Сите ние знаеме што е тоа навреда, затоа што н# навредувале, и затоа што самите некого сме навредиле. Самите тоа не го сфаќаат – ни оној кој навредува, ни оној кој е навреден – се повредуваат себеси, бидејќи се лишуваат од сонцето на љубовта. Навредувачот ја повредува не само својата душа, туку и своето тело: злите емоции во човекот раѓаат болно напрегнување на телото, што се одразува на неговата физичка размена на материјата и се нарушува животот. Навредувачот се навредува, пред с#, самиот себеси. Но и оној кој е навреден, исто така, кога постапува неразумно: самиот себеси се повредува.
Себеси треба да се штитиме од навредите со светол штит, не обрнувајќи внимание на нив. А уште повозвишено од тоа е – да им се спротивстави на навредите љубов, кроткост и великодушност. “Научете се од Мене”, - говори Спасителот, “бидејќи сум кроток и смирен по срце. И ќе го најдете спокојот на душите ваши” (Мт. 11:29). Тоа е простиот пат кон среќата, за кој толку често размислува човекот, но никако ненаоѓајќи го патот кон неа.
Навредата може да биде свесна. Нанесувањето навреди произлегува од гордоста, која сака да го понижи човекот, од осветољубивоста, од злобата. Луѓето навредуваат и од алчност, завист, суета, егоизам, или просто – од душевна бесчувственост и недостаток на внимателност, од морално невнимание.
Претпоставениот (индивидуален, или колективен, како што е државата или партијата) навредуваат најбесрамно, експлоатирајќи го човекот не само економски, туку и морално. Експлоатацијата е многулика форма на неправедност. Историјата е преполна со тој грев, с# до денешен ден. Но денес сиромашните ги експлоатираат не само феудалните барони и не само подвижните вреќи со пари – туку и самите тие поранешни сиромаси, кои во меѓувреме станале администратори, партијаши, “претставници на пролетеријата” – сите тие жестоко ги експлоатираат сиромасите (селаните и работниците…), прикривајќи ја сепак, таа експлоатација со многу ласкави но исто така лажни и празни зборови.
Експлоатацијата на ближниот може и да не биде израз на некои лични непријателски чувства; таа е просто морално бесчувствителна, таа е барање погодности за себе, за партијата, за државата. Во нашето време експлоатацијата – материјална и духовна – се обидуваат да ја оправдаат со високите мотиви. Со целта на револуцијата, заради доброто на сите, се оправдуваат големите злодела и навреди на луѓето. Со хумани фрази оперираат бездушните планери, не гледајќи го при тоа живиот човек. Утилитарниот материјалистички пристап кон бесмртната човечка душа, за неа е смртно навредлив, погибелен.
Но чувствувањето праведност и сочувство може да се родат и во човекот – материјалист, покрај неговата материјалистичка теорија. Како човечко суштество, материјалистот може да биде морално префинет. Знае, дури да биде и обратно: човечкото срце кое верува во Бога (покрај духот на таа вера) да биде полно со грабливост и бездушност. Како што кај материјалистите “неверието” може да биде на врвот на јазикот, така и кај верникот “верата во Бога” е понекогаш само на врвот на јазикот. (Верата во Бога – не е теоретска декларација.)
Во нашево време луѓето ја навредуваат дури и верата во Бога (пишувајќи го величественото и свето Негово Име - Бог со мала буква). Но човекот Бог може да го “навреди” не повеќе од што може да го навреди соѕвездието Орион или Лебед. Неверниците нанесуваат навреди само на своите животи.
Човекот навредува човек со својата зла (или со недоволно доброта) волја. И сите тие, во светот безбројни, “молекуларни” навреди, сето наше лично и колективно зло, во светот раѓа црни облаци од конфликт, војни и душегубност, од кои трепери човештвото, и од кои може да биде истребено.
Порано во историјата, во име на верата во Бога, цареви и водачи на народот им нанесувале навреди на неверниците (или не онакви верници, какви што биле тие). Сега, во цела низа земји, неверниците им нанесуваат навреди на верниците.
На човекот речено му е: “Ги знаеш заповедите: не прељубодејствувај, не убивај, не кради, не сведочи лажно, не навредувај” (Мк. 10).
Но ако навредата е веќе нанесена, неа треба да & се спротивстави ненавредување. Во борбата против злото влегува и борбата против навредувањето. Ние луѓето лесно се навредуваме едни со други. А уште полесно сме навредливи. Дури и ако никој не н# навредува, ние самите се навредуваме. Ние некогаш имаме потреба да се почувствуваме “навредени”, и во тоа се согледува примитивната човечка инфантилност. Детето понекогаш сака да заплаче – не затоа што го повредила мајка му, туку затоа што тоа одеднаш почувствувало слатка потреба да се почувствува (и, што е главно, тоа да го покаже!) навредено. Тоа е незрелост на душата.
“Активниот егоист” навредува, “пасивниот” е навреден. Навредите на активните и навредливоста на пасивните егоисти многу му пречат на животот. И излегувањето од тие состојби – во слобода на духот – е само еден: никој да не се навредува, и за ништо и за никого да не се биде навреден.

 Подготви: Михаила Поповска

Друго: