логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 

Свети Теофан Затворник

sv.teofan.Zatvornik3.jpgВистинската човекова среќа – живот по духот. Најфина обвивка која служи како посредник помеѓу неа и телото и средство за општење на душите помеѓу себе, како и со светот на светителите и ангелите. Светла и мрачна состојба на обвивката на душата.

Сакав да одговорам на прашањето кое се наоѓа на крајот на минатото писмо, но се приближи Вашиот именден, па ми падна на памет по тој повод да Ви ги изразам моите најубави желби.

Пред се Ви посакувам здравје, оти во него е условот за стекнување на се она што човек го смета за добро и за уживање во него. Оти каква му е утехата на болниот и раслабениот кога сите сетила му се во ненормална состојба. Исклучок се само духовните утехи. Тие не зависат така од состојбите на здравјето и можат да бидат присутни без оглед на телесните страдања. Мачениците за време на самите страдања навистина се радувале, а не зборувале само дека се радуваат.

А после ова, што да се посака? Обично посакуваат среќа. И јас Ви посакувам среќа. Но што всушност тука се посакува?! Оти до сега уште никој не одредил што е среќа или кој навистина е среќен. Јас сфаќам дека е среќен оној кој се чувствува среќен. Затоа тоа и Ви го посакувам. Ви посакувам секогаш да се чувствувате среќна. Како и зошто? За ова луѓето имаат толку различни мислења што е тешко да се снајдеш. Јас едноставно ќе Ви кажам дека, додека не живеето во духот, не очекувајте среќа. Кога душевниот и телесниот живот течат како треба, даваат нешто налик на среќа, но тоа е само моментална сенка на среќа која бргу исчезнува. Со тоа тие ја имаат онаа вознемирена средина која се образува меѓу душата и телото, и која поттикнувана од страсните помисли, желби и чувства секогаш има сила, а покрај неа, заради отровот на страста, можно е опивање со помош на кое страданието се заборава, како од опиум, но не и отсуство на страдањето и болките на срцето. Болките на срцето претставуваат неодвоива содржина на таквиот живот. Духот пак стои над границите на секоја вознемиреност и таму го вознесува секого кој во него живее и, давајќи му да вкуси од духовните богатства кои се постојани, го прави вистински и постојано среќен. И што сега? Добрите желби да се завршат на тоа? Не, мислам дека тоа е малку. Ако нашиот живот би се завршувал со овој живот, тогаш секако би било доволно да се каже: бидете здрави и среќни. Но, бидејќи тој не се завршува така, туку продолжува и по гробот и дури таму се појавува неоспорно како живот, тогаш добрите желби не можат да бидат потполни ако не Ви посакам да се удостоите и таму да бидете блажена. Бидете блажена и таму. Јас тоа од сето срце и пред се Ви го посакува, и срдечно Го молам Господа безбедно да Ве преведе по патот на правиот живот и после него да Ве всели во Своето себлажено Царство.

Вам сигурно Ви се чини дека за тоа е потребно да се исполнат многу сурови претпоставки. Постојат секако одлучувачки претпоставки, но дали се тие сурови? На тоа макар воопштено ќе одговорам: и да и не, зависи од тоа како кој е поставен од детство. Судејќи по тоа мислам дека тие за Вас не се сурови. Вие веќе и ги исполнувате. Само чувајте се и не отстапувајте.

Ми падна на памет за Вашата прослава да Ви испратам колач, но не знам дали би знаел да го направам. Ќе пробам.

Ако не сте заборавиле, своевремено со Вас разговарав за една многу фина стихија, која е пофина од светлоста и која ја нарекуваат етер. Но не е работата во името, туку во признавањето дека таа постои. Јас признавам дека таква најфина стихија постои, дека секаде проникнува и поминува, служејќи како последна граница на битието. Сметам покрај тоа дека во оваа стихија пребиваат сите блажени духови – ангели и светители божји – бидејќи и самите се облечени во некаква облека од истата таа стихија. Од таа стихија се состои и обвивката на нашата душа (под тоа подразберете го и духот, кој е душата на нашата човечка душа). Самата душа е – дух, нематеријална, но нејзината обвивка е од таа тенка нематеријална стихија. Нашето тело е грубо а таа обвивка на душата е најтенка и служи како посредник помеѓу душата и телото. Низ него душата делува на телото и телото на душата. Но за тоа зборувам само попат. Запомнете само дека душата има најтенка облога и дека таа облога на нашата душа е иста како и кај сите духови. Врз основа на тоа Вам веќе не Ви е тешко да изведете заклучок, дека таа најфина светска (космичка) стихија, од која се состојат споменатите обвивки и во која пребиваат сите духови, е посредничка и за меѓусобно општење на нашите души и на тие духови.

Сега одвојте го вниманието од таа претстава и насочете ја на за нас вообичаени нешта. Вие сега живеете во Москва, седите помеѓу ѕидовите на својот стан, окружена од сите страни со згради и каде и да погледнете, секаде наидувате на препреки: многу предмети се испречени пред Вашиот остар и далекувид поглед. Но ако би Ви било можно да се издигнете над Москва во некаков балон, би ја виделе без проблем не само неа цела, туку и нејзината околина. Ако се кренете уште повисоко, би виделе и подалеку во круг. Подобрувајќи го својот вид и подигајќи се се повисоко и повисоко можете да ги видите Санкт-Петербург, Париз, Лондон итн. Се ова е заради тоа што Вашиот поглед се изострил и нема никакви препреки.

А сега пак за Божјите светии. Стихијата за која зборувавме поминува секаде и не наидува на никакви препреки. Сончевиот зрак минува низ стакло, а таа стихија и низ стакло, и низ ѕидови, и низ земја и низ се. Но, како што поминува низ се, така и оние кои пребиваат во неа можат кога е потребно да поминат низ се (како што Спасителот помина низ затворените врати во горната одаја, каде што беа апостолите). Тие пребиваат на одредено место, но кога ќе им се заповеда или кога ќе им биде дозволено истиот час се пренесуваат каде и да е потребно со истата таа стихија и не само да не наидуваат на никакви препреки, туку и не ги видат. Кога е потребно се пренесуваат, а кога нема таква потреба, пребивајќи на своето место во сите правци видат што е каде и што се случува. И кога своите очи ќе ги насочат кон земјата, то ест на нас грешните, јасно не видат и нас... Само, не ова наше грубо тело, кои не се однесуваат на нив, туку на нашата душа, онаква каква е, не непосредно, туку преку нејзината обвивка која е сродна со нивната обвивка и со онаа стихија во која живеат – оти состојбата на душата точно се одразува на нејзината обвивка.

Повелете сега замислете: седат двајца и разговараат, и при тоа расположенијата на нивните души се разликуваат. Ни еден од нив не види што е на душата на другиот, заради грубата завеса на телото зад кое се наоѓа душата, а ако ги погледнат ангелите и светиите ќе ја видат нивната душа таква каква е што е во неа – оти каква е таа и што е во неа, тоа се одразува и на нејзината обвивка. Ако во неа се свети мисли и чувства, нејзината обвивка е светла, и при секое нејзино свето чувство е светла на посебен начин. А ако нејзинити мисли и чувства не се сосема чисти, тогаш ни обвивката не е светла, и од секое нечисто чувство се помрачува, па станува час како магла, а час како ноќен мрак. Кога би се вознеле на небо и кога би погледнале со погледот на ангелите, секако соблекувајќи го од себе ова тело, тогаш, погледнувајќи на оваа земја, наместо разноликата маса на луѓе, би здогледале некакви сенки – светли, полусветли, магловити, мрачни. Е, така не гледаат жителите на небото, и судејќи по она што го гледаат, се радуваат или тагуваат.

Дозволете ми да Ве прашам: како Ве гледа светителката чие што име го носите, особено сега, кога Ве гледа повнимателно заради тоа што и Вие на неа посрдечно и се обраќате? Како Ве гледа Вашиот ангел чувар, кој секогаш се наоѓа покрај Вас, и Сам Господ, Кој со тело седи оддесно на Отецот, но и Кој вети дека ќе биде со нас во сите денови? Како Ве гледаат, таква сте всушност. Ве предупредувам дека со вакво прашање не сакам да Ве вознемирам и со тоа да го поматам Вашиот празник; напротив, очекувам да Ви пружам духовна утеха и радост. Оти не можам да очекувам да Ве гледаат од небото како мрачна или магловите. Вие уште не сте стигнале да се помрачите, затоа Ве гледаат како светла. Во крајна линија моја искрена желба кон Вас за Вашиот именден е: секогаш да останете таква и небеските жители секогаш да Ве видат како светла. Така од овој живот ќе преминете право кај нив. Тоа Ви го посакувам од сета душа.

(Продолжува)  

Подготви: Б.Ѓ.

 Посети:{moshits}

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Ноември 25, 2018

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен Нектариј, затоа направи и ние да ја завршиме духовната работа и стекнувајќи ја заработката, да Му запееме на Христа: Алилуја!
Октомври 30, 2018

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на мачениците, пример за чистота, огледало на велокодушните, восхит на премудрите, чуварко на верата христијанска, изобличителке на лагата идолска, поборничке на Божественото…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 758
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Окт 18, 2018 Житија 1037
Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво,…

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН ЖИВОТОПИС, ТВОРЕШТВО И КАРАКТЕРИСТИКА

Окт 18, 2018 Житија 984
Над сè, свети Ефрем си останува прекрасен проповедник – амвонот е почеток и крај на…

Беседи

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

Духoт нeпoмрачeн сo грeв глeда вo нeбoтo и нe глeда грoб; пoмрачeниoт дух сo грeв глeда вo грoбoт и нe гo глeда нeбoтo. Грeвoт и дoбрoдeтeлта управуваат сo духoвниoт вид...

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Бог е совршен, и како совршен, сѐ што прави – прави совршено. Кога Бог го направи човекот, всушност, направи бог – иако не по природа. Направи човекобог, кој треба да...

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Телесните слабости постојано не вовлекуваат во нешта кои се сосема спротивни од патот на духовното совршенство. Телесните искушенија можат да не насочат кон пороци и кон секакво зло, а единствен...

Митрополит Струмички Наум: „Учителка“

Митрополит Струмички Наум: „Учителка“

Ајде повторно и оваа година – како во годините наназад, на Нејзиниот ден, да го обновиме нашиот подвиг – молитвеното правило „Богородице Дево...“ Оваа молитва, за нас раслабените, е последна...

БEСEДА за сeмoќта на збoрoт Бoжји

БEСEДА за сeмoќта на збoрoт Бoжји

Нo пoстoи рeд и начин пoмeѓу тваритe, видлив и дoстапeн за нас луѓeтo, а пoстoи рeд и начин нeвидлив и нeдoстапeн. Спoрeд тoј нeвидлив и нeдoстапeн рeд и начин, кoј...

Празникот Благовештение – првиот цвет на Пасхата

Празникот Благовештение – првиот цвет на Пасхата

Ете она што дојде да нѐ повика, сега ни се јави: Бог надумно се соединува со луѓето; со гласот на Архангелот прелеста се изгонува, а Дева радост прима; небото слегува...

Викарен Епископ Стобиски г. Јаков: Жртвена прегратка (31.03.2019)

Викарен Епископ Стобиски г. Јаков: Жртвена прегратка (31.03.2019)

Ако ги приклониме колената, а во срцето свое, во вистинскиот храм во кој Бог се вселува, не го поставиме Крстот, сме го промашиле суштинското значење на празникот, затоа што тоа...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥ Недела Крстопоклона (III Недела на Великиот Пост) ✥ 31.03.2019

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥ Недела Крстопоклона (III Недела на Великиот Пост) ✥ 31.03.2019

Според својата слободна волја човекот паднал во грев, па затоа и според својата слободна волја треба да се лекува и на крајот излечи од гревот и смртта. Бог не ги...

« »