42. Беседа

БЕСЕДА НА СПАСИТЕЛНОТО  РОЖДЕСТВО НА ПРЕНЕПОРОЧНАТА ВЛАДИЧИЦА НАША БОГОРОДИЦА И СЕКОГАШ ДЕВА МАРИЈА

Bogorodica1Rozdestvo.jpg1. Секое време е погодно да се постави темел на спасителниот начин на живот. Укажувајќи на тоа, великиот Павле рече: “...дошол веќе часот, тоа да се разбудиме од сонот, оти спасението е сега поблиску до нас, отколку кога поверувавме.... да ги отфрлиме пак сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на светлината. Да одиме чесно како дење...”(Рим.13,11-13). Не е речено дека некој одреден ден или час е погоден за спасение, туку е кажано дека по јавувањето на Господ и Бог, Спасителот Наш Исус Христос, секое време е погодно за тоа. Како што со изгревањето на чувственото сонце за луѓето настанува време за телесно делување,  со оглед на тоа дека, изгрева сонцето... човекот излегува по своја работа и работи до вечерта, како што вели цар Давид (Пс.103,22-23), така и од времето кога во тело ни засветли Сонцето на правдата, од Неговото јавување, секое време станало погодно за духовно делување. Оној ист пророк кој за доаЃањето на Господа рече, Каменот, што го отфрлија ѕидарите, стана глава на аголот, вели: “Овој е ден што го создаде Господ за да се зарадуваме и да се развеселиме во него”(Пс.117,22-24). Кога Ќе се појави чувственото сонце, кое е подоцна прекинува (заоЃа, заб.прев.) во текот на ноќта, излегува човекот по своја работа, на своја работа се до вечерта, додека Сонцето на правдата, бидејќи не заоѓа, и по зборовите на апостолот, во Кого нема промени ни сенка од измена(Јак.1,17), допушта времето за духовно делување неприкинато (непрестајно, заб.прев.) да трае.

2. Доколку е потрбно да се издвои некое време позгодно од отанатите (времиња), како што, на пример, постои време за сеидба и време за жетва, време за садење и време за собирање на плодовите, како што постои време и во секој друг дел, ќе откриеш дека и за добрите дела времето разлино се усогласува. Сега е есен, и во неа првенството му припаѓа на овој месец (септември), кој го сметаме како прв и како почеток на годината (во Источното Римско Царство - Византија, годината започнувала во септември, во тој месец започнува и црковната Нова година, заб.прев.), бидејќи тогаш е поставен почетокот на нашето спасение, а тоа е што денес го прославуваме. Со оглед на тоа дека оваа свештена свеченост и празник кој денес го прославуваме е наш прв благодатен призив и пресоздавање, тоа е и денот со кој СЕ започна да станува ново, со кој започна смената на променливото (привременото) со законот на непроменливото (трајното), слово на духот, а сенка на вистината.

3. Денес, значи, се откри новиот свет и чудесен рај, во кој и од кој се роди новиот Адам, за да може стариот Адам да го пресоздаде и севкупниот свет да го обнови, (Адам) кој нема да биде опрелестен, туку напротив, сам ќе го опрелести опрелестувачот и ќе им подари слобода на оние кои по демонската прелест станале робови на гревот. Денеска на земјата се подготви зачудувачка книга, но не книга на вообличени зборови, туку способна во себе таинствено да го носи Самото живо Слово (самиот жив Логос), и тоа не она слово кое ветрот го разнесува, туку Слово небесно, не слово создадено за да пропадне, туку она кое се што ќе му се приближи го одзема од пропаѓање, не слова настанато со движење на човечките јазици, туку Слово предвечно родено од Бог Отецот. Денес се покажува одухотворента и нерактворна скинија Божја, словесен и духовен кивот, Леб на Животот кој навистина ни е испратен од небесата (Јн.6,22-23). Денес, како што вели во Псалмот, вистината Ќе изникне од земјата, вистински небесен украс на благородноста човечка, и се покажа правдата од небото(Пс.84,11), Правда (Христос, Словото) која и самиот началник и вистинското начело на неправдата  го отфрли, и бидејќи неправедно осудена и праведно пресудувајќи го заврза силниот во злото и садовите негови (паднатите луѓе) преодземајќи и пресоздавајќи ги, им покажа дека се способни во себе да ја понеста праведноста Божја. На тој начин со верата во Него (во Христа) се оправдаа затворениците на гревот, бидејќи ги зема со Него за да живеат вечно, додека кнезот на гревот врзувајќи го со неразрешливи окови го предаде на вечниот и мрачен оган. Денес, според пророчкото кажување, “изникнува фиданка (жезол) од Јесеевата пењуншка (корен)”(Ис.11,1), и цвет кој нема повторно да свене и ја повикува наШата природа, која иако овената која заради тоа отпадна од несвенливото место на насладувањето, и ја води кон цутење, и дарува вечно цутење, ја вознесува кон небото и ја воведува во рајот. Тоа е жезолот со кој Великиот Пастир управува со словесното стадо на вечното пасиште, и кога нашата природа ќе се поткрепи на овој жезол ја отфрла од себе прастарата слабост и немоќ и лесно се движи кон небото, оствајќи ја под себе земјата на оние кои се склони кон земното (долното), бидејќи (тие) немаат таква поткрепа.

4. Меѓутоа, каков е тој нов свет, тој чудесен рај, таа одухотворена скинија и кивот Божји, вистина која изникнува од земјата, многуопеаниот жезол Јесеев. Тоа е пред и по раѓањето Секогаш девствената Дева, чие раѓање од неродилка денес го прославуваме. Јоаким и Ана, кои што живееа заедно и беа праведни пред Бога, на Израилците, според законот им се чинеа достојни за презир бидејќи беа бездетни. Како што во тоа време намаше надеж за воскресение, се мислело дека е неопходно наследувањето со раѓање. Сега пак, кога нам, таа, на денешен ден родена Дева, со своето девствено раѓање ни подари вечност (Христос), веќе нам не ни неопходно наследувањето преку раѓање на деца. Во тоа време, значи, на Израилците бројното потомство им се чинеше голема добредетел, а бездетноста (неплодноста) најголем порок, заради што тие иако праведни, наместо да ги пофалуваат за тоа, ги презирале затоа што немаат деца. Ожалостени од презирот, овие праведници си спомнуваат за Аврам и Сара, како и другите кои почувствувале длабока тага заради немањето деца, а потоа имајќи го на ум лекот кои тие го најдоа како исцелување во така голема тага, одлучиле самите со молба да му пристапат на Бога. Целомудрениот Јоаким заминал во пустина, таму прибегнал и се подвизувал со пост, вознесувајќи молитва кон Бога за да стане татко. Тој не ја прекинувал молитвата, ниту се враќал оттаму се додека не добил уверување дека неговото молење ќе биде услишено. Бидејќи, била во единомислие со него, Ана се затворила во блиската градина, повикувајќи кон Господа со болка во срцето:”Услиши ме, Боже на моите татковци и благослови ме менае како што ја благослови и утробата на Сара”. И ја услиша Господ, и ги благослови, и им даде ветување, и тоа ветување денес (на денешен ден) се исполни, им подари чедо од секое претходно чудо почудесно, Родителка на Оној што се создаде, која човечкиот род го обожи и земјата ја онебеси, Синот Божји го направи (син) човечки, бидејќи во себе безсемено зачна и Овоплотениот низречено го роди, Оној кој се од небитие приведе во битие и го пресоздаде во добробитие недозволувајќи да се расипува во небитие.

5. Заради која причина, Таа (Пресвета Богородица) потекна од неплодна утроба? За да ги ослободи родителите од болката и да го прекине нивното понижување, но исто така, и да го изобрази ослободувањето од болката и проклетството на прародителите на нашиот род кое преку неа Ќе се изврши. Како би се осмелила природата да ја оскверни онаа утроба во која пребивала и од која потекна единствената жена која се населила во Свјатаја свјатих, и единствената жена која постанала престојувалиште на Создателот на природата. Како што ниту пред неа, ниту по неа не се појавила Дева Мајка и Мајка Божја, и како што ниту пред неа, ниту по неа никој не престојувал во Свјатаја свајтих, исто така доликувало внатре и во оваа утроба да не биде зачнат ниту еден друг плод. Како што приближувало времето Дева да постане Мајка Божја и тоа од родот Давидов, и во време погодно за наше спасение, и како што требало да се подготви Дева, не се најде никој повозвиШен во добродетелта од неа, ниту пак во родот Давидов некој се покажал поблагороден од неа по начинот на живот  и род. Заради тоа, овие кои беа бездетни (Јоаким и Ана) имаа поголема чест од сите оние кои имаа многу деца, за да може седобредетелната Дева да се роди од многудобредетелни, и сепречистата од исклучителни во целомудреноста, и  за да може целомудреноста соединета со молитвата и подвигот да даде плод, за да постане родителка на девственоста, девственост која непорочно го родила Оној кој што според божественоста е роден од девствениот Отец пред сите векови. О, какви крилја имала нивната (на Јоаким и Ана) молитва и каква важност добила пред Господа! О, тие срца, толку праведни (непорочни), да вознесат ваква молитва која на нешто такво претходи и нешто такво достигна! Требало да се подготви такво чудо на чудата и природата постепено да отстапи пред благодатта.

6. А, вие кои сте осветен собор и ги слушате моите зборови, кои сте мои во Христа, словесно стадо и нива, принесете и на Мајката Божја на денот на нејзиното рождество, дар на творење на добредетели и растење во нив. Мажи и жени, сати и млади, богати и сиромаШни, стареШини и потчинети, и воопшто луЃе од секој род, секоја возраст, уметност и наука, никој меѓу вас нека не биде неплоден и без душевен плод, нјикој нека не биде без љубов и неприемчив за духовното семе, туку сесрдно да го прифати небесното семе, спасителното слово, и од своја страна со дело нека создаде небесен и богоугоден плод, никој нека не го запостави почетокот на доброто делување, никој својата вера во Христа нека не ја исполнува само со зборови. Не секој што ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во царството небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец небесен (Мт.7,21), и никој што ја ставил раката своја на ралото и погледнува назад, не е достоен за цеарството Божјо (Лк.9,62).

7. Девственици кои се определивте (кои дадовте завет) на монашки живот, како и сите кои чините добро, и оние кои од сопружништвото пристапивте кон соживот со девствениците, како и воопшто сите кои се стремевте кон покајание и го избравте тој начин на живот, барајте се според Бога заради Дева која сега заради нас се роди, и Оној од девствениот Отец роден пред сите векови, Кого таа го роди по тело за да би живееле само за неа и од неа Овоплотениот Бог, да се надеваме само на Него и само со Него да се насладуваме, за би се радувале во надеж, а во маката за да бидеме трпеливи (Рим.12,12), на наставниците да им бидеме послушни (Евр.13,17), за да служиме еден на друг грижејќи се да бидеме во мир еден со друг, непрестајно во будни и во молитва и духовно умиление усовршувајќи се со псалми и славословија и духовни песни (Еф.5,19), бидете непорочни и девствени со телотот и душата, со секое чувство и ум, во се покажвајќи духовен и девстве начин на мислење и живеење. Така ќе можете, како што се вели во псалмот, да ја следите Богомајката и да бидете покрај неа и ќе влезете во неракотворниот храм на Царот небесен во надземската и вечна брачна ложа на бесмртноста.

8. А, вие кои сте во брак, не се препуштајте во потполност на овој свет, бидејќи заради вас овиј новосоздаден и навистина надземски украс, односно Богомајката денес се појави како плод на бракот. Вие, старците покажете старечка мудрост и со своите помисли, зборови и дела не бидете како недозреани младенци, (а, не) телесно да мудрувате и по тело да живеете. Вие, младите поддржувајте такви старци, почитувајте ги и покорувајте им се  и нека не ви биде непознато дека староста е чесна и дека младоста не заостанува зад достоинствената старост. Ако пак тоа не го знаете, прашајте го премудриот Соломон и од него ќе чуете дека мудроста-тоа се белите човечки коси, а непорочниот живот-возраст на староста (Мудр.Сол.4,9). Оние што пркумерно собирале од земното, непостојното и минливото, од она што постојано преминува од еден до друг, нека се потрудат со негово раздавање да стекнат вечен живот: оти животот на човекот не зависи од изобилството на неговиот имот (Лк.12,15). Вие пак кои оскудевате и во најнеопходното, збогатувајте се со трпение и благодарење кон Бога за да можете да се придружите на блажените бедни по дух и да го наследите царството небесно (Мт. 5,3). Старешините, кои извршуваат суд праведен (Зах.7,9), нека не користат сила против своите подредени и нека не покажуваат кон нив само праведност туку и татковско (родителско) расположение, имајЌи на ум дека сте сродни и сослужители (еден на друг). Не противете се на потчинестоста на Црквата и нејзиното учење, бидејЌи тоа се знаци на добра волја. Потчинетите на властите им должат покорност само во она Што не пречи на ветената надеж во Царството небесно.

9. Сите заедно сега принесете и на Дева на која денес го прославуваме нејзиниот најугоден и најдолчен дар, односно вашето осветување и непорочноста на телото стекнато со воздржување и молитва. Погледнете сите како се соединети целомудреноста, постот и молитвата, соединети со умилението направија Јоаким и Ана да станат родители на садот Божји, сад во таа мера избран не само во себе да го понесе името Божјо каков што подоцна се покажа Павле (Дела.Ап.9,15), туку и на Него Самиот  чие име е чудесно (Пс.8,1). Значи, ако покрај останатите добредетели се посветиме на молитвата и ревносно престојуваме во храмот Божји, Ќе ја откриеме вон ас нахранетата чистота на срцето која во себе го содржи и ни го открива Бога (Мт.5,8). Таа чистота и наклонетост на душата кон Бога која потекнува од неа, Исаија ја нарекува духот на спасението примен во утробата и вели: бевме непразни, се мачевме-и родивме дух на спасението Твое и го доставивме на земјата (Ис.26,18, според Септуагинта и црковно-словенски превод). Гледате како неплодните и неродните дуШи се стекнуваат со големо потомство? На овие зборови пророкот додава: не паднавме, но паднаа сите кои живеат на земјата, односно оние што лежат во земните помисли и страсти.

10. Доколку браЌа посакаме домот да не ни биде земјата туку небото, да не паднеме на земјата и гревот кој понеа ползи, непрестано да се простираме на божествената височина, тогаш страв Божји да се оддалечиме од злото и да Му се обратиме со добри дела, да се погрижиме по пат на воздржување и молитва да ги отстраниме сите лоши  навики и внатрешните помисли да направиме долични, и според зборовите на пророкот, да создадеме и да го родиме духот на своето спасение, имајќи ја за Помошничка која ја повикуваме, Онаа која на своите родители заради молитвата и богоугодниот начин на живот била дарувана на денешен ден, и која родителската тага ја преобрати (во радост), го укина прародителското проклетство и ги скратила болките на прамајката и безболно во девственост го родила Христа, на Кого му припаѓа секоја слава, чест и поклонение со беспочетниот Отец и благиот и животворен Дух, посојано сега и секогаш  и во сите векови. Амин.

Превод: Ѓакон Горан Стојчевски