Животот на пастирот

starec.produhoven.jpg Сè треба да се прави со голема усрдност, а успехот на делото да го предадеме во Божји раце. Кога нема успех не треба да се ожесточуваме, туку да се укориме за лошата замисла и да смислиме некое ново средство. Сепак не е сè во размислувањето за тоа, туку и со својата душа неотстапно треба да се занимаваме. Нека молитвата ти биде непрестано во срцето. Навечер душата треба да ја чистиме од сè и да ја празниме, како би останала слободна само со Господа. Така прилега да се оди на одмор. Без тоа не оди, туку потруди се над себе.
 Треба да се занимаваме со ракоделие кое не го расејува вниманието. Древните Египтјани (т. е., древните монаси кои живееле во Египет) по цел ден се занимавале со ракоделие, не оставајќи го дури ни тогаш кога некој им доаѓал, само повремено правеле поклони.
 Сите дела – и големи и мали – треба да се прават така како окото Божјо да гледа како што се извршува.
 Кај земањето храна, количината треба малку да се намали; исто така и од сонот треба да се одзема по малку. Како и што – тоа видете сами... едно треба да се има во предвид – на телото не треба да му се угодува, ниту во било што треба да се превознесуваме самите себе. Така, може разумно да се спие или бдее доколку се има мера за тоа, да не се потоне во силно длабок сон.
 Немилосрдноста кон себеси, спремноста за секоја услуга кон другите е и предавањето на себеси во потполност на Господа, во молитвено пребивање со Него, тоа се придвижувачи на духовниот живот.
 Оние кои се зафатиле со благоугодувања на Бога треба, како прво сè да примаат спокојно и да трпат благодушно; а друго, да знаат при тоа да се држат и однесуваат како треба. Првото е лесно: стисни ги забите и ќути; а второто многу тешко, посебно затоа што немирниот дух веднаш излегува надвор – преку зборови, постапки и движења – сè расипува.
 Точно во незгодните ситуации, во кои се раѓаат непријатни чувства против другите, не треба ни да се зборува ни да се дејствува. Треба однапред да се смириме и потполно да ја истргнеме непријатноста од срцето, за да од неа не би останало ни трага. Ништо повеќе не се бара. Тогаш и зборовите и делата лесно ќе потечат. Тогаш може и сурово и строго да се зборува, дури и воинствено, но зборот нема да произведе злобно дејство; зашто духот во него нема да биде раздразлив, туку мирен и исполнет со љубов.
 Топлината на срцето... е добра состојба. Треба да ја чуваме и поддржуваме. Кога ќе ослаби, треба да ја загрееме така како вие што правите: посилно да се собираме внатре и да го призиваме Господа. За топлината да не би бегала, треба да се избегнува расејување на мислите и впечатоци на чувствата кои не се со согласност со таа состојба, да се избегнува срцето да се врзува за било што видливо и било која грижа во потполност да го одзема неговото внимание. Вниманието кон Бога нека биде непрестано, а напнатостна на телото непопустлива, во ставот мирно, како кај војникот во строј. Меѓутоа, главно е: да Го молиме Бога да ја продолжи таа милост.
 ...Сè она што ја вознемирува совеста, треба истиот час да се остави. Мислам дека во тоа спаѓа и сè она што вие сте си го наметнале на себеси после старчевата смрт.
  Тоа што на вас гледаат погрешно, сметајќи ве вас за свет, тоа за нив не е голем грев. Но ако вие навистина помислите за себе дека сте свет, тогаш тоа веќе не е така безопасно. Повелете, размилете за тоа пред лицето на Бога... и бидете доволно мудри да ги смирувате своите помисли.
 Строгоста на правилата да ја применуваме повеќе на себеси., а другите да ги препуштима на Господа, Кој ја гледа слабоста на слабите и ги милува.
 Во врска со ноќните осквернувања, не можно да се држиме до едноправило, зашто до нив се доаѓа во различни околности. Некогаш доаѓа до сосема несвесно истекување на семето... а друг пат свесно, но без никаква похот телесна и душевна, дури и со противење на тоа во сонот. Овие два случаи за ништо не претставуваат препрека... дури ни за примање на Светите Тајни и служење на Литургија. Доволно е да се скрушиме во срцето и да му го соопштиме тоа на духовникот. Но кога со ова стануваат и срамни мечтаења со похот, согласност и желба, тогаш е подобро тоа да се исповеда на духовникот, да се воздржите и од она за кое сте говореле, и од сè друго што бара посебна чистота, сè додека нечистотијата во потполност не испари од душата и телото. Во останатото, духовникот во конкретен случај може сè да разреши... зашто постои и крајна потреба.
Осквернувањата исто така секогаш нека ги разрешува духовниот отец... Тешко е да не се спие. Зашто тоагаш службата ќе претставува напор. Може да се проба. Ако успее, може да се продолжи. Секој треба да се потруди околу тоа (да нема осквернувања во сон). Треба да се појача воздржанието: навечер да не се јаде и да се пие малку – слаб чај.

Пастирското служење

1) Навикнувајте се да одите (живеете) во присуство Божјо, пред очите Божји, со чувства кои одговараат на тоа. 2) Штом сте слободни, правете поклони, со чувства на скрушеност и смирение. 3) Читајте книги за молитвата и размислувајте за неа. 4) И уште, со сите сили трудете се црковното богослужение да го извршувате во сеќавање на Бога, а со тоа и домачното правило. Душата треба да ја продрмаме и таа ќе се загрее. Кога ќе се појави топлината, тогаш и мислите ќе се смират, и молитвата же стане чиста. Но, сè е тоа од благодатта Божја. Затоа и треба да Му се помолима на Бога да би ни дарувал молитва.е и чуцствата ги мислитжет
Молитвениот Устав за црковното богослужение (Типикот) мора да се извршува како што е.
Во црква внимавајте на она што се чита и пее, иво согласност со тоа држете ги мислите и чувствата... Трудете се на секоја служба да го доведете срцето до тоа да се разгори, а по излегување од црква чувајте го така.
 Јас смеам дека е најдобро секогаш да се слуша настојателот. Настојателот кој ви заповеда ја презема на себе одговорноста за тоа дали неговата заповед во било кој поглед е неисправна, а вие треба да ја извршите не стравувајќи од одговорност пред Бога.
 Начинот на воздржување кој го имате кога се припремате за служба не е лош. Но, пред тоа не заборавајте пред сè да ја припремите душата: со вера страв Божји, дух скрушен, предавање на себеси на Господа и очекување од Него помош за тоа дело – со тоа треба да се украсите.
 Хулните помисли или неверувањето... по повод на Светата Причест... доаѓаат директно од ѓаволот. Одгонувајте ги и молете се. Оваа Света Тајна ја дал Самиот Господ... говорејќи: Ова е моето Тело... Ова е Мојата Крв – и заповедал : „Ова правете го во Мој спомен“. Апостолите тоа и почнале да го прават... и од таа доба ова дело не престанува и нема да престане во Светата Црква до крајот на вековите... Совршител на Светите Тајни е Самиот Господ. Свештеникова е само устата која ја произнезува осветителната молитва и раката која ги благословува даровите... Силата пак која дејствува потекнува од Господа. Господ е секаде. Тој во истиот момент Тајната вечера може да ја поновува по целата земја. Молете се на Господа и барајте да ви додаде вера.
 Што се однесува до променување на местото воопшто, треба да се држи до правилото: да не се движи сам, на предлог да не се одговара ни да ни не, а ако дојде до преместување, да се отиде бз негодување, како по заповед Божја.
 Да не се крева прашина, да се трпи и с è по малку и незбележливо да се придвижува напред. Тоа Господ го сака и во такви дела секогаш е семоќен помагач. Само никогаш не треба да се допушти „јас сакам“, туку, „таков е редот, ваш сум слуга“.
 Зарем вие немате друг клир освен свештеници?... ѓаконот и псалтот можат да ги извршуваат вечерните, утрените, часовите... и да го собираат народот на нив... Потсетете се, во нашите краеви, така беше решавано.
 Не е запишано сè што Господ заповедал и што апостолите проповедале – многу од тоа е директно воведено во пракса и постанало дел од црковниот поредок. Потоа секоја парохија која така била уредена, на ист начин го чувала своето устројство.

 

(Продолжува)

Подготви: Златко Дивјаковски