логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


sv.Maksim.Ispovednik.jpg

Пред сe ќе поставам критериуми по кои душата ќе може да биде сфатена. Потоа, низ што се покажува нејзиното постоење. Потоа, дали таа има своја одредена суштина, или нејзината суштина е неодредена. Потоа следи, дали е (душата) проста или сложена. Потоа, дали е смртна или бесмртна. И накрај, дали таа е разумна или неразумна. Сите овие прашања, во повеќе случаеви, се поставуваат во разговор за душата, бидејќи тоа се најглавните прашања кои може да го окарактеризираат нејзиното својство. Како докази за утврдување на она што го истражуваме ќе ги користиме општите поими, со кои јасно ќе биде потврдено она што го имаме во рацете. А заради краткоста и заради користа ќе се држиме само до оние расудувања кои се неопходни за предметот на истражувањето кој сега ќе биде докажан. За да биде јасно и лесно сфаќањето, ќе воведеме и извесна подготвеност за соочување со спротивни аргументи. Значи, да го започнеме словото.
 Што е критериум за сфаќање на душата?
Се што постои се спознава со сетилата, или се поима со умот. И она што потпаѓа под областа на сетилата, ја има за доволен доказ самата чувственост, зашто заедно со воочувањето во нас се создава и претстава за дадениот предмет. Но она што се поима со умот не се спознава само по себе, туку врз основа на спротивното (она што се спознава духовно, не може да биде спознаено само по себе, туку врз основа на надворешните “сетилни” пројави, кои потпаѓаат под областа на нештата кои се спознаваат со сетилата; духовно, значи, се спознава врз основа на она што му е спротивно, односно врз основа на сетилата).Така и душата, бидејќи е непозната, не се спознава сама по себе, туку токму од своите пројави.
Постои ли душа?
Нашето тело е подвижно - или се придвижува од надвор или одвнатре. А дека не се придвижува однадвор јасно е по тоа што не се придвижува на начин како некој да го турка или влече, како на пример, што се придвижуваат бездушните предмети. Одвнатре, пак, придвижено, не се движи на природен начин, како на пример, огнот. Зашто огнот не престанува да се движи с# додека не престане да биде оган, како што телото, станувајќи мртво, не се движи, но останува телот. Значи, ако телото се прдвижува однадвор, како што се помрднуваат бездушните предмети, нити природно како, на пример, огнот, тогаш очигледно го придвижува душата, која и живот му дава. Ако, значи, се покажува дека душата му дава живот на нашето тело, тогаш јасно е дека сама по себе душата се спознава врз основа на она што & е спротивно (односно, врз основа на телото).
Дали душата е суштина?
Дека таа е суштина се покажува од следното: најпрво, природно, треба да биде кажано што е дефиниција за суштина, бидејќи таа е суштина. Потоа, каква е таа суштина бидејќи е една и иста по број, но способна е да прима состојби спротивни една на друга.
По с# јасно е дека душата прима спротивни состојби иако не отстапува од својата природа. Во неа може да се видат праведност и неправедност, храброст и плашливост, целомудреност и невоздржаност, состојби кои се спротивни една на друга. Ако, значи, својството на суштината се изразува во способноста за примање состојби кои се спротивни една на друга, тогаш јасно е дека и за душата важи иста таква дефиниција. Значи, душата е суштина. Потоа, ако телото е суштество, тогаш неопходно е и душата да е суштество. Бидејќи не може она што се оживува да има суштина, а она што го оживува да нема суштина. Зарем може да се каже дека она што е ништо и нема своја суштина ќе биде причина за она што има своја суштина? Или, повторно, ако нешто има живот во друг, и без тој друг не може да постои, тогаш кој безумник ќе каже дека тоа нешто е причина на тој другиот од кого го има животот?
Дали душата е бестелесна?
Горе е покажано дека душата се наоѓа во телото. Треба, значи, да се види како таа се наоѓа во телото? Ако е додадена на телото како што каменче стои врз каменче, тогаш и душата е тело. Тогаш не може да се зборува дека целото тело е обземено од душата, затоа што (во тој случај) душата е додадена само на еден негов дел. А ако таа се помешала и се слеала со него, тогаш за душата треба да се каже дека е сложена од многу делови, а не дека е проста, што се отфрла со самиот поим за душа. Бидејќи она што е составено од повеќе делови може да биде и деливо. Она што може да биде деливо, тоа е и разделиво. Она што може да биде разделено, тоа се состои од делови. Она што се состои од делови, тоа има три димензии. Она што има три димензии, тоа е тело. Кога тело ќе му се додаде на тело, тоа создава множество. А душата која се наоѓа во телото не создава множество, туку го оживува. Значи, душата не е тело, туку е бестелесна.
Уште: ако душата е тело, дали таа се придвижува одвнатре или однадвор? Нити се придвижува однадвор, затоа што не се турка и не се влече како бездушните предменти; нити се придвижува одвнатре, како што се движат битијата со душа, бидејќи би било неточно да се зборува “за душа на душата”. Таа, секако, не е тело: значи, бестелесна е. И повторно: ако душата е тело, има ли (таа) сетилни својства и се храни ли? Не, таа не се храни, а и ако се храни, не се храни телесно, како (што се храни) телото, туку бестелесно, бидејќи се храни со зборови и мисли (во оригиналот: “ Λογος”).
Од тука, таа нема сетилни својства, бидејќи (со очите) не може да се види ни праведноста, ни храброста, нити нешто од таквите појави, зашто тие се својства на душата. Таа, навистина, не е тело. Значи, таа е бестелесна.
 Дали душата е проста?
Дека душата е проста се покажува, главно, со она со кое е докажано дека е бестелесна. Ако таа не е тело, бидејќИ секое тело е составено, а она што е составено сложено е од делови, а таа (душата) не е многуделна. Бидејќи  е бестелесна таа е проста, зашто не е составена од делови.
Дали душата е бесмртна?
Јас мислам дека на она што е просто (по својата природа) му следува бесмртност. А на кој начин доаѓаме до таквиот заклучок? Слушај. Ниедно од постоечките битија не е распадливо само по себе, бидејќи во почетокот не беше така. Затоа што распадливото се распаѓа со делувањето на нешто спротивно на него. Заради тоа се што е распадливо, тоа е разделиво. А разделивото е сложено. А сложеното е многуделно. Она што е составено од делови, јасно е дека се состои од различни делови. А она што е различно, тоа не е исто. Според тоа, бидејќи душата е проста и не е составена од различни делови, исто така бидејќи е несложена и неразделива, таа заради тоа е нераспадлива и бесмртна. И пак, она што се придвижува од нешто друго, нема во самото себе животно начело, туку го добива од придвижувачот, и постои се додека е поседувано од таа придвижувачка сила. А се распаѓа штом престане да дејствува тоа начело. Тоа, пак, што не се придвижува од нешто друго, туку има движење само од себе, ако душата е самодвижечка, никогаш не престанува да биде, зашто на она што е самодвижечко му следи секогаш да е подвижно. Она што секогаш се движи, непрестано е. Она што е непрестано, бескрајно е. Бескрајното е нераспадливо. А нераспадливото е бесмртно. Од тука, ако душата е самодвижечка, како што е покажано горе, тогаш таа е нераспадлива согласно приложениот заклучок.
И уште: ако се  распадливо пропаѓа заради сопственото зло, тогаш она што не се распаѓа по сопственото зло, нераспадливо е. Зло е она што се противи на доброто, затоа тоа и го разрушува. Бидејќи телото нема друго зло освен страдањето, болеста и смртта, како што се и неговите доблести – убавина, живот, здравје и сила. А злото на душата е страшливоста, распуштеноста, зависта и слично на тоа. Па сепак, сето тоа не ја лишува неа од животот и движењето. Значи, таа е бесмртна.
 Дали душата е разумна?
Дека нашата душа е разумна, секако ќе се покаже врз основа на многу нешта, а пред се  по тоа што е сама, и што пронашла (различни) вештини (“τας τεχνας” – уметностите, занаетските вештини, науката) кои се корисни во животот. Бидејќи вештините не се појавиле туку така, или случајно, зашто никој не може да каже и да докаже дека тие се неделотворни и бескорисни за животот. Значи, ако вештините допринесуваат во она што е корисно во животот, тогаш тоа што е корисно заслужува да биде пофалено. А она што е за пофалба создадено е од разумот. Вештините се откритие на душата. Значи, нашата душа е разумна.
Потоа, бидејќи нашите сетила сами по себе не се доволни за поимање на нештата, се покажува дека нашата душа е разумна. Зашто, за разбирање на битијата ние не се задоволуваме само со сетилните доживувања, бидејќи не сакаме да бидеме излажани во погледот на нив. Еве, не пример: нештата кои се различни по природа, - дали се еднакви по форма и слични една на друга по боја? – сетилното чувствување е немоќно да расуди. Бидејќи неразумни, сетилните чувствувања може да н& дадат само лажна претстава за нештата, додека ние ги постигнуваме со разумот. А дека навистина се  е така, гледаме по тоа што овие појави чие постоење, форма, боја и т. н. сетилните органи му ги пренесуваат на умот (со што и се ограничува нивната улога), а душата потоа умее да ги употреби на корист, да направи избор и да ги претвори во она што нам н& одговара. Според тоа, ако на постоечките нешта сетилните органи, бидејќи се неразумни, може да им дадат лажна претстава (не ја поимаат до крај, во потполност, па може погрешно да ја претстава), постои умот (Ονους) кој за с# расудува, и с# вистински спознава како што е. Умот е разумниот дел на душата. Значи, душата е разумна.
Уште: ние ништо не спроведуваме во дело од она што најпрво не сме си го претставиле себе. Тоа не е ништо друго, освен вредноста на душата. Бидејќи умот не & е придодаден однадвор, како и спознанието на постоечките нешта, туку таа самата со мисловните сили, од самата себе, ги уредува нештата. Заради тоа во неа најпрво се прави преднацрт на некое нешто, а потоа се спроведува во дело. Вредноста на душата не е ништо друго туку с# да прави со разумот. Затоа што веќе е покажано дека таа прави разлика помеѓу спознанието кое & го даваат сетилните органи. Значи, душата е разумна.
Што е душа?
 Суштина бестелесна, разумна, која пребива во телото, сопричина на животот.
 Што е ум (νους)?
 Најчистиот и разумен дел на душата за созерцание на нештата, и она што порано е доживеано ( преку сетилните органи).
Што се размислувањата (φρενες)?
 Тие се сила на душата што се однесува на нешто, кои по пат на разумот се донесуваат (некој вид усогласени поими).
 Што е тоа начин (обичај) (τροπος)?
Тоа е онаа состојба на душата, што произлегла од навиката.
 Што е тоа чувство?
Орган на душата, сила на сетилата која е во состојба да прима впечатоци од надворешните нешта.
 Што е дух (πνευμα) (ова се однесува исклучиво на функциите на човечката душа)?
Суштина без форма, која претходи на секое движење.

 Подготви : Михаила Поповска

Посети:{moshits}

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5809
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6627
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6411
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5607
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Пастироначалниче на скитското подвижништвово степите руски непроодни,Ниле ученику Христов облагодатен,денес и во веки Бога преку тебе Го прославуваме,и твоите подвизи...

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная