логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 

Свети Теофан Затворник

Неопходност од повторното соединување со Бога заради спасение. Самиот човек не е во состојба тоа да го направи. Духот Божји го совршува ова во нас заради искупувањето кое го донел Синот Божји.
 
Значи, до кој резултат дојдовте барајќи одговор на прашањето што е потребно за да се врати се во претходниот, првобитен поредок? Што и да смисливте, јас го продолжувам своето.

Како и што се спуштивме од гората, сега спротивно на тоа треба повторно таму да се искачиме. Како што се појавила таа болест, така со спротивно делување може и да се истера. Отпаднавме од Бога – потребно е повторно да се соединиме со Него. Отпаднавме и заради сомнежот во Божјите зборови – треба да ја обновиме потполната вера во тие зборови. Губејќи ја верата во Бога, сме ја прифатиле погубната одлука, значи сам сум – треба да го уништиме тоа сам сум. Кога настанало тоа погубно сам сум, нашиот дух ја изгубил својата сила да владее со душата и телото, и напротив, самиот паднал под нивен јарем. Тоа владеење на духот треба да се обнови. Кога била пресечено, потребите на душата и телото се разишле на разни страни и во нашите желби дошло до метеж – сите тие потреби треба пак да бидат доведени во единство и да се востанови во нивниот поредок меѓусебна потчинетост. Заедно со погубното сам сум во нашиот живот влегло и мноштво страсти, како диви ѕверки кои не напаѓаат. Треба да ги истераме тие страсти.

Гледате што е потребно. Веќе и заради мноштвото и важноста на она што е потребно можеме да дојдеме до заклучок дека сами нема да можеме да излеземе на крај со тоа дело кое за нас е единствено потребно. Особено не треба да се надеваме дека сами ќе го совршиме нашето најважно дело, оти првата точка на тоа дело, без која подалеку не вреди да се оди, е токму повторното соединување со Бога, а тоа никако не може да биде во наша власт. Ние можеме тоа да го сакаме и да го бараме, но да го направиме – тоа не може да биде дело на нашите раце. Кој може да влезе во Божја област или сам да прокрчи пат кон Него? Кој е во состојба да земе од Бога она што го посакува, уште и да Го принуди Бога да биде во нас, за и ние да бидеме во Него, особено откако сето тоа веќе ни било дадено, но сме го презреле, сме Го навредиле Бога со недоверба во Него и Неговата власт сме ја згазиле со своето самоволие? Велиш – ќе се покајам, се кајам. Но не е до тебе да поставуваш услови. Покајанието е во ред, но кога Сам Бог ќе прифати да го пими. А само по себе што е тоа?! Се повредив, ме боли – па што?!

Значи, повторното соединување со Бога не е во наша власт; и условите за тоа и начинот на остварување и се што се однесува на тоа не е во наши раце. Но еве колку е тоа важно, што кога ќе дојде до повторно соединување, се друго ќе тргне само од себе. Истиот час духот ќе добие сила, ќе ги потчини на себе душата и телото, ќе ги доведе во ред потребите и желбите и ќе ги истера страстите. Но како да го постигне тоа? Јас сакам да Ви објаснам дека нема заради што да удираме глава врз тоа како повторно да се соединиме со Бога. Колку и да се мачиш, ништо нема да постигнеш; туку ако на Бога Му е угодно да востанови поредок на такво повторно соединување тогаш побрзај да го прифатиш со потполна вера, и тоа да го искористиш со топла благодарност. И фала Му на човекољубивиот Бог, се во тој поглед е веќе направено, востановено и објаснето! Прифати и искористи.

Нема да ви изложувам како сето тоа е направено; ќе го кажам само она главното: за обновување на нашиот дух и за повторно соединување со Бога, неопходно е Духот Божји да се спушти на него и да го оживее. За да го покаже патот за спуштање на Божјиот Дух, Единородниот Син Божји се спуштил, се воплотил, пострадал, умрел на Крстот, воскреснал и се вознел на небесата. Вака односот на Своето дело кон Светиот Дух го одредил и Самиот Син Божји, кога на Своите ученици им објавил дека ќе си оди кај Отецот, а тогаш, откако тоа ги разжалостило, за утеха им рекол: подобро е за вас Јас  да отидам, оти ако Јас не отидам, Утешителот нема да дојде кај вас (Јн: 16, 7). Уште порано, пренесувајќи ги Господовите зборови, светиот евангелист Јован  Богослов пишува: кој во Мене верува... од утробата негова ќе потечат реки од жива вода; а потоа додава: ова го кажа за Духот кога требаше да го примат оние кои веруваат во Неговото име, оти Духот Свет уште не беше даден, затоа што Исус уште не беше прославен (Јн. 38-39). Требало да се прослави Синот Божји Кој се смирил Себеси во воплотувањето и страдањата, за да дојде Светиот Дух и да пребива во оние кои веруваат во Него. Тој навистина дошол и пребива во верните, и тоа така што другиот апостол восхитено прашува: не знаете ли дека сте храм Божји и дека Духот Божји живее во вас (1. Кор. 3, 16).

Тоа Ви е значи се. Синот Божји се воплотил, пострадал со телото, умрел на Крстот, воскреснал, се вознел на небесата и Го испратил од Отецот Светиот Дух, Кој, примен од оние кои веруваат во Синот, го исполнил во нив она за што Синот се молел: сите да бидат едно, како Ти, Отец, што  си во Мене и Јас во Тебе (Јн. 17,21).

Како Он тоа ќе го соврши? Соединувајќи се со духот на оние кои веруваат во Синот Божји и оживувајќи го, повторно го соединува со Бога. Ова се нарекува ново раѓање од Бога, кои верните ги чини чеда Божји по благодат, како што вели светиот евангелист Јован: а на оние кои примија власт им даде да бидат чеда Божји, оние кои веруваат во името Негово, кои не се родија од крв... туку од Бога (Јн. 1, 12-13). Закон на духовниот живот во Христа Исуса стана: ако некој не се роди од вода и Дух, не може да влезе во Царството Божје... оти само она што е родено од Духот дух е (Јн. 3, 56).

Немојте да прашувате зошто сето ова е неопходно за обновување на вистинскиот живот во нас, туку тоа што се го чуле прифатете го верувајќи едноставно и искрено како дете. Ако почнете да поставувате прашања, ќе дојде ѓаволот и како некогаш на Ева, ќе Ви дошепне соблазна и ќе ја поколеба Вашата вера, а низ тоа ќе Ве лиши и од нејзините плодови. Како што тогаш било несфатливо дека од пробување на забранетиот плод можат да произлезат такви последици, кои сепак произлегле, така е сега несфатливо зошто било потребно Синот Божји да се воплоти, да пострада и потоа да го испрати Духот за да не обнови, па сепак, токму од искрената вера во таков поредок на случувањата зависи нашето обновување и сите кои тоа го прифатиле и прифаќаат со вера се обновуваат.

Значи, не прашувајте као Бог сето тоа го уредил, а ни јас ништо за тоа нема да Ви зборувам. Ќе кажам само неколку збора за она што во нас го прави Светиот Дух кога го обновува нашиот дух. Но, стрпете се до следното писмо.

(Продолжува)        

Подготви: Б.Ѓ.

Посети:{moshits} 

Друго:

Св. Теофан Затворник- што Е ДУХОВЕН ЖИВОТ И КАКО ДА СЕ ОСПОСОБИМЕ ЗА НЕГО (20)

Свети Теофан Затворник- што Е ДУХОВЕН ЖИВОТ И КАКО ДА СЕ ОСПОСОБИМЕ ЗА НЕГО (19)

што Е ДУХОВЕН ЖИВОТ И КАКО ДА СЕ ОСПОСОБИМЕ ЗА НЕГО (18)

Свети Теофан Затворник - што Е ДУХОВЕН ЖИВОТ И КАКО ДА СЕ ОСПОСОБИМЕ ЗА НЕГО (17)

што Е ДУХОВЕН ЖИВОТ И КАКО ДА СЕ ОСПОСОБИМЕ ЗА НЕГО (16)

што Е ДУХОВЕН ЖИВОТ И КАКО ДА СЕ ОСПОСОБИМЕ ЗА НЕГО (15)

Св.Теофан Затворник - што Е ДУХОВЕН ЖИВОТ И КАКО ДА СЕ ОСПОСОБИМЕ ЗА НЕГО (14)

што Е ДУХОВЕН ЖИВОТ И КАКО ДА СЕ ОСПОСОБИМЕ ЗА НЕГО (13)

  што Е ДУХОВЕН ЖИВОТ И КАКО ДА СЕ ОСПОСОБИМЕ ЗА НЕГО (12)

што Е ДУХОВЕН ЖИВОТ И КАКО ДА СЕ ОСПОСОБИМЕ ЗА НЕГО (11)

  што Е ДУХОВЕН ЖИВОТ И КАКО ДА СЕ ОСПОСОБИМЕ ЗА НЕГО (10)

што Е ДУХОВЕН ЖИВОТ И КАКО ДА СЕ ОСПОСОБИМЕ ЗА НЕГО (9)

  што Е ДУХОВЕН ЖИВОТ И КАКО ДА СЕ ОСПОСОБИМЕ ЗА НЕГО (8)

што Е ДУХОВЕН ЖИВОТ И КАКО ДА СЕ ОСПОСОБИМЕ ЗА НЕГО (7)

што Е ДУХОВЕН ЖИВОТ И КАКО ДА СЕ ОСПОСОБИМЕ ЗА НЕГО (6)

  што Е ДУХОВЕН ЖИВОТ И КАКО ДА СЕ ОСПОСОБИМЕ ЗА НЕГО (5)

  што Е ДУХОВЕН ЖИВОТ И КАКО ДА СЕ ОСПОСОБИМЕ ЗА НЕГО (4)

што Е ДУХОВЕН ЖИВОТ И КАКО ДА СЕ ОСПОСОБИМЕ ЗА НЕГО (3)

што Е ДУХОВЕН ЖИВОТ И КАКО ДА СЕ ОСПОСОБИМЕ ЗА НЕГО (2)

  што Е ДУХОВЕН ЖИВОТ И КАКО ДА СЕ ОСПОСОБИМЕ ЗА НЕГО (1)

 

 Извор: https://svetosavlje.org/sta-je-duhovni-zivot-i-kako-se-za-njega-osposobiti/23/



Видео содржини

Руски Светец Александар Свирски

Сеп 29, 2018
Рускиот светец Александар Свирски - мошти со бела боја и кожа стара повеќе од 500 години, како да е жив

Верата на нашите татковци - Евхаристија

Авг 04, 2018
Верата на нашите татковци Тема: Евхаристија - Света Причест 11.03.2018

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Октомври 18, 2018

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво, на почетокот на монашката историја стои и преподобниот Пахомиј, исто така почитуван како Велики, не само заради својата посебна духовна величина, туку и заради тоа што…
Октомври 18, 2018

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН ЖИВОТОПИС, ТВОРЕШТВО И КАРАКТЕРИСТИКА

Над сè, свети Ефрем си останува прекрасен проповедник – амвонот е почеток и крај на неговото служение, проповедта е трубата на неговото слово и творештво. Неговата проповед е образец за сите времиња и места – по својата библиска основа, православно…

Св. Климент Охридски: Слово за зачнувањето на св. Јован Претеча

Окт 14, 2018 Житија 33
Но ти (Крстителу Јоване), направи нè, преку твоите молитви, да принесуваме достојни…

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН - Псалм 11 4

Фев 17, 2018 Полезно и Потребно 7147
sv.efrem.sirin2.jpg
СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН Псалм 11. Нема да се справам со себеси и со ѓаволот – Ти Господи,…

Беседи

Митрополит г. Наум: Суштинско недоразбирање

Митрополит г. Наум: Суштинско недоразбирање

Пројавите на неврозата ги објаснивме: губење контрола над мислите и чувствата, губење контрола над зборовите, и најтешкиот вид невроза – губење контрола и над своите дела. Не можат меѓу себе...

БEСEДА за Бoга Свeтиoт Дух кoј излeгува oд Oтeцoт

БEСEДА за Бoга Свeтиoт Дух кoј излeгува oд Oтeцoт

За Свeтиoт Дух ни e oткриeнo дeка Oн излeгува oд Oтeцoт и сo Синoт сe испраќа. Никoј да нe бара пoвeќe за да нe паднe вo заблуда. Штoм излeгува oд...

БEСEДА за Христoвата тага

БEСEДА за Христoвата тага

Глeдатe ли кoлку e важна смртта Христoва? Ниe сo нeа смe искупeни, сo нeа смe спасeни. Никoј да нe застанува eдинствeнo на Христoвата наука, туку нeка сe прeнeсe и на...

Воздвижение на Чесниот Крст

Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

БEСEДА за тoа какo грeшницитe гo примаат лoшиoт а нe дoбриoт

БEСEДА за тoа какo грeшницитe гo примаат лoшиoт а нe дoбриoт

Кoј e тoј другиoт кoј ќe дoјдe вo свoe имe и кoгo грeшнитe луѓe пoлeснo ќe гo примат oткoлку Христа Гoспoда? Тoа e oнoј кoј нe нoси крст и нe...

   Митрополит Антониј Сурожски - Рождество на Пресвета Богородица

Митрополит Антониј Сурожски - Рождество на Пресвета Богородица

Секој празник на Mајката Божја е чиста радост; тоа е радост не само заради љубовта Божја кон нас, туку и радост заради тоа што земјата – нашата едноставна, родна, обична...

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

Духoт на Гoспoда e врз Мeнe. Зoштo Oн тoа гo гoвoри кoга e рамeн на Духoт какo и на Oтeцoт? Заради свeдoштвo на луѓeтo, какo штo тoлкува св. Златoуст. Нe...

протоереј Драган Јанковски: Петнаесетта недела по Педесетница

протоереј Драган Јанковски: Петнаесетта недела по Педесетница

Aко треба да дадеме најкратка дефиниција и најверодостојна карактеристика за науката на Господ Исус Христос и христијанството воопшто, треба да речеме дека тоа е љубов. Можат да се дадат и...

Митрополит Николај Месогејски:Зошто мене, Боже мој? (прв дел)

Митрополит Николај Месогејски:Зошто мене, Боже мој? (прв дел)

Бурата на лекарските прегледи ја заменува бомбардирањето со неодговорените „зошто“. Зошто, Боже мој, толкава болка? Што згрешило ова невино создание? Зошто моето дете, кое ми се чини дека е најдоброто,...

« »

Најново од духовност

Православен календар

19/10/2018 - петок

Светиот апостол Тома  

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Тропар

 Тропар на светиот Христов апостол Тома 7 октомври / 20 октомври 2018

Тропар на светиот Христов апостол Тома 7 октомври / 20 октомври 2018

Ученик Христов бивајќи, на Божествениот Апостолски Собор сотрудник,со неверие го прими известувањето,за Христовото воскресение,

Тропар на светата маченичка Харитина 5 октомври / 18 октомври 2018

Тропар на светата маченичка Харитина 5 октомври / 18 октомври 2018

Распламтена со огнот на Божественатаљубов уште од младоста,погледот на твоите очи од сѐ што е во светотси го одвратила, и...

Тропар на св.Христов свештеномаченик Еротеј Атински 4 октомври / 17 октомври 2018

Тропар на св.Христов свештеномаченик Еротеј Атински 4 октомври / 17 октомври 2018

О Еротее свет епископе,Господ подари умиление на срцето твое,Пресветата придружник на Нејзината свита те постави,моли се за нас пастиру на...

Добредојде Православие.мк

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Последни коментари

За Божествената правда

Кога некој би ми рекол: ’Отец, морате да ја напуштите својата ќелија зашто таа ми припаѓа мене. Слезете и одете под чемпресот во градината’, ако поседувам Божествена правда, јас тоа со радост ќе го прифатам. Ако постапам според човечката правда, би ја одбил неговата понуда и би почнал да се расправам со него, а може да завршиме и на суд Повеќе...

Архимандрит Георгиј Капсанис

Личноста на архимандритот Георгиј ќе остане во вечно паметење во срцата на оние што го запознале, но генерално и во целата Православна Црква, затоа што преголеми се неговите заслуги за чистотата на верата и за автентичното живеење според неа..Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

Протоереј Андреј Ткачев: Примете, јадете

 

Во Рајот Господ им рекол на луѓето да не јадат од дрвото на познанието. А злиот лукавец велел – јадете. Христос вели „јадете“, „пијте од Неа сите“, а злиот говори: „не јадете“, „недостојни сте“, „потребно е долго и тешко да се подготвувате“. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Икона на Пресвета Богородица „Нажалена за бебињата убиени во утроба“

 

Божјата Мајка е добра застапничка во сé, особено голема е Нејзината помош за жените и децата. Во христијанството постојат голем број на икони на Богородица и тие толку се разликуваат една од друга што тешко е да се претстави дека на нив е изобразена едната и иста Божја Мајка.  Повеќе...

За Моето име

Взбранной Воеводе победительная