Христијанство

 Христијанството не е учење туку живот. А самото негово учење влегува во животот како одреден образ, како поглед на сè што е и станува.
 За добра работа се прифаќате – да пронајдете или составите и издадете христијанска психологија. Еве, како по мое мислење програмата  на таа психологија би требало да изгледа. Да се претстави составот на човечката природа: дух, душа и тело – и да се изложи систематски преглед на сите способности и функции на секој дел: 1) во природна состојба, 2) во состојба под грев и 3) во состојба под благодатта.

Православие

 Кај нас во Православието тврдо е она што почива на Светите Отци. Кај протестантите е веќе нешто друго… кај нив, што и да ти падне на памет, сè поминува.
 … Вие во потполност ќе ја увидете вистината… која е само во Православието.

mistika.jpgЦрквата православна

 Црквата е жив сојуз на сите кои веруваат, кои сите се соединуваат под една глава – Христос Господ, правејќи едно тело. Ја сочинуваат верните – и живите и умрените. Неверните – и живи и умрени – се наоѓаат надвор од неа и надвор од Господа Спасителот, Кој е Нејзина Глава. Неверните овде (за време на животот) се повикуваат, и ако тоа го искористат и влезат во Црквата, тогаш такви ќе бидат и таму, т. е., ќе бидат чеда на Црквата.

 Што е тоа Света Црква? Тоа е заедница на верните, соединети помеѓу себе со единството на исповедање на богооткриените вистини, со единството на осветувањето преку Боговостановените Свети Тајни и со единството на управување и раководење преку богодарованото пастирство.
 Христовата Црква ја подигнале светите Апостоли, по нацртот и планот на Самиот Господ, појаснет и утврден од Светиот Дух.

 Оние кои се во Црквата, Нејзините вистински духовни чеда, го чуваат единството на духот во духот на мирот и затоа се наоѓаат во жива заедница со неа; Оние кои повторно стапуваат во неа, даваат завет дека ќе се соединат со Неа и стапувајќи во Неа навистина се соединуваат; а оние кои се раѓаат внатре во Црквата, се препородуваат за нов живот и потоа се воспитуваат во Нејзиниот дух спрема востановениот начин на живот во Неа. Сите тие претставуваат живи делови на Црквата, и од Нејзината Глава, преку Духот Свет, се удостојуваат со сите благодатни духовни дарови, по ветување вечни. Оние пак кои отстапуваат од востановениот Црковен поредок, макар што се вбројуваат во Црквата, не се наоѓаат во жива заедница со Неа, зашто не се живи, туку умреле или премреле. Нив Црквата и понатака ги држи, чекајќи да се вразумат, да ги искинат мрежите кои ги обеспатуваат и да поитаат да го обноват сојузот кој го нарушиле – сојузот со Црквата и Господа, Главата Нејзина, па така да стапат во редот со оние кои се спасуваат. Сето она за што се држи Црквата, не е од таква природа да би можело да биде препуштено на индивидуална волја, туку е неопходно за спасение, бидејќи претставува остварување, или пројавување во дело, домостројот на воплотувањето, без кој нема спасение. Затоа оној кој е туѓ на Црквата, туѓ е и на Христа Господа, и на спасението во Него.

 Кога дошол, Господ нам од небото ни спуштил друга скинија – светата вера и Црквата, устроена... според она што тој видел и цул од Отецот – во предвечниот Совет на Триипостасниот Бог. Но, се појавиле самоволни фотографи: дај да ја дотеараме таа слика, дај да направиме нови снимки – така го нагрдиле единствениот ( изворен) лик на Цкрвата; на тие ракотворни снимки кај еден излегле две глави, кај друг нема ни рака, ни нога, таму се изменети очите, онде облеката е сосема поинаква, и.т.н. А кај сите еден натпис: Црква... Човек гледа, гледа и принуден е да каже: не, тоа не е Таа. ДАли е после сето тоа долично ние, кои го чуваме изворниот лик на Црквата, да се ставаме себеси во ист ред со другите? Кои други? Тие да му ги препуштиме на Домаќинот. Тој нам ни дава опипливо сведоштво дека изворниот лик е кај нас: тоа се на сите очигледните дарови на чудотворство, прозорливост, нетленоста на моштите, чудесните појави; сето тоа го гледаме и денес... Што уште сакаме? Господ нема да им гледа низ прсти на лажливците. Тој е со нас и Неговиот Дух престојува (живее) во нашата Црква... Тоа го чувствуваме... Нашата Црква е вистинска, симната од небото и востановена на земајата.

 Дом Божји е Црквата на Бога Живиот, столб и тврдина на вистината (1. Тим. 3, 15). Соодветно на тоа, не треба да гледаме таму-ваму за да би виделе дали има некаде вистина. Таа е – блиску.Биди во црквата, држи сè што таа држи – и ќе бидеш во вистината, ќе ја поседуваш вистината и ќе живееш по неа и  во неа. Па со тоа и навистина ќе бидеш исполнет со живот. Надвор од православната Црква вистина нема. Таа е единствена верна чуварка на сè што Господ заповедал преку светите Апостоли, па затоа и е вистинска Апостолска Црква. Некои ја изгубиле Апостолската Црква, а бидејќи според христијанската свест се држи убедувањето дека само Апостолската Црква може точно да ја чува и покажува вистината, смислиле сами да направат таква црква, што и направиле, па ù дале и такво име. Името го дале, но суштина не можеле. Зашто Апостолската Црква по благоволението на Отецот ја створил Господ Спасителот, со благодатта на Светит Дух, преку Апостолите. Луѓето такво нешто не можат да создадат. Тие кои мислат да ја создадат таква, нали се на деца кои си играат со кукли. Ако на земјата нема вистинска Апостолска Црква, залудно е да се трудиме околу нејзино создавање. Но фала Му на Бога, Тој не допуштил вратите на адот да ја надвладеат Светата Апостолска Црква. По Неговото  ветување Таа постои и ќе постои до крајот на вековите. Тоа е нашата Православна Црква.

 Како што телото има разни делови и секој од нив има своја сопствена улога, која кога ја исполнува му служи на целото тело, така е и со телото на Црквата, на Која ù е Глава Христос Господ... секој дел од Него добива духовно битие; Тој му го одредува местото во телото на Црквата и му дава дар на благодат за служење.

 Повелете почесто да доаѓате до овој сладок духовен мед (Црквата).
 Сите ние кои веруваме сме Тело Христово; А Христос е Господ и Глава на тоа тело. Како што во телото секој дел живее не со својот живот, туку со животот на целото тело, и ако се одвои од телото умира и се распаѓа, така ниеден верник не живее сам за себе, туку живее со заедничкиот живот на целиот собор на верните, или целата Црква, и ако се одвои од нив или биде одлачен, духовно умира и пропаѓа.

 Ако некој ви рече: Еве овде е Христос; или: ене, таму е – не верувајте! (Мк. 13, 21). Христос Господ, Спасителот Наш, устројувајќои ја на земјата Светата Црква, изволел да пребива во Неа, како Нејзина Глава, Животодавец и Управител. Овде е Христос – во нашата Православна Црква и го нема во било која друга. Не Го барај на друго место, зашто нема да Го најдеш. Затоа, ако ти дојде некој од неправославно собиралиште и почне да те наговорува: кај нас е Христос не верувај му. Ако чуеш од некој: ние имаме апостолска заедница, и кај нас е Христос – не верувај. Црквата која ја основале апостолите и понатака пребива на земјата; тоа е – Православната Црква. Тука е Христос. А таа вчера основана заедница не може да биде апослтолска и во неа Христос Го нема. Ако чуеш некој да вели: во мене зборува Христос, а туѓ е на Православната Црква, нејќе да знае за нејзините пастири и не се осветува со Нејзините Свети Тајни - не верувај му: не е во него Христос, туку некој друг, кој за себе си го присвоил името Христово, за да би одвлекувал од Христа Господа и од Светата Црква Негова. И не берувај никому кој би ти говорел било што, што е во Црквата туѓо. Сите такви сметај ги за орудија на измамничките духови и лажливите проповедници на лажното учење.

 Во неа (Црквата) се сите тајни на верата и сето познавање на вистината; во Неа е цела благодат и сите Свети Тајни кои ја даваат таа благодат; во неа е вистинското пастирство кое навистина раководи кон спасение; на неа почива Божјото благоволение кое ја чува и го слуша Нејзиниот молитвен глас; Ангелите и луѓето и сите разумни битија соединети служат на Единиот – Себлаг Бог.

 Нашата грижлива мајка – Црквата, раководена од својата Глава, ни примпремила сè што ни е потребно; таа тоа го чува и великодушно го дава на своите чеда, во соодветно време и потребната мера.

 Жената која боледувала од крвотечение велела: само ако допрам до облеката Негова, ќе оздравам (Мт. 9, 21) – и добила по својата вера. За нас, бидејќи сме сетилни, неопходен е сетилен допир за да би примиле нематеријална сила. Господ така и уредил. Неговата Света Црква има  видливо устројство. Нè опкружуваат нас нејзините различни видливи делови и ние стапуваме со нив во допир. Преку тако вопир се прима силата Божја која почива внатре во Црквата. Приемник е верата која говори: Ако се допрам, ќе оздравам. Цркавта е – тело и облека Господова. Најистакнатите нејзини делови до кои се допираме се  Божествените Тајни, а особено, после Крштението и Миропомазанието, Светата Тајна Телото и Крвта Господови, поврзани со Тајната Покајание. Но, и во сите други делови, допирот пропратен со вера може да ја привлече неопходната сила од Господа, Кој е насекаде присутен и го гледа секој кој така постапува, говорејќи му во неговото срце: Имај смелост, чедо! Оние пак кои се самоволни и ненаклонети кон надворешниот поредок на Црквата, самите себе на тој начин се лишуваат од можноста да стапат во допир со духовната, божествена и сеоживувачка сила. Затоа остануваат болни, се исцрпуваат со своите суетни мисли и чувства, духовно се гасат и замираат.

 Како што на семето кое ‘рти храна му даваат природните стихии околу него, така и на новородениот во благодатта во Црквата преку Светите Тајни и сиот поредок на црковните свештенодејства како храна му се пружаат духовни сили. Истовремено, внатрешна сила му доаѓа од целото тело до кое е приврзан, од Телото на Црквата, во кое од Нејзината Глава се спуштаат низ жили духовни живоносни сокови... Надвор од Црквата нема духовен живот, ниту лица кои живеат духовно. Затоа пребивањето во Црквата, во живо единство со Неа, е неодложен услов за оние кои сакаат да живеат со духот и да напредуваат во христијанскиот живот.

 Во Црквата добро се молите, и не забележуватекако се одвива службата. Добро е! Ако можете, бидете што почесто во црквата. Таа е вистински дом Божји, иако е соѕидана од цигли и малтер. Срцето чувсствува дека се наоѓа во Очевиот дом, слатко му е... За негување на молитвата најдобро е да се оди во црква. Дома човекот го совладува мрзливост, а таму за мрзливост нема место: зашто што друго да прави, освен да се моли.

 Не размислувај и на никој друг не дозволувај да размислува за тоа дали наводно е можно да се устрои своето спасение без живиот сојуз со Црквата, кога без тој сојуз никаде не можат да најдат и добијат благодатни сили за спасение.

 Црквата која ние ја исповедаме е наша мајка. И вистински е зборот за тоа дека кому Црквата не му е мајка, нему Бог не му е Отец.

 

(Продолжува)

Подготви: Златко Дивјаковски

 

{moshits}