sv.vasilij.veliki.jpgПосле согледувањата за душата ако ти е угодно внимавај и на устројството на телото. Восхити се на доличното пребивалиште за словесната душа, кое го устроил најдобриот Уметник. Од сите живи суштества, Тој единствено на човекот му даде исправена положба за да можеш ти, од надворешниот изглед да сфатиш дека твојот живот има сродност со горниот. Сите животни со четири нозе гледаат во земјата и завртени се кон утробата , додека човековиот поглед е управен кон небото за да не се занимава со утробата и утробните страсти, туку во целина да се стреми кон високото вознесување. Поставувајќи ја главата на врвот на телото, Бог во неа ги смести најдостојните сетила. Тука се видот, слухот, вкусот и мирисот. Сите сетила се распоредени едно покрај друго. И покрај собраноста на мал простор, ниедно не му смета во дејствувањето на соседното сетило. Очите зазеле највисокото набљудувачко место за ниеден дел од телото да не им смета и за да, незначајно затскриено под веѓите, би можеле непосредно да се насочат кон височините. Слухот, пак, не е непосредно отворен, туку низ кружните отвори ги чувствува шумовите во воздухот. Наведеното дело е највисока мудрост за звукот непречено да поминува, и во превоите да се завртува и лево и десно, посилно одекнувајќи. На тој начин ништо од она што му смета надвор не е пречка за чувствувањето. Проучија и природата на јазикот: тој е мек и нежен. По различноста на своето движење, тој е доволен за секоја потреба на зборовите. Забите, истовремено, се и орудија на гласот и цврста потпора на јазикот. Покрај тоа, тие служат и за вкусување храна: некои ја кинат, а некои ја мелат. На тој начин, доколку разгледаш с# со одговарачка помисла, односно, доколку би го изучил вовлекувањето на воздух во плуќата, и топлината во срцето, и органите за варење, и спроведувачите на крвта, ти заедно со пророкот ќе кажеш: “Чудно е твоето знаење за мене” (пс. 138, 6). Затоа, внимавај на себе, за да внимаваш и на Бога, а Нему нека Му е слава и сила во вечни векови.
Амин.

Подготви: Михаила Поповска

Св. Василиј Велики Внимавај на себе (7) 

Св. Василиј Велики - Внимавај на себе (6)
Св. Василиј Велики - Внимавај на себе (5)

 Св. Василиј Велики - Внимавај на себе (4)

Св. Василиј Велики - Внимавај на себе (3)

Св. Василиј Велики -Внимавај на себе (2)

Св. Василиј Велики -Внимавај на себе (1)

Посети:{moshits}