Stefan.Petkovden.jpg

Прелеста

 Оправдан е исто така стравот од прелеста... Постои мисловна прелест – тоа е замислување... а постои и надворешна – тоа се светлости, звуци, некакви фигури... Плукајте на сето тоа... зашто е ѓаволско. Демонот се јави некому и повика: „Доаѓа Христос, доаѓа Христос!“ А овој му одговори: „Губи се прелест лукава! Нема кај мене  да дојде Христос: зашто јас сум крајно грешен“ - и демонот исчезна.
 Бојте се од прелеста... Треба да сее боите... но избегнувајте ја основната прелест, па ни за други  нема да има место. Основната прелест е кога мислам, и уште повеќе чувствувам дека сум нешто, а всушност сум ништо. Јас тоа го нарекувам самовреднување... Обрнете внимание на таа вообразеност и сметајте ја за свој прв неепријател. Не давајте ú да заседне во вас – инаку ќе ве погуби... Еве апостолска лекција: Зашто кој мисли дека е нешто, а не е ништо, се опрелесува (лажи) самиот себе (Гал. 6, 3).
 Погубниот дух на прелестта се состои ( настанува) од три гревови: самодопадливост, самоволие и умисленост.
 Постои дух на прелест кој, којзнае како, ја обвива душата со своето лукавство, и ја заплеткува во помисли, така што таа смета дека е демек смирена, додека внатре сокрива горда умисленост (вообразеност). Заради тоа секогаш треба да се набљудува срцето. Тука се најпогодните смирувачки надворешни односи.

Пофалбата

Не е добро кога сите околу те фалат и никој не ја зборува вистината. Зар во тој случај е потребно многу, па да се изгубиш? И неволно ќе почнеш себеси да се сметаш за свет и на сите да им држиш лекции.
Пофалбите раѓаат фалбаџиство и држење до себеси – зли чувства кои водат кон суета и гордост. Боже сочувај!
Воскреснувајќи ја Јаировата ќерка, Господ на нејзините родители строго им заповедал никој да не дознае за тоа (Мк. 5, 43). Со тоа ни е речено: не барај слава и својот слух не го изострувај да чуеш човечки пофалби, дури ни тогаш кога твоите дела се такви да не можат да се сокријат. Прави го она што ти налагаатстравот Божји и совеста, а кон она што луѓето гго зборуваат однесувај се како да не постои. И пази на својата душа: штом макар и малку се сврти на таа страна, враќај ја во ред. Желбата луѓето да дознаат, поттикната е од  желбата за пофалби. Кога ќе дојде пофалбата, целта изгледа достигната; а тоа ја поткопува енергијата и ја пресекува работата која е пофалена. Излегува дека оној кој сака луѓет да знаат за неговите добри дела – самиот е свој предавник. Тоа што луѓето го фалат доброто, тоа е нивна работа: зашто ако нешто е добро, како да не добие пофалба? Но таа пофалба немој да ја имаш на ум, ниту да ја сакаш, ниту да ја бараш. Ако си попуштиш себеси во тоа - сосема ќе се расипеш. Едно попуштање повлекува друго. Зачестеноста на тоа ќе те претвори во пофалбољубец. А кога ќе дојде дотаму, нема веќе сите твои дела да бидат за пофалба и пофалбите ќе се стишат. Покрај недостатоците на пофалби од страна, ќе се појави фалбаџиство, кое Господ го нарекол трубење пред себеси. Тоа е уште полошо. Душата тогаш станува ситничава и јури по лажен сјај, и вистинско добро од неа веќе не очекувај.
Демоните никогаш ништо неговорат и не прават со добра цел: тие секогаш во предвид имаат некое зло... Малку – малку, кога некому ќе му појде од рака да направи нешто добро, демонот итро се приближува и почнува да труби во ушите: ти си таков и таков. Не слушај и не впуштај се во разговор со таквиот подлизурко, туку веднаш отсечно речи му: „замолкни и излези!“, неговото заминување пропратиго со воздивнувања и самоукорување, а местото на кое бил окади го со скрушена молитва. Тој сака да породи вообразеност и држење до себеси, а од нив потоа ќе се развие фалбаџиство и суета – сè такви помисли и чувства кои во духовниот живот се исто што и крадците во секојдневниот. Како што тие влегувајќи во куќата ги крадат домашните добра, така и овие (помислите и чувствата) со своето вкоренување во душата го уништуваат секое добро во неа и го исфрлаат надвор, така да не останува ништо заради кое што Господ потоа би те пофалил.

 

(AdamiEva.jpgПродолжува)

Подготви: З. Д.