Стравот Божји


 Корен на секоја побожност е стравот Божји, од кого потекнуваат верата во Бога, преданоста на Бога, надежта и приљубеноставо Бога со чувство на љубов и заборав на сè создадено.
Стравот Божји – тоа е главно. Кога ќе се појави, тој како добар домаќин сè по свое уредува во душата. Го има ли кај вас? Ако го има, благодарете на Бога и чувајте го, а ако го нема, пробудете го: зашто тој е присутен во нашиот дух, а ако не се појавува, тоа е заради нашето невнимание.
Прво чедо на стравот Божји е – дух скрушен, срце скрушено и смирено. Чувството на скрушеност нека не се оддалечува од срцето!
За подражавање на стравот Божји непрестајно треба да се има сеќавање на смртта и на Судот.
Штом се пробудите, веднаш повикајте го ова сеќавање и цел ден поминете го во негово друштво, како со свој прв советник. Нему присоединете му ја и свеста за присуството на Господа, Кој е близу до вас и во вас, така да гледа сè, па и најскриеното. Свеста за ова, со сеќавањето на смртта, нераздвојно е пропратена со стравот Божји.
Кога овие три ќе се населат во нашето срце, тогаш во вас ќе потече молитва од срцето, со непрестајно повикување на Господа Спасителот.
Тоа е сè! Ако ова постои кај вас во било кој степен, тогаш делото на вашето спасение тече, а ако не  постои, треба да се поттикне во срцето. Зашто ако тоа го нема, сè друго е ништо...
Како да се задобие стравот Божји? Тој во  тебе постои, само е заглушен: воскресни го! Да би го постигнал тоа, дај му глас на твојот разум и отвори го своето срце за примање на вистината која е тука. На разумот досега не му е даван збор, тој бил во ропствоо и не смеел да говори здрави зборови – сега нека зборува. Ќе почне да зборува за седржителството Божјо, кое тее држи и тебе и кое секој час може да те отфрли; за Божјата сеприсутност и сезнаење, која сè гледа и се гневи заради сè лошо во тебе; за правосудието Божјо, кое е спремно секој час да те казни, но милоста го задржува додека не дојде времето; за смртта која во секој момент е спремна да те фати и предаде на судот и да ги преиспита твоите дела. Слушај и учи го твоето срце да ги чувствува тие истини. Ако поттикнеш чувство, веднаш ќе се појави и стравот Божји. Тоа е зора на животот.
Од севкупноста на таквите духовни движења се појавува стравот Божји, побожното стоење пред Бога во срцето. Тоа е стража е заштита на благодатната состојба...
Ништо така силно не го подражава стравот Божји како сеќавањето на  Страшниот Суд. Но не треба заради тоа да се предавамена духот на унинието. Потребно е само добро да се гледаме себеси од сите страни и она за што ќе ни се причи и дека не Му е угодно на Господа веднаш да се отстрани, а ако е потребно и да се очисти со покајание.
Под влијание на стравот Божји настанува одлучноста себеси во ништо да не треба да си попуштаме туку, напротив, дека треба да се помачиме и да се спротивставиме на своите барања...
Страв Божји, страв Божји, страв Божји – ете што треба да се сочува во срцето, а покрај него како потпора да се постави стравот од смртта.
... Ангелите секогаш со страв и трепет стојат пред Бога и колку се повисоко, толку нивните чувства се поживи.
Стравот Господов мрази неправди (Изрек. 8, 13); а ако ги мрази, тогаш ги прогонува, а ако ги прогонува, душата ќе стане чиста од нив и така ќе се покаже како чиста пред Бога. А тоа и е сè што сега така грижливо го бараме. Обнови го во себе стравот Божји и подражавај го, па ќе го поседуваш најмоќното средство за самоисцелување. Стравот Господов нема да ти допушти да согрешиш, туку ќе те натера да правиш добро секој пат кога за тоа ќе се укаже прилика. Во тебе ќе се исполнува заповедта: отстрани се од злото и прави добро (Пс. 33, 14), дадена од пророкот на оние кои бараат вистински живот. Како да се дојде до стравот Божји? Барај и ќе најдеш. Тука не може да се рече: прави тоа и тоа. Стравот Божји е духовно чувство кое таинствено се зачнува во срцето после неговото обраќање кон Бога. Размислувањето помага, помогнува и поттикнувањето на себеси на такво чувство, но на дело тоа се дава од Господа. Побарај го како дар кој ти следува. И кога ќе ти биде даден, тогаш само безпоговорно слушај го: тој ќе ги исправи твоите неправди.
Вселете го што подлабоко во себе стравот Божји и тој вас, земајќи ги во рацете уздите за управување со вашиот внатрешен човек, ќе ве насочи кон Господа, ради задобивање на светлата слава која ни е ветена, терајќи нè со бичовите на сеќавањето на смртта и Судот... на кој никакви оправдувања нема да бидат земени во обзир...
Жедни сте за духовно просветување. Тоа доаѓа само по себе, кога некој по патот на духовниот живот и при тоа, во мерата во која ги исполнува барањата на духовниот живот, во таа мера и добива плод, а потоа доаѓа и просветувачкото знаење... Ние многу сме се грижеле за успехот водуховниот живот... а работата е едноставна. Коренот на тој живот треба подлабоко да се всади. А коренот е – стравот Божји! Кога тој ќе се појави, сè добро ќе уреди и на сè ќе научи... За него молете се!.. Трудете се да го развивате во своите размислувања.
Ѓаволот се труди да ги погуби нашите души. Знае дека стравот од смртта и судот е најсилното средство за отрезнување на душата, својски се труди да го одгони и успева во тоа. А ако се угаси тој страв, ќе отиде и стравот Божји, а без страв Божји совеста станува нема. И душата станала пуста, облак безводен, кој го носи секој ветер на учења и секој порив на страсти.
Главно е – страв Божји и дух скрушен... Топлината и сладоста во духовното дело се добри, но не треба со нив да се одредува вредноста на духовните дела.
Чувајте го сеќавањето на Бога и сеќавањето на смртта. Од нив и стравот Божји ќе дибива сила. А од стравот доаѓа вниманието кон себеси и кон сите свои дела, мисли и чувства. Од тоа доаѓа трезвениот побожен живот. А од него – гушење на страстите. Од ова – чистотата. Од чистотата – пребивањето со Бога, не само во мислите туку и во чувствата.

(AdamiEva.jpgПродолжува)

Подготви: З. Д.

 

   Св.Теофан Затворник : 1.Молитвата – дишење на духот (Речник на христијанскиот живот - 69)