Monah.prolet1.jpg

МОЛИТВА НА СВЕТИ АНТОНИЈ ОПТИНСКИ

Ќе претрпам се` поради  Исуса Христа.
Господи, дај ми да ги согледам своите прегрешенија.
Господи, дај ми трпение, штедрост, и кроткост.
Во рацете на преголемата милост Твоја, о, Боже мој,
ја предавам својата душа и своето многуболно тело.
Биди ми Помошник и Заштитник  во се`
 во радост и тага, во среќа и несреќа, во болест и во здравје,
во живот и во смрт,
секогаш нека  нека биде Твојата Света Волја,
како на небото, така и на земјата. Амин.


sv.Makarij.Optinski.jpg

 

 ПРЕТСМРТНА МОЛИТВА НА  ПРЕПОДОБEН  МАКАРИЈ ОПТИНСКИ

Копнее душата моја сакајќи во Господовите дворови,
но како е волјата Твоја така нека ми биде.
Малку е тоа за мене кукавица,
спрема гревовите мои.
Подобро овде да пострадам,
а  таму Божја милост да примам.


МОЛИТВА НА ЕРОМОНАХ ФИЛОТЕЈ ГРИГОРИАТИС

 

skit2.jpgГосподи Исусе Христе, чуј го искрениот глас на моето срце, кое вика по Тебе:
Верувам дека Ти си (Ти постоиш), но не можам да го почувствувам тоа со целото свое срце.
Знам дека Ти ме гледаш и чуваш, Ти како Творец мој ме познаваш многу подобро,
отколку што се познава, самиот, но јас не Те познавам така, како што би сакал.
Слушам за Тебе од другите, читам и учам за Тебе, но сеуште ми е тешко да бидам близу до Тебе.
Познавам добри луѓе, кои се Твои пријатели, се плашат од Tебе и Те сакаат, и животот им е исполнет со Тебе, но јас сеуште чувствувам сомнежи, затоа што ми недостасува подлабоко општење со Tебе.
Насекаде го чувствувам Твоето присуство во секојдневието свое, во тешкотиите, во природата и во целото создание, ама сеуште не можам да поверувам во Тебе вистински.
Признавам дека без Тебе, без Твојата благодат, без Твоето воскресение и Твојата љубов, животот, мојот живот не би имал никаква смисла, но продолжувам да живеам далеку од Тебе,
од Твојот живот, од Твоите спасителни заповеди и поради тоа продолжувам да се сомневам.
Господи, помогни ми да поверувам во Тебе со целото свое срце!
Помогни ми да Те откријам и ќе се зарадува душата моја.
Научи ме да Те сакам, и така мојот окајан живот ќе се исполни со вистинска радост и смисла.
Јави ми ја во срцето вистината на Твоето Свето Евангелие, на Твоето Воскресение.
Просветли ме со Твоето вистинско знаење.
Дојди во мојот живот, така како што Ти знаеш и како што ќе биде добро за мене. Посети ме,  за да го стекнам Твојот длабок, со ништо неспоредлив мир и блаженство.
Привлечи ме кон Твојата љубов, за да можам постепено да ја надминам својата себичност и егоизам, да се избавам од сите свои страсти, да се исцелам од сите свои немоќи.
Знам Господи дека се` тоа не може да биде постигнато одеднаш, без продолжителни усилија и трпение.
Но, ако Ти ме привлечеш со сладоста на Твојата благодат, тоа ќе постане лесно и возможно за мене.
Ако Ти влезеш во мојот живот и го благословиш, тогаш вистински ќе ја вкусам радоста што живеам, ќе се стекнам со надеж према иднината.
Ако Ти пребиваш во мене и јас во Тебе, тогаш целосно ќе се приврзам кон доброто во својот живот, во односите со другите, во обителта, во работата, во сегашноста и во иднината, бидејќи без Тебе во мојот живот ништо не би имало смисла.
Ако Ти дојдеш кај мене, тогаш јас ќе можам да се свртам кон Тебе и да започнам чист, свет живот, како многу од Твоите светии, кои пред тоа Те отфрлиле и живееле во грев: како Петар, Павле, Самаријанката Фотони, Марија Египетска, како Блудниот син, Разбојникот и Закхеј.
Ако Ти ме посетиш и останеш во мојата душа, тогаш јас ќе се стремам да не Те огорчувам со ништо и брзо да проштевам на оние кои ми згрешиле мене. Знам, дека ќе направам добро на својата душа не кога ќе го осудам братот свој, а кога на дело ќе го исполнам кажаното од светите отци:”Биди строг према себеси, но милостив према ближниот“.
Во секоја една работа ќе се стремам да живеам таков живот, кој ќе ме приближи до Тебе и братот мој.
Ако Ти ме посетиш, јас ќе го почувствувам величието на верата во Тебе, на Твојата света Православна Црква.
Ќе бидам во состојба да ги придобијам Твоите свети добродетели, да живеам во вождржание, во пост и молитва.
Со радост ќе живеам во светиот Твој храм, за да учествувам во Твоите свети тајни, со чувство на длабоко покајание ќе ги исповедам гревовите свои пред Твоите свештеници, за да можам достојно да се причестувам со драгоцените Твои Крв и Тело, после  неопходната подготовка под нивното духовно раководење.
Но, сето тоа се`уште недостасува кај мене, о, Господи!
Прости ми, бидејќи сеуште Те оскрбувам со начинот на мојот живот, со своите дела, збор и помисла.
Помогни ми да се исправам, подигни ме.
Помогни ми да се исцелам.
Помогни ми да се очистам.
Помогни ми да Те откријам.
Господи Исусе, просветли ме.
Господи Исусе, благослови ме.
Господи Исусе Христе , помилуј ме.


sv.Siluan.Atonski.jpg

 

МОЛИТВА НА СВЕТИ СИЛУАН АТОНСКИ

Господи, Ти Кој се молеше за непријателите, научи не` со Духот Свет да ги
сакаме оние што не` мразат!
Господи, ни заповеда да ги сакаме непријателите, но тоа не е можно без Твојата благодат!
Господи, излеј ја Твојата благодат на земјата, дај им на сите луѓе
да ја разберат Твојата љубов и да видат дека не` сакаш како мајка и повеќе од мајка!
На нашата Православна Црква и` е дадено да ги разбира  тајните Божји
преку Светиот Дух, и нејзината моќ се крие во светлината на нејзината
мисла и во нејзиниот христолико трпение!
Луѓето се препираат околу верата и на тие препирки им нема крај.
Всушност, нема потреба да се препираме! Треба само да се молиме
на Бога и на Мајката Божја, и Господ ќе не` просветли.
Милостив Господи, со изобилноста на Твојата милост, спаси не` сите!


Molitva.zaAntioh.jpg

 

ПОКАЈНА МОЛИТВА НА СВЕТИ АНТИОХ

Надевајќи се на бескрајната Твоја дарежливост, Владико, од осквернетата и нечиста уста Ти принесувам молитва: Помени, бидејќи над мене е повикано Твоето свето име и бидејќи ме избави со Својата скапоцена крв, бидејќи ме запечати со Својот Свет Дух, избавувајќи ме  од длабочината на моите беззаконија. Не допуштај да ме грабне непријателот. Исусе Христе, заштити ме  и биди ми помошник во борбата, бидејќи сум роб на страста која ме напаѓа. Ти пак, Господи, немој да ме оставиш на земјата осуден заради моите дела, туку ослободи ме, Владико, од лукавото ропство на светодржецот, усвојувајќе ме за своите заповеди.
Пату на мојот живот, Христе мој, Твоето лице е светлина на моите очи. Боже, Владико и Господи, не давај на моите очи да се превознесат и злобната страст оддалечи ја од мене. Покори ме со Својата света рака. Нека не ме обземаат страстите и алчноста и не предавај ме на бесрамната душа. Во мене нека засветли светлината на Твоето лице. Господи, за да не ме обземе темнината, ниту пак да ме грабнат оние кои одат во неа. Немој да дозволиш, Господи, Твојот слуга да го касаат туѓи кучиња. Оче Свети, удостој ме да бидам живеалиште на Твојот Свет Дух и направи ме дом на Твојот Христос. Патевотиделу на заблудените, упати ме за да не се свртам на левата страна. Лицето Твое, Господи, посакав да го видам. Боже, упатувај ме со светлината на Твоето лице. Дарувај му извор солзи на Својот слуга и роса на Светиот Дух дај му на Своето создание, за да не се исушам како смоквата што си ја проколнал. Солзите нека бидат мое пиење, а молитвата моја храна. Сврти го, Господи, мојот плач на радост и прими ме во Своето вечно живеалиште. Нека ме стигне Твојата милост, Господи, и дарежливоста Твоја нека ме опфати, па отпушти ми ги сите мои гревови. Зашто Ти си вистински Бог, Кој ги отпушта беззаконијата. Не дозволувај, Господи, да се посрами делото на Твоите раце, заради многуте свои гревови, туку повикај ме Владико, со Единородниот Твој Син, нашиот Спасител. Подигни ме мене што лежам, како што го подигна митникот Левиј, а оживотвори ме мене умртвениот од гревови, како што тоа го направи со синот на вдовицата. Бидејќи Ти единствен Си воскресение на мртвите и на Тебе ти доликува слава во вековите. Амин.


МОЛИТВА НА СТАРЕЦ ПАРТЕНИЈ КИЕВСКИ

Исусе,  живеј во мене
и дај ми и јас да живеам во Тебе!

sv.Partenij.Kievski.jpgГосподи , Исусе Христе, Сине Божји,
не допуштај суетата, самољубието, сетивноста, неработата, гневот,
да господарат со мене и да ме оттргнат од Твојата љубов.
...О, мој Господи,  Создателу мој, цела моја Надеж!
Не ме оставај без удел во блажената вечност;
направи да го следам Твојот свет пример,  и да бидам покорен на властите поставени
над мене.
Дарувај ми ја онаа чистота на духот,
онаа едноставност на срцето, коишто не` прават достојни на Твојата љубов.
Кон Тебе, о мој Боже, ја вознесувам мојата душа и срце,
не допуштај да пропадне Твоето создание,
туку избави ме од единственото и  најголемо зло – гревот.
Направи, Господи, со  такво  трпение да ги поднесувам душевните немири и жалости,
со каква радост ги примам задоволствата на срцето.
Ако сакаш, Господи, Ти можеш да ме очистиш и осветиш.
Се предавам на Твојата добрина и Те молам да истераш од мене се` противно,
и да ме приклучиш на мноштвото Твои избраници.
Господи, земи ја од мене празнотијата на духот, што го убива времето,
суетата на мислите, која се меша во Твоето присаство
и го расплинува вниманието при мојата молитва.
Ако се оддалечам од Тебе со своите помисли додека се молам,
помогни ми мојата растресеност да не биде самоволна
и, одвраќајќи  го умот, да не го одвраќам и срцето.
Ти ги исповедувам Тебе, на својот Бог, сите гревови на моето беззаконие, сега и порано сторени кон Тебе. Прости ми ги поради Твоето свето име
и спаси ја мојата душа што си ја откупил со Твојата Света  и  Драгоцена Крв.
Се врачувам себеси на Твоето милосрдие, се предавам на Твојата волја;
постапувај со мене спрема Својата добрина, а не спрема мојата злоба и беззаконие.
Научи ме, Господи, да управувам со своите дела така
што тие да помагаат во прославувањето на Твоето свето име.
Смилувај се, Господи, на сите христијани,
услиши ги желбите на сите коишто викаат кон Тебе,
избави ги од секое зло, спаси ги своите слуги, испрати им радост, утеха во неволјите
и Својата света милост.
Господи! Ти се молам особено за оние коишто на било кој начин ме увредиле, ожалостиле
или ми направиле било какво лошо, не казнувај ги поради мене грешниот, туку
излиј ја врз нив Својата благост!
Господи, Ти се молам за сите оние коишто, јас грешниот, сум ги нажалил, увредил или соблазнал, со збор, дело, помисла свесно или несвесно.
Господи Боже, отпушти ни ги нашите гревови и нашите взаемни нажалувања;
истерај, Господи, од нашите срца, секое негодување, гнев, злопамтење, кавга
и се` она што може да пречи на љубовта и да го намали братољубието.
Помилуј ги, Господи, тие коишто ме замолиле да се молам за нив, јас грешниот и недостојниот!
Помилуј го, Господи, секого којшто ја бара Твојата помош!
Господи, направи го овој ден на Твоето милосрдие, дај му на секому спрема неговата молба,
биди Пастир на заблудените, Водач и Светлина на неверните,
Учител на нерасудните,
Татко на сиромашните, Помошник на угнетените,
Лекар на болните,
Утешител на тие коишто умираат,
и сите нас приведи не` до саканит крај –
при Тебе, пристаништето наше и блажено Упокоение.
Амин.
 


МОЛИТВА НА СТАРЕЦ СОФРОНИЈ (САХАРОВ)

arh.Sofronij.jpgВечен Боже, Цару на светот, Создателу на небото и на земјата, Исусе Христе, на беспочетниот Отец, Кој со таинствена добрина си ме повикал од небитие во овој живот, Кој ми подари благодат на Крштение и повторно раѓање, Кој стави печат со Својот Свет Дух врз удовите на моето тело и ја  стави желбата во моето срце да Те барам, Тебе, единствениот вистински Бог, чуј ја мојата молитва.
Ни живот, ни светлина, ни радост немам – сè мое е во Тебе. Не сум достоен да Те погледнам заради мноштвото мои гревови, но како што сам си им рекол на Своите ученици: сè што ќе посакате од Отецот Мој во Мое име, ќе ви се даде. Затоа и јас смело те призивам: очисти ме од секаква нечистотија и научи ме како треба да молам.
Благослови го овој ден што ми го даде мене, недостојниот Твој слуга, и со силата на Твојот благослов удостој ме во секое време и на секое место, со чисто срце да говорам и работам во слава Твоја, со трпение, смиреност, со љубов во духот на мир, кроткост и премудрост, да Те имам пред очите свои. Кажи ми го, Господи, патот на Твојата волја, по бесконечната Твоја добрина; Ти,  Кој ги истражуваш  срцата и бубрезите, ја знаеш и сета моја мака и безумие; Ти го знаеш  моето слепило  и незнаење, но и желбата на моето срце да ги видиш болките и тагата на мојата душа, кои не се скриени пред Тебе.
Чуј го пак молењето мое и со Светиот Свој Дух води ме по прав пат. Кога мојата превртлива волја ќе ме наведе на туѓи патишта, тогаш, Те молам, не поштедувај ме и со сила врати ме на патот на Твоите свети заповеди. Со силата на Твојата љубов дај ми да ги следам Твојите  стапки, каде и да одиш. Сочувај ме од секакви желби и зборови кои се погибелни за мене, и од секое движење на срцето и на умот што можат да го растажат Твојот Свет Дух, или братот мој. Научи ме што треба да зборувам и како треба да зборувам. Ако е Твоја волја да замолчам, поучи ме да молчам во духот на мирот, не повредувајќи никогo.
Води ме по патиштата на Твоите правила и сè до последниот мој здив не давај ми да се оддалечам од светлината на Твоите заповеди, и тие да ми бидат единствен закон на моето постоење, привремено и вечно.
Да, Создателу мој Добар, смилувај се над мене, на паднатото Твое суштество и сожали се во смирение и тага и не скриј ги патиштата на Твоето спасение.
За големи и мали работи Те молам, Боже мој, а не ги заборавам своите расипаности  и недобрини, помилуј ме и не отфрли ме од Лицето Свое заради мојата смелост, умножи ја во мене оваа света смелост, и удостој ме, најнечистиот од нечистите, да Те сакам како што си ни заповедал: со сето срце.
Да, Господе Цару,  со Твојот Свет Дух научи ме да просудувам и да одлучувам добро. Дај ми да ја спознаам Твојата вистина пред да слезам во својот гроб. Продолжи ги моите денови на овој свет додека не Ти принесам плодови на покајание. Не земај ме во полнотата на моите денови, ниту во часот на помраченоста. А кога  благоизволиш да го прекинеш овој мој беден живот, кажи ми, за да ја подготвам мојата душа за средба со Тебе.
На тој голем ден, во тој страшен час биди со мене, Господи, и подај ми  ја неискажаната радост на Твоето спасение. Од тајните мои и беззаконијата мои што се кријат во мене очисти ме, и дај ми да Ти дадам добар одговор на Страшниот Твој Суд.
Да, Господи, по големата Твоја милост и човекољубие, чуј ја мојата молитва. Амин.


sv.D.Rostovski.jpg

МОЛИТВА НА СВЕТИ ДИМИТРИЈ РОСТОВСКИ

Дојди, моја Светлино, и просветли ја мојата темнина,
Дојди, мој Животодавче, и врати ме од смртта,
Дојди мој Лекару, и излечи ги моите рани,
Дојди, Огну на Божествената љубов
и изгори ги трновите на моите гревови,
запали го моето срце со пламенот на љубовта,
Дојди, мој Цару, седни на тронот на моето срце,
и владеј таму,
да не бидеш осамен мој Царе и мој Господи.

Izbor20.jpg

МОЛИТВА  ВТОРА НА СВЕТИ АНТИОХ  КОН ГОСПОД НАШ ИСУС ХРИСТОС

Седржителу, Слово на Отца, Исусе Христе, Ти си единствен совршен. Поради Твоето големо милосрдие, Ти се молам, никогаш не се оддалечувај од мене, Твојот слуга, но секогаш живеј во мене. Исусе, Добри Пастиру на Твоето стадо, не ме оставај на ѓаволските искушенија, бидејќи во мене има семе на  гревот. Господи Боже Тебе  Ти се поклонувам, Цару Свет, Исусе Христе, чувај ме во сонот преку силата на Твојот Свет Дух, преку Кого си ги осветил Твоите ученици. Господи, дај ми го и мене, на Твојот слуга, Твоето спасение. Просвети го мојот ум со светлината на Твоето Евангелие, душата – со љубовта кон Твојот Крст, срцето – со чистотата на Твоето Слово, телото мое – со Твоите големи страдања, мислата моја запази ја со Твоето смирение и крени ме навреме да Те славословам. Зашто си прославен со Беспочетниот Твој Отец и Пресветиот Твој Дух во вековите на вековите. Амин!


sv.Joanikij.Veliki.jpg

 

МОЛИТВА НА СВЕТИ ЈОАНИКИЈ ВЕЛИКИ
 
Мојата надеж е Отецот,
мое засолништво - Синот,
а покров ми е Светиот Дух, Троице Света, слава Ти.


ЕПИСКОП КОНСТАНТИН ПРЕСЛАВСКИ

АЗБУЧНА МОЛИТВА  (IX ВЕК)

Јас на Бога му се молам со овие зборови:
Боже свети, што го создаде видливиот
и невидливиот свет!
Господи, дух прати ми во срцето
да ме помилува со пламеното слово –
ете, по прав пат да тргнат сите
живи во Твојата пречиста заповед!
Знам, законот Твој е жив светилник
и во патеки светлина нетлеена
кон евангелскиот дар жеднеан.
Литна денес и словенското племе да бара,
милоста на Твојот крст да ја бара...
Но мене, кој молам за помош,
Оче, Сине и Пресвети Душе – просам – дај ми го Твоето моќно слово,
раце кревам за да добијам мудрост,
сила, што обилно од небото
Ти ја даруваш.
Запази ме од горда  злоба
фараонска, исцели ме, дај ми
херувимска сила шестокрила,
Цару над царевите! Да ги опишам
чудесата Твои вдахновено,
одејќи пак по патот славен,
што  учителите два  вечно
млади, го нацртаа... Да го направам
јавно Твоето слово за народот!
На Света Троица слава:
секоја  возраст Нејзе и воздава слава!
И народот мој Оца и Сина,
и Светиот Дух го возвеличува –
денес и во век и веков.


 

МОЛИТВА ТРЕТА НА СВЕТИ СИМЕОН МЕТАФРАСТ

sv.Simeon.Metafrast.jpgГосподи, Ти си единствен чист и нетлеен. Ти заради нас и од неискажлива човекољубива милост, си  примил човечко тело од Твојата Мајка, која Те родила натприродно преку осенувањето на Божјиот Дух и благоволението на вечниот Отец; Христе Исусе, Ти си Божја Премудрост, Ти си мир и сила; со Твоето воплотување, откако ги прими животворните и спасителни страдања, крстот, клинците, копјата и смртта, умртви ги моите душегубни и телесни страсти.
Со погребението си го пленил царството на пеколот;  преку добри помисли закопај ги моите лоши намери и уништи ги духовите на лукавството. Со Твоето тридневно и живоносно воскресение, откако го воскресна паднатиот праотец, воскресни ме и мене, паднатиот поради грев, давајќи ми начин за покајание.Со Твоето Преславно вознесение го обожи телото што го прими и го удостои да седи оддесно на Отецот; удостој ме и мене, преку Светата Причест со Твоите свети тајни, да застанам од Твојата десна страна – кај спасените. Со слегувањето на Утешителот – Твојот Дух, откако ги направи Твоите учаници драгоцени садови, направи ме и мене достоен дом за Неговото слегување. Кога ќе дојдеш праведно да и` судиш на вселената, благоволи и јас да Те пречекам на облаците, мојот Судија и Создател, со сите Твои светии, та бескрајно да Те славословам и воспевам со Беспочетниот Твој Отец и Пресветиот, Благиот и Животворниот Твој Дух, и сега, и секогаш, и во вековите на вековите. Амин!

 МОЛИТВА ТРЕТА НА СВЕТИ СИМЕОН МЕТАФРАСТ

Давајќи ми го Твоето Тело доброволно за храна, Создателу мој, Ти, Кој си огин што ги спалува недостојните, да не ме спалиш и мене, туку продри во сите мои делови, во сите состави, во утробата, во срцето. Изгори ги трњата на сите мои погрешенија, душата очисти ја, мислите освети ги; составите утврди ги заедно со коските, чувствата на петте  сетила  просвети ги, целиот приковај ме кон Твојот страв. Секогаш покривај ме, заштити  и сочувај од секакво душегубно дело и збор; очисти ме, измиј и украси ме, разубави ме, вразуми и просвети ме. Покажи ме како Твое живеалиште на единиот Дух, а никогаш живеалиште на гревот. Та како од Твој дом по примањето на причесната да бега од мене секој злотвор, секоја страст.  За молитвеници Ти ги приведувам сите светии, чиноначалствата на бесплотните сили, Твојот Претеча, мудрите Апостоли, а со нив и Твојата Непорочна, чиста Мајка, со чии молби, милосрден, прими ме, Христе мој, и син на светлината, Твојот служител, направи го. Зашто Ти Единствен Си Светлина и осветлување на нашите души, Благи и Тебе, како што прилега, слава сите Ти вознесуваме секој ден како на Бога и Владика.


 sv.Amvrosij.Optinski.jpg

 

МОЛИТВА НА СВЕТИ АНАТОЛИЈ ОПТИНСКИ ПОМЛАДИОТ
ЗА СПАС ОД АНТИХРИСТОТ

Избави ме, Господи,
од измамите на богомразителот и поковарен антихрист,
кој с е приближува, кој доаѓа,
и скриј ме од неговите примки во тајно прибежиште.
Дај ми, Господи, сила и храброст да го исповедам
Твоето  Свето име,
та  поради страв од ѓаволот да не отстапам
и да не се одречам од Тебе,
мојот Спасител и Откупител и од Твојата света Црква.
Но дарувај ми, Господи, ден и ноќ да пролевам
солзи за своите гревови
и поштеди ме, Господи, во часот на Страшниот Твој суд.
Амин!

 sv.Amvrosij.Optinski.jpg

 МОЛИТВА НА СВЕТИ АМВРОСИЈ ОПТИНСКИ
 
Господи Исусе Христе, спаси ме мене преплашениот.
Господи, не допуштај им на моите непријатели до крај да му се потсмеваат
на оној кој Ти си го створил и кој  Ти си го откупил со Својата Чесна крв. Амин.


МОЛИТВА 9 ОД ПЕТАР СТУДИТ КОН ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Bogorodica.m.Studit1.jpgКоленичам пред Тебе, Пречиста Мајко Божја, и Ти се молам:
знаеш , Царице, дека непрестано му согрешувам и го гневам Твојот Син и мој Бог,
и макар многу пати да се кајам, пред Бога во лага се прикажувам,
и пак се кајам и треперам: дали нема сега да ме погуби Бог?
ама само после миг, одново ги извршувам истите гревови.
Кога го знаеш тоа, Владичице моја Господарке Богородице,
те  молам да ме помилуваш, да ме закрепнеш и да ми дадеш сила за добри дела,
бидејќи знаеш, Владичице моја Богородице, дека навистина не ги согледувам своите дела,
и од сета сила со помисла го сакам законот на мојот Бог: но не го знам, Господарке Пречиста,
како она, коешто не го согледувам, од него се вовлекувам, а доброто го престапувам.
Не пуштај, Пречиста да се исполни мојата волја, зашто таа не е угодна на Бога,
но да биде волјата на Твојот Син и мој Бог:
Тој да ме спаси, да ме вразуми  и да ми ја даде благодатта на Светиот Дух, та од сега да престанам да ги вршам  скверните дела,
и понатаму да живеам по заповедите на Твојот Син,
на Кого му припаѓа секаква слава, чест  заедно со Неговиот Син и со Благиот и Животворен Негов Дух,
сега и секогаш и во вековите на вековите. Амин!

МОЛИТВА НА СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ
 
sv.Kliment.Ohridski1.jpgГосподи, Боже семоќен, пред Тебе ќе ги исповедам сите гревови и моите лоши дела - се` лошо, кое сум изговорил, извршил и помислил, било со збор или со дело или со помисла; се` кое си спомнувам или не си спомнувам, кое сум согрешил сознателно или несознателно, по принуда или без принуда, на сон или на јаве, сите лоши клевети, лаги и нечесни мисли, суета или празнословие, кое сум пројавил кога и да било, како и се` излишно и лошо, извршено при јадење, пиење и греовно лежање.
Ти се молам, Господи Боже мој, благоволи да ми дадеш живот и милост, за да не бидам и јас посрамен пред Твоите очи, а да се закајам уште на овој свет за гревовите свои и да можам да добијам прошка поради достојно покајание според Твојата штедрост.
Господи, Владателу на се`, Света Троице, семоќен Боже, биди ми помошник, дај ми сила, мудрост, благочестив разум и добра волја, за да Ти служам со вистинска вера.
Господи, Ти сам дојде на овој свет, за да ги избавиш грешниците, биди ми спасител и избави ме.
Господи Боже, Сине Божји, Ти, Кој си милостив, направи со мене, Твојот раб, како што сакаш Ти, како што Ти е угодно Тебе. О, Боже, благоволи да му помогнеш на Твојот раб!
Само Ти, Господи, знаеш какви се моите беди. На Твојата милост јас го предавам моето срце, мојата помисла, мојата љубов, мојот живот и моите гревови. Биди милостив према моите зборови и према моите дела.
Господи, покажија до крај Твојата милост спрема мене, Твојот грешен раб, и избави ме, Господи, од секакво зло сега, секогаш и во век!

 МОЛИТВА НА СВЕТИ ИГНАТИЈ БРЈАНЧАНИНОВ

sv.Ignatij.Brjancaninov2.jpg
 
Господи! Дарувај ни да ги видиме нашите согрешенија, така што нашиот ум, целосно привлечен према согледувањето на нашите сопствени грешки, да престане да ги гледа грешките на ближните и така да ги гледа сите ближни како добри.
Дарувај ни` да ги видиме, во светлината на Твојата благодат, разните недобрини кои живеат во нас и кој ги уништуваат духовните движења на срцето и кој го воведуваат во него крвното и плотното, кои се непријатели на царството Божје.
Дарувај ни` го големиот дар на покајанието, претходник кој се пораѓа од великиот дар да ги  согледуваме  нашите гревови.
Запази не` со тие велики дарови од пропастите на самопрелеството, кое се открива во душата поради незабележувањето и неразбирањето на нивната греовност, што се раѓа од дејствијата на незабележаните и неразбраните  од неа сладострастије и честољубие.
Запази не` со тие велики дарови по нашиот пат кон Тебе и дарувај ни` да те достигнеме Тебе, кој ги повикуваш осознаените грешници и ги отфрлаш оние кои се сметаат за праведници.
Да те славословуваме Тебе во вечното блаженство, Единиот Вистински Бог и Искупител на заробените, Спасителот на загинатите.



sv.Ignatij.Brjancaninov.jpgТи благодарам Господи и Боже мој, за се` што се случува со мене!

Ти благодарам за сите грижи и искушениа, што си ми ги испратил Ти, заради моето очистување од гревовите со кои ја извалкав својата душа и си го изранив телото!

Помилуј и спаси ги орудијата кои Ти си ги употребил за моето излекување: тие, луѓето кои ме натажувале, благослови ги во овој и во идниот свет! Подај им го како одлика тоа што го направиле поради мене! Подари ги со обилни награди од Твоите вечни благодатти!

А што јас Ти принесов ? Какви благоугодни жртви?Јас ти принесов само гревови, ги нарушував Твоите божествени заповеди. Прости ми Господи, прости ми мене грешниот пред Тебе ипред луѓето! Прости ми мене неодговорниот!  Подари ми искрено да посведочам дека сум грешник! Подари ми да го отфрлам лукавото оправување! Подари ми покајание! Подари ми скрушено срце! Подари ми кроткост и смирение! Подари ми љубов спрема блиските, љубов непорочна, иста спрема секого и спрема оние кои ме утешуваат и спрема оние кои ме натажуваат! Подари ми трпение во сите мои маки! Умртви ме за светот! Земи ги од мене сите мои гревовни желби, и насади ја во мене Твојата Света волја, да творам, со делата, со зборови, со промисла и со чувство!

Тебе Ти прилега секоја слава за се`! Единствено што е мое, е засрамено лице и затворена уста. Стоејќи пред страшниот Твој Суд во мојата бедна молитва, не наоѓам во себе никакво добро дело, ниедна одлика, опфатен сум со мноштво свои гревови како темен облак и магла, стојам, со единствена утеха во мојата душа: со надеж на Твојата безгранична милост и добрина. Амин.



 

МОЛИТВА НА СВЕТИ ТИХОН ЗАДОНСКИ 
 
sv.Tihon.Zadonski.jpgИсусе Христе,  Сине Божји помилуј ме!
Биди храна и питие за мојата душа!
Биди извор за мојата жедна душа!
Биди светлина во моето помрачение!
Биди заштита во мојата скрб!
Биди радост во мојата тага!
Биди избавување на моето пленување!
Биди мир и покој за мојата зла совест!
Биди премудрост за моето безумие!
Биди избавител од моите клеветници!
Биди оправдание на моите гревови!
Биди осветување на мојата нечистотија!
Биди победа над моите непријатели!
Биди ми штит од моите гонители!
Биди ми избавител од Божјиот гнев!
Биди жртва за моите гревови!
Биди крепост во мојата слабост!
Биди живот во мојата смрт!
Биди ми совет во мојата недоумица!
Биди ми сила во мојата немоќ!
Биди ми вечен Отец, на мене осиротениот!
Биди судија на моите оскрбители!
Биди цар наспроти ѓаволското царство!
Биди ми водител на мојот пат!
Биди ми застапник во часот на мојата смрт!
Биди ми вечен живот после моето воскресение!
Исусе, Сине Божји, помилуј ме!


МОЛИТВА НА МИСТИЧНИОТ СВЕТИ СИМЕОН НОВ БОГОСЛОВ
СО КОЈА ГО ПРИЗИВА СВЕТИОТ ДУХ
sv.simeon.novbogoslov2a.jpgДојди, Светлост Вистинска!
Дојди, Животе Вечен!Дојди, Таинство Скриено!
Дојди, ризнице Неименувана!
Дојди, Стварност Неизразена!
Дојди ,личност  Недопирлива!
Дојди, Веселбо Вечна!
Дојди, Светлост Безвечерна!
Дојди, за сите што спасени ќе бидат, Надежу Вистински!
Дојди, за паднатите,  Подигање!
Дојди, за мртвите, Воскресение!
Дојди, Силни, Кој се секогаш твориш, преобразуваш!
Дојди, Невидлив и никако Недостигнат и недопирлив!
Дојди, Ти, кој останувајќи секогаш непокретен, секој миг Сиот се движиш и ни доаѓаш нам
што лежиме во пеколот, о Превозвишен на сите неба!
Дојди, Радост Вечна! Дојди, Венец Невенлив! Дојди, Порфиро на нашиот Голем Бог и Цар наш!
Дојди, Облеко непристапна!
Дојди, Скерлету Царски и вистинска Самодржна Десницо!
Дојди, Ти по Кој закопнее  и копнее бедната душа моја!
Дојди, Ти Кој си ме одделил од се и си направил да бидам осамен на земјата!
Дојди, Ти Кој си станал сама копнеж во мене и направи да копнеам по Тебе, совршено Непристапен!
Дојди, о Здиву мој и Живот мој!
Дојди, Утехо на бедната душа моја!
Дојди, Радост и Слово и бескрајно Насладување!
Ти благодарам што со Духот си останал со мене, неизменлив, непроменет, Ти Бог над сите, и што Сам си станал во се  мое се, Храно, неискажана и никогаш непотрошлива, Која вечно се преизлева во усната на мојата душа, и се преизвираш во изворот на моето срце,
Одеждо Огнена Која демонот го спржува, Очистување Кое со солзи ме измиваш, нетлеен и свет, што со Твоето присуство ги даруваш оние на кои им доаѓаш!
Ти благодарам Тебе што си ми станал Светло Безвечерно и Сонце незајдено, Ти Кој нема каде да се сокриеш, исполнувајќи се со Слава Своја секолкава!
Добро и секоја слава и секоја Наслада Тебе Ти прилега Слава на Светата  Единосушна и Живототворна Троица, Која во Отецот и Синот и Светиот Дух, почитува и познава и исповеда и го обожуваат сите верни, сега, секогаш и во сите векови.
Амин!

И ете, Господи Седржителу, откако  направив многу лоши дела, се каам, но самото покајание е немоќно да ме оправда. Покајанието е сознавање на своите гревови, а нив ги симнува само милоста Твоја. Ти гледаш, Седржителу Господи, дека сега немам ништо освен телото; но за мене нема никаква полза  од тоа што сум го оставил богатството. Целиот сум - една рана; во мене не останала никаква надеж за спасение; така што пеколот е подготвен да ме проголта жив. Ти единствен можеш да ме спасиш и да ги излечиш патилата на моето срце. Твојата рака може се`; таа достига до длабочините на бездната и се` станува по Твоја заповед. Не се осмелувам да речам: помилувај ме, Господи! Недостоен сум за Твојата милост, како и секој што со право ги заслужува маките. А Ти, Господи, се` знаеш и затоа постапи со мене онака, како што умее Твоето човекољубие, бидејќи сум недостоен и за самиот живот. Да биде Твојата воља во се`. Амин!

 МОЛИТВА НА СВЕТИ ИСААК СИРИН

 sv.Isaak.Sirin2.jpg

 Јас сум црв - Боже чуј, Господи помилуј.
Јас сум прав - Боже чуј, Господи помилуј.
Јас сум пепел - Боже чуј, Господи помилуј.
Јас сум сенка - Боже чуј,Господи помилуј.
Јас сум ништо - Боже чуј, Господи помилуј.
Јас сум суета - Боже чуј, Господи помилуј.
Јас сум лага -  Боже чуј, Господи помилуј.
Јас сум грев  - Боже чуј, Господи помилуј.
Но, јас сум Твој - Боже чуј, Господи помилуј.

Осенија Господи Својата Света Црква, искупена со Твојата Крв.Во неа да живее Твојот вистински мир, што им го даде на Своите апостоли; сврзи ги нејзините чеда со светите окови на неуништливата љубов; да нема бунтовникот никаква моќ над неа, и отстрани ги од неа гонителите, смутовите и војните, внатрешните и надворешните. Да бидат владателите и свештениците во врска на голем мир и љубов, за да можат нивните умови во секое време Тебе да Те гледаат; Твојата света вера нека го огради Твоето стадо. Мене пак, грешниот удостој ме по нивните молитви да бидам секој миг под моќната заштита на Твојата Света рака..што е Твојата сеопфатна Промисла. Амин.

sv.Isaak.Sirin3.jpg

МОЛИТВА НА СВЕТИ ИСААК СИРИН

Удостој ме Господи,  да те сакам и познавам, но не во знаењето кое доаѓа со вежбањето на умот,
туку удостој ме со она знаење кое што умот созерцавајќи  Те, ја слави Твојата природа во
Боговидението кое го лишува разумот од чувствувањето на светот.
Удостој ме да се вознесам над волјата на очите која раѓа мечти и да те гледам во силата на оковите од крстот, во другиот дел на волјата на распнувањето на умот, кој своеволно го прекинува делувањето на помислите за да пребива во Твоето постоење.
Всади во мене срце на растот на Твојата љубов како би го исполнил од љубов кон Тебе од овој свет.
Покрени во мене разбирање на Твојата понизност, со која боравеше во светот во телесен покривач што го понесе од нашите делови со посредство на Пресвета Богородица, како би можел со непрестано и неослабено сеќавање со наслада да ја прифатам понизноста на сопствената природа.
Амин.


 МОЛИТВА НА СВЕТИ ЈОВАН ЗЛАТОУСТ
Молитва 7.
 
sv.jovan.zlatoust1a.jpgГосподи, не ме лишувај од Твоите небесни блага.
Господи, избави ме од вечните маки.
Господи, ако со ум или со помисла, со зборови или дела согрешив, прости ми.
Господи, избави ме од секакво незнаење и заборав, малодушие и вкаменето бесчуство.
Господи, избави ме од секакво искушение.
Господи, просветли го моето срце, кое лошите желби го помрачија.
Господи, јас како човек согрешив, а Ти како милосрден Бог, помилувај ме, гледајќи ја немоќта на мојата душа.
Господи, прати ми ја на помош Твојата благодат, за да го прославам Твоето свето име.
Господи, Исусе Христе, запиши ме мене, Твојот раб, во книгата на животот и дај ми добар крај.
Господи, макар и ништо добро да не направив пред Тебе, но по Твојата милост дај ми да поставам добар почеток.
Господи, пороси ми го срцето со росата на Твојата благодат.
Господи, на небото и на земјата, спомни ме во Твоето царство, мене грешниот, безсрамниот и нечист Твој раб. Амин!
Господи, прими ме во покајание.
Господи, не изоставај ме.
Господи, не дозволувај да паднам во беда.
Господи, дај ми добра помисла.
Господи, дај ми солзи и умиление и да ја памтам смртта.
Господи, дај ми да мислам на исповеданието на моите гревови.
Господи, дај ми смирение, целомудрие и послушание.
Господи, дај ми трпение, великодушие и кротост.
Господи, насади го во мене коренот на доброто: стравот Божји, во моето срце.
Господи, удостој ме да те сакам од сета душа и помисла и во се` да ја вршам Твојата волја.
Господи, закрили ме од лоши луѓе и од бесови и од страсти и од секакви други непристојни нешта.
Господи, Ти знаеш, дека се` вршиш според Твојата блага волја: нека биде Твојата волја и во мене грешниот
зашто си благословен во веки. Амин!

МОЛИТВА НА СВЕТИ ЈОВАН ЗЛАТОУСТ
 
sv.jovan.zlatoust.jpgТи благодариме  Господи за сите Твои добрини што си ни ги направил нам недостојните од првиот ден до денес: за оние кои знаеме, и оние кои не ги знаеме, за видливите и невидливите; за добрините кои си ни ги направил со дело и со збор; за оние за кои сме молеле, и за оние за кои не сме молеле.
Ти благодариме за се` што си ни дал нам недостојните: за неволјите и радостите, за казните и мачењата, за наградите и Царството Небесно.
Ти се молиме, Човекољупче:сочувај  ги нашите души во светлина и чиста совест, и дај ни` крај достоен на Твоето човекољубие. Ти, Кој толку многу не` засака, та го даде Својот Единороден  Син за нас, направи не` достојни за таа љубов. Дај ни мудрост и стравопочитување да ја впиеме Твојата сила во нас.
Ти, Кој заради нас, си Го дал Својот Единороден Син и Си Го пратил Светиот Дух заради проштевање на нашите гревови, прости ни` ако согрешивме во било што, свесно, или несвесно, и не вбројувај ни` Го тоа за грев.Сети се на нас кои го повикуваме името Твое: спомни и помилј ги сите оние што ни` мислат добро, или зло, зошто ние сме само луѓе, и сите сме Твои творби.Тебе слава и благодарност за се`. Амин.


 sv.VasilijVeliki6.jpgМОЛИТВА СЕДМА НА СВЕТИ ВАСИЛИЈ ВЕЛИКИ

Те благословуваме, вишни Боже и милостив Господе, Ти што секогаш правиш со нас големи и неискажливи, безбројни славни и необични дела. Ти ни даваш сон за успокојување на нашата немоќ и за одмор на нашето преморено тело. Ти благодариме што не си не` погубил поради нашите беззаконија, но се покажа, како и секогаш, човекољубив. Не` крена нас, кои безнадежно лежевме за да ја прославуваме Твојата сила. Затоа се молиме на Твојата бескрајна добрина да ни ги отвориш духовните очи и да го разбудиш нашиот ум од длабокиот сон на мрзливоста. Отвори ја нашата уста и исполни ја со пофалба за Тебе, та да можеме смело да Ти пееме и да Те прославуваме Тебе, Кој си во се` и од сите прославуван Бог и беспочетен Отец, со Твојот Единороден Син и Се`светиот, благиот и животворниот  Твој Дух, сега, и секогаш, и во вековите на вековите. Амин!

МОЛИТВА НА СВЕТИ ВАСИЛИЈ ВЕЛИКИ  КОН ПРЕСВЕТА ТРОИЦА

sv.VasilijVeliki1a.jpgСтанат од сон, Ти благодарам, Света Троице,
дека поради големата Твоја благост и долготрпение
не се погневи на мене, мрзеливиот и грешниот,
ниту ме погуби со беззаконијата мои,
но како обично се покажа човекољубива и
додека лежев без надеж
ме дигна, за да станам рано и да ја прославам Твојата моќ.

И сега, просветли ми ги духовните очи
отвори ми ја устата,
за да се поучувам со Твоите слова,
да ги разбирам Твоите заповеди
и да ја вршам Твојата волја,
и да Ти пеам  со срдечна хвала,
и да го воспевам Твоето свето име:
на Оца, и Сина, и Светиот Дух,
сега и секогаш и во вековите на вековите.

sv.VasilijVeliki4.jpgСВ. ВАСИЛИЈ ВЕЛИКИ

МОЛИТВА КОН ГОСПОДА

Господи, Седржителу,
Боже на силите и на секоја плот,
Кој живееш во висините и гледаш на смирените,
ги испитуваш срцата и утробите и јасно ги предузнаваш скриените човечки тајни;
безпочетна и вечносуштествувачка Светлино,
 во Која нема промена или сенка од изменување.
Бессмртен Цару, прими ги нашите молења,
кои, бидејќи се надеваме на Твојата милост, сега Ти ги принесуваме од нечисти усни,
и прости ни ги погрешенијата, изврешени од нас со дело, слово , мисла сознателно или поради
незнаење;
и очисти не од секаква скверност на плотта и духот.
И дај ни бодро срце и трезвена мисла да ја преминеме целата ноќ на сегашниов живот,
ние, кои го очекуваме идењето на светлиот ден на Единородениот Твој Син,
Господ, и Бог и наш Спасител Исус Христос,
кога Судијата на сите ќе дојде со слава, за да воздаде на секого според делата:
та непаднати и подзапрени, а бодри и чинејќи добри дела,
да се прикажеме готови да влеземе во радоста и божествениот чекор на Неговата слава,
каде гласот на оние што празнуваат не секнува
и е неизмерна наслада за оние, кои ја гледаат неискажаната красота на Твоето лице.
Зашто Ти си единствената светлина, која просветува и осветува се`,
И Тебе те воспеваат сите твари во вековите на вековите.
Амин!

МОЛИТВА НА СВЕТИ ВАСИЛИЈ ВЕЛИКИ

sv.VasilijVeliki1.jpg
           
Молитва втора
 
Многумилостив, непреоден, чист, безгрешен Господи, очисти ме мене, Твојот непотребен слуга, од секаква скверност, телесна и душевна,
и од мојата нечистотија која од небрежност и мрзеливост се умножила во мене со сите свои останати беззаконија и покажи ме чист, Господару,
заради добрината на Твојот Христа; и освети ме преку слегувањето на Пресветиот Твој Дух, за да, откако дојдам кон себе од маглата на нечистите
ѓаволски привиденија и секаква скверност, ме удостоиш со чиста совест да ја отворам својата извалкана и нечиста уста и да го славам Се`светото
Твое име, Отецот и Синот и Светиот Дух, и сега и секогаш, и низ сите векови. Амин!

МОЛИТВА НА СВЕТИ ВАСИЛИЈ ВЕЛИКИ
 
sv.vasilij.veliki.jpgХристе, Боже, на Кого во секое време и во секој час, на Небесата и на земјата, Ти се поклонуваме и Те славиме, Кој си долготрпелив, многумилостив, многублагоутробен; Ти, Кој ги љубиш праведните и ги  милуваш грешните , Ти, Кој сите ги  повикуваш кон спасение заради идните добрини: Сам Господи и во овој час прими ги нашите молитви, и упати го нашиот живот кон Твоите заповеди, нашите души освети ги, телата очисти ни ги, помислите исправи ни ги, мислите очисти ни ги и избави не` од секаква скрб, зло и болест, огради не` со Твоите свети ангели та преку нивното застапништво да се запазиме и да бидеме упатувани да достигнеме единство во верата и разум во Твојата непристапна слава: зашто си благословен во вековите на вековите. Амин!


Св. Симеон Нов Богослов

sv.simeon.novbogoslov.jpgГосподи, Ти се` гледаш   и нема ништо што не гледаш. Иако сум дело на Твоите раце, сепак не правев дела според заповедите Твои, туку, поради големото мое безумство, вршев секакви зла, не помислувајќи дека Ти, Создателу мој и Боже, колку си добар, толку си и правосуден. А сега, сеќавајќи се на тоа, ме опфаќа страв и не знам што да правам. Ја чувствувам Твојата осуда и не наоѓам зборови во устата своја за оправдување. Немам никакви добродетели и не сум направил никакво покајничко дело, кое што заслужува заради него да ми прости макар еден празен збор од устата моја.
Освен тоа, и оној што ги поседува сите добродетели и прави разновидни добри дела, го врши тоа како слуга и затоа е должен; во сето ова  тој нема да најде откуп за својот грев. Тука единствено Твојата милост помага.Гревот е смрт и кој од оние што преку него умреле, може сам себе да воскресне? Навистина, никој! Единствено Ти си умрел и си воскреснал, затоа што не си направил грев и не се најде измама во Твојата уста.
И ете, Господи Седржителу, откако направив многу лоши дела, се каам, но самото покајание е немоќно да ме оправда. Покајанието е сознавање на своите гревови, а нив ги симнува само Твојата милост. Ти гледаш, Седржителу Господи, дека сега ништо немам освен телото; но за мене нема никаква полза од тоа што сум го оставил богатството. Целиот сум - една рана; во мене не останала никаква надеж за спасение; така што пеколот е подготвен да ме проголта жив. Ти единствен можеш да ме спасиш и да ги излечеш патилата на моето срце. Твојата рака може се`; таа достига до длабочината на бездната и се` станува по Твојата заповед. Не се осмелувам да речам: помилуј ме, Господи! Недостоен сум за Твојата милост, како и секој што со право ги заслужува маките. А Ти, Господи, се` знаеш и затоа постапи со мене онака, како што умее Твоето човекољубие, бидејќи сум недостоен и за самиот живот. Да биде Твојата света волја во се`. Амин!

 

МОЛИТВА НА СВЕТИ СИМЕОН НОВ БОГОСЛОВ
 
Господи, Ти Кој не ја сакаш смртта на грешникот,
туку сакаш тој да се обрне и да биде жив,
за што Ти дојде на земјата,
за да ги воскреснеш умртвените и да им се покажеш Себеси,
вистинската светлина, според тоа колку е возможно човек да ја види,
испрати ми човек кој Те познава,
за да можам. потчинувајќи му се нему како на Тебе
и пазејќи послушание со целата своја сила,
и исполнувајќи ја Твојата волја преку исполнувањето на неговата,
да Ти угодам Тебе, вистинскиот Бог,
и да се удостојам да влезам во Твоето Царство, јас бедниот.


 sv.Makarij.Veliki.jpg

МОЛИТВА ТРЕТА НА СВЕТИ МАКАРИЈ ВЕЛИКИ
 
Човекољубив Владико, станав од сон и брзам да дојдам приТебе и по Твојата милост се трудам да ги извршувам
 Твоите дела.
Ти се молам, помагај ми во секое време и во секоја работа; избави ме од секакво зло и од ѓаволски искушенија.
Спаси ме и воведи ме во Твоето вечно царство. Зашто Ти си мојот Создател, Промислител и Дарител на секакво добро.
Во Тебе е сета моја надеж, Тебе Те прославувам сега и секогаш, и во вековите на вековите. Амин!

МОЛИТВА НА СВЕТИ МАКАРИЈ ВЕЛИКИ

Знам, Господи, дека недостојно се причествувам со Твоето пречисто Тело и со Твојата драгоцена Крв, знам дека сум виновен и дека го јадам и пијам своето осудување, бидејќи не размислувам за Твоето Тело и за Твојата Крв, Христе и Боже мој. Се надевам на Твоето милосрдие, доаѓам при Тебе, зашто си рекол:„Кој го јаде Моето Тело и ја пие Мојата Крв, живее во Мене и Јас во него”. И така, смилувај се, Господи, и не изобличувај ме мене, грешниот, но направи ми по Твојата милост. Твоите свети тајни да ми бидат за исцеление, очистување и просветување, за запазување и за очистување на душата и на телото; за отстранување на секакви мечтаења, на лоши дела и ѓаволско влијание, кое дејствува невидливо во моето тело; да ми биде Светата причест за засилување на мојата љубов кон Тебе, за поправање на мојот живот и за закрепнување и умножување на добродетелите; за совршенство, за исполнување на Твоите заповеди, за дејство на Светиот Дух во мене, за поткрепа  на патот кон вечниот живот, за добар одговор на Твојот страшен суд, а не за суд и осудување. Амин!

 

sv.Makarij.Veliki1.jpg

МОЛИТВА НА СВЕТИ МАКАРИЈ ВЕЛИКИ
 
Боже, очисти ме грешниот, зашто никакво добро не направив пред Тебе,
спаси ме од злото,
и нека биде во мене волјата Твоја,
та неосудено да ја отворам својата недостојна уста
и да го прославувам Твоето свето име, Отецот и Светиот Дух,
сега, секогаш и во вечни векови. Амин.

МОЛИТВА 4 НА СВЕТИ МАКАРИЈ ВЕЛИКИ

Што да Ти принесам или што да Ти воздадам, многуштедар и бессмртен Цару, штедар и
човекољубив Господи, бидејќи се трудев да Ти угодам и ништо добро не извршив.
Ти ме доведе до крајот на изминатиот ден и го устројуваш обраќањето и спасението на мојата душа.
Биди милостив кон мене грешниот и лишениот од секакво добро дело.
Подигни ја нашата падната душа, осквернета од безмерни согрешенија.
Отфрли од мене секаква лукава помисла на овој земен живот,
прости ми ги, единствено безгрешен Боже, согрешенијата во кои се прикажав пред Тебе денес,
знајно или незнајно, со зборови, дело, помисла и со сите мои чувства.
Ти сам закрилувај ме и пази ме  од секаков ѓаволски напад
со Твојата божествена власт, неискажано човекољубие и сила.
Очисти ме, Боже, очисти ме од моите многу гревови.
Благоволи, Господи, да ме избавиш од примките на лукавиот,
спаси  ја мојата пострадала душа и осени ме со светлината на
Твоето лице.
Дај ми сега да заспијам неосудено и без мечти.
Запази ја непоматена мислата на Твојот раб.
Изгони од мене секакво сатанско влијание.
Просветли ми ги духовните очи на моето срце, за да не заспијам на смрт.
Прати ми мирен Ангел, пазител и наставник на душата и телото, да ме избавува од моите врагови,
па од кога ќе станам од леглото, да Ти принесам благодарствени молитви.
Да, Господи, чуј го Твојот грешен и беден со добра волја и совест раб.
Дај ми од кога ќе станам од сон, да се поучувам од Твоето Слово
И преку Твоите Ангели прогони го далеку од мене малодушието,  навејано до бесовите,
та да го благословувам и прославувам Твоето свето име,
и да ја славам Пречистата Богородица,
зашто знам  дека Таа го подржува Твоето човекољубие и не престанува да се моли.
Со Нејзиното застапништво и со знакот на чеснит Крст, и поради сите Твои светии,
Запази ја бедната моја душа, Исусе Христе, Боже наш,
бидејќи си свет и прославен во веки. Амин!

 sv.jovan.zlatoust1.jpgМОЛИТВА НА СВЕТИ ЈОВАН ЗЛАТОУСТ
 
Боже, олесни, отпушти и прости ми ги прегрешенијата,
што ги направив пред Тебе со зборови, со дело, со помисла, волно и неволно,
свесно и несвесно - се` прости ми,
зашто си благ и човекољубив.
И, по молитвите на Твојата Пречиста Мајка,
на бестелесните Твои служители и свети и на сите светии,
кои  од вечност Ти  угодиле,
удостој ме да ги примам Твоето пречисто Тело и Твојата драгоцена Крв,
за исцеление  на душата и на телото и за очистување на моите лоши помисли.
Зашто  Твое е Царството  и Силата, со Отца и Светиот Дух,
и сега и секогаш, и во вековите на вековите. Амин!

 Верувам Господи и исповедувам, дека Ти си навистина Христос, Син на живиот Бог, Кој Си дошол во светот да ги спасиш грешниците, од кои сум првиот јас.
Верувам дека е ова  Твоето Пречисто Тело, и дека е ова  Твојата Пречиста Крв. Затоа те молам: помилуј ме и прости ми ги согрешенијата кои сум ги направил свесно или несвесно, со збор или со дело, и удостој ме без осуда да се причестам со Твоите Свети Тајни, за отпуштување на гревовите и за живот вечен.
Прими ме денес, Сине Божји, за причесник на Твојата тајна вечера, зашто нема да им ја оддадам тајната на Твоите непријатели; ниту ќе Ти дадам целов како јуда.
Спомни ме, Господи, во царството Твое.Нека причеста со Светите Тајни Твои, Господи, не ми биде за осуда, туку за оздравување на мојата душа и тело. Амин.

 


sv.filaret.moskovski.jpg

  МОЛИТВА НА СВЕТИ ФИЛАРЕТ МОСКОВСКИ
 
Господи, не знам што да побарам од Тебе.
Само Ти знаеш што ми е потребно.
Ти повеќе ме сакаш, отколку  што сам знам  и умеам да се сакам себе си.
Отче, дај му на Твојот слуга она што ни сам не умее да побара.
Не се осмелувам да барам ни крст ни утеха, а само стојам пред Тебе
и срцето мое е отворено заТебе.
Ти ги согледуваш потребите што јас не ги знам,
па затоа гледај и постапи со мене според Својата милост.
Порази, но и излечи; собори, но и подигни;
 
ништожен и нем сум пред Твојата света волја и пред недостижните за мене Твои судови.
Себе си се принесувам жртва за Тебе и Ти се предавам.
Немам друга желба, освен таа да ја исполнувам волјата Твоја.
Научи ме да се молам. Самиот Ти моли се во мене. Амин!


МОЛИТВА НА СВЕТИ ФИЛАРЕТ МОСКОВСКИ
МОЛИТВА ЗА СЕКОЈ ДЕН
 (Преподобен Филарет Московски)
+++
Господи, дај ми мирно да го примам
 она што  денов денешен ми го носи
 и целосно  да  и  се предадам на Твојата света волја.

Упати  ме и  помогни ми во секој миг од  денот:
каков било глас да добијам,
 научи ме мирно и со цврста вера
 да восприемам дека  се` е по Твојата  Света волја.

Управувај со моите мисли , со моите сетила ,
 и со сите мои дела и зборови.

Не допуштај  во непредвиден случај
 да заборавам дека се`  од Тебе доаѓа.

Научи ме добро  да се однесувам
спрема родителите  и спрема ближните,
  никого да не разгневам или оскрбам.

Господи, дај ми сили да ја поднесам  
тежината на денот денешен
и се` што во него ќе ми се случи.

Управувај со мојата волја, и научи ме
да се молам, да верувам, да се надевам
да поднесувм, да простувм и да љубам.

Господи, дај ми да бидам орудие на Твојот мир,
 та таму кај што има  омраза, да сеам љубов.
кај што има одуда - простување
кај што има раздор - слога,
кај што има очај - надеж,
кај што има темнина - светлост
 кај што има жалост - радост.

О, Божествен Учителу,
нека не бидам утешуван, туку
 јас други да  тешам;
нека не ме трпат мене,
туку јас да имам трпение за сите;
не мене да ме љубат, туку
јас сите да ги љубам.

Зашто кога простуваме, тогаш
и нам ни се простува;
 кога даваме тогаш добиваме;
 а кога умираме, тогаш се раѓаме за живот вечен.

Свет Духу, помошник биди ми
 денот денешен да Му Го посветам
 на мојот Господ и Спасител.

Господи, Исусе , Сине Божји,
 подобро е да не  се живее,
 одошто да се  живее  без Тебе или против Тебе.

Ти благодарам Боже,
за дарот на овој ден  и за секое добро
за коешто   ќе ми помогнеш денес да го сторам.


Избави  ме, Милостив Боже,
 од желбата за самоугодување,
  и удостој ме  во  секој миг да бидам подготвен
  заради  Тебе и заради  ближниот свој
да се откажам од себе си,
зашто за таа служба и Си ми го дал животот.

Помогни ми од себе  да го отфрлам
сето` она што не е Твое,
а она што е Твое  да примам
 во длабока вера, надеж и љубов.

Дај ми ревност со која постојано ќе Ти служам;
 да ја поставам правдата над користа,
да го поставам чинењето на благочестиви дела
над минливите задоволства,
 да ги поставам другите над себе си
за  да ја исполнам Твојата заповед  на љубовта.

Стори светлоста на  Твојата Убавина, добрина
 и љубов да заблескаат во мојата душа.
Амин!


sv.Jovan.Damaskin.jpgМОЛИТВА НА СВЕТИ ЈОВАН ДАМАСКИН
  
Владико Човекољубив, ќе ми биде ли оваа постела гроб, или, ќе ја осветлиш мојата бедна душа со денот?
Ете, пред мене е гроб; ете, пред мене стои смрт!
Господи, се плашам од Твојот суд и бескрајните маки, а не престанувам да правам зло;
Тебе, Господи, мојот Бог, секогаш Те разгневувам и Твојата Пречиста Мајка, и сите небесни сили и мојот свет ангел чувар.
Знам, дека сум недостоен за Твоето човекољубие, туку достоен за секаква осуда и мака.
Но, Господи, сакал јас или не, спаси ме.
Зашто ако го спасиш праведникот, тоа не е ништо особено; и ако чистиот го помилуваш тоа не е ништо чудно, бидејќи се достојни за Твојата милост.
Но, врз мене грешниот направи чудо според своето човекољубие, за да не ја надвладее мојата грешност Твојата неискажлива добрина и милосрдие; и како што сакаш - така направи со мене.

 sv.Jovan.Damaskin3.jpg

МОЛИТВА ДЕСЕТТА НА СВЕТИ ЈОВАН ДАМАСКИН

Стојам пред дверите на Твојот храм, и не отстапувам од страшните помисли, но Ти Христе Боже, Кој си го оправдал митникот и си ја помилувал Хананејката, и си му ја отворила рајската врата на разбојникот, отвори ми го срцето на Твоето човекољубие, и прими ме мене, кој Ти приоѓам и се допирам до Тебе, како блудницата и крвоточивата. Зашто оваа допирајќи  го крајот од Твојата риза, лесно доби исцелување, а онаа, држејќи ги Твоите пречисти нозе, стекна прошка на гревовите. А јас јадниот, кој се дрзнувам да го примам сето Твое Тело, да не бидам спален, туку прими ме како нив, и просвети ги сетилата на мојата душа, спалувајќи ги вините на мојот грев, по молитвите на Онаа Која чудесно Те родила и на небесните Сили, зашто си благословен низ вековите. Амин!

 



Боже! Создателу! Владико на светот!
Погледни милостиво кон Твоето создание, украсено со Твојот Божествен образ, во овие утрени часови, за да ја оживее и просвети окото Твое, илјада пати посветло од сончевите зраци, мојата темна душа, умртвена од гревот.
Очисти го уништожението од мене и мрзливоста, а дарувај ми веселост и душевна бодрост, та со радост во срцето да ја славам Твојата благост и светост, Твоето безпределно величие, бескрајните Твои совршенства во секое време и на секое место.
Зашто Ти си мојот Творец и Владика на мојот живот, Господи, и на Тебе припаѓа славата воздадена од Твоите разумни созданија во секое време, сега и секогаш и во вековите на вековите. Амин.

sv.Jovan.Kronstatski1.jpg

 Молитва на свети Јован Кронштадски

Господи!
Името Твое е Љубов, не ме отфрлај мене, заблудениот.
Името Твое е Сила, укрепи ме мене, изнемоштениот и паднатиот.
Името Твое е Светлина, просвети ја душата моја, од житејските страсти помрачена.
Името Твое е Мир, смири ја вознемирената душа моја.
Името Твое е Милост, не одлачувај ме од милосрдието Твое.
Амин!

sv.Jovan.Kronstatski6a.jpg

БЛАГОДАРНА МОЛИТВА НА СВ. ЈОВАН КРОНШТАТСКИ
 
Ти благодарам, Господи, што си ме обдарил и почестил со ум и дар на говор, создавајќи ме како свесно, словесно и слободно сушество, автономно да одлучува во животот, способно за возвишени свети помисли и чувства, сушество кое Ти непрестајно го оживуваш и ги разбира Твоите дела, и кое има возвишен цел во животните прашања.

+++

Ти благодарам, Господи, Владико и Судио мој, затоа што ме учиш да Ти се молам едноставно, и ме слушаш кога викам кон Тебе, и ме избавуваш од гревовите и скрбите, и на широко ги поставуваш нозете мои.
Ете, викав кон Тебе во гревот на моето лукавство со зборовите на црковната молитва:„Господи, Боже наш, Кој преку покајанието си дарувал опрост на гревовите..." и веднаш штом ја завршив, мир и леснотија се вовлекоа во душата моја!

МОЛИТВА НА СВЕТИ ЈОВАН КРОНШТАТСКИ
 
sv.Jovan.Kronstatski6.jpgГосподи, да не бидат Твоите дарови, духовни и свештени, во нас и преку нас напразни: подај ни спасително и полезно движење. Направи го тоа во сите. Да се преумножат Твоите таленти, Господи, преку личното дејствие на секој од нас.
Не допуштај, Господи, ниту за миг да ја вршам волјата на Твојот и мој непријател - ѓаволот - но да ја вршам непрестано единствено Твојата волја, на мојот Бог и Цар: Ти единствен, вистински Цар мој, преку Кого царуваат царевите, дај ми да се покорувам на Тебе, да благоговеам пред Тебе секогаш искрено и цврсто.„Дојдете да се поклониме на Царот, нашиот Бог, да му служиме со Страв и да се радуваме пред Него со трепет." (Срв. Пц.94:6;2:11).
Господи! Дај да ги согледувам моите согрешенија, за да не ги презирам подобните на мене грешници и да не почувствувам зло во срцето мое према нив поради нивните гревови; да би се презирал себеси подостојно, како прв грешник, и према самиот себеси - према својот плотен човек - секогаш да ја чувствувам непомирливата злоба.„Ако некој(...)не го намрази (...) дури и самиот свој живот, тој не може да биде Мој ученик", вели Господ.
О, бескрајно велик Благодетелу, Спасителу мој! Кого си го претставува мојата бескрајна развратена од најразлични гревови и страсти моја природа, и од тоа духот ми опадна и отпадна, тогаш - доволно е само да си спомнам за Тебе, оти Ти дојде да ја обновиш разјадената од грев моја природа и да му даруваш на моето бесчестие, на моите срамоти ангелско благородништво, дури и повеќе од ангелско, благородништво на Божиот Син - поради верата во Тебе, поради новото раѓање од вода и Дух и поради причестување со Светите Твои Тајни - тогаш мојот дух  кратко се исправа од унинието, го отфрла од себеси бесчестието на страстите и целиот се исполнува со благодарност кон Тебе, бескрајна Благост и Сила, Сине Божји!

 

Господи! Ти дојде да не спасиш во верата во Тебе, ете верувам, оти Ти си мојот Спасител, спаси ме!
Ти дојде да ја обновиш мојата од грев развратна природа - обнови ме мене развратниот од страстите и
похотите, обнови ме и душевно, и телесно, да бидам чист по срце и здрав со телото, за слава на Твоето име.
Ти дојде да не избавиш од ропството на ѓаволот - избави ме од ропството на  сезлобивиот ѓавол, нечистиот, скверен и мрзок, кој војува во моите членови и ме скрива, насила ме вовлекува во грев.
Ти дојде да не просветиш - просвети го моето од страсти помрачено срце.
Ти дојде да не поткрепиш во нашите немоќи и рече:„ Силата во немоќите потполно Ми се пројавува", и
Твојот апостол кажува:„ Со многу поголема радост ќе се фалам за немоштите свои, за да се всели во мене силата Христова" (2 Кор. 12:9),
ете, јас сум крајно немоќен и не можам без Тебе да вршам ништо добро;не можам без Тебе нити да мислам, нити да го чувствувам доброто, ни да
посакувам добро, ни да говорам, ни да вршам; јас сум потполно немоќен за секое добро без Тебе; дај ми благодат, дај ми светлина и сила да мислам
 и да го чувствувам доброто и лесно да го извршувам, да говорам и да правам тоа кое е благоугодно заТебе.
Ете, целиот живот го предавам на Тебе, Христе Боже, мој Спасителу, мој Обновителу; очисти, освети и спаси ме. „Чисто срце создај во мене Боже и
правиот дух обнови го внатре во мене"(50:12).
Помогни ми: блиска и скорашна ми е гибелта без Тебе во секој час.

МОЛИТВА  НА СВЕТИ ЈОВАН КРОНШТАТСКИ

Господи! Дари ме со просто срце, незлобиво, откриено, кое верува, кое љуби, штедро, достојно вместилиште за Тебе, Себлагиот!
Јас гледам само кон Тебе, Владико, со срдечните мои очи, јас верувам во тебе несомнено. Ти
Сам знаеш со што и како да ме обдариш. Ти – Сокровиште  на сите блага. Ти – благост, премудрост, семоќност која изобилно се излива над сите. Бидејќи во Тебе се огледувам, о, Владичице, самата запази ме и помилувај ме!
Спаси не нас, твојот род, Владичице! Спаси не нас, твоите еднокрвни! Спаси не Мајко на Животот и Мајко на сите нас, макар што ние не сме достојни да те нарекуваме своја Мајка! Очисти не`, освети не`, утврди не`, и спаси не`  со Твоите молитви!
Блага Владичице!  Покажи го и секогаш покажувај го владичеството над мене и над Твоите луѓе, богобојазливи и благосклони – избавувајќи не преку нашата молитва од скверните, лукави и хулни помисли, од сите гревови и страсти и од сите ѓаволски планови, зашто си Блага, Мајчице Божја!

sv.Efrem.Sirin3a.jpg


Дева Марија – Таа е Владичица најдобросрдечна на сите човечки синови и ќерки, зашто е ќерка на Бога Оца, Кој е љубов, Мајка на Бога Словото – нашата љубов, избрана невеста на Сесветиот Дух, Кој е љубов, едносуштна со Оца и Словото . Како да не прибегнуваш кон таква Владичица и да не чекаш од Неа секакви духовни блага!


sv.Pajsij.Velickovski.jpg

Сети се, душо моја

... дека твојот Создател постана Човек заради тебе, и повела да пострада заради твоето спасение. Ангелите Негови треперат, Херувимите се преплашени, Серафимите стравуваат, и сите небесни сили непрестано Го величаат; а ти, бедна душо, во мрзеливост пребиваш.Од сега натаму, стани и не отстапувај, мила душо, од светото покајание, раскајувањето на срцето и исповедувањето на твоите гревови. (св. Пајсиј Величковски)


sv.Efrem.Sirin3a.jpg

 МОЛИТВА НА ЕФРЕМ СИРИН

Пресвета Владичице Богородице, Ти си единствено чиста  со душа и тело; Ти единствена целомудро го надвиси и девството; само Ти единствена постана обител на целата благодат на Сесветиот Дух; Ти која ги надмина и бестелесните Сили со чистотата и светоста на душата и телото, не ме отфрлај мене недостојниот, нечистиот, кој кој ги осквернува душата и телото со својот сластољубив живот; очисти го страсниот мој ум и направи го непорочен; обрати ги према беспрекорни тежнеења моите блудни и слепи помисли; биди раководителка на моите чувства; ослободи ме од лошата и срамната склоност према предрасуди и страсти која господари во мене; ослаби го гревот кој ме мори и дај му бодрост и разборитост на мојот беден и помрачен ум, дарувај ми трезвеност и расудување за исправање на моите падови и потклекнувања, за јас, избавен од гревовите на мракот, да се удостојам со смелост да Те славам Тебе, вистинската мајка на вистинската Светлост – Христа Бога нашиот, бидејќи Тебе единствена со Него и поради него те благословуваат и слават сите видливи и невидливи створови, сега и секогаш и во вековите на вековите. Амин.

Покајна молитва на свети Ефрем Сирин

sv.efrem.sirin1.jpgГосподи, пред тркалото на времето да сопре во мојот живот, помилуј ме!

Пред и ветрот на смртта да дувне, и на телото мое болести се појават - на смртта весници - помилуј ме! Пред и величественото сонце на висините да се помрачи за мене - помилуј ме! И нека блесне за мене светлоста Твоја од висините, и нека ја растера од умот мој страшната темнина. Пред и земјата да се врати во земја, и стане гнилеж, и пред пропаста на сите црти на личотата нејзина - помилуј!

Пред и гревовите мои да ме прелажат на Судот и посрамат пред Судијата - помилуј, Господи, со благости исполнет! Пред и воинствата да излезат, и претходат на Синот Царев, да го соберат родот наш беден, пред Престолот на Судијата - помилуј! Пред и гласот на трубата пред присуството Твое да се зачуе, поштеди ги слугите Твои и помилуј, Господи наш Исусе!

Пред и дверите Твои да ги заклучиш пред мене, Сине Божји, и пред и храна на незгасливиот оган пеколен да станам јас, помилуј ме!

Молитва на св. Ефрем Сирин

sv.efrem.sirin2.jpgГосподи и Владико на мојот живот,
Не ми давај дух на мрзливост, изнемоштеност, властољубивост и празнословие.
Но дух на невиност, смиреност, долготрпеливост и љубов,
дај ми мене, на Твојот слуга.
Да, Господи, Царе,
дај ми да ги видам моите прегрешенија
и дане го осудувам братот мој,
зашто си благословен во вечни векови. Амин!

 

Подготви: Стојанка Тежак

Посети:{moshits}

 

 

 Друго:

Молитви од светите отци (2)