логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

– Ако се фатат, старче, магиите, како се одврзуваат?

– Со покајание и исповед. Затоа, прво треба да се најде причината поради којашто магијата се фатила, та да ја разбере човекот својата грешка, да се покае и да се исповеда. Колкумина од оние што се измачуваат, на кои им имаат направено магии, доаѓаат кај мене во ќелијата и ми велат: „Моли се, за да се избавам од ова мака!“ Ми бараат помош, без да се потрудат да најдат од каде има тргнато злото, за да го исправат. Да најдат, значи, да откријат каде погрешиле, та се фатила магијата, па да се покајат, да се исповедаат, за да запрат нивните измачувања.

– Старче, можат ли другите да им помогнат на оние луѓе на кои им имаат направено магија, од која дошле во таква состојба што не можат веќе да си помогнат на себеси, да се исповедаат и слично?

– Можат да го поканат свештеникот дома да направи едно елеосветување или водосвет. Да му дадат да пие осветена вода за да отстапи малку злото и барем малку да влезе Христос во него. Така направи една мајка за своето дете и му помогна. Ми кажа дека син ѝ се измачува многу, зашто му имале направено магии. „Да оди да се исповеда“ и реков. „Како да оди, оче, да се исповеда, во состојбата во којашто се наоѓа?“ ми вели. „Тогаш кажи му на духовникот“, и велам, „да ти дојде дома, да освети вода, и да му дадеш на син ти да се напие од водата. Ама ќе сака ли да се напие?“, „Ќе сака“, ми вели. „Е, тогаш почни со осветена вода“, и велам „и потоа обиди се да зборува детето со свештеникот. Ако се исповеда, ќе го отфрли ѓаволот далеку“! И, навистина, ме послуша и му помогна на детето. За кратко време се исповеда и се исцели. Една, пак, друга бедна жена, што направи?! Сопругот ѝ се беше сплеткал со маѓепсници и не сакаше ниту крст да носи. За да му помогне малку, му соши во јаката од палтото едно крсте. Еднаш, кога требаше да помине преку еден мост на другата страна од една река, само што стапна на мостот слушна глас како му вели: „Тасо, Тасо, соблечи го палтото, да го поминеме заедно мостот“. За среќа беше ладно и тој рече: „Како да го соблечам, ладно ми е“; „Соблечи го, соблечи го, да поминеме“, го слушна истиот глас како му зборува. Види го ти ѓаволот! Сакаше да го фрли во реката, но не можеше, зашто го имаше на себе крстето. На крај, го фрли таму некаде во некој ќош. Неговите го бараа цела ноќ и го најдоа, бедниот, паднат на мостот. Ако не беше ладно, ќе го извадеше палтото и ќе го фрлеше ѓаволот во реката. Го спаси крстето што го имаше сошиено. Неговата жена имаше силна вера. Кога би немала вера, би го направила ли тоа?

Соработка на маѓепсниците со демоните

– Старче, може ли еден свет човек да разоткрие или да вразуми еден маѓепсник?

– Како да го вразуми? Овде некому му кажуваш да внимава, оти има барем малку страв Божји, зашто така како што живее не оди добро, а тој пак си тера по свое; колку ли повеќе маѓепсникот којшто соработува со ѓаволот? Што да му правиш нему? Ќе му кажеш некои работи, но тој пак ќе си биде со ѓаволот. Не бива ништо. Демонот може да се збуни само тогаш кога маѓепсникот се наоѓа пред тебе, а ти ја кажуваш Исусовата молитва – и маѓепсникот да не може да си ја врши работата.

Некогаш еден човек имал еден проблем, и еден маѓепсник којшто бил голем измамник, отишол кај него дома да му помогне. Човекот си ја кажувал Исусовата молитва; кутриот бил прост, не знаел дека другиот е маѓепсник, та затоа и Бог интервенирал. И, да видите што допуштил Господ, за човекот да разбере! Почнале демоните да го тепаат маѓепсникот кој барал помош од човекот чиј проблем требало да го решава!

– Старче, тој ги гледал демоните?

– Тој не ги гледал демоните, гледал една сцена. Маѓепсникот викал „помош“, се превртувал, паѓал долу, ја ставал раката за да си ја заштити главата. Оти, немојте да мислите дека маѓепсниците убаво си поминуваат, дека демоните секогаш им го прават ќефот. Тоа дека се одрекле еднаш од Христа им е доволно. Во почетокот маѓепсниците прават договор со демоните, за да им помогнат, и демоните за неколку години се покоруваат на нивните наредби. Но, по малку време им велат: „Со вас ли ќе се занимаваме сега?“ Посебно тогаш кога маѓепсниците не успеваат да го направат она што го сакале демоните. Знаете ли што трпат потоа? Се сеќавам, еднаш кога надвор од ќелијата разговарав со оној млад маѓепсник од Тибет, наеднаш стана, ми ги фати рацете и ми ги сврти наназад. „Нека дојде сега да те ослободи хаџиефендијата“ , ми вели. „Ајде, бре, ѓаволу, бегај од овде“ му реков и го фрлив на земја. Не дозволувам да му се потсмева на Светителот. Потоа сакаше да ме удри со ногата, но не успеа. Ногата му застана близу до мојата уста. Ме сочува Бог. Го оставив и влегов во ќелијата. После кратко време го видов како доаѓа од долот, полн со трња. „Сатаната ме казни“, ми рече, „бидејќи не те победив. Ме влечеше по шумата“.

(Следно: Зошто христијаните западнаа во магии)

Што е тоа магија и колку видови магии постојат? (I дел)

Гревот на гатање со светите книги, кое денес е вообичаено кај верниците (II дел)

Дали маѓепсниците имаат виденија? (III дел)

Може ли маѓепсниците да прават добрини? (IV дел)



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 402
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

За големото мнозинство на верни луѓе Великиот Пост - тоа, пред се, е кратката молитва, позната под името молитва на Ефрем Сирин, еден од источните христијански учители од ИВ век...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 о. Горан Стојчевски:  МАЈЧИНСКАТА ЉУБОВ И СИНОВСКИОТ ОДНОС

о. Горан Стојчевски: МАЈЧИНСКАТА ЉУБОВ И СИНОВСКИОТ ОДНОС

Во Светото Евангелие, како и на фреските и иконите што ги доловуваат сите искупителни и спасителни моменти од сведоштвото на Богочовекот, преку кои човекот и светот се спасени, наидуваме и...

Отец Методиј Митановски: ЗА БЛУДНИОТ СИН

Отец Методиј Митановски: ЗА БЛУДНИОТ СИН

Кога го слушаме Евангелието за блудниот син најголем проблем е што го поврзуваме со други луѓе а не со самите нас.Така секогаш се сеќаваме на некој мал човек што прокоцкал...

Митрополит Европски Пимен: Беседа за Блудниот син

Митрополит Европски Пимен: Беседа за Блудниот син

Но да си споменеме и дека има браќа (како братот од денешната парабола) кои ќе стојат на вратата и ќе роптаат кон таткото зошто нè примил и кои ќе се...

Беседа за блудниот син (втор дел) (29.02.2020)

Беседа за блудниот син (втор дел) (29.02.2020)

Да дојдеш на себеси е да видиш дека без Бог си гол и бос, и дека без Бог си никој и ништо, и дека без Бог си ветер и магла,...

Беседа за блудниот син (прв дел) (16.02.2020)

Беседа за блудниот син (прв дел) (16.02.2020)

 Бог и Отец на секого од нас подеднакво, без збор и без услов, ни ја дава полнотата на Својата благодат. Од нас самите, од нашата слободна волја зависи како ќе...

Св.  Григориј Палама - Беседа за блудниот син

Св. Григориј Палама - Беседа за блудниот син

Ќе настане глад - рекол Пророкот, оплакувајќи го Ерусалим - но не глад за леб и вода, туку чулен глад за словото Божје (Ам. 8, 11). Глад, тоа е состојба...

 Неделата на блудниот син: Враќањето од прогонство (16.02.2020)

Неделата на блудниот син: Враќањето од прогонство (16.02.2020)

Во третата недела од подготовката за Великиот пост, ние ја слушаме параболата за блудниот син (Лк 15,11-32). Параболата и химните што се пеат тој ден, зборуваат за покајанието како за...

« »