markov.sv.Zlata1.jpg


Крстот Христов

 

Колку голема и неопислива милост Божја представува Крстот Господов. Во него е сета наша надеж.
 Постои надворешен крст кој лежи на плеќите. Тоа се страдањата, неволјите, лишувањата, болестите... оптужбите, клеветите. Постои внатрешен крст – духовен, Божји или Божествен – распнување по волјата Божја. Тие крстови се раѓаат еден од друг. Еден се покажува преку предаденоста на волјата Божја – тих, молчалив, смирувачки; втор – преку борбата со себеси и немилосрдноста кон себеси; трет – преку трпење на непријатностите. Колку крстови толку и (видови) крстоносења. Сите тие се нераздвојни до гробот; само некогаш еден се чувствува повеќе, друг пат друг, или трет. Сепак, тие се појавуваат или даваат постепено... а кога ќе се дадат остануваат... Трисоставен крст.

Во средината на Великиот пост ради поклонување се изнесува Чесниот Крст, за оние кои се трудат во постот да би се вдахновиле јаремот кој го презеле стрпливо да го носат до крајот; а зошто се прави тоа во септември? Случајно? Ама кај промислувачката Премудрост, која сè уредува, нема случајности. Еве зошто: во септември се собира летнината, барем кај нас. Така за, едни христијани со чувство на задоволство да не би рекле: Душо, имаш многу добра собрани за многу години; почивај, јади, пиј, весели се! (Лк. 12, 19), а други сред оскудицата да не би паднале со духот, пред очите на сите нив се подига крстот, кој првите ги подсетува дека поткрепа на благосостојбата не е имотот, туку христијанското внатрешно носење на крстот, тогаш кога по благоста Божја се тргнува надворешното носење, а другите ги поттикнува во трпение да си ги задобиваат душите, вдахнувајќи се на тоа со увереноста дека од крстот одат право во рај; со тоа едните нека трпат, зашто по подготвен пат одат во Царството Небесно, а другите со страв да примаат утехи, за да не би си го заклучиле влезот на небото.

 Денес е Воздвижение на Крстот Господов. Тогаш Крстот го подигале на повисоко место, како сиот народ би го видел и му укажал почест... Но сето тоа е надворешно. Постои духовно подигање на крстот во срцето. Тоа станува кога некој цврсто ќе се одлучи на самораспнување или умртвување на своите страсти, што во христијанството е толку важно што, според Апостолот, Христови се само оние, кои го распнале своето тело против страстите и похотите. Подигајќиго тој крст во себе, христијанитего држат подигнат целиот свој живот. Ако е тоа така, тогаш секоја христијанска душа нека се испита себеси и нека внимава каков одговор во срцето ќе даде нејзината совест. Да не чуеме: „Вие само угодувате на телото во похотта – крстот кај вас не е подигнат, туку фрлен во јамата на страстите и таму трули во негрижа и презир!“ Кога Господа Го симнале од Крстот, Неговиот Крст останал на Голгота, а потоа го фрлиле во јама која таму се наоѓала, каде инаку ги фрлале тие орудија за казни, заедно со секое ѓубре. Наскоро Ерусалим бил уништен и сите негови градби срамнети со земја. Затрупана била и јамата во која бил фрлен Крстот Господов. Кога незнабошците го обновиле градот (на Евреите дури им било забрането и да се приближат до местото на кое градот порано се наоѓал), се случило на местото каде што бил скриен Крстот Господов, да постават идол на Венера, незнабожечка богиња на блудот и на секакви похоти. На тоа ги наговорил ѓаволот. Така станува и со нашиот внатрешен крст. Кога непријателот ќе го уништи духовното устројство на душата, тој наш духовен Ерусалим, духовниот крст се соборува од висината на Голготата на срцето и засипува со отпадоците од сластите и похотите, та така похотното наше самоугодување се подигнува како таква кула над целиот наш внатрешен свет, а сè во нас му се клања и го следи секој негов миг, додека благодатта не нè озари и не не вдахне да го срушиме тој идол и да го подигнеме крстот на самораспнување.


Нашето спасение е во Крстот, поточно во крсните страдања. Преку болки и страдања ние се прививаме на Крстот Христов и од него примаме очистувачка и осветувачка крсна сила која ја привлекува благонаклоноста Божја. Тесниот и макотрпен пат е пат кој  води право во рајот.

 

 

(AdamiEva.jpgПродолжува)

Подготви: З. Д.