лого

 Беседа

sv.vasilij.veliki.jpgБог Кој не создаде ни подари употреба на зборови, за да можеме да си ги откриваме едни на други судовите на срцата, и секој од нас, со оглед на заедничката природа, да може да му ги открие на ближниот своите размислувања, изнесувајќи ги од скривницата на срцето како од некоја ризница. Меѓутоа, кога би живееле со, би можеле одеднаш, непосредно да си ги соопштуваме своите мисли едни на други. Заради мислите во нас, кои се создадени од душата покриена со завесата на телото, неопходни се зборови и именувања за да се покаже она што лежи во длабочината. После тоа, штом добие звук кој ја означува, нашата мисла се пренесува со зборови, како со брод, и препливува низ воздухот, преминувајќи од оној кој зборува кон оној што слуша. Доколку наиде на голема тишина и молчење, зборот ќе се сокрие во слухот на поучуваните, како во спокојно и безметежно пристаниште. Доколку пак, гласноста (бучноста) на слушателите, слична на силна бура, дува спротивно, зборот развеан по воздухот ќе доживее бродолом.

Затоа, со своето молчење обезбеди тишина за беседата, и, можеби ќе се покаже  дека носи нешто полезно. Тешко е да го дофатиме зборот на вистината: тој може да им избега на невнимателните. Според домостројот на Духот, тој е собран и краток, со малку соопштува многу. Заради неговата собраност, него лесно го паметиме.

Природната доблест на беседата, содржи избегнување на скриените значења кои доведуваат до нејасност, како и избегнување на изобилието непотребни реченици или празни нешта. Сличен е и зборот кој сега го прочитавме од Мојсеевата книга. Оние што ги сакаат поуките, секако, ја запаметија, освен ако заради својата краткост не им избега на вашите уши. Се однесува, на изреката: ВНИМАВАЈ НА СЕБЕ, односно, “во твоето срце тајно да не се најде збор на безаконие” (Повторени закони, 5, 19). Ние луѓето многу лесно грешиме со разумот. Знаејќи дека најголемиот дел од нашиот грев се извршува во  тежнењето на нашата намера, Оној Кој поединечно ги создаде нашите срца (сп. Пс. 32, 15), првенствено заповеда да имаме чистина во делот кој владее со душата. Заради тоа , она со кое најлесно грешиме Тој го удостои со најголема заштита и грижа. Внимателните лекари со пропишани предупредувања ги заштитуваат немоќните тела. И нашиот заеднички Старател и вистински Исцелител, по Неговото знаење на душите со најцврсти стражи го заштити она што е во нас најсклоно кон гревот. Телесните дејствија бараат време, поволни околности, напор, сотрудители и други слични услови. Движењата на разумот се безвремени, се вршат без напор, едноставно се вообразуваат и им одговара секое време.

Еднаш еден сериозен човек, кој го величале заради неговата чесност и кој што надворешно носел маска на целомудрие, со разумот се пренел на местото на гревот, со невидливо движење на срцето, седејќи меѓу оние кој ја фалеле неговата доблест. Тој во фантазијата го гледал предметот на своите желби, мечтаел за неприлично општење и во скривницата на срцето јасно го изобразувал уживањето, правејќи внатрешно грев за кој нема сведок и кој на сите им останува непознат, се  додека не дојде Оној Кој го осветлува она што е сокриено во темнина, и ги објавува намерите на срцата (1 Кор. 4, 5). Затоа погрижи се, во твоето срце да не се најде збор на безаконие. Бидејќи, “оној кој ќе погледне на жена со желба за неа, веќе направил прељуба со неа во срцето свое” (Мт. 5, 28). Телесните дејствија имаат многу пречки, додека оној што греши со намерата го извршува гревот со брзината на мислите. Но, заради тоа - каде што е брз падот, нам ни  е дадена и брза одбрана. Затоа е посведочено: во твоето срце, тајно да не се најде збор на безаконие. Но, ќе биде подобро да се вратиме на почетокот на беседата.

(Продолжува)

TVITer100

Подготви: Михаила Поповска


Св. Василиј Велики - Внимавај на себе (5) 

 Св. Василиј Велики - Внимавај на себе (4)

Св. Василиј Велики - Внимавај на себе (3)

Св. Василиј Велики -Внимавај на себе (2)

 

 Посети:{moshits}

 

Извор:

TVITer270

П.П.2008-07-25 22:38:18

 

 

 https://preminportal.com.mk/prebaraj?searchword=%D0%A1%D0%B2.%20%D0%92%D0%B0%D1%81%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D1%98%20%D0%92%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B8%20-%20%D0%92%D0%BD%D0%B8%D0%BC%D0%B0%D0%B2%D0%B0%D1%98%20%D0%BD%D0%B0%20%D1%81%D0%B5%D0%B1%D0%B5&ordering=newest&searchphrase=all