Голема е тајната на Света Троица и неа не може да ја сфати човекот со својот мал и ограничен разум. За блажениот Августин се зборува дека за оваа христијанска тајна многу размислувал и се обидувал да ја сфати, ама попусто. Еден ден, шетајќи се по морското крајбрежје и размислувајќи, тој забележал едно дете кое си играло, така што собирало вода во школка и ја истурало во мала дупка ископана во песокот. Тој застанал и го прашал што работи.

– Сакам да го претурам морето во оваа дупка, одговорило детето.

– Тоа е невозможно, му рекол Августин, насмевнувајќи се на неговата наивност.

– Полесно е да го претуриш целото море во оваа дупка, отколку да ја сфатиш тајната на света Троица, – одговорило детето и исчезнало.

Блажениот сфатил дека тоа бил ангел Божји, испратен од Бога за да го поучи.

 

Извор: https://crkvaveles.wordpress.com/2012/06/12/sv-troica-i-blazeni-avgustin/