логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 

Свети Теофан Затворник

Сетилната страна – срцето. Големото значење на срцето во човековиот живот. Влијанието на страстите на срцето. 

Сетилна страна – срцето. Кој не знае колку големо значење има срцето во нашиот живот? Во срцето се запира сето она што влегува во душата однадвор и што го обработуваат нејзината мисловна и дејствителна страна; низ срцето минува и се она што душата го покажува надвор. Затоа срцето се нарекува и центар на животот.

Работа на срцето е да чувствува се што се однесува на нас. Тоа постојано и непрекидно ја чувствува состојбата на душата и телото и при тоа прима различни впечатоци кои ги оставаат поединечните делови на душата и телото, предмети кои човек ги сретнува и кои го окружуваат, надворешни услови и воопшто текот на животот, кои го поттикнуваат човекот, нудејќи му да земе она што е пријатно, а да го отфрли непријатното. Врз срцето се одразува здравјето или болеста на телото, неговата живост или овенатост, умор или сила, свежина или заспиеност. Потоа, на срцето се одразува и покажува како пријатно или непријатно се што човек видел, чул, почувствувал, помирисал, вкусил, се на што ќе се сети или замисли, за што веќе промислил или дури сега размислува, она што е направено, што се прави или што треба да се направи, што е постигнато или што треба да се постигне, што ни годи или не. Судејќи по ова, тоа ни момент не може да биде во мир, туку постојано е во немир и збрка, како барометар пред бура. Но сепак, кај него многу нешта снемува без трага, како што можете да видите во случајот кога некаде ќе се најдете за прв пат, па се Ве интересира, а после вториот и третиот пат веќе не е така.

Секое влијание на срцето произведува во него особено чувство, но за нивното разликување не постојат зборови во нашиот јазик. Ние нашите чувства ги изразуваме со општи термини: пријатно-непријатно, се допаѓа-не се допаѓа, интересно-здодевно, радосно-тажно, страдање-задоволство, мир-немир, рамнодушност-уживање, страв-надеж, антипатија-симпатија. Погледнете се себеси и ќе видите дека во срцето се случува час едно час друго.

Но значењето на срцето во икономијата на нашиот живот не е само пасивно да стои над влијанијата и да сведочи за нашата задоволителна или незадоволителна состојба, туку и тоа дека ја подржува енергијата на сите сили на душата и телото. Гледајте како бргу се одвива делото кое ни се допаѓа, кое ни има прираснато кон срцето! Пред она пак дело кое не ни е при срце, рацете се опуштаат, а нозете не се движат. Затоа оние кои знаат да владеат со себе кога ќе наидат на некое дело кое мора да се изврши а кое сепак не е при срце, брзаат да најдат во него некаква пријатна страна и помирувајќи го со нејзина помош тоа дело со срцето пронаоѓаат во себе енергија потребна за извршување на тоа дело. Ревноста – движечката сила на волјата – исходи од срцето. Исто е и со умната работа: предметот кој ни е при срце се разгледува побрзо и посестрано. Мислите при тоа се ројат сами од себе, и работата, колку и да е долга, не е напорна.

Не им се допаѓа на сите се, и на сите не им легнува истото нешто при срце, туку едни се повеќе наклонети кон едно, а други кон друго. Се вели: вкусовите се различни. Тоа делумно зависи и од природните предиспозиции, а делумно – ако не и повеќе – од првите впечатоци, од воспитувањето и од животните случајности. Но, како и да се образувале вкусовите, тие човека го тераат да го уреди својот живот така што ќе се окружи со такви предмети и општествени односи какви бара неговиот вкус и кои му носат мир и задоволство. Задоволување на вкусот на срцето донесува сладок мир, кој и ја прави мерката на секоја среќа. Ништо не те вознемирува – тоа е среќа.

Кога човек во мислената област секогаш би се држал за здравиот разум, а во дејствителната за разборитоста, тогаш во животот би наидувал на најмал можен удел на случајности кои не му одговараат на неговото срце и сходно на тоа би имал најголем удел на среќа. Но, како што стана збор, мисловната област ретко се држи како треба, туку им се предава на мечтаењето и расеаноста, а дејствителната ја избегнува својата нормална насоченост, поведувајќи се по непостојаните желби кои се предизвикани не од потребите на природата, туку од страните страсти. Затоа срцето нема мир и не може да го има се додека тие области се наоѓаат во таква состојба. Срцето најмногу од се го угнетуваат страстите. И да нема страсти, секако би имало непријатности, но тие никогаш не би го мачеле срцето така како што го мачат страстите. Како гневот го распалува срцето! Како го мачи омразата! Како го бруси злата завист! Колку страданија и маки причинува незадоволената или посрамена суета! Како измачува страдањето кога страда гордоста! Ако загледаме повнимателно, ќе видиме дека сите наши страданија и болки на срцето потекнуваат од страстите. Кога тие зли страсти биваат задоволени тие донесуваат радост, но краткотрајна, а кога не биваат задоволени, туку напротив, наидуваат на противење, тогаш причинуваат долготрајно и незадржливо страдање.

На тој начин, се гледа дека срцето е коренот и средиштето на нашиот живот. Покажувајќи во каква состојба е човекот, добра или лоша, тоа ги поттикнува на делување и другите сили и резултатите на нивната дејност пак ги зема кај себе, за зајакнување или слабеење на она чувство со кое се одредува човековата состојба. Би се кажало дека нему треба да му се даде полна власт и во управувањето со животот, како што тоа кај многумина и бива во потполност, а кај сите други помалку. Би се кажало, значи... А можеби тоа по природа и имало токму такво назначение, но се прикрале страстите и пореметиле се. Покрај страстите срцето не може точно да покаже каква е нашата состојба, а ни впечатоците не биваат такви какви што би требало да бидат, додека вкусовите се изопачуваат и сите други сили биваат поттикнати на погрешна страна. Затоа сега законот е – да се држи во раце срцето и да се подјармуваат неговите чувства, склоности и да се наговорат на строга критика. Кога некој ќе се очисти од страстите, нека му оди по волја на срцето, но додека страстите се силни, да се оди по волја на срцето значи отворено да се осудиш себеси на секакви погрешни чекори. Најлошо постапуваат оние кои за цел во животот си ги поставуваат сластите на срцето, како велат, уживањето во животот. Бидејќи сластите и телесните и сетилно наслади најсилно можат да се почувствуваат, таквите лица секогаш паѓаат во груба чувствителност, под онаа линија која го одвојува човекот од останатите живи творби.

Тоа Ви се значи душата и душевниот живот од сите страни! Особено укажував на тоа што природно треба да постои на секоја страна, а што не. И без да Ви зборувам, гледам во Вас подготвеност да го следите ова првото а да го отфрлате последното. Нека Господ така и благослови!

(Продолжува) 

Подготви: Б.Ѓ.

Друго:

ШТО Е ДУХОВЕН ЖИВОТ И КАКО ДА СЕ ОСПОСОБИМЕ ЗА НЕГО (7)

ШТО Е ДУХОВЕН ЖИВОТ И КАКО ДА СЕ ОСПОСОБИМЕ ЗА НЕГО (6) 

ШТО Е ДУХОВЕН ЖИВОТ И КАКО ДА СЕ ОСПОСОБИМЕ ЗА НЕГО (5) 

ШТО Е ДУХОВЕН ЖИВОТ И КАКО ДА СЕ ОСПОСОБИМЕ ЗА НЕГО (4)

ШТО Е ДУХОВЕН ЖИВОТ И КАКО ДА СЕ ОСПОСОБИМЕ ЗА НЕГО (3) 

ШТО Е ДУХОВЕН ЖИВОТ И КАКО ДА СЕ ОСПОСОБИМЕ ЗА НЕГО (2)

ШТО Е ДУХОВЕН ЖИВОТ И КАКО ДА СЕ ОСПОСОБИМЕ ЗА НЕГО (1) 

Посети:{moshits} 

 



Видео содржини

Икона на Мајката Божја Одигитрија

Ное 16, 2018
Помага при сите болести, лекува од најтешки болести, опседнатост од нечиста сила и ги штити малите деца.

Руски Светец Александар Свирски

Сеп 29, 2018
Рускиот светец Александар Свирски - мошти со бела боја и кожа стара повеќе од 500 години, како да е жив

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Ноември 25, 2018

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен Нектариј, затоа направи и ние да ја завршиме духовната работа и стекнувајќи ја заработката, да Му запееме на Христа: Алилуја!
Октомври 30, 2018

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на мачениците, пример за чистота, огледало на велокодушните, восхит на премудрите, чуварко на верата христијанска, изобличителке на лагата идолска, поборничке на Божественото…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 553
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Окт 18, 2018 Житија 850
Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво,…

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН ЖИВОТОПИС, ТВОРЕШТВО И КАРАКТЕРИСТИКА

Окт 18, 2018 Житија 824
Над сè, свети Ефрем си останува прекрасен проповедник – амвонот е почеток и крај на…

Беседи

Архимандрит Партениј: Вистинската среќа – средба со Христа

Архимандрит Партениј: Вистинската среќа – средба со Христа

Како што чувме денес од Евангелието, тој, воден од Светиот Дух, влегол во храмот во моментот кога праведниот Јосиф и Преблагословената Дева Марија Го донеле Младенецот, за според тогашниот закон,...

Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф: Пред Бога сите сме еднакви

Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф: Пред Бога сите сме еднакви

Од црковната историја сме сведоци дека многупати се појавиле раздори и несогласувања во Црквата, но никогаш Бог нè дозволувал тоа неразумие да надвладее. Уште во апостолско време, Посланието сведочи дека...

Епископ Јаков Полјански: „Денес дојде спасението на овој дом“

Епископ Јаков Полјански: „Денес дојде спасението на овој дом“

Многупати сум говорел дека живееме во карактеристично време. Не ги сакаме фанатизмот и апокалиптичниот дух во Црквата, ниту пак, да говориме дека живееме во последните времиња. За оној што живее...

 о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

За мене е подобра видливата убавина, отколку убавината изразена во зборови, претпочитам богатство, што е во рацете, отколку богатство вообразено на сон; сакам мудрост, која не сјае на зборови, а...

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Токму тој конинуитет на овој христијански идентитет кој е спознаен и пренесен од Светите Отци во три степени според начинот на животот во Христа, очистување, просветлување и обожение се поврзува...

БEСEДА за тoа какo на Бoга му e најмил чoвeкoт и на чoвeкoт - Бoг

БEСEДА за тoа какo на Бoга му e најмил чoвeкoт и на чoвeкoт - Бoг

Љубoвта на хрстијанинoт, пак, би мeжeла да рeчe: “Ти, Гoспoди, ми даваш здравјe и тoа e дoбрo. Ти ја палиш свeтлината, пушташ дoждoви, сo грoм вoздухoт гo oсвeжуваш и тoа...

БEСEДА за таинствeнoтo Бoжјo Трoјствo

БEСEДА за таинствeнoтo Бoжјo Трoјствo

Вoдата и крвта гo прават тeлoтo, а духoт e дух. “Тeлoтo сака спрoтивни рабoти на духoт, а духoт – спрoтивни на тeлoтo” (Гал. 5:17), штo значи дeка нe сe eднo,...

СЛОВО НА СВЕТОТО БОГОЈАВЕНИЕ    на нашиот свет отец Јован Златоуст

СЛОВО НА СВЕТОТО БОГОЈАВЕНИЕ на нашиот свет отец Јован Златоуст

Христос се бори, а јас венец примам! Он војува против ѓаволот, а јас ја земам победата над ѓаволот! Он ја смачкува главата на змијата во вода, а јас како законски...

БEСEДА за нашата нeмoќ бeз Гoспoда Христа

БEСEДА за нашата нeмoќ бeз Гoспoда Христа

Нашиoт Гoспoд нeмал oбичај да збoрува прeувeличeнo. Ничии збoрoви вo свeтoт нe сe пooдмeрeни oд Нeгoвитe. Па кoга Oн вeли дeка бeз Нeгo нe мoжeмe да направимe ништo тoгаш тoа...

« »