sv.SiluanAtonski.jpgПослушникот и се предава на волјата Божја и не се плаши од смртта бидејќи неговата душа се навикнала да живее со Бога, љубејќи Го. Тој ја скршил својата волја и за тоа ниту во душата,ниту во телото нема никаква борба,што ги измачува непокорните и своеволните.
Вистинскиот послушник ја марзи својата волја-тој го љуби својот Духовен отец и  за тоа добива слобода да му се моли на Бога со чист ум.И неговита душа слободно,без помисли го созерцува Бога,успокојувајќи се во него.Тој брзо ја здобива љубовта Божја заради своето смирение и заради молитвите на својот Духовен отец.
Нашиот живот е едноставен,но мудар.Божјата Мајка му има кажано на Пеподобниот Серафим:"Дај им (на калуѓерките)послушание и тие што ќе ги зачуваат послушанието и смирението,ќе бидат со тебе блиску до мене".
Гледате ли колку едноставно да се спаси ме? Но, на мудроста се учиме преку истраен опит.Неа Бог ни ја дарува заради послушанието.Господ ја љуби послушната душа, а штом ја љуби,ќе и даде се што ќе побара од Бога.Како и порано,така и сега Господ ги услишува нашите молитви,исполнувајќи ги нашите прозби.
Зошто Светите Отци го ставаат послушанието над постот и молитвата?
Зато што од подвигот без послушание се раѓа славољубие! А послушниот прави се како што му е кажано и нема повод за себељубие. Освен тоа,послушникот што ја сече својата волја во се, слушајќи го својот Духовен отец, неговиот ум е ослободен од каква и да е грижа и чисто се моли. Во умот на послушниот се наоѓа единствено Бог и словото на Старецот. А умот на непослушниот е зафатен со различни мисли.Тој го осудува Старецот, заради што не може да Го созерцува Бога.
Еднаш,еден послушник беше добил тешко послушание. Тој имаше срдечна  молитва и Господ му даваше солзи да плаче за сиот свет.. Игуменот Андреј му кажа:"Тоа ти е дадено заради послушанието".
Со послушанието човекот се чува од гордоста. Заради послушанието му се дава молитва. Заради послушанието се дава благодатта на Светиот Дух. Ете, зошто послушанието е поголемо од постот и од молитвата.
Паднатите ангели да го зачуваа послушанието, ќе беа на  небесата и ќе ја опеваа славата Господова. И Адам да го запазеше послушанието, тогаш и тој и неговиот род ќе престојуваа во рајот.
Но и сега е можно да се врати ме во рајот, преку покајанието. Господ многу не љуби, не гледајќи ги нашите гревови. Ние треба само да се смири ме и да ги љубиме непријателите.
А оној што не ги љуби непријателите, не може да има смирение, дури да го пикнат и во рајот.


Подготвил: А.Петровска