логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Старец Силуан

Старец Силуан секогаш беше кроток, снисходлив, благ, но во суштинските прашања никогаш не отстапуваше од она на што Бог го научил. Неговиот став беше прост и јасен: „Господ го жали секој човек. Тој така ги возљуби луѓето, што врз Себе го зема бремето на целиот свет… И од нас Тој бара да го љубиме својот брат“. Кога го слушаш старецот, со целата душа чувствуваш дека тој зборува вистина. Меѓутоа, да се следи неговиот пример, неизмерно е тешко. Затоа многумина се оддалечија од него. Неговиот духовен миомирис предизвикуваше во душата длабок срам и чувствување на сопствената нечистотија и гнасотија. Ако му се пожалите од оние што ве навредиле, тој ќе ја разбере вашата тага, ќе учествува во вашата болка, но не и во вашиот гнев. Ако, пак, помислувате на злото да вратите со зло, тој ќе се натажи заради вас. Ако мислите дека е штетно на лошиот човек да му вратите со добро, тој ќе ве праша, како тоа ти, кој себеси се нарекуваш христијанин, сметаш дека една постапка која е во согласност со Христовите заповеди, на некој може да му наштети било каква штета. Христовите заповеди за него беа закон на апсолутно совршенство и единствен пат за победување на злото во светот и кон вечна светлина. Исполнувањето на заповедите може да биде само полезно, како за оној што ги исполнува, така и за оној кон кого се исполнуваат. Нема и не може да има таков случај, кога исполнувањето на Христовите заповеди би можело да нанесе штета, освен ако штетата не ја сфатиме во надворешна и временска смисла, туку во план на вистинското вечно битие, бидејќи Христовата заповед пројавува апсолутно добро.

Еднаш некој јеромонах му кажал на старецот: „Кога така би постапиле само непријателите од тоа ќе имаат полза и злото ќе слави“. Старецот се воздржал од одговор бидејќи неговиот собеседник не можел да ги разбере неговите зборови, но подоцна на друг му кажа: „Зарем Христовиот дух може некому да му посакува зло? Зарем Бог на тоа нè повикува?“

Големо и префинето е лукавството во совеста на страстниот човек. Во религиозниот живот човекот кој е опседнат со страст често страстите ги претставува како барање на правда и полза или како борба за слава Божја. Во името на Христа, Кој на смрт се предаде заради непријателите, луѓето понекогаш се подготвени да се борат до крв, но не својата, туку на „братот непријател“. Така се случувало во сите изминати векови. Меѓутоа, животот на старецот течел низ она историско време кога слична изопаченост многу силно се појавила.

„Зарем тоа е патот Христов?“ – праша тој со тага.

„Суров“ е зборот на старецот. Кој може да го слуша? Да се живее по негов начин значи да се предадеш на крајно измачување – до смрт, тоа подразбира и секојдневно страдање.

Не се сеќаваме каде имаме читано за некој богобојазлив човек кој целиот свој живот му се молел на Бога да му дарува маченичка смрт. Кога, во меѓувреме, се приближувал часот на неговата смрт, тој со тага рекол: „Господ не ја услиша мојата молитва“. Но, туку што ги изговорил овие зборови, му било откриено дека целиот негов живот бил примен како мачеништво.

Старецот велеше дека благодатта која ја добил во почетокот била „како кај мачениците“, така што дури помислувал дека Господ му предодредил маченичка смрт. Меѓутоа, исто како оној богобојазлив човек, тој починал тивко.

Старецот имаше трезвен став кон сè. Тој не се занесувал со мечтаење за совршенство. Меѓутоа, гледајќи ја Христовата совршена љубов, тој целиот свој живот се трудел да ја достигне таа љубов. Знаеше подобро од било кој друг дека „духот е силен, а телото слабо“. Затоа велеше дека човекот може да има желба да пострада за Христа, но ако при тоа нема благодат и во телото, не ќе може да ги издржи маките. Затоа не треба да се впушта во таков подвиг. Но, ако Господ го повика човекот, тогаш треба да моли помош од Бога и Тој ќе му помогне.

Старецот не бараше мачеништво, иако ја познаваше „маченичката благодат“. Па сепак, неговиот живот беше вистинско мачеништво. Можеби и повеќе од тоа. Бидејќи, да се подвизуваш со децении, како што се подвизуваше старецот и да се молиш со децении за целиот свет, како што тој се молеше – „да се молиш за луѓето значи крвта своја да ја проливаш“ – тоа е повеќе од обично мачеништво.

Воопшто, патот на вистинскиот христијанин е мачеништво. Оној што оди по овој пат како што треба, тешко се одлучува да проповеда. Неговата душа е обземена со желбата да го види својот брат како причасник на вечната светлина, но страдањата сака да ги поднесува тој самиот и затоа, пред сè и над сè, се моли за целиот свет.


Извадок од книгата: Архимандрит Софрониј, Старец СилуанВелес 2014, 229-231

Извор: Бигорски манастир



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Ноември 25, 2018

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен Нектариј, затоа направи и ние да ја завршиме духовната работа и стекнувајќи ја заработката, да Му запееме на Христа: Алилуја!
Октомври 30, 2018

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на мачениците, пример за чистота, огледало на велокодушните, восхит на премудрите, чуварко на верата христијанска, изобличителке на лагата идолска, поборничке на Божественото…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 654
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Окт 18, 2018 Житија 947
Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво,…

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН ЖИВОТОПИС, ТВОРЕШТВО И КАРАКТЕРИСТИКА

Окт 18, 2018 Житија 892
Над сè, свети Ефрем си останува прекрасен проповедник – амвонот е почеток и крај на…

Беседи

Св.  Григориј Палама - Беседа за блудниот син

Св. Григориј Палама - Беседа за блудниот син

Ќе настане глад - рекол Пророкот, оплакувајќи го Ерусалим - но не глад за леб и вода, туку чулен глад за словото Божје (Ам. 8, 11). Глад, тоа е состојба...

За Христoвитe дeла (беседа)

За Христoвитe дeла (беседа)

Какo Гoспoд извршил тoлку мнoгу дeла? Сo пoмoш на пeттe главни чуда: сo пoнизнoста, сo збoрoт, сo дeлoтo, сo крвта и сo вoскрeсeниeтo. Штo свeдoчат дeлата Христoви? Првo, свeдoчат дeка...

За двoумeњeтo на Пилат (беседа)

За двoумeњeтo на Пилат (беседа)

Пилат бил учeник сo свeтска мудрoст. А свeтската мудрoст нe дава сила туку влeва страв. Свeтската мудрoст нe ја пoддржува душата туку тeлoтo. Свeтската мудрoст нe влeва страв за душата...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинското прашање: се каеме или не?

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинското прашање: се каеме или не?

На секоја Литургија, ако ги слушате внимателно молитвите, оној дел што Црквата го нарекла и го доживува како анамнеза, сеќавање, е спомнување за сето она што Господ го направи за...

Жарко Ѓорѓиовски✥ Недела Сиропусна ✥ (10.03.2019)

Жарко Ѓорѓиовски✥ Недела Сиропусна ✥ (10.03.2019)

 Во денешново евангелско четиво Господ Исус Христос не упатува на три основни чекори: простувањето, постењето и безвременската награда која не очекува. И токму првиот чекор е простувањето: „Ако им ги...

БEСEДА за љубoвта над сeкoја љубoв

БEСEДА за љубoвта над сeкoја љубoв

Цeлoтo Eвангeлиe учи дeка трeба да сe oстави пoмалoтo заради пoгoлeмoтo, минливoтo заради нeминливoтo, лoшoтo заради дoбрoтo, eвтинoтo заради драгoцeнoтo. Кoга Eвангeлиeтo нe би вeтувалo пoгoлeми врeднoсти, тoгаш кoј би...

Митрополит Тимотеј: „Тесниот и стрмен пат на духовното искачување“

Митрополит Тимотеј: „Тесниот и стрмен пат на духовното искачување“

Секој христијанин, своите напори може да ги насочува на разни активности во животот. Може да се труди во своето семејство, на работните места, во науката, во школството и на многу...

Архимандрит Партениј: Вистинската среќа – средба со Христа

Архимандрит Партениј: Вистинската среќа – средба со Христа

Како што чувме денес од Евангелието, тој, воден од Светиот Дух, влегол во храмот во моментот кога праведниот Јосиф и Преблагословената Дева Марија Го донеле Младенецот, за според тогашниот закон,...

« »