"Ако видиш дека човекот не бара совет или пак не се придржува до советот кој го добил, знај дека наскоро ќе го видиш опрелестен.“

Старец Јосиф Спилеот

Твоите усни непрестајно нека ја изговараат молитвата: Господи Исусе Христе, помилуј ме! Твоето дишење нека се приврзе за Името на нашиот Спасител. Кога тоа ќе потрае доволно долго, умот ќе се навикне да го изговара тоа со внатрешното слово.

А кога умот ќе се очисти со молитвата, ќе ја спушти во срцето. Ќе дојде до соединувањето на умот, зборовите и срцето. Со други зборови, со непрестајното повикување молитвата наоѓа пат до срцето преку вдишувањето и издишувањето. Тогаш умот, зборот и срцето стануваат едно. А, срцето кое непрестајно се очистува прима соодветна и осенувачка благодат. Така малку по малку, внатре во тебе ќе се создаде небо – рај, а ти тоа нема ни да го приметиш. Знај само дека сѐ, почеток и крај на секое добро, е Христос. Ние ништо не можеме сами да направиме ако Христос не содејствува со Својата божествена благодат. Најпрво Тој ни се откри, па потоа ние Го спознавме. Ние Го љубиме Него бидејќи Тој првин нас нѐ возљуби. Ако Тој не подејствува во нас, доброто нема да се покрене.

 

 "Она што не го даваме на Бог, да би го Он искористил, ќе искористи другиот. Господ ни ја даде заповедта да го љубиме со сета душа и срце за да лукавиот не би нашол место на кое би се настанил и сместил во нас.“     

 

Кога во послушание и безмолвие  монахот ги исчисти сетилата, го смири умот и го просветли срцето, тој ја прима благодатта и просветлувањето на знаењето и станува сиот  светлост, сиот-ум, сиот- блескав, а од него извира богословие, које ниту троица доколку би запишувале, нема да успеат да забележат поради потокот на благодатта што тече брановидно и разлева мир низ целото тело  и целосна неподвижност на страстите.Срцето пламти од божествената љубов и извикува:„Исусе мој,задржи ги брановите на Својата благодат, бидејќи се рапаѓам како восок“.И тој навистина се топи,бидејќи неможе да издржи.Умот бидува зафатен со созерцание и доаѓа до соединување и до суштинска промена кај човекот, и тој станува еден со Бога, така што тој веќе не е во состојба себе да се разликуваи или одвои од Него, сличен на железото  кога се кали во оганот станува самото слично на тој оган! “

 

    



После многу часови срдечна молитва, честопати ни се случуваше да забележиме дека  неговото лице е преобразено и осветлено. Ни најмалку не е чудно да  таа  светлина во која што непрестајно се капеше неговата душа, со текот на времето видливо почна да го мие и неговото тело. Впрочем, ореолите на светителите  и на ангелите не се ништо друго до одблесок  на нестварната  благодатна светлина, што свети и сјае во нив.

 

 19ти ноември 2019 лето Господово

 

Друго:

https://pouke.org/forum/index.php?/topic/553-starac-josif-spileot/