логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 

Свети Теофан Затворник

Заклучоци врз основа на кажаното за трите страни на човечкиот живот. Можност за премин од една состојба во друга и преовладување на оваа или онаа страна во животот. Превласт на душевноста или телесноста како гревовна состојба. Преовладување на духовниот живот како норма на вистинскиот живот на човекот.

Ајде сега заедно да ги сведеме сметките или да ги изведеме заклучоците од се што е кажано. Гледате колку страни имаме или подобро колку степени на животот! Постои духовна страна, или степен, на животот, постои духовно-душевна, постои само душевна, постои душевно-телесна (ми се чини дека не ја истакнав како треба – тука спаѓа набљудувањето со мечтата и помнењето, желби кои произлегуваат од потребите на телото, и чувствата на телесните состојби и впечатоци), и постои телесна страна. Пет нивоа, а една човекова личност, и таа личност живее час со еден, час со друг, час со трет живот и, судејќи по тоа со каков живот живее, добива посебен карактер, кој се одразува преку неговите погледи, преку неговите правила, неговите чувства, и тој станува или духовен – со духовни погледи, правила и чувства, или телесен – со плотски мисли, дела и чувства (средните состојби: душевно-духовно и душевно-телесно не ги земам предвид за да не навлегувам премногу во поединости). Тоа не значи дека кога човек е духовен, за душевност и телесност во него веќе нема место, туку дека тогаш духовноста станува преовладувачка во него, потчинувајќи ги кон себе и проникнувајќи ги душевноста  и телесноста; исто така, тоа не значи дека кога човек станува душевен, неговата духовност и телесност веќе не постојат, туку тоа дека кога душевноста ќе загосподари, таа управува со целината, на се му дава свој тон и на самата духовност и навлекува покров на душевност; исто така, тоа не значи дека кога човек станува телесен, неговата духовност и душевност исчезнуваат, туку дека кај него се станува телесно, вклучувајќи ги и духовноста и душевноста кои му се потчинети на телото и кое го гази телото и го држи во ропство.

Така, на кој било степен да се наоѓа човек, другите страни на животот остануваат присутни во него, и на ни еден степен тој не е толку поробен за да не може да се ослободи, туку секогаш има можност да преминува од еден степен во друг, ослабнувајќи ја едната страна на својот живот и зајакнувајќи ја другата. Така и духовниот човек може да падне во душевност и телесност, а телесниот да се искачи до духовност, кого овој првиот ќе ги засака душевното и телесното, а вториот кога ќе се удостои за духовното. Човекот е секогаш слободен. Слободата му е дадена заедно со самосвесноста и заедно со неа ја прави суштината на духот и норма на човечноста. Изгасете ја самосвеста и слободата па сте го изгаснале и духот и човекот веќе не е човек.

Но тврдејќи дека човекот има слобода да се движи нагоре и надолу по степените на својот живот јас не тврдам дека нему му е подеднакво лесно и пријатно да се движи одгоре надолу или оддолу нагоре, или тие движења во него можат да се случуваат подеднакво брзо и често како премини од една соба во друга кои се случуваат повеќепати дневно. Со тоа само сакав да кажам тоа, дека човекот, кој е свесен за себеси и слободен, самиот е причинител на својата внатрешна состојба, и дека ако доспеал во таква состојба која не може да се одобри, па останува во него, самиот за тоа е виновен и одговорен пред Бога и луѓето.

Сите споменати степени или пројави на нашиот живот природно се во нас и сходно на тоа не можат да бидат за осуда сами по себе. Не е природна, па според тоа не може да биде ни за одобрување, онаа состојба во која мислите талкаат, а желбите се колебаат возбудени од страстите – кои не ни се природни, туку се дојдени од страна – додека чувствата на срцето под дејство на истите тие страсти се заматени и збркани. Кога зборував за душевниот живот јас особено го истакнав она што не е природно во нас, како би го задржал Вашето внимание на тоа. Сега повторно потсетувам на тоа, за да Ве поттикнам да се вдлабочите во таа работа и да го сфатите нејзиното значење. Талкањето на помислите, непостојаноста на страсните желби и немирот на срцето постојано не вознемируваат, не дозволувајќи ни макар и едно дело да направиме како треба, туку скоро секогаш не одвлекуваат од патот. Тоа е скоро сеопшта слабост, но не природна, туку стекната со наша согласност. Ѓаволот знае колку таа му помага, и, кога пробува некого да доведе во искушени прво се потруди да го турне во таа јама – всушност најпрвин воведува помисли, потоа распалува страсни желби и така го вознемирува срцето.

Кој е доведен дотаму, неговото искушение е созреано. Ако не се освести – се сопнува и додека паѓа се вовлекува во вртлог на бурни движења на помислите, желбите и чувствата, понекогаш не за долго, понекогаш на подолго, неретко и засекогаш. Таквиот живот, од кој сте дел, сетете се, и самата доживеавте, сиот протекува во тој живот и станува, судејќи по своите резултати, некаде побурен, некогаш потивок, некаде поскромен, а некаде отворен во сета своја голотија и срамота. Но и освен тоа ретко кој бива слободен од тие внатрешни бури. Ништо, ништо и – провалува. Не знам дали воопшто некој е слободен од талкање на мислите и претставите. Значи, повелете да ја забележите таа наша болест (Вие делумно веќе сте ја забележале, оти се пожаливте на невоздржаноста на мислите), и откако ја забележавте потрудете се околу нејзиното излекување.

Секако не губете од вид дека во Вас постојано е присутно нешто лошо, нешто што е секогаш спремно да Ве турне од добро кон зло.

Што се однесува до душевноста и телесноста, тие се, како што горе е веќе забележано, сами по себе безгрешни, оти ни се природни; но човек кој себеси се формирал според душевноста, или уште полошо, според телесноста, не е безгрешен. Виновен е затоа што дозволил во него да загосподари она што не е предодредено да господари, туку треба да биде во потчинета положба. Излегува дека за човека е неприродно да биде душевен, иако самата душевност е природна; така и телесноста е природна, но човекот да биде телесен – е неприродно. Грешката е во тоа, што во човекот потполно преовладува она што би требало да биде потчинето.

Но кога кај некого владее духовност, тогаш, дури и кога е тоа негов исклучителен карактер и расположение, тој не греши – како прво, затоа што духовноста е норма на човечкиот живот и што сходно на тоа живеејќи духовно тој и е вистински човек, додека душевниот и телесен човек не се вистински луѓе; како второ, затоа што колку и да е некој духовен, тој не може а да не им дава на душевноста и на телесноста она што им е потребно, само треба да ги држи во потчинетост на духот. Ако неговата душевност не е преширока и ако неговата телесност е цврсто зауздана – тој е сепак вистински, потполн човек. Но, душевниот (сезнајко), а пред се телесен човек – не е вистински човек, колку и добро да изгледа однадвор. Тој е – безглав. Затоа прост човек кој се плаши од Бога стои многу над образованиот и елегантен човек, кој меѓу своите цели и стремежи го нема угодувањето на Бога. По тоа судете и за литературните и другите уметнички дела. Оние дела кај кои е се телесно – подалеку од себе; но ни таа кај кои владее душевното не и одговараат на својата намена, иако се над телесните. Таков е судот само за оние дела на кои им се туѓи духовните елементи – оние кои директно непријателски се однесуваат кон се духовно, односно кон Бога и божествените нешта. Тие дела се плод на ѓаволскиот наговор и не треба да се трпат.

Од ова гледате дека по своето природно назначение човекот треба да живее во духот, да му се потчинува на духот и со духот да го проникнува се она што е душевно, а со тоа и телесно – за после тоа и се околу себе, т.е. својот семеен и општествен живот. Тоа е – правило!

Јас не Ве убедувам да живеете во духот и да му се потчинувате, оти сметам дека ако добро сте го разбрале сето она што е кажано, тогаш одлуката да живеете така е веќе присутна во Вас. Вие веќе сте ја изразиле својата одлучна желба: да живеете со човечки живот, онаков каков што тој треба да биде.

Сега гледате како тој живот треба да изгледа и секако сакате да живеете така. Всушност, Вие во своето семејство и во кругот на сродникот и до сега сте живееле онака како е покажано, то ест по духот, иако сте изучувале и науки, упатени сте и во домашни работи, а во музиката и пеењето сте мајстор. Вам ви претстои не потполно да и се предадете на духовноста, туку да ја подржувате и чувате, држејќи се понастрана од влијанието и привлечноста на душевно-телесниот живот во чиј вртлог сте почнале да паѓате. Тоа и се договоривме и да протолкуваме. Вие секако чекате што поскор одговор на прашањето: како тоа да се изведе?

(Продолжува)   

Подготви: Б.Ѓ.

 

Посети:{moshits}



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

Ное 25, 2018 Полезно и Потребно 1096
КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1662
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 1095
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

БEСEДА  за Христoвoтo мирoтвoрствo

БEСEДА за Христoвoтo мирoтвoрствo

Да, и пoкрај тoа штo сè уштe има вoјни. Глeдај, вoјнитe пoмeѓу христијанскитe нарoди нe сe истo штo и вoјнитe пoмeѓу нeзнабoжцитe. Нeзнабoжцитe вoјувалe сo гoрдoст, христијанитe вoјуваат сo срам....

Антониј, Митрополит Сурошки: Преображение

Антониј, Митрополит Сурошки: Преображение

Мојсеј влегол во тој облак и му било дозволено да разговара со Бога како пријател со пријател; му било дозволено да види како Бог поминува покрај него, сè уште без...

Митрополит Струмички Наум: Преображение, наше (18.08.2016)

Митрополит Струмички Наум: Преображение, наше (18.08.2016)

„Според православната црковна антропологија на Светите Отци, суштината на умот се наоѓа во срцето како духовен центар на човекот, а енергијата на умот преку  сетилата се расејува по светот. Насочувањето...

Свети Лука (Војно- Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно- Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Нашето одење во црква

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Нашето одење во црква

Ние можеме да се молиме за здравје и за сè друго што нам ни се чини дека е добро да бараме, но не смееме да очекуваме дека ако одиш во...

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Сите сме жртви на суетата, помалку или повеќе. Забораваме дека гревот што го „препознаваме“ кај нашиот ближен, според Светите Отци, постои и во нас или е најчесто само наша проекција....

Митрополит Струмички Наум: „ВНАТРЕШЕН  и НАДВОРЕШЕН АВТОРИТЕТ“

Митрополит Струмички Наум: „ВНАТРЕШЕН и НАДВОРЕШЕН АВТОРИТЕТ“

Просто, сме станале верна копија на старозаветните Црква, храм и свештенство – во нивната изобличеност, со слични рестриктивни правила кон обичниот верник (сепак носител на царското свештенство) и со ист...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: За маченички етос

Викарен Епископ Јаков Стобиски: За маченички етос

Имаме можност да бидеме маченици Христови – во секоја минута, во секоја секунда од нашиот живот. Мачеништво е да се избориш со една лоша помисла, со помисла на завист, со...

Архимандрит Партениј Бигорски: Острастеноста – пат кон демоноопседнатост

Архимандрит Партениј Бигорски: Острастеноста – пат кон демоноопседнатост

Оваа состојба на демоноопседнатост не е некаков мит или обична приказна, или пак, средство за заплашување. Не, таа е реалност и постои. Колку и да се обидуваат некои да ја...

« »