7.Vselenski.sobor

„Очите Господови се на секое место: тие ги гледаат лошите и добрите.“ (Изреки 15,3)

О, кога словесните созданија секогаш би го помнеле ова! Тогаш не само што нема да грешат јавно и нема да им се предаваат на телесните излишности, туку и одвнатре, во движењето на срцето, не би допуштале ништо што на Бога не Му е угодно. Тогаш созданието би стоело како што на бојно поле стои војникот пред царот, со сето внимание и строгост кон себе, за да не испадне дека не си ја знае должноста, та да не падне под гневот и казната царева. Должноста на човекот се Божјите заповеди, кои го одредуваат нему својствениот начин на размислување, и тоа каков треба да биде во неговите чувства и расположенија. И тогаш, човекот во сѐ би бил исправен.

Св. Теофан Затворник

 

На сите православни христијани им е подеднакво пропишано да не јадат (мрсна храна), да одат на богослужби, да се подвизуваат, да Му сострадуваат на Христа, а потоа да ѝ се радуваат на Пасхата. И тоа да го прават сите заедно, според календарот; ако ти не правиш така, значи – не си православен. На сите нас во овој период од седум седмици ни е „одземен Младоженецот“, за потоа, на Пасхата, да ни се врати. Игумен Петар Мешеринов

Извор: http://pravoslavie.mk.