Monahinja.D1.jpg

Ревноста за Бога и спасението

Тоа што вас Господ ве призвал во верата, не бара ништо посебно, само да бидете искрено предадени на верата. Бидете исто така благодарни што Господ ве призвал од темнина во светлост.
Како што сте се опишале себеси – излегува дека сте неплодна смоква. И што сега? Таквата свест е многу корисна кај ревноста за спасение, зашто ова ревноста природно ја распламтува, ма колку и брзо да почнала да се гаси или лади... Ако на споменатиот начин ја оживувате ревноста, тогаш потрудете се што почесто да се возведувате себеси во таквата свест за бесплодност, па тогаш нема да ви се даде да останете без плод, кога тој плод е во ваша власт.
Додека ревноста е јака, непријателот обично не му приоѓа на ревнителот, но кога ревноста малку ќе се засити и кога нејзиниот жар ќе ослаби, тој веќе почнува да се приближува и што е кај него главно – сосема да ја лади ревноста... Во мерата на ладење на ревноста, отстапува и благодатта... Опасноста од падот е блиску. Непријателот почнува да буди склоности кон поранешните валкани дела. И штом успее да го турне човекот во некој грев, тој се утврдува (над него), почнувајќи да го гони и да му се одмаздува за сето она време на спротивставување.
Ревноста е дело на благодатта е сведоштво дека оваа благодат е неодстапно во вас, дека произведува благодатен живот...Додека постои ревност, присутна е и благодатта на Светиот Дух. Таа е – оган.
Благотворен е трудотна оние кои со здрави расудувања ја разбиваат лагата што се подига против вистината на Воскресението. Читај такви расудувања и наоружувај се со нив; при тоа не биди мрзелив да правиш сè повеќе и повеќе простор за влез на силите на Воскресението Христово во себе. Што повеќе тоа ќе го правиш, повеќе ќе го дишеш воздухот на Воскресението и ќе бидеш безбеден од сите стрели гаволски насочени против таа вистина. Прашуваш, што е потребно за тоа? Ништо посебно: биди она што треба да бидеш по заветот даден при светото Кршетние, кое е наше воскресение. Си плукнал на сатаната и на сите негови дела? Продолжи така да се држиш во однос на него. Си се соединил ли со Христа? Остани со Него. Делата на темнината и на светлината се очигледни. Бегај од едните и придржувај се до другите. Но тоа прави го без никакви отстапувања, дури и најмали, за како норма на твојот живот да би ти било следново: нема заедница на светлината со темнината, ниту на Христос со велијар.
Му рече Господ на Авраама: појди од земјата своја, од родот свој и од домот на таткото свој во земјата која ќе ти ја покажам (Бит. 12, 1). Ова е  очигледно слика на онаа измена што се случува кај вистински верните, кога искрено го земаат на себе крстот свој и тргнуваат по Христос. Со самоотфрлање тие го оставаат својот татко – егоизмот; го оставаат својот род – својата лична огрвовена склоност, страстите и навиките, распнувајќи ги со одлучноста непоколебливо во сè да ги следат страстоубиствените заповеди Господови; ја оставаат земјата своја, целокупната област на гревот, светот со сите негови барања, распнувајќи го со одлучноста да бидат туѓи за него, дури и ако тоа подразбира неопходност да претрпат губење на имотот и дружтвената положба, па и смрт.
... Сета сила е во непрестаното чувство кон Бога, кое човекот треба да го одгледува како умее. Тоа е закон! Штом тоа чувство постои, тоа ги заменува сите правила; а кога го нема, никаков напор околу читањето не може да го замени. Молитвословијата се наменети да го хранат тоа чувство и штом не го хранат, залудно се.
И одењето пешки на молитва погоден е за вежбањето на ревноста кон Бога.
Суштината на христијанскиот живот се состои во Богоопштењето... нанапред обично скриено не само од другите туку и од себе. Видливото сведоштво за него, кое е внатре во нас, е жар на дејствителната ревност.
... Ревноста е неисцрпен извор на добри дела и на целокупниот богоугоден живот – тоа е капина која гори во срцето и не согорува. Заградете го изворот и ќе престане да тече освежувачката и оживувачка вода; пригушете ја ревноста, па ќе престане секое правење на добрини и секоја мисла за Богоугодување. Угасете го огнот, па нема да остане ни светлина ни топлина; угасете ја ревноста, па душата ќе престане да тежнее кон било какво добро и сосема ќе се олади за живот по Бога.
Ревнувањето за напредок во добрите дела кои создаваат светлост претставуваат љубов на дело. Верата и надежта за ревнувањето се исто што и воздухот, влагата и топлината за семето кое се развива.
... Никој нека не помислува сам од себе да роди таква сила на живот; за неа треба да се моли и да се биде подготвен за нејзино примање. Огнот на ревноста со сила – тоа е благодат Господова. Духот Божји слегува во срцето и почнува да дејствува во него, не само со сеопфатна туку и со седејствителна ревност.
Силата на ревноста и напорната работа го прават христијанинот во сè совршен и подготвен за секое добро дело – со светол поглед на умот и во сè очистен кон поимите, со чисто срце, исполнет со секоја доброта и бестрастие кое е можно на земјата, со одрекување од сè, со полнота на внатрешниот живот која се преизлива и на целокупното опкружување способно и спремно да ги прими неговите текови.

 Продолжува)

Подготви: Златко Дивјаковски