логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

 sv.S.Sarovski3.jpg

IV
ОТКРИВАЊЕТО И ПРЕНЕСУВАЊЕТО НА МОШТИТЕ НА ПРЕПОДОБНИОТ СЕРАФИМ ВО 1991 ГОДИНА

Моштите на преподобниот Серафим, повторно покажани оваа зима и најпрво пренесени од Петербург во Москва, го продолжија патот во придружба на самиот патријарх од Москва, преку Владимир, Нижњи Новгород и Арзамас до Дивеево. Во Дивеево, на данот на светителот (19 јули/1 август), свечено се положени во кувуклија која е верна копија на онаа од 1903 година. Илјадници поклоници и верници веќе ја почувству-ваа благодатта на враќањето на светиот Серафим.
Огромно растојание не дели нас, кои му одиме во пресрет на братот денес во 1991 година, од оние, кои последен пат се простуваа со преподобниот во 1926 година, пред властите да се погрижат за моштите да исчезнат. Тоа растојание не се мери со бројот на годините, иако се многу, туку со оние страдања и губитоци кои го снашле рускиот народ, со оние покајнички солзи и со крвта на маченикот, кои тој ги проли. Илјадници и илјадници православни, како мирјани, така и свештенството, последен пат ги целиваа моштите на преподобниот во 1926 година. Колку од нив подоцна биле удостоени со маченички подвиг! Еден од епископите новомаченици, пред стрелањето велел дека треба да се принесуваат на жртва најдобрите, инаку другите нема да се покаат и да се спасат.
Благодарение на нивната молитва на небесата, денес ние, со солзи радосници ги целиваме моштите на братот, цврсто верувајќи и знаеј¬ќи дека тој ќе остане со нас до крајот на светот. Два пати преподобниот Серафим заминуваше од нас, за два пати да се врати - во се поголема слава. Денес, заедно со оние браќа и сестри од далечната дваесет и шеста и другите страшни години, се радуваме на овој несфатливо голем настан, за кој преподобниот рекол: "Среде лето ќе запеат Пасха! А народ, а народ, од сите страни, од сите страни..."
Еве, Русија и тоа го дочека. Најомилениот светец, најблискиот символ на руската народна побожност, за кој се плаче и се радува, повторно е меѓу своите. Во декември минатата година (1990), моштите на свети Серафим Саровски, за кои се мислеше дека бесповратно се изгубени во бесот на револуцијата, пронајдени се под наслагите на едни стари теписи и завеси во еден од зафрлените агли во подрумската просторија на, тогаш се уште, ленинградскиот, денес санкт - петербуршки "Музеј на религијата и атеизмот". А сега, тие новопронајдени мошти се пренесуваат во Дивеевскиот женски манастир, на кој светецот, пред нешто повеќе од еден и пол век, беше духовник и покровител, и на кој му предвиде значајно место во духовната историја на Русија. Таму свети Серафим, вели народното предание, во апокалиптични времиња ќе воскресне, за да проповедува општо покајание, и таму повторно ќе легне во гроб, "меѓу моштите на четири светители" и таму, според пророштвото, заедно со целата Црква и со многу луѓе, кои во тие последни мигови ќе се затекнат во Црквата, ќе биде вознесен право на небото. Сите тие приказни и пророштва кружат по Русија, ја напојуваат верата, ревноста и вообразбата на верните, и од овој празник прават гради.
Иако достојниците на Руската црква многу помалку од народот ги спомнуваат и уважуваат пророштвата, па и пророштвата врзани за последните времиња и појава на свети Серафим Саровски во новоослободената Русија, и за нив ова е одамна посакуван и сонуван момент, победа над силите на мракот и на овој свет. Иако околу името на светиот можеби се исплетоа многу легенди, самиот свети Серафим не е никаква легенда. Човек од крв и од месо, нам временски најблизок од сите големи светители, човек за чии подвизи, љубов и поуки имаме толку непосредни сведоштва, што луѓето го чувствуваат и го сакаат како најроден, како некој кој само на кратко некаде излегол и сега ќе се врати, за со својата топла и мека рака да ни ги симне од челото сите грижи и сите болки.
Празникот како да почнува на последната етапа од патот, на шеесет километри од Дивеево, во мал автобус, кој преполн весело поскокнува меѓу полињата. Во неколку села покрај патот самуваат огромни цркви, некои со оштетени покриви и куполи, некои неодамна покриени со бел лим за да се запре повеќе од полувековното пропаѓање. А во автобусот песна: забрадени бабички, три средновечни мажи со брада и еден мал монах, три пати го пеат Оче наш, па три пати Богородице Дево, па Верувам - молитвеното правило кое свети Серафим му го препорача на народот. Го пеат и тропарот на светителот и " величани", а потоа се од почеток. Кога се изнапеаја, жените зад моето седиште почнаа разговор. Едната вели дека е во Дивеево веќе една недела. Денес била до градот по работа, па сега се враќа. Вели дека во селото одамна веќе нема место за ноќевање по куќите; се е веќе зафатено. Зафатени се и сите места во огромната срушена манастирска црква, со испрободени прозорци, каде сега се поставени стотина кревети, железни, војнички, на два спрата. Овде ги сместиле постарите луѓе, слабите, бидејќи другите мораат да живеат под шатори, во полето надвор од селото, далеку од манастирот. А ти, каде ноќеваш? - прашува младата жена. Па таму, во таа црква. И кујната е таму, веднаш блиску; таму е најдобро. (Жените таму помагаат да се свари доволно каша и чај и да се направи доволно салата за сите поклоници кои непрестајно пристигнуваат). А освен тоа, вели жената, многу е важно да се преноќи во црквата. Зарем не знаеш за пророштвото дека, пред пропаѓањето на светот, таа црква на светиот дивеевски манастир ќе биде вознесена на небо, како Ноевата арка, заедно со сите што ќе се затекнат во неа? - Од трескањето сум задремал и ги гледам над залезот на сонцето, контурите на огромниот бел храм како патуваат во висина.
Во Дивеево не дочекуваат тивки зелени куќи, дворови со зрели вишни и рибизли, табли со известувања за поклониците и високата камбанарија на манастирот, на чиј врв се уште се прчат чиниести антени на поранешниот воен центар за врска. Манастирот, иако пред две недели повторно отворен, се уште не личи на манастир. Од неколкуте поранешни цркви, само една, најголемата, пред неколку месеци беше оспособена за богослужение. Па и во неа се уште нема вистински иконостас. Една од црквите се уште е кино, две се магацини, а на некои моменталната намена тешко може да им се препознае. Манастирскиот ѕид само делумно е зачуван, како и каналот кој го оградувал централниот дел. Во некои од зградите на конаците се уште се некакви сектори. Петнаесетина монахињи од неодамна и официјално населени овде (многу од нив и порано овде живееле, криејќи се од властите дека се монахињи), уште долго ќе се борат светоста да ја доведат до саканиот изглед.
За сега грижата околу изгледот целата е врзана за празникот кој доаѓа. Се работи на големо, се рамни и се поплочува просторот околу големата црква, секаде се истура песок, се варосуваат ѕидовите, се бои и се позлатува кувуклијата под која ќе биде сместен кивотот со светите мошти. Сите брзаат бидејќи е последен момент. До празникот останаа само уште два дена.
Го обиколувам храмот газејќи низ песокот. Минувам покрај полските кујни од кои мириса на чорба од зеленчук. По масите насечен 'ржен леб, луѓе во извалкани работни облеки, минувајќи земаат парчедве и јадат со посолена краставица. Инаку бразаат, работата чека.
Малку понатаму е црквата "што ќе се вознесе". На вратата набрзина искована од необработени даски стои помлад човек и не ме пушта внатре. Не ноќевам таму, немам пропусница. Но, се смееше кога проце¬ни дека сум "дојден од далеку" (дали погоди дека сум странец) за да може се да ме интересира. И навистина, глетката беше невидена, скоро неверојатна. Огромен простор, излупени бетонски ѕидови со уште малку малтер, во некои агли се уште траги од фрески. Прозорците залепени со пластична фолија, оние под куполата зјаат шупли. Во полутемнината штрчат шуми на железните креветни костури. Таму каде што би требало да е олтарот, стојат неколку хартиени икони, под нив и околу нив букети, горат свеќи. Тоа луѓето го импровизирале за да имаат каде да се помолат пред спиење. Инаку, црквата не е осветена, никогаш и не била, бидејќи е ѕидана токму пред револуцијата, па последните работи на неа не биле ни завршени, а подоцна за осветување не можело да стане збор. Но, и таа го дочека овој миг. Веќе сега, иако заживеа, вистински бого-службен живот допрва и претстои.
Обиколувањето на манастирот го прекинува ѕвоното. Во централниот храм, меѓу скелињата, попречувани повремено со ударање на чекани, свештениците и народот ја почнуваат вечерната. Црквата е полна. Луѓето против своја волја се туркаат. Меѓутоа, тие стојат како свеќи со сконцентрирани лица, погледи вперени кон недовршениот иконостас од иверица, со само неколку најважни, очигледно распарени икони. Иако во црквата има народ, иако во неа се уште поминуваат работници со материјали, а жените ги чистат завршените делови, свештеникот служи лесно и тивко, како во најнормални околности. За да ги слушнат неговите возгласи сите замолчеа, а побучните работи беа прекинати. Бидејќи богослужението е поважно од надворешниот изглед на црквата, дури и за ваков голем празник. Нека и не е се готово - Русите пред се дојдоа да Му се помолат на Бога и на брат Серафим, а не да гледаат сјај и позлата.
Така беше и на оваа мала, не многу важна служба, два дена пред доаѓањето на светите мошти, така беше и подоцна, само што имаше повеќе народ, само што имаше повеќе свеќи и цвеќиња и молитвена напрегнатост, и некој невидлив, а силен пламен, кој ги грееше срцата на сите присутни.
Околу црквата, во црквата, многу народ, иако уште не е ниту пет часот. Пред иконите долги редови, луѓето трпеливо стојат за да ги целиваат. Таму каде што се продаваат свеќи и иконички и, за Русија невообичаено многу духовна литература, редовите се уште поголеми. Се чека најмалку по половина час за да добиете свеќи, или да успеете да предадете список со имиња за спомнување на Литургијата. Но, луѓето стојат и чекаат без никаков знак на негодување. Се навикна Русија на редови. Еве и овде, во ќошето, каде што тројца свештеници исповедуваат, можете да чекате со часови, скоро непрекинато, а можете дури и да видите луѓе кои намерно ги пропуштаат другите. Дошле да се исповедаат, се сметаат за грешни и себе си по малку се казнуваат, бидејќи се убедени дека се недостојни и непотребни, па дека треба на другите во се да им отстапат место. Еве, една жена срамежливо смешкајќи се, постојано се потргнува пред луѓето кои стојат зад неа во редот. Нејзината облека, партал на партал, испукани чевли, испраната боја на марамата, сето тоа зборува за скромноста, за потребата да помине понезабележително, да се проживее што потивко.
Свети Серафим велел дека неговото "воскресение" (повторното и свечено доаѓање во Дивеево) ќе биде одбележано со општа проповед на покајание. Иако покајанието е најдлабока и, секако најинтимна работа на секој христијанин, тоа не значи дека тоа нема и некои постојани надворешни облици - света тајна исповед, пред се. Но, како да се исповеда ако илјадници копнеат тоа да го сторат, а во ќошето на храмот, пред иконостасот, стојат се на се тројца свештеници и редовите се оддолжуваат во недоглед? Организаторите на прославата изгледа, не мислеле многу за тоа. Затоа народот се снаоѓа како што знае. Еве, надвор пред храмот стои постар јеромонах во прилично стара мантија. Очигледно овде не е дојден со никаква официјална делегација. Приоѓаат луѓе да земат благослов, а тој уште вади од градите голем свештенички крст и дава да го целиваат. Набргу една бабичка се снајде: праша дали може да се исповеда. Старецот го облекува епитрахилот и уште не се ниту свртел, а пред него веќе има ред. Оние што не стигнаа внатре, а и многу други, по староста на облеката, по тивките движења слични на него, веројатно скитници-богобаратели, оние што бараат вистинска исповед, а не само брз формален отпуст на гревовите. Народ има многу, сите се збиени, и несакајќи слушал детали од исповетта. Но, никој не се возбудува "Е па зарем не сме сите овде за да се покаеме, зарем не дојдовме пред лекарот и зарем не треба да му ја покажеме својата болна душа? Што тогаш пречи, ако некој нешто и слушне?
Овие луѓе не се срамат едни од други. Живеат едноставно, едни пред други и едни со други. Пред вечерта убаво се распоредуваат околу црквата во паркот, на донесените даски или на сеното, спијат или се молат, или тивко разговараат - до првите утрински ѕвона. Наутро, во зазорување, во сенкаста магличка, до половина замотани тука и таму во степата стојат луѓе свртени кон сонцето кое излегува. Сами или во групи. Таму едно семејство, како во црква, пее складно молитва. Пет луѓе, мал хор, извежбан како што тоа го можат само браќа и сестри, бидејќи постојано се заедно. Еве и сонцето на нивниот повик бргу расте, неговото црвенило бледее, се посилната светлина ги отцртува контурите на селото. Неизедначено во далечината поскокнуваат ѕвоната, повикуваат на божја служба. Од сите страни, по многу патеки кон храмот брзаат колони на луѓе.
Големи гигантски тополи во совршен ред стојат долж земјениот насип. Околу нив обиколуваат луѓе, се допираат до испуканите стебла, па заминуваат понатаму, до следната топола, и неа да ја обиколат во круг, и до неа да се допрат со челото. "Каналот на свети Серафим", т.е. она што останало од стариот канал, со кој бил ограден храмот. Денес каналот само може да се наѕре, овде е уште и тој каменен ѕид и тополи¬те. Светиот велел дека каналот, кога светот ќе пропаѓа, ќе биде последна заштита пред навалата на злото, дека оние што ќе се најдат зад каналот, во храмот, ќе се спасат, па што и да се случувало однадвор. Секако, тие зборови можат да се протолкуваат дека ќе се спасат оние кои до крај ќе и останат верни на Црквата, но има многу кои зборот на својот "брат" го сфаќаат буквално. Во секој случај, каналот се обиколува како светиња. Во густо збиена колона поклониците одат едни пб други, кружат околу дебелите стари тополи, ги допираат со челата, змијолико напредуваат од едно дрво до друго, па пак околу, како деца да си играат. И радосни се како да си играат: ете, биле со свети Серафим, кај него на гости.
Свети Серафим ќе стигне пред вечерта. Цело ппладне, на голема жештина, луѓето стоеја на платото пред храмот. На мала трибина од даски, два свечено облечени хора, едниот машки, другиот мешан, монахињите срдечно построени покрај тесниот слободен коридор кон влезот и сиот оној шаренолик народ околу нив. Се пееше, се разговараше, се молеше и се очекуваше кога од главниот пат од Арзамас кон Дивеево ќе допре шум на свечената колона која се приближува, долж целиот пат поздравувана со пеење на тропарот и "величанија". - (Неколку пати беше даден лажен аларм. Малку погласното пеење на луѓето што чекале долж патот беше протолкувано како добредојде на светите мошти).
Одеднаш, од различни страни на платото се слушнаа возвикувања: "Сонцето поигрува, сонцето поигрува!" И очите на илјада глави се насочија кон сонцето на заоѓање, се уште силно, се уште некој метар над покривите и крошните. Сонцето пулсираше, рамномерно се намалуваше и зголемуваше. Сонцето го поздравува братот Серафим! Ова само на Велигден го има! Најавени така од сонцето, дојдоа во Дивеево светите мошти. Ковчегот, по кој одеше патријархот на цела Русија, застана на скалите од црквата, и овде беше отслужен првиот голем молебен. Двата хора, патријархот и многуте владици, целиот присутен народ, на крајот од службата го пеат воскресниот тропар, знак на најголема радост.
Кога свечената поворка, составена од најголемите црковни великодостојници, носејќи го ковчегот со моштите, влезе во храмот, зад нив се затворија дверите. Имаше толку народ што сите не можеа да се пуштат внатре. Отворени беа само страничните врати од двете страни: низ десната постојано влегуваа, а низ левата излегуваа колони луѓе. Во храмот се задржуваа само толку, колку да се поклонат на светите мошти. И поклониците трпеливо, со часови чекаа и на нив да им дојде ред.
Пред заминувањето ја посетуваме последната жива монахиња од оние кои биле во манастирот пред неговото растурање, во дваесеттите години. Долго чекаме пред ниската куќа од даски, веќе во близина на полињата, на самиот излез од селцето. Скоро во висина на нашите очи, се собрал покривот, прекриен со терхартија. Младата монахиња која го одржува редот и не дозволува посетителите премногу да ја заморат мајката не гледа внимателно и најпосле не сместува да седнеме на клупата до ѕидот. Некој веќе е внатре, посетата се оддолжи. По нас на капијата се појавува еден средовечен монах во необична, кафена, лошо сошиена мантија - воопшто не изгледа некако официјално, за разлика од многуте "луѓе во чин" кои во Русија се со скоро бирократска свест за своето место и професија. Замислувам дека вака можеле да изгледаат монасите скитници и богобаратели пред сто, двеста години. Во нашиот, не многу жив разговор, монахот енергично се уфрла, прашува, дели совети. Гледа дека сме градски деца, па зборува за она што би можело да не интереси-ра. Вели дека за вистинскиот христијанин животот во современиот град е тежок, скоро невозможен. На секој чекор бара компромиси, не можат да се избегнат нехристијанските, па и антихристијански символи, гестови, навики. Препорачува заминување од тој и таков свет. Напуштете го државниот стан, државата е антихристова, купете си нешто на село, може да се најде ефтино. Младиот брачен пар покрај нас збунето се загледува. Но, како тогаш да се живее, многу немаат каде да одат, со што да се занимаваат? Монахот не го разбира прашањето. Тој заминува. Зарем е важно каде? Бог се грижи за тоа.
Најпосле влегуваме во некаква визба. Повеќето од нашите не можат да стојат исправено (оваа млада генерација е за една глава повисока од своите родители). Собата е полна со икони, посебно во "црвениот агол", каде што гори пламенче во црвенкасто кандило. Монахињата - старица со широко лице и живи очи - ни покажува некои од предметите што му припаѓале на светиот Серафим Саровски. Сега, кога неговите мошти се пренесени во манастирот, повеќето од тие предмети ги предала на манастирската црква, "ги вратила на братот", но нешто и задржала. Со децении, почитувачите на светителот тајно доаѓале овде на поклонение. Се поклонуваме и ние.
Најважен предмет на братот е поголем земјан ќуп, скоро до врв полн со суварки. Земаме и ние од него и побожно јадеме. Братот не нагости. А таа раскажува за радоста на денешниот празник, за разорувањата што му претходеле и прашува: Кој е виновен, кој, кој? Со прашањето се обраќа секому посебно, а потоа сама одговара: Никој. Самите се направивме. Сигурно така требало да се отрезниме.

 

sv.S.Sarovski3.jpg

Икона на Пресвета Богородица, наречена „Умиление“, пред која се молел св.Серафим Саровски.

Св.Серафим Саровски - ПОВИК

Извор:
 Н. Левински- „ СВЕТИ СЕРАФИМ САРОВСКИ“
Ѓаконија, Скопје 2004
 Со благослов на Митрополитот Брегалнички г. Агатангел

 

Извор: ЃаконијА

Друго:

Св. Серафим Саровски - За грижењето за душата 

Свети Серафим Саровски- За Постот

Мошти на свети Серафим Саровски во Бигорскиот манастир (28.07.2008)

извор:http://www.pravoslavie.ru/gallery/gallery76.htm

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5814
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6631
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6417
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5611
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

20/04/2024 - сабота

Велигденски пости; (на масло)

Св. Георгиј Исповедник; Преподобен Нил Сорски; Св. маченик Калиопиј; Преп. Данило Перејаславски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Пастироначалниче на скитското подвижништвово степите руски непроодни,Ниле ученику Христов облагодатен,денес и во веки Бога преку тебе Го прославуваме,и твоите подвизи...

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная