Свети Анатолиј Оптински (Помладиот)

За ересите во последните времиња и храброто исповедање на верата


 monahinja.Bogorodica.jpgЧедо мое знај дека во последните денови ќе настапат тешки времиња, како што вели Апостолот. И, поради недостаток на побожност, во црквите ќе се појават ереси и расколи, како што предскажувале Светите Отци, тогаш на архиерејските престоли и во манастирите нама да има луге опитни и искусни во духовниот живот. Поради тоа ересите ќе се шират насекаде и ќе прелажат многумина. Непријателот на родот човечки лукаво ќе делува за да би ако е можно, во ерес да ги вовлече избраните. Тој нема веднаш грубо да ги отфрли догмите за Света Троица, божеството на Господ Исус Христос, за Пресвета Богородица, но ќе почне неприметно да го искривува учењето на Црквата, кое нам ни го предале Светите Отци од Светиот Дух. Делата на непријателот и неговите лукавства ќе ги приметат само мал број од луѓето, оние кои се наискусни во духовниот живот.
 Еретиците ќе завладеат со Црквата, секаде ќе поставуваат свои слуги, а побожноста ќе биде занемарена. Но Господ нема да ги остави Своите слуги без заштита. Он рекол: “По плодовите нивни ќе ги познаете”, така и ти по плодовите, т.е. по делувањето на еретиците, настојувај да ги разликуваш од вистинските пастири. Тие духовни арамии (крадци) кои го разграбуваат духовното стадо “не влегуваат низ вратата во овчото трло, туку од друго место”, како што рекол Господ Исус Христос, т.е., ќе влезат на незаконски начин, уништувајќи ги со насилство Божјите устави. Затоа Господ Исус Христос ги нарекува разбојници (Јн. 10,1).
 Навистина нивната прва должност е прогонување на вистинските пастири, нивно затварање, бидејќи без тоа не може стадото да се разграби. Затоа, сине мој, кога во Црквата ќе видиш навреување на божествениот чин, на Отечкото Предание и од Бога востановениот поредок, знај дека еретиците се веќе појавиле, иако можеби одредено време ќе го кријат своето зловерие, или непријатно ќе ја искривуваат божествената вера, за да успеат подобро, да ги залаже  неискусните.
 Прогонувани ќе бидат не само пастирите, туку и Божјите слуги, бидејќи ѓаволот кој ги раководи ересите не трпи благочестие (побожност). Ќе ги препознаеш овие волци во овча кожа по нивната горделива природа, властољубие, славољубие. Ќе бидат клеветници, предавници кои секаде ќе сејат омраза и злоба, затоа и Господ рекол дека по нивните плодови ќе ги познаеме. Вистинските слуги Божји се – смирени, братољубиви и на Црквата послушни.
 Голем притисок од еретиците ќе трпат монасите, а монашкиот живот тогаш ќе биде исмеван. Особено во  манастирите , ќе се намали бројот на монасите, а оние кои ќе останат ќе трпат насилство. Овие омразители на монашкиот живот, кои само изгледаат побожно, ќе настојуваат да ги приведат монасите на своја страна, ветувајќи им заштита и световни добра, а заканувајќи им се со прогонување на оние кои нема да се покорат. Од овие закани маловерните ќе ги зафати големо очајание. Ако го доживееш тоа време, сине мој, радувај се, бидејќи тогаш верниците, кои нема да имаат никакви други добродетели, венци ќе добиваат само поради останување во вистинската вера, по зборовите Господови: “Секој , кој ќе ме признае пред луѓето, ќе го признаам и Јас пред Својот Отец Небесен”(Мт. 10,3).
 Плаши се од Господа, сине мој! Да не го изгубиш подготвениот венец, да не бидеш отфрлен од Христа во вечна темнина и мака храбро стој во верата и, ако е потребно, со радост трпи прогонувања и други неволји, бидејќи со тебе ќе биде Бог... и светите Маченици и Исповедници со радост ќе го гледаат твојот подвиг.
 Но, во тие денови, тешко на монасите кои се врзале зо имоти и богатства, и кои поради љубов кон раскошот ќе се потчинат на еретиците. Тие ќе ја успијат својата совест, говорејќи: “Ќе го зачуваме и ќе ја спасиме обителта (манастирот) и Господ Бог ќе ни опрости”. Несреќни и заслепени, воопшто нема да помислат дека преку ересите и еретиците во манастирите ќе влезат и демоните, и тогаш тие нема веќе да бидат света обител (манастир) туку – голи ѕидови, од кои засекогаш ќе отстапи благодатта.
 Но Бог е поголем од демонот и никогаш нема да ги остави своите слуги и вистински христијани ќе има до крајот на времето, но тие ќе избираат осамени и пусти места. Не плаши се од неволји, туку плаши се од погубни ереси, бидејќи тие ја одземаат благодатта и одвојуваат од Христа. Затоа Господ Исус Христос заповедал еретиците да ги сметаме за незнабошци и цариници.
 И така, крепи се, сине мој, во благодатта на Господ Исус Христос, со радост итај во подвигот на исповедање и поднесување на страдања, како добар војник на Господ Исус Христос (2 Тим. 11,1-3), Кој рекол: “Биди верен до смртта и ќе ти дадам венец на животот”(Откр. 2,10). Нему со Отецот и Светиот Дух чест и слава и сила во сите векови. Амин. 

 Подготви: Симеон Алексов

 Посети: {moshits}