логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


СТОТИЦА ЧЕТВРТА

1. Најпрвин, умот се восхитува, поимајќи ја безграничноста на Бога во се, таа неиспитлива и многу посакувана бездна. Потоа, тој се чуди пред тоа како Бог, од небитие го привел во битие сето она што постои. Но, бидејќи величието Негово нема крај (Пс. 144, 3), така и премудроста Негова е недостижна.

2. Зашто, како може да не се восхитуваме созерцувајќи ја таа неизмерна и натчудесна ширина на благоста? Како да не се
восхитуваме, мислејќи на каков начин, и од каде произлегла умната и разумна суштина, а исто и четирите елементи од кои се образуваат телата, штом немало никаква материја што му претпостоела на нивното создавање? Каква е таа сила, којашто се довела во постоење и битие? Но, чедата на Елшште ле го лрмфахззт тоа, зашто не ја познаваат семоќната благост, нејзината дејствителност, премудрост и знаење што го надминува умот.

3. Како Творец од вечност, според Својата безгранична благост, Бог создава со единосуштното Слово и Дух кога ќе посака. И не прашувај: зошто создал сега, ако отсекогаш е добар. Зашто кажувам дека неисповедната премудрост на безграничната суштина не му припаѓа на човечкото познание.

4. Кога посакал, Творецот го осуштествил и го довел во битие од вечност претпостоечкото во Него познание за се што постои. Неумесно е да се сомневаме дека семоќниот Бог може да осуштестви било што кога ќе посака.

5. Испитувај поради која причина Бог создавал, зашто тоа е познание. Но, не испитувај на каков начин или зошто одамна создавал, оти тоа не потпаѓа под твојот ум. Зашто едни од божествените нешта луѓето ги достигнуваат, а други не. Незаузданото созерца-ние може да не фрли во пропаст - кажал еден од светиите.

6. Некои велат дека созданијата од вечност суштествуваат заедно со Бога, но тоа е невозможно. Зашто, како можат во се ограничените нешта да сопостојат во вечноста заедно со Безграничниот? Или, како тие се созданија, ако се совечни со Творецот? Тоа е учењето на Елините, коишто го сметаат Бог за Творец на својствата, но не и на природата. Ние, пак, признавајќи го Бог за семоќен, велиме дека Тој е Творец не само на својствата, туку и на суштината со нејзините својства. Ако е така, созданијата не сопостојат од вечност заедно со Бога.

7. Божеството и божественото во некој однос се спознатливи, а во друг неспознатливи. Спознатливи се низ созерцанијата на она што е наоколу, а неспознатливи се во она, во коешто Тој е Сам во себеси.

8. Во простата и безгранична суштина на Света Троица не барај некаква склоност и устојчиви содржини коишто ја прават сложена слично на созданијата. Да се мисли нешто слично за Бога е неприкладно и нечестиво.

9. Само единствената неограничена и семоќна суштина која создава се е проста, еднообразна, безквалитетна, мирна и непоматена. А секое создание е сложено и се состои од суштина и случајности и секогаш има потреба од Божјата Промисла, зашто тоа е неослободено од промена.

10. Кога била повикана во битие, секоја мислена и чувствена природа примила од Бога сили, коишто иовозможуваат да ги постигне суштествените способности: мислената способност, да мисли, а чувствената, да чувствува.

11. Бог само соопштува, а тварта добива и предава (соопштува); добива битие и блаженство, а предава само блаженство, но на еден начин телесна природа, а на друг начин бестелесна.

12. Нетелесната суштина го предава блаженството преку тоа што го говори, преку тоа што го извршува и со тоа што е созерцувана, телесната суштина го предава само поради тоа што е созерцувана.

13. Вечнобитието или небитието на мислената и разумна суштина е во волјата на Создателот на се што е добро; но, да бидат добри или лоши, според избор, зависи од волјата на созданијата.

14. Злото се созерцува не како нешто што се однесува на суштината на созданијата, но како нешто што се однесува на нивното погрешно и неразумно движење.

15. Душата се движи правилно кога нејзиниот желбен дел се раководи од воздржанието, дразбениот дел цврсто се придржува кон љубовта и се одвратува од силната омраза, а мислениот дел се насочува кон Бог преку молитва и духовно созерцание.

16. Оној што во искушенијата не пројавува долго трпение кон непријатностите што му се случуваат, туку се отсекува од љубовта кон духовните браќа, тој нема совршена љубов и длабоко познание за Божјата Промисла.

17. Цел на Божјата Промисла е со посредство на вистинската вера и духовната љубов да ги соедини оние, кои на многу различни начини се одделени преку злото. Заради тоа пострадал Спасителот, за да ги собере заедно растурените чеда Божји (Јован 11, 52). Затоа оној, што не ги издржува тешкотиите, не поднесува жалост и не ги претрпува храбро маките, живее надвор од божествената љубов и цел на промислата.

18.  Штом љубовта е долготрпелива и полна со добрина (I Кор. 13, 4), тогаш оној којшто е малодушен во ожалостеноста и затоа постапува лошо со оние што го ожалостиле и се оддалечува од љубовта кон нив, нели треба да отпадне на тој начин од целта на Божјата промисла?

19. Биди внимателен кон себеси: Дали не се наоѓа во тебе самиот, а не во твојот брат, порокот што те одделил од него. Побрзај да се помириш со него, за да не отпаднеш од за-поведта на љубовта.

20. Немој да ја пренебрегнуваш заповедта на љубовта, зашто преку неа ќе станеш син Божји, ако ја престапиш ќе станеш син на геената.

21. Од љубовта кон пријателите не одделува следното: ако завидуваме или ако сме предмет на завист, причинувањето или претрпувањето на штета, нанесувањето или претрпувањето на нечесност, и помислите возникнати од недоверба. Затоа, немој да го правиш ова самиот, и не давај им повод на другите да го прават истото, за да не бидеш отфрлен од љубовта на својот пријател.

22. Ако си поминал низ искушение од братот свој и ожалостувањето те довело до силна омраза, не дозволувај да бидеш победен од силната омраза, туку победи ја со љубов. А ќе победиш на следниот начин: искрено моли Му се за тој брат на Бога, прими го неговото извинување или сам стани негов заштитник ако се сметаш себеси за причина за искушението, и зачувај го долго трпението, додека помине облакот.

23. Долготрпелив е оној што го чека крајот на искушението. Тој добива пофалба од Бога за претрпеното.

24. Кај трпеливиот човек разум има многу (Изрек. 14, 29), зашто поднесува докрај се што му се случува и со трпение ги поднесува сите таги. А според божествениот апостол: Крајот е живот вечен (Рим. 6, 22). А животот вечен е тоа, да те познаваат Тебе Единиот вистински Бог, и испратениот од тебе Исуса Христа (Јован 17, 3).

25. Не брзај да ја отфрлиш духовната љубов, зашто нема друг пат за спасение на човештвото.

26. Поради силната омраза што возникнала во тебе од влијанијата на лукавиот, немој да го судиш како лош и зол братот, кој вчера си го сметал за духовен и добродетелен. Но, низ долготрпението подарено од љубовта, отфрли ја денешната силна омраза и помили за вчерашната добрина.

27. Поради твојот пад од љубов во силна омраза, немој денес да го хулиш како зол и лош оној, кој вчера си го фалел како добар и си го превознесувал како добродетелен и не го оправдувај своето хулење, возникнато во тебе од лукава омраза. Но, дури и да те обзе-ме жалост продолжувај ги своите пофалби и лесно ќе се вратиш во спасителната љубов.

28. Поради скриената во тебе огорченост, во присуство на други браќа немој да ја отфрлаш вообичаената пофалба за некој брат, зашто незабележливо вметнуваш порекнување на своите мисли. Напротив, при соборот на браќата само чисто пофалувај го и искрено моли се за него, како за самиот себеси. Тогаш брзо ќе се избавиш од погубната, омраза.

29. Не вели: не го мразам својот брат, ако притоа се одвратуваш од сеќавањата за него. Но, слушај го јсловото на Мојсеј: Во мислите свои не завидувај му на братот твој; изобличи го ближниот свој и нема да ти се прими во грев поради тоа (Лев. 19, 17).

30. Дури и ако братот што паднал во искушение не престанува да зборува зло против тебе, не дозволувај лукавиот демон да те отстрани од состојбата на љубов и да ти ја помати мислата. Тоа нема да се случи ако, кога те хулат благословуваш, кога говорат зло против тебе молчиш, кога те клеветат ја сочувуваш добрата волја. Таков е патот кон љубомудрието во Христос. Кој не тргнал по него, нема да се насели во Христа.

31. Не сметај ги за добронамерни оние што ти носат зборови со кои се обидуваат да ти предизвикаат силна омраза кон братот, иако ти се чини дека се праведни. Бегај од таквите луѓе како од смртоносни змии, за да го пресечеш злословието и да си ја избавиш душата од лукавство.

32. Не го зајадувај својот брат со двосмислени зборови, за да не го извлечеш од него истото за возврат, а со тоа да го прогониш и од двајцата расположението на љубовта. Напротив, оди и изобличи го (Мат. 18, 15) со доверливоста на љубовта, за да ги отстраниш причините за овој обид та и двајцата да се ослободите од поматување и ожалостеност.

33. Со целосно внимание испитувај ја својата совест: дали можеби по твоја вина твојот брат не се помирува со тебе? Не ја лажи, зашто таа ги познава твоите тајни и ќе те изобличува при напуштањето на овој свет и ќе ти биде сопка во времето на молитва.

34. Во времето на душевен мир не сеќавај се на она што братот ти го кажал во време на оскрбеност, дури и навредливите зборови да ти биле кажани в лице или кажани за тебе на друг, а потоа ти си ги слушнал, за да не ја задржиш за себеси помислата на злопамтењето и да паднеш во погубна омраза кон својот брат.

35. Разумна душа којашто се храни од силната омраза кон човек, не може да живее во мир со Бога, давателот на заповедите. Зашто Тој вели: Ако, пак, не им ги простите гревовите на луѓето и вашиот Отец нема да ви ги прости вашите (Мат. 6, 15). Дури некој и да не сака да се помири со тебе, ти, сепак, сочувај се себеси од омраза, со тоа што силно и срдечно ќе се молиш за него, и нема да го злословуваш.

36. Неизрекливиот мир на светите ангели се чува благодарение на две расположенија: Љубовта кон Бога и заемната љубов. На ист начин е устроен и мирот на сите светии од вечни векови. Зашто прекрасно кажал нашиот Спасител: На тие две заповеди се крепат целиот Закон и Пророците (Мат. 22, 40).

37. Не биди самоугодник и нема да бидеш братомразител. Не биди себељубив и ќе бидеш богољубив.

38. Ако си избрал да живееш заедно со духовни браќа, откажи се од сврите желби уште пред портите, зашто не ќе можеш да бидеш во мир ниту со Бога, ниту со оние што живеат крај тебе.

39. Оној што успеал да се здобие со совршена љубов и да го устрои целиот свој живот според неа, тој го нарекува Исуса Господ, во Светиот Дух (I Кор. 12, 3). Во спротивен случај се случува обратното.

40.  Љубовта кон Бога секогаш го окрилува умот за општење со Бога, а љубовта кон ближниот го подготвува умот секогаш да мисли добро за него.

41. За оној кој се уште ја љуби суетната слава или е приврзан кон материјалните нешта, својствено е да има огорченост кон луѓето заради нешто минливо, да биде злопамтив кон нив, силно да ги мрази или ропски да им служи на срамните помисли. А на богољубивата душа сето ова ие туѓо.

42. Кога не зборуваш и не извршуваш во мислата ништо срамно, не си злопамтив кон оној што ти направил штета или те похулил, а умот за време на молитвата секогаш ти е слободен од материјалното и претставите, тогаш ќе сфатиш дека си ја достигнал достојната мера на бестрастието и совршената љубов.

43. Не е мал подвиг да се избавиш од суетата, а од неа се избавуваме преку тајно исполнување на добродетелите и постојана молитва.

44. Ако сакаш да бидеш праведен, на секој твој дел, т.е. на душата и телото - давај му го она за коешто е достојно. На разумниот дел на душата - читање, духовни созерцанија и молитва; на чувствениот дел - духовна љубов, спротивна на омразата; на желбениот дел - целомудрие и воздржување, а на плотскиот дел - прехрана и облека, но само толку колку што е неопходно.

45. Умот дејствува во согласност со природата кога ги држи во потчинетост страстите, ги созерцува логосите на оние што суштествуваат, и престојува во Бога.

46. Како што здравјето и болеста се однесуваат на живото суштество, а светлината и темнината на окото, така добродетелта и порокот се однесуваат на душата, а знаењето и незнаењето на умот.

47. Христијанинот се омудрува на три начини: преку заповедите, догмите и верата. Заповедите го одделуваат умот од страстите, догмите го доведуваат до знаење, а верата до созерцанието на Света Троица.

48. Едни од подвижниците ги прогонуваат само страсните помисли, а други ги отсекуваат и самите страсти. Страсните помисли се прогонуваат со псалмопеење, со молитва, со богомислие или со некоја друга соодветна активност. А страстите се отсекуваат со презирање на оние нешта кон кои сме пристрасни.

49. Ние стануваме страсни кон следните нешта: жени, имот слава итн. Но, до рамнодушност и бестрасност кон жената може да се дојде, кога некој, откако ќе се одрече од светот, преку воздржување го истоштува своето тело; до презир кон имотот ако се убеди разумот да биде задоволен од она што го има; до презир кон славата, ако го возљуби тајното практикување на добродетели, коешто Му е познато единствено на Бога. Така треба да постапуваме и со другите страсти. Оној што го презрел сето ова никогаш нема да падне во некаква омраза.

50. Оној што се одрекол од светските нешта: жени, имот и друго слично, направил монах од надворешниот човек, но не и од внатрешниот, а оној што се одрекол од страсните мисли за тие нешта, направил монах и од внатрешниот човек т.е. умот. Ако посакаме лесно можеме да направиме монах од надворешниот човек, но, да го направиме таков внатрешниот - не е мал подвиг.


51. Но, кој во овој свет целосно се ослободил од страсните мисли и се удостоил со чиста и ослободена од се земно, молитва, што е признак на внатрешниот монах?

52. Многу страсти се кријаат во нашите души, тие се појавуваат кога се појавуваат нештата што нив ги возбудуваат.

53. Страстите можат да не не вознемируваат, во отсуство на нивните објекти, ако умот достигнал делумно бестрастие. Но, штом тие нешта се појават, страстите почну-ваат да го возбудуваат умот.

54. Кога предметот што предизвикува страст отсуствува, немој да мислиш дека си достигнал соврешено бестрастие. А, тогаш кога предметот на страста се појави и ти не потпаднуваш на возбудата ниту во однос на самиот предмет, ниту во однос на сеќавањата за него, знај дека си ги допрел внатрешните предели на тоа бестрастие. Но, и притоа, внимавај да не бидеш самоуверен, зашто само постојаната добродетел ги умртвува страстите, а занемарената ги разгорува повторно.

55. Оној што Го љуби Христа, својствено и Го подражава, но според своите можности. На пример, Христос не. престанал да им благотвори на луѓето. Кога среќавал неблагодарност и бил хулен, Тој бил долготрпелив, подложен на удари и бивајќи убиван, Тој поднел се, без да обвини никој за злото. Тие три дела се дела на љубовта кон ближниот и без овие три, оној што вели дека Го љуби Христос или дека сака да го достигне Царството Небесно, се лаже. Зашто Господ Бог вели: Не секој што ќе ми рече Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на мојот Отец Небесен (Мат. 7, 21). И уште: Ако Ме љубите, пазете ги Моите заповеди (Мат. 14; 15, 21).

56. Основната цел на заповедите на Спасителот е да го ослободи умот од невоздржаноста и омразата и да го издигне до љубовта кон Него и кон ближниот. Од таа љубов се раѓа светлината на дејственото познание.

57. Откако се удостоиш од Бога со делумно знаење, не ги занемарувај љубовта и воздржанието. Зашто, прочистувајќи го страсниот дел од душата, тие веднаш ти го отвораат патот кон совршеното познание.

58. Патот на познанието е бестрасност и смирение, без кои никој нема да Го види Господ (Евр. 12, 14).

59. Бидејќи умот возгордува, а љубовта изградува (I Кор. 8, 1), совпрегни ја љубовта со знаењето и нема да бидеш порочен, туку ќе станеш духовен домостроител, кој се изградува и себеси и оние околу него.

60. Љубовта изградува затоа што не завидува, не се огорчува од зависта на другите, не го изложува на разгласување она, што во неа е достојно за завист. Таа не смета дека веќе го достигнала совршенството (Фил. 3, 12) и не се срами да го признае своето незнаење. На тој начин, таа го чува умот од гордост и секогаш го подготвува за продлабочување на познанието.

61. Со познанието обично одат и високоумието и зависта, особено во почетокот. Високоумието се појавува само однатре во нас, а зависта и однатре и однадвор. Однатре - кај оние што поседуваат знаење, а однадвор - кај оние што не го поседуваат. Љубовта ги уништува овие три пороци: високоумието - бидејќи не се превознесува, внатрешната завист - бидејќи не завидува, и надворецшата завист - бидејќи е долготрпелива и полна со добрина (I Кор. 13, 4). Затоа, оној што поседува знае-ње, треба кон него да ја присоедини и љубовта, за да го сочува својот ум непоколеблив во секоја смисла.

62. Оној што се удостоил со дарот на познанието, но кој го навредува и му злопамети на својот брат, му соодветствува на човек што со трње и боцки си ги боде очите. Затоа, познанието по неопходност има потреба од љубов.

63. Не иго посветувај целото свое време на плотта, туку, откако ќе иопределиш подвиг според нејзините сили, преобрати го целиот свој ум внатре во себеси оти телесното обучување е малку корисно, а побожноста е полезна за се (I Тим. 4, 8) итн.

64. Оној што непрестано се посветува на внатрешното, опстојува во целомудрие, долготрпение и смиреномудрие. Но, не само тоа: тој созерцува, богослови и се моли. Тоа е она за кое апостолот вели: живејте по Духот (Гал. 5, 16).

65. Оној што не знае како да чекори по духовниот пат, не се грижи и за страсните мисли и целосно исе посветува на плотта. Затоа тој, или цревоугодува, блудничи, ожалостува, се разгневува и злопамети и така го помрачува својот ум, или се предава на прекумерни подвизи и ја помрачува мислата своја.

66. Писмото не отфрла ништо од она што Бог ни го дал за ползување, но замо ја зауздува неумереноста и ја исправа безрасудноста. На пример, тоа не ни забранува да се прехрануваме, да имаме пород, пари и да ги искористуваме правилно, но забранува да цревоугодуваме, да прељубодејствуваме, итн. Не ни забранува и да мислиме на тие нешта, зашто тие за тоа се создадени, но ни забранува страсно да размислуваме.

67. Некои од делата што ги извршуваме заради Бога, ги извршуваме според заповедите, а други според слободната волја. На пример, дела според заповедите се: љубов кон Бога и кон ближниот, љубов кон непријателите наши, воздржување од прељубодејствие и убиство итн. Кога ги престапуваме овие заповеди се изложуваме себеси на осуда. А делата што не се извршуваат според заповедите се: чувањето на девственоста, безбрачниот живот, сиромаштвољубивост, отшелништво, и сл. Тие го имаат значењето на дарови, за, ако 'сме во немоќ да исполниме некои од заповедите, со нив да го омилостиме нашиот благ Владика.'

68. Тој што ја почитува безбрачноста и девственоста, неопходно треба да има крст стегнат и светша запалени (Лука 12, 35), и тоа крстот - преку воздржанието, а светилникот - преку молитва, созерцание и духовна љубов.

69. Некои од браќата сметаат дека за нив се недостапни даровите на Светиот Дух, зашто поради немарност во извршувањето на заповедите, не знаат дека оној што има беспрекорна вера во Христа, ги има во себе и сите божествени дарови. Но, доколку пројавуваме мрзливост, се оддалечуваме од вистинската љубов кон Него, којашто би ни ги покажала божествените ризници, скриени во нас. Тогаш ќе биде праведно да сметаме дека сме им туѓи на Божјите дарови.

70. Ако според Божјиот апостол прекуверата се вселува Христос во нашите срца (Еф. 3, 17), а во Него се сокриени сите сокровишта на премудроста и познавањето (Кол.2, 3), сите тие ризници се скриени во нашите срца. Тие се разоткриваат, според очистувањето на секој, преку исполнувањето на заповедите.

71. Тоа е онаа драгоценост, сокриена во нивата (Мат. 13, 44) на твоето срце, што уште не си го нашол поради својата мрзеливост. Зашто ако веќе си го нашол, би продал се, за да ја купиш таа нива. Но, сега си ја оставил, и работиш околу неа, а таму нема ништо освен трње и боцки.

72. Спасителот вели: Блажени се чистите по срце, зашто тие ќе Го видат Бога (Мат. 5, 8), зашто Бог е скриен во срцата на оние што веруваат во Него. Тие ќе Го видат Бога и ризниците скриени во Него, кога ќе се очистат преку љубов и воздржание и ќе Го видат толку појасно, колку повеќе се исчистени.

73. Тој вели: Продајте си ги имотите ваши, и давајте мшостиња (Лук. 12, 33); Но, давајте милостиња според вашите сили, тогаш се во вас ќе биде чисто (Лук. 11, 14), и ќе станете такви што веќе не се посветуваат на телесните нешта, туку се стремат да го очистат умот, којшто Бог го нарекува срце. Зашто тие нешта го валкаат умот и не му дозволуваат да го види Христос, Кој престојува во него благодарение на благодатта на светото крштение.

74. Писмото ги нарекува добродетелите патишта, а најголема добродетел е љубовта. Светиот апостол вели: а Јас ќе ви покажам уште подобар пат (I Кор. 12, 31), зашто љубовта не убедува да ги презираме материјалните нешта и да не претпочитаме ништо пред вечноста.

75. Љубовта кон Бога стои наспроти похотата, зашто го убедува умот да се воздржува од насладувања. Љубовта кон ближниот се бори против гневот, зашто раѓа презир кон богатството и славата. И, тие се оние два златника што Спасителот му ги дал на гостилничарот, за да се погрижи за тебе (Лука 10, 35). Но, не се покажувај како неразумен и не им се придружувај на разбојници, за да не бидеш повторно ранет и да се пронајдеш себеси не полумртов, туку мртов.

76. Прочисти го умот свој од гнев, злопамтење и срамни помисли, и тогаш ќе можеш да Го познаеш Христос, Кој е во тебе.

77. Кој те просветил со верата во Светата единосушна Троица на Којашто исе поклонуваме? Кој ти го дал знаењето за домостроителството на Едниот од Светата Троица? Кој те научил за логосите на нетелесните (суштества), за настанокот и крајот на видливиот свет, за воскресението на мртвите и за вечниот живот, за славата на Царството Небесно и за Страшниот Суд? Не е ли тоа престојувачката во тебе Христова благодат, којашто е залог на Светиот Дух? Што е поголема од таа благодат и што е подобро од таа премудрост и тоа знаење? Што ги надвишува нив двете? Но, ако сме мрзеливи и неработливи, не се прочистуваме од страстите што не осквернуваат и ни го помрачуваат умот така што не можеме да ги видиме логосите на тие нешта појасно од сонцето, треба да се обвинуваме себеси, а не да го одрекуваме постоењето на благодатта во нас.

78. Бог, Кој ти ветил вечни блага и на твоето срце му го подарил залогот на Духот, ти заповедал да се грижиш за праведниот живот, па кога ќе се ослободиш од страстите, внатрешниот човек уште тогаш да започне да ги вкусува тие блага.

79. Откако ќе се удостоиш со божествени и возвишени созерцанија, биди уште повеќе ревносен во љубовта и воздржанието, за, чувајќи го во непоматеност страсниот дел од душата, да jа сочуваш непрестано светлината на душата.

80. Дразбениот дел од душата зауздувај го со љубов, желбениот ослабувај го со воздржание, а разумниот окрилувај го со молитва и светлината на умот никогаш нема да се помрачи во тебе.

81. Љубовта се разорува од следното: бесчестие, сторена навреда, или во однос на верата, или во однос на животот, а исто и телесни навреди, удари итн. Тоа може да се случи со некој твој роднина или пријател. И оној што со слични дејства ја урива љубовта, тој не ја спознал целта на Христовите заповеди.

82. Труди се, доколку е возможно, да го љубиш секој човек. Но, ако не можеш, стреми се да не мразиш никого. Но, ни тоа нема да можеш да го сториш, ако не го презреш сето она што е земно.

83. Некој хулел на тебе! Немој да го мразиш него, туку мрази го самото хулење и демонот што го предизвикал тоа. Ако го мразиш оној што хули, ти мразиш човек и со тоа ја престапуваш заповедта и тоа што тој го извршил со збор, ти го извршуваш со дело. А, ако ја запазуваш заповедта, докажи ја својата љубов, и доколку можеш, помогни му да се избави од злото.
84. Христос не сака да имаме омраза и огорченост кон брата си, или пак, гнев и злоба кон некого, допуштени на каков и да е начин и заради што и да е. Тоа му го проповедаат секому четирите Евангелија.

85. Мнозина од нас зборуваат, но малку постапуваат. Но, никој не смее да го изопачува словото Божјо преку сопствената негрижа. Напротив, треба да ја исповедаме својата немоќ и да не ја сокриваме Божјата вистина, за да не излеземе виновни, не само за престапувањето на заповедта, туку и за неправилно толкување на словото Божјо.


86. Љубовта и воздржаноста ја избавуваат душата од страстите, корисното за душа читање и созерцанието го ослободуваат умот од незнаење, а стоењето на молитва го исправува оној што се моли, пред Самиот Бог.

87. Кога демоните гледаат дека ние ги презираме нештата од светот, за преку нив да не пламнеме во омраза кон луѓето и да не отпаднеме од љубовта, тие подигаат клевети против нас, та, не поднесувајќи ги несреќите, да ги намразиме клеветниците.

88. За душата нема ништо потешко од клеветата: независно дали е клеветена верата или животот на човекот. И никој не може да го презре тоа, освен ако, слично на Сузана (Дан. 13, 35), не го гледа само Бог - Единствениот, Кој има сила да избавува како што ја избавил неа, и да ги убеди луѓето, како што за неа ги убедил, и да ја утеши душата со надежта.

89. Соодветно на тоа како се молиш за оној што те оклеветил, така и Бог ќе му ја открива вистината за тебе на оној што се соблазнил.

90. Само Бог е Добар по природа, а по настроението на душата, само оној човек што се угледува на Бога, зашто неговата главна цел е да ги обедини злите со добрите по природа за и тие да станат добри. Затоа, кога е хулен - благословува; кога е прогонет - трпи; кога е унижуван - утешува; кога го убиваат -се моли за убијците (I Кор. 4, 12, 13) Тој прави се за да не отпадне од својата цел - љубовта.

91. Заповедите Господови не учат да се ползуваме за добро од нештата што не се ниту зли ниту добри. Благословеното искористување на тие нешта, ја прави душата чиста. Чистата состојба на душата раѓа способност за расудување. Таа, пак, од своја страна раѓа бестрастие, а од бестрастието се раѓа совршената љубов.

92. Се уште нема бестрастие оној што во час на искушение не може да ја пренебрегне грешката на својот пријател, независно дали таа навистина постои или само му се чинело така. Зашто, страстите што се кријат во душата на таквиот човек, возбудувајќи се, го ослепуваат умот и не му даваат да ги види зраците на вистината, и да го разлачи доброто од злото. Таков човек не се стекнал со совршената љубов којашто го изгонува стравот (I Јован 4, 18).

93. Верниот пријател нема цена; добрината негова нема крај (Сир. 6, .15), зашто тој, несреќите на својот пријател ги смета за свои, и ги поднесува заедно со него, страдајќи дури и до смрт.

94. Многу се пријателите во време на среќа, но во време на искушение тешко е дури и еден да се најде.

95. Треба да го љубиме секој човек со целата своја душа, но надежта своја треба да ја полагаме само во Бога и Нему да Му служиме со сите сили. Зашто, додека Тој не чува, и пријателите не почитуваат и непријателите се бессилни против нас. А кога не остава, сите пријатели се одвратуваат од нас, и враговите не победуваат.

96. Постојат четири вида на богооставеност. Првиот е промислителен, како што било со Самиот Господ, за преку привидната богооставеност да бидат спасени оставените. Вториот е богооставеноста заради испитување, што се случила со Јов и Јосиф, за да го покаже едниот како столб на мажественоста, а другиот како столб на целомудрието. Третиот вид, е воспитувачка богооставеност, како што било со апостол Петар, та преку смиреномудрие да се запази во него преизобилна благодат. Четвриот е богооставеноста заради отпадништво од Бога, што се случило со Јудејците, та преку казната да се обрнат кон покајание. Сите тие видови на богооставеност се спасителни и преполни со Божјата Благост и Премудрост.

97. Само оние коишто строго ги запазуваат заповедите и се вистински тајници на Божјите судови, не ги оставаат своите пријатели што по Божјо допуштање се подложени на искушенија. А оние што ги презираат заповедите и се непосветени во тајните на Божјите судови се радуваат заедно со својот пријател, кога тој е среќен, а кога е во искушение и страдања го оставаат. И понекогаш, се случува дури и да застанат на страната на неговите непријатели.

98. Пријателите на Христос срдечно ги љубат сите, но не се љубени од сите. А пријателите на овој свет не ги љубат сите и не се љубени од сите. Пријателите Христови ја чуваат докрај постојаноста во љубовта; пријателите од овој свет ја чуваат дотогаш, додека помеѓу нив не започне кавга заради нешто од светот.

99. Верниот пријател е сигурна заштита (Сир. 6, 14). Зашто во среќата е благ советник и еднодушен помошник на пријателот свој, а во страдањата негов најискрен приврзаник и сестрадателен бранител.

100. Мнозина кажале многу за љубовта, но ако ја побараш, ќе ја најдеш само во Христовите ученици, зашто единствено тие за Учител во љубовта Ја имаат вистинската Љубов, за која е кажано: да имам пророчки дар и да ги знам сите тајни, да ги имам сите знаења за сите работи, а и така силна вера што и планини да преместувам, штом љубов немам, ништо не ми користи (I Кор. 13, 2, 3). Оној што се здобил со љубов, се здобил со Самиот Бог, зашто Бог е љубов (I Јован 4, 16). Слава Му во век и веков. Амин.

 

Друго:

Blagodatniotogan.doma.jpg Св. Максим Исповедник- 400 глави за љубовта (1)

sv.Maksim.Ispoved.jpgСв. Максим Исповедник- 400 глави за љубовта (2) 

Извор:Библиотека : СВЕТИ ОТЦИ, Книга 2

Издавач: ИКОНА

sv.Maksim.Ispoved.jpg Св. Максим Исповедник- 400 глави за љубовта (3) 


 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5843
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6649
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6449
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5636
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Православен календар

 

25/04/2024 - четврток

Велигденски пости; (строг пост)

Преподобен Исаак Сирин II (Исаак Сирин I се празнува на 28 јануари); Свети Василиј Исповедник; Преподобен Акакиј; Преподобна Атанасија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Исповедник на верата Христова постана,откако Спасителот Го повика кога се најде сред морските бранови,о Димитрие новомачениче.Надеж стана за паднатите кои во...

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Василие, преподобен оче наш,верата во Христа ти ја сочува,иако велијар во безумие кон тебе поита,стадото Христово по твоите молитви Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Велик те направи Спасителот тебе Антипопомеѓу ѕвездите небесни,и возвишено стана името твое во Црквата,на која како семе одбрано и послужии...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная