После двете светски војни – војните се par exellance грев – современиот човек ја загуби благодатта на Светиот Дух. Без Светиот Дух, пак, не може да ја појми божественоста Христова. Да поверуваме дека овој човек кој е вистински, е Создател на светот, ги надминува нашите можности. Да поверуваме дека Самиот Бог се воплоти, дека нe повика да бидеме вечно со Него, еве, тоа е она што им недостига на многумина, особено на учените.

 

7.Vselenski.sobor

Секој што вистински верува дека евангелските заповеди ни беа дадени од Единствениот Вистински Бог, од оваа вера црпи сила да живее според образот Христов. Верниот не си допушта критички пристап кон зборот Господов, но се поставува себеси под судот на тој Збор. Затоа самиот се препознава себеси како грешник и тагува над својата бедна состојба. Отсуството на тагата заради гревот покажува дека уште не ни се открила замислата за човекот од пред создавањето на светот. Вистински покајаниот грешник не бара возвишени созерцанија: тој е наполно зафатен со својата битка против гревот и страстите.

 

 7.Vselenski.sobor

Духовното послушание е неопходно во секојдневниот живот! Да ја претпочитате волјата на другиот, повеќе, отколку вашата! Да го примите со потврден став секое барање на вашиот духовник, на еден брат или на една сестра, така што ќе создадете лека-полека, внатре во вас и околу вас една благопријатна атмосфера и вашето срце ќе стане многу меко, многу чувствително на секое внатрешно движење, на сите духовни промени. Со послушание, срцето постојано станува сè почувствително, за животот на другите, за нивните страданија, за нивниот напредок и за нивните потреби.

 

14ти декември 2019 лето Господово