crkva.sumrak.dr1.jpgВо деновите на пост и покајание да се погрижиме и за нашите несреќни браќа. Тоа што го одземаш од својот стомак, дај го на гладниот. Стравото од Бога нека биде справедлив израмнител. Со благоразумно воздржание излечи две спротивни страдања: своето преситување и гладот на својот брат. Така постапуваат и лекарите: едни истоштуваат, а други наситуваат, та преку одземање и додавање да го запазат здравјето на секого. Послушајте го доброто убедување: нашето слово нека ги отвори вратите на  имотните, нашиот совет  нека го собере сиромавиот со богатиот. Да не ги збогатуваме оние кои имаат потреба само со зборови - да им дадеме живеалиште, легло и трпеза. Освен вообичаените бедни, има и други мали – немоќните и болните. Секој нека се грижи за своите соседи. Не дозволувај друг да го послужи твојот ближен. Да не го зеде друг богатството што тебе ти се понудува. Прегрни го несреќниот како злато – вклучи го во своите прегратки за твое здравје, за доброто на сопругата и децата, за спасението на целиот дом.

 

 

Бедниот и болниот е двојно несреќен, зашто здравите помеѓу оние кои имаат потреба, влегуваат од врата на врата, ги посетуваат богатите, седат на крстопатите и викаат кон сите минувачи. Бедните пак стегнати од болест, се затворени во мали куќарки и тесни подруми, како Даниил во ровот и те чекаат тебе, богобојазливиот беднољубец, како Авакум. Биди другар на пророкот преку милостината – претстави се пред оној кој има потреба како брз и немрзлив крмител. Ќе ми кажеш: и јас сум сиромав. И тоа да е, пак – дај што имаш, зашто Бог не сака повеќе од твоите можности. Ти ќе дадеш леб, друг – чаша вино, трет – облека; по таков начин, со општи усилби ќе се отстрани несреќата на сиромавиот. Не презирај ги болните и оние кои лежат како ништо да не претставуваат И тие носат образ на твојот Спасител. Човекољубецот им го дал Својот сопствен образ, за да ги посрами оние кои ги презираат сиромасите и кои немаат сострадание.

Сиромасите се силни обвинители и одлични заштитници – заштитуваат и обвинуваат не со зборови, туку со својот изглед пред небесниот Судија, зашто направеното за нив вика кон Срцеводецот поразбрано од секој гласен. Страшниот Суд ни е опишан заради сиромасите. Таму јас го гледам Синот Човечки на висок престол, опкружен од Ангели. Оние луѓе кои стојата од десната Негова страна се наречени овци – според нивната добрина,  а оние кои стојат од левата Негова страна се наречени кози, според нивниот карактер. Пресудата е: за првите – блаженство во вечноста, за вторите – вечна мака.  Срашниот Суд е училиште за ползата од добротворството. Добротворството содржи живот – тоа е мајка за страдалници од секој род и возраст, учител за богатите и старател за старците; тоа е добра доилка за децата, ризница за бедните и сеопшто пристаниште за несреќните!

 

Извор:http://www.mpc-svpetka.com/

 

лого

Извор

TVITer270

П.П.2008-10-11 20:08:33

 7ми јули 2021 лето Господово