Пат се нарекува животот; секој од родените брза по патот; ти си патник во животот; секој поминува покрај тебе; сè остава зад тебе. Ти гледаш во тој пат: растенија, животни, вода, суша, луѓе и што ли не достојно за окото – ќе му се порадуваш и одминуваш. Понатаму, сретнуваш камења, пропасти, трња, скали, ѕверови и што ли уште не непријатно – ќе потажиш за тоа и го продолжуваш патот. Тоа е животот – тој нема задоволства постојани; ниту, пак, болки бескрајни. Тој пат не е твоја сопственост – ниту, пак, сегашноста е твоја. Два се пата на животот – широк и славен, тесен и тажен: при едниот патеводител е демон, при другиот – ангел. По едниот се движат: плот, смеа, пијанство, игри, музики, блудство – по другиот: покајание, пост, солзи, молитви, воздишки, девство! Животот на грешниците е збир од сите наслади на сегашноста – тој, пак, на праведниците е надеж за благата во вечното. Блажен е оној, кој не врви по широкиот пат и не се раководи од ѓаволот.

Свети Василиј Велики

 

 

Избор од фб профил на

Ivica Trajkovic