"Кога свети Серафим Саровски+ бил запрашан дали на христијаните од наше време им недостасува некаков услов, за да ги произнесат истите плодови на светост што беа толку изобилни во минатото, тој одговорил: недостасува само еден услов - решителноста. "


"Запомни, покајанието нема да биде целосно и полезно доколку во тебе не постои внатрешна цврста решителност да не се враќаш на гревот кој си го исповедал. Aко за било кој грев (паѓање) велиш: "Прости ми!", се ќе ти биде простено, но ако велиш така, а потоа повторно се вратиш на гревот и не се бориш со него, тоа значи дека твоето покајание е лажно; тоа значи дека не се каеш и остануваш во гревот. Господ да чува!


Човекот треба да го спознае својот грев и да го намрази, треба да вложи што е можно повеќе напор за да не се враќа на поранешните беззаконија."


Старец Сава Псковско-Печерски+

 

Избор на : Татјана Ристеска