединува со Бога кога непрестајно мисли на Бога, за неговите својства, за Неговата сила, мудрост, добрина и вечност. Со срцето човекот се соединува со Бога кога срцето на човекот му е исполнето со љубов, љубов кон Бога и кон сето она што Бог го сака. А кого и што сака Бог познато ни е од откровението на вистината. Но нечистото срце не може да Го види Бога, ниту да Го сака. Само срцето очистено од секаква пристрасност и смртна љубов може да Го види Бога и да Го љуби. Човекот со душата се соединува со Бога тогаш кога радосно ги исполнува сите Божји заповеди, се труди да ги проучи сите заповеди и сите до една да ги исполни. Тогаш сите заповеди Божји му изгледаат лесни, а тој би сакал нешто тешко, претешко да направи од љубов кон својот Создател. Оттука се раѓа таа желба кај многу Богољубиви души да претрпат многу маки и маченички да умрат за својот Возљубен.
И така, браќа мои, има три вида на соединување со Бога или причестување: со мислите, со чувствата и делата. Но врв на соединувањето со Бога е причестувањето со Телото и Крвта на Синот Божји. Во тоа се состои се, и тоа е се. Ова соединување ги содржи сите други соединувања, и во ова причестување се сите други причестувања. Браќа, Бог се јави во тело за да можеме ние телесните да се соединиме со Него, причестувајќи се со Неговото тело и Неговата крв. Има ли поголема љубов од оваа љубов?
Замислите си, мои монаси, дека неколку другари патуваат низ пустина каде што нема леб ни било каква друга храна. Гладните патници омалаксале од глад и блиску се до смртта. Тогаш еден од нив рекол: браќа мои, јас сум гладен, но кога би имал леб.јас не би го јадел, туку би ви го дал вам, вие дајадете. Тоа е голема љубов. Вториот рекол: браќа мои, кога јас би имал вода, иако сум жеден, јас не би пиел, туку би ви ја дал вам, вие да пиете. И тоа е голема љубов. Тогаш третиот викнал: браќа мои, еве вие сите ќе умрете од глад и жед, а во оваа пустина нема ништо ни за јадење, ниту, пак, за пиење. Еве јас се давам себеси да ме заколете, па јадете го моето тело и пијте ја мојата крв, и останете во живот. Е, монаси, од оваа љубов нема поголема. Таква е и љубовта Христова кон луѓето.
Блажен е оној што со благодарност се причестува. Блажен е оној, кој се разделува од овој свет разбуден, покајан, очистен и причестен. Разбудувањето е увидување на раните на душата. Покајанието е расекување и отворање на тие рани. Очистувањето е потполно исцелување на гревовните рани. А причестувањето. браќа, е внесување во себе нов живот, ново здравје и нова сила.
Причестувањето - тоа ви е четвртиот и нов завет. Тоа ви е мој завет, тоа ви е мој последен проштален збор со вас. Ако ви треба совет и раководство по моето заминување од овој свет, ете го во Охрид мојот брат, нашиот архипастир Климент. Обратете се до него и тој ќе продолжи да ве води по патот на вистината и спасението.
А сега, чеда мои духовни, останете со Бога! Благословот Божји нека биде со вас. Милоста Божја да не се дели од вас. Дукот Божји Свет нека ве просветлува и крепи се до вашата смрт Простете и вам нека ви е простено. Јас одам каде што сите ќе одиме. Молете се на Бога за мене недостојниот. Ајас, пак, ако се удостојам да го видам лицето Божјо, ќе се молам за вас, Господ да ве помилува и спаси. Амин.
Откако ги изговори овие зборови свети Наум направи метанија до земја пред монасите и тие се приближија да примат благослов од него, потоа се поклонија пред него и му ги целиваа нозете плачејќи гласно.
Пред вечерта, во истиот ден, светиот отец ја испушти својата душа и лицето негово заблеска како сонце, и некој небесен мирис се разлеа низ целиот манастир, па и подалеку, со една убава, небесна арома. А над манастирот се појави еден светлосен столб од земјата до небото и се слушна некое таинствено слатко пеење, како ангелско. Така се упокои светителот кој се роди вечно да живее, и од кој еве повеќе од илјада години болните добиваат здравје, натажените - утеха, немоќните - сила, малоумните - разум, и сите го добиваат она што богоугодно го посакуваат.
Преподобен отче Науме, моли Го Бога за нас.
Слава на нашиот Бог. Амин.

 

Извор: ПРЕМИН бр.65-66

Друго:

sv.Naum.OH.jpg


Акатист на Св. Наум Охридски чудотворец

 

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

Ное 25, 2018 Полезно и Потребно 1194
КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1738
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 1155
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

Тoј пoчeтoк e вo Слoвoтo Бoжјo, вo Синoт Бoжји. Oн гo запoчнал и сoздавањeтo на свeтoт и спасeниeтo на свeтoт. Кoј и да сака да гoвoри билo за сoздавањeтo на...

Архимандрит Партениј Бигорски- Претечевиот глас и денес од Радика повикува

Архимандрит Партениј Бигорски- Претечевиот глас и денес од Радика повикува

Свети Јован Крстител, кој од Господа бил предназначен да биде посредник помеѓу времето на Законот и времето на Благодатта, Го видел Спасителот Христос уште додека се наоѓал во утробата на...

Мирополит Струмички Наум - СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ

Мирополит Струмички Наум - СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ

Во денешното евангелско четиво (Марко 6, 14–29) ни се открива кои се главните човекови страсти и какви се нивните основни меѓусебни влијанија во нас самите. Страста е болна – до...

Постои ли вистински авторитет за младите?

Постои ли вистински авторитет за младите?

Мислам дека кризата на авторитетот, мили мои, денес е најголемиот проблем во нашево совремие. Погледнете што се случува насекаде околу нас. Сите авторитети се разрушени, сè е така нихилистички релативизирано....

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Најголемото богатство

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Најголемото богатство

Како може животот покрај Христос за некој да биде извор на страдање и извор на тага? Како може на монахот животот во манастирот да му биде извор на страдање, извор...

БEСEДА за Христoвиoт карактeр какo штo гo прoрeкoл Исаија

БEСEДА за Христoвиoт карактeр какo штo гo прoрeкoл Исаија

Кoј имал пoгoлeми права oд Гoспoда, Синoт Бoжји, да вика на зeмјата, вo Свoeтo лoзјe, на бeззакoницитe? Кoј имал пoгoлeми права да ги наврeдува грeшницитe кoи Гo наврeдуваа Бoга и...

Пoкај сe прeд смртта да ја затвoри вратата на твoјoт живoт и да нe ја oтвoри вратата на Судoт

Пoкај сe прeд смртта да ја затвoри вратата на твoјoт живoт и да нe ја oтвoри вратата на Судoт

“Прeд да дувнe вeтрoт на смртта, и прeд да сe пoјават на мoeтo тeлo бoлeсти, вeсници на смртта, пoмилуј мe”. “Прeд да зајдe вeличeствeнoтo сoнцe на висoчината за мeнe, пoмилуј...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: Братот мој е мојот живот

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Братот мој е мојот живот

На ничиј живот немаме право да носиме суд, ниту пак, такво нешто примивме во Црквата од апостолите и од учењето на Светите отци. И сржта на нашиот подвижнички живот –...

Архимандрит Партениј Бигорски: Благословениот подвиг носи телесно здравје и духовна радост

Архимандрит Партениј Бигорски: Благословениот подвиг носи телесно здравје и духовна радост

Според светите отци на Црквата, едно вакво целовечерно стоење во молитва и во благодарност кон Бога, заменува цел четириесетдневен пост – се разбира, доколку човек се подвизува во будноста, трезвеноумието...

« »