vozdvizenie.jpg

Мрзеливост, униние, чмаење

 Мрзеливоста означува слабеење или пресекување на духовните двигови...
 Пишувате дека ве мачат досада и чмаење. А никакви надворешни, видливи неволји нема?! Тогаш тоа е ѓаволско дело. Ѓаволот не сака спокојни срца... па на секој начин се привлекува да го притиснесрцето и да го истера слаткото спокојство од него. Молете се на Господа и Мајката Божја... па ќе помине... Ѓаволот ве мачи и од тоа немате корист, но вие надмудрете го, претворајќи го тоа мачење во мачење за гревовите и правејќи го оружје за добро душевно чувство...
 Од каде бесполезност после долг разговор било со кој? Од таму што дека за време на разговорот со вниманието сте се оддалечувале од Господа. На Господ тоа не Му е угодно, на што Тој преку бесполезност ви дава до знаење. Повелете, навикнувајте се непрестајно да бидете со Господа, што и да работите, и сè да правите заради Него, трудејќи се да го ускладите тоа со неговите заповеди. Така никогаш нема да видете обесполезнени, зашто ќе имате свест за тоа дека сте извршувале Негови дела.
 Сте почувствувале напади на чмаење. Тоа е ѓаволско искушение... Тоа се појавува кога ќе се помрачат патиштата Божји во поредокот на нашиот живот Тој мрак некаде наведува чмаењње, некаде стравови, а некаде невнимание. Молитвата го растерува тој мрак и тогаш светлоста на Промислата Божја ни дава за нас сè јасно да видиме... Од таму смирувањето на духот и радоста во срцето, дури и во најтешката ситуација...
 За духот на унинието пожалете Му се на Господа и на Ангелот – Чувар и тој дух ќе побегне од вас. Но сè мирно трпете. Таа состојба е еден од крстовите кои неизбежно мораме да ги понесеме во текот на животот. Господ нека го одгони, или нека ви подари спокојство со кое таквите состојби ќе ги поднесувате.

Бесчувствителност

 „Како да се однесуваме кон нечувствителноста?“ Да трпиме, неотстапно чувајќи ги сите заповеди на поредокот на благочестивиот живот. Се присетувам: кај светиот Макариј, Дијадох и други пишува како Бог на душата, која од гревот се обраќа на пат на Богоугодување, најпрвин ú дава да ја вкуси сета сладост на тој нов живот. Но потоа, го остава човекот сам со неговите сопствени сили. Благодатта при тоа или го скрива своето дејство, или отстапува. Ова се случува за човекот да би можел појасно да се увери кој е тој сам по себе без благодатта и да би се навикнал на длабоко смирение и пред себеси, и пред Бога, и пред луѓето. Тоа е причина и за вашата рамнодушност и нечувствителност. Соодветно на тоа, штом ќе се појави, би требало да прибегнете кон смирение и да говорите: „Според делата свои не заслужувам благодат; но поштеди ме“. Обрнете внимание, можеби ќе пронајдете дека со настапувањето на таквата состојба се појавуваат горди мисли и чувства; што побрзо покајте се за нив. Не ги оставајте вообичаените дела – ни молитвите, ни читањето, ни нешто друго... Рамнодушноста е Божја епитимија.
 Некој вели: „постави се себеси во ситуација на мртовец“... Друг додава: „уште подобро, постави се во моментот на Судот над тебе, когаод устата БОжја треба да излезе последната одлука за тебе3... Не можеме, а да не се сложиме како тие методи навистина се во состојба да го размекнат каменото срце.
 Нечувствувањето ќе роди немарност, а од едното и од другото јакне заборавот. Овие три претставуваат потполна парализа на душата.

 

 

(AdamiEva.jpgПродолжува)

Подготви: Златко Дивјаковски