Митарствата

 

  Што се тоа митарства? Тоа е вид на посебен суд после смртта, на кој се разгледува целиот живот на оној кој умира, со сите негови гревови и добри дела.

 Гревовите се сметаат за избришани со добри дела кои стојат наспроти нив или со соодветното покајание... Митарства поминуваат сите умрени грешници кои во животот не се оправдале. Само совршените христијани не се задржуваат на митарствата, туку право по светлиот пат се качуваат на небесата.

 Митарствата никој не може да ги одмине. Тие лежат на патот за небото, но некои души поминуваат покрај нив како молњи.
 Кај оние кои отишле, брзо почнува подвигот поминување низ митарствата. Тука на душата ù е потребна помош! Задржете се на таа мисла и ќе го слушните нејзиниот вик упатен на вас: „помагај!“ Ете каде треба да го насочувате сето внимание и љубов кон неа. Јас мислам дека – најделотворно посведочување на љубовта ќе биде ако од моментот на исходот на душата грижата за телото ја препуштите на другите, оддалечете се и осамете се каде што можете, па задлабочете се во молитва за неа, во нејзината нова состојба и со новите, неочекувани потреби. Кога така ќе започнете, непрестано повикувајте кон Бога да ù помогне, во текот на шест недели , па и подолго.

 Чистилиштето е учење на католичката вера. Тоа е место на кое се очистуваат грешниците кои не се очистиле овде. Очистувањето се извршува преку мачење, во зависност од гревовите. Во чистилиште стапуваат сите кои имаат било каква гревовна нечистотија. Во Православната Црква нема такво учење, туку постои верување по кое оние кои умреле со покајание и причестување, но не успеале да ги понесат подвизите кои исправуваат или соодветните епитимии, го надокнадуваат тоа молитвите на Црквата за нив, како и милостињите кои се даваат за нивв, и на крај своите молитви таму. Тие живеат во надеж и не страдаат, не се во маки. Тоа е налик на чистилиште, но не е исто.

 

 

(AdamiEva.jpgПродолжува)

Подготви: З. Д.